1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како знаете дека тоа е љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од feministika, 7 февруари 2012.

  1. feministika

    feministika Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Не знам воопшто дали постои ваква тема ако постои би ги замолила администраторите да ја избришат мојава. Па да се навратам на прашањето...Како знаете дека сте вљубени во некого? До сега сум имала 3 долги врски и никогаш не сум почуствувала нешто посебно во врска со момчињата со кои сум била освен милост. Како вие ја доживувате љубовта и како знаете дека ете баш тој е оној кој е поразличен од останатите, не го кажувам ова како приказна за ВИСТИНСКИОТ туку само како човек во кој сте ВЉУБЕНИ? :worried:
     
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Секој ќе ти го одговори ова прашање различно.Еве како јас знам-има многу луѓе што ми се свиѓаат и знам дека тоа е само физичка привлечност.Да си заљубена во некој, тоа значи по цели денови да мислиш на него, да анализираш се што се случило со него по 5 пати дневно, да сакаш што побрзо да помине викендот и што поскоро да дојде понеделник, само за да го видиш :tmi:
    Да сакаш некого е многу понормална состојба отколку заљубеноста.Кога сакаш, тоа е најубавото чувство на свет.Ти треперат пеперутките во стомакот секогаш кога ќе му го чуеш гласот, секогаш кога ќе те погледне, се губиш во неговиот поглед и занемуваш...Љубовта е бескраен ролеркостер од најразлични чувства измешани заедно-среќа, возбуда, тага, исчекување, безнадежност...Кога еден човек ќе ме принуди да ги осетам сите тие чувства, е тогаш знам дека го сакам :inlove:
     
    На мкд98, tallyweijl и ana95 им се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.378
    Пол:
    Женски
    Самите секогаш бараме одговор на ова прашање и не можеме да најдеме.Љубовта е нешто што не може да се опише со зборови,туку треба да се почувствува со срцето.Разбирање,почит,доверба,издржливост итн итн се само дел од бисерите кои го нижат поимот љубов.Кога љубиш не постојат никакви граници и пречки за тебе,постои само една личност без која не можеш,со која заспиваш и се будиш,која цело време ти е во мислите,и поради која несвесно правиш свесни работи.Среќен е тој што љуби,уште посреќен е тој што е љубен...Љубовта е единствен двигател на светот,лек кој може да излече секоја рана,насмевка која може да расположи милион лица и срца бескрајно исполнети кои вечно живеат.
     
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Едноставно знаеш дека е тој тој.... Барем јас знаев.. Сеуште знам, иако јас и тој не сме заедно, знам дека тоа што го имавме беше љубов.. Не се секирај, ќе знаеш кога ќе се случи тоа, дека е вистинското..
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Кога знаеш дека си сигурна во неговите прегратки. Кога ја гледаш својата иднина во неговите очи. Кога правите компромиси. Кога држењето на неговата рака ти покажува колку му значиш. Кога ти е тешко што не се будиш до него. Кога има многу вакви кога...
     
    На tessie и encimenci им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кога и покрај сите издигнувања и падови ... покрај сите лимити и внатрешни, надворешни негативни фактори ... покрај сите важни и не важни случувања, вие на крајот сте заедно и копнеете еден за друг, тогаш тоа е тоа. А ќе знаеш така што сама ќе ја почувствуваш внатре во душата која и ќе трепери и ќе боли, а срцето ќе менува ритам. И силата, волјата и желбата се заедно и ти помагаат во секој момент за да го имаш до себе, во себе тогаш верувај дека тој е твојот принц ти неговата принцеза.
     
    На tallyweijl, tessie и marama им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кога нечувствувсте како времето изминува кога сте заедно, кога се чувствуваш сигурна во неговата прегратка, кога со него никогаш не ти е здодевно и секогаш имаш тема за разговор, едноставно кога јавето ти е поубаво од сонот кога сте заедно и тогаш дефинитивно станува збор за љубов...
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Љубов...
    Тоа не е, да најдеш некого со кого можеш да живееш, туку некој без кого неможеш да живееш. :l:
    Точно така е. Секој момент кога сме заедно ми е преубав, бесценет, а штом се испратиме почнува да ми недостига. Кога сум со него сум најсреќна, во неговата прегратка би останала вечно. Едноставно неможам да си замислам ни еден ден без него.
     
  9. feministika

    feministika Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, од ова што го прочитав секој на различен начин ја доживува љубовта кон некој, изгледа сепак на крајот сама ќе треба да откријам :) Читајќи ги вашите мислења во секое од нив ја видов вашата љубов кон некој, уште еднаш благодарам <3
     
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Како знам дека тоа е љубов?

    Кога сум како мало немирно дете покрај него и се чувствувам убаво
    Кога го гушкам, времето запира и сакам да не се помрднам од неговите раце
    Кога и после 2 години кога ќе го видам имам пеперутки во стомакот
    Кога си се смешкам мило на самата помисла дека го имам крај себе
    Кога заспивам веднаш во неговите прегратки чувствувајќи се сигурно
    Кога кажувајќи "те сакам", ми навираат солзички

    ...е тогаш знам дека ТОЈ е мојата љубов
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Одма знаеш. Дека тој миг на откривање ќе ти биде сосема јасен и ќе те држи во свесна екстаза, што ќе те фрли во еден лавиринт на взаемно дејствување и откривање од кој нема да посакаш да излезеш. Нема да знаеш точно во што се впушташ, нити каков ќе е исходот од сето тоа , ма колку и лудо да би звучело и изгледало. Ќе сакаш физички и ментално да си припаѓаш, и да се решавате како најслатки мистерии. Кога ќе му ја знаеш на памет секоја бора и бенка, кога без неговит здив на твојот врат не ќе можеш да заспиеш
    Се надевам бев од помош
     
    На thelittle17, Noemi и Lola-M им се допаѓа ова.
  12. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Како можи да не знам?
    Верувале или не....Секој ден јас се заљубувам одново и одново во истиот човек.
    Кога го видам треперам,како и првиот пат.Го гледам како ми се приближува и рацете ми се тресат.(Ај да речите прв пат ми е,не ми е)...Толку долго сме заедно а јас секој пат кога го видам се заљубувам :)
    Кога си заминува,го гледам се додека не се скрија зад некое ќоше и неможам повеќе да го догледам...
    Тој во автобус а јас надвор и си праќаме бакнежи,ми пишува на прозор дека ме сака.А јас заљубено го гледам :wasntme:
    Можеби помисливте дека се детски работи,ама не се!
    Тоа е она што се нарекува љубов :$
     
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Ехх, јас до сега се имам еднаш заљубено и тоа вистински. Иако не сме, и не ни бевме заедно, него секогаш ќе го памтам како првата љубов.
    Знаев дека е љубов, бидејќи кога се наоѓав во негова близина бев возбудена, имав пеперутки во стомакот. Сакав што почесто да го гледам. Кога ќе ми прозбореше тој јас цела се вцрвенував. Едноставно чувствував дека тој е тој.
     
  14. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Кога со сјај во очите го гледаш секое негово движење, кога уживаш во неговите физички мани, кога го гушкаш толку силно и чуствуваш дека во неговите прегратки никој ништо не ти може. Кога е покрај тебе и не ти е досадно кога молчите...кога уживаш во тишината со него
    Преубаво кажано...и јас сето тоа го чуствувам...изгледа ја пронајде дефиницијата за Љубов :)
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Леле досадна сум,ама ај!
    Кад ти срце дрнда!!!
     
    На tessie, faye и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Кога реалноста е поубава од сонот :)
     
  17. malo18

    malo18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    102
    на чело му пиши на дечко ми :rock:
     
    На thelittle17, Adi888 и Hipica им се допаѓа ова.
  18. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Пааа... Ми недостига само што ќе се разделиме. Сеуште, после 3 години, чувствувам пеперутки во стомак секогаш кога ќе го видам. Најсреќна сум кога сме заедно, кога ќе ме гушне, се топам... Ужасно ми е кога ќе се скараме за некоја глупост, едвај чекам да се видиме, да расчистиме се и да уживам во неговите бакнежи.
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    кога првата мисла наутро ти е он,
    кога денот со него ти е минута,
    а минутата без него вечност,
    кога си со него си срекна и задоволна,а коа си без него ништо не може да те насмее више од него коа ке прочиташ некоја блесава порака на тел која он ја напишал
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Кога срцето ти се предава без да приметиш.
    Кога сакаш да го делиш воздухот со него.
    Кога се чувствуваш сигурна покрај него.
    Кога имаш чуден спокој.
    Кога ти недостига неговиот допир.
    Кога навистина немаш сомнежи и се впушташ безразмислување во ризици љубовни.
    Копнеете.
    Сакате да дарите, да делите.
    Постоите.


    И еве една квота:

    "Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш затоа што
    реалноста конечно е подобра од твоите соништа".

    Теодор Гејзел
     
    На Beauchamp, tallyweijl, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.