Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како знаете дека тоа е љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од feministika, 7 февруари 2012.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.283
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    "Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш затоа што
    реалноста конечно е подобра од твоите соништа". точно такаа откако се појави дечкоми во мојот живот ни спиењето ни сонот не се убави затоа што сакам да биде до менее за да можам мирно да заспијам.еве сега седам пред ком и ми текна еден момент со него и одма срцево забрзано ми чука.знам дека сум заљубена затоа што сакам секогаш него да му биде добро,да му угодам него па после ја се гледам.секогаш гледам прво за него па после за мене ,знам дека сум заљубена кога ќе бидам со него и кога ќе си дојдам дома одма ми недостига а пред тоа сум била со него и одма брзам да му пишам порака.сакам со него да делам се а највеќе сакам да ја делам среќата со него и животот сака со него да го поминам ако треба и во едно колибче ќе живеам само тој да е до мене друго ништо не ми треба :!:
     
  2. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Љубовта е нешто што секој треба да ја почувствува. Да не знаете некоја убава љубовна порака
     
  3. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Па вака...досега ни јас не сум ја почуствувала љубовта.Но знам дека тоа чуство те прави посебен,исполнет со среќа и радости.Едоставно леташ. :angel:
     
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Уште незнам, само така мислам :)
     
  5. plavi-oci

    plavi-oci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ljubov e koga stois kaj nego na vrata za da si odis posle cel vikend pominat zaedno a on te prasuva koga ke dojdes pak ......
    [mod-kirilica:7lkm604i][/mod-kirilica:7lkm604i]
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    -Не ти поминува ни минута да не се сетиш на него
    -Кога ке ти текне на него обавезно имаш насмевка на лицето
    -со тебе е и во добро и во лошо
    -планира иднина со тебе
    -неможеш да си го замислиш животот без него
    -ти верува тебе повеке одколку на другарите и љубоморните кучки
    -се жртвува и го гледа твојот омилен филм иако не му се свиѓа таков жанр
    -не се плаши да искаже љубов во јавност
    -не му пречи што си го запознала со домашните
    -ти кажува ТЕ САКАМ и го мисли тоа.

    :inlove: :inlove: :inlove:
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Едноставно тоа не се знае тоа се чуствува. Срцето работи побрзо во негова близина, само тој е оној кој денот и ноќта ти ги прават волшебни, тој е оној кој се радува на твојте успеси и плаче на твојте падеми. Само тој може да те разбере кога ти е тешко, да ти каже те сакам и кога не го очекуваш тоа. Љубовта не е само привлечност, љубовта е една целина која треба да си состави и склопи во еден дел и да речеш да тоа е оној да тоа е делот од мене тоа е второто јас. Тоа е она што сакам засекогаш да го имам крај себе.
     
    На thelittle17 и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Ме чекаше да пораснам малце да сватам некои работи, и цело тоа време ми беше поддршка. :) Се знаеше што се случува, како се чуствувам буквално се. Кога имав проблеми, кога ми беше тешко со саати седеше на скајп со мене ме смируваше. A јас цело време си негирав не бе не го сакам не, само ми е најдобар другар, а секое пишување на скајп мене срцево ќе ми излеташе.
    И мене после некое време ми светна си вика Ника доста го заеба**ш детево... И кога го видов после 2 месеци неможев да чекам знаев дека е тоа тоа :inlove: Ко дел од мене си го осеќам. Е толку го сакам!
     
  9. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Љубоев е кога првпат го видов во кафичот и тој мене.
    Кога игравме грб со грб истата вечер и кога се свртивме еден кон друг, се погледнавме и заигравме заедно. Кога ми шепна дека би сакал да ме види и раменивме телефони. И кога веднаш пиша истата вечер. Кога пак пиша по еден месец, се видовме. Ми кажа дека за 38 дена ја напушта земјата засекогаш. Излеговме во истиот кафич, и по два часа веќе бевме кај него и водевме љубов. Никогаш толку брзо предадена некому, без каење, без совест, без срам. И сите следни 38 дена кај него беа љубов. Кога ми готвеше, кога му готвев. Кога илјада песни си пуштавме на лаптотпот, си ги посветувавме и наоѓавме заеднички нешта. Кога му реков дека тој е мое СОНЦЕ и дека одамна не сум била толку среќна и не можам да ја тргнам таа глупава насмевка од лицето. Кога бакнежите во врат беа најскокотлива магија дотогаш доживеана. Љубов е најубавата роза добиена за 8 Март. Љубов е чуството кога беше во мене, како да влегува целиот тој и целиот негов свет и универзум. Се негово беше во мене. Кога треперав, кога се гледавме во очи, кога тонев во таа убавина на телесното и духовното дотогаш никогаш толку споени, слеани во едно. Љубов е кога после водењето љубов нашата тишина беше прекрасна и толку речита. И тоа „те сакам“ кажано низ солзи од двете страни. И толку страшни тајни што си ги кажавме, а не сме ги кажале никогаш на друг. И тоа „никогаш нема да те заборавам“. И околу 400 СМС за тој период пораки чувани како света реликвија. Ноќи и ноќи на ФБ, во моментите кога не бевме заедно. Последен разговор со ветување да не се заборавиме. Да бидеме пријатели засекогаш, да не дозволиме да се заборави ова што ретко им се случува на луѓето.
    И кога замина, никогаш не ми пиша, ни дали стигнал, ни како, ни како се снашол. Болат песните што ги слушавме, местата каде што бевме, мн спомени за кратко време.
    Никогаш не ми пиша, бар до сега, а јас него само две пораки, „дали си стигнал“ и „не те заборавив“.
    Ако ова не било љубов, јас нема да верувам дека постои. А зошто го нема, дали така решил дека е полесно, не сакам веќе да се измачувам. Толку многу зборувавме, а останав на крај без збор. Молк. Љубов ли било пријателки мои? Мислам дека беше. Љубов, илизија, што и да е, прекрасно беше и се надевам дека не ме заборавил.
     
    На MamaYette, marija1907, tallyweijl и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Љубов е.Можеби во погрешно време ..но љубов е!!
    Ме разнежни со постов.Толку убаво си го дочарала..сите моменти..сите чувства ..погледи..трепет..воздишки..
    Тоа е љубов,дефинитивно.
    Имаш едно убаво сеќавање барем.
     
    На hermosa и artemis им се допаѓа ова.
  11. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Љубов е кога знаеш дека тој е тој, вистинскиот, со кого се гледаш сега и секогаш.Кога за тебе не постои никој друг само тој! Кога и првата мисла наутро е кај него и последната навечер. Љубов е и сега, кога сум му лута и го мразам:@ ...и го сакам највеќе на светов.... едноставно љубов е.. знам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Тоа не може да се објасни......Се чувстува
     
  13. Symka

    Symka Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас со мојот дечко бев во врска и пред 3 години но тогаш бевме помали и не размислувавме сериозно, и бевме во врска 4-5 месеци. Поминаа 3 години а јас уште го сакав и секој ден мислите ми беа во него, немав ни едно здраво со него, кога ќе го видев срцето ми застануваше и се потсеќав на нашиот прв бакнеж на школо тајно во тоалетот ( :$ :$ :$ ) , пробував да имам врска со друг и само се лажев самата себе... После тие 3 години друштвото повторно се врати во обединување, и ние двајца повторно во контакт еден до друг, јас бев таа што сакаше се да се врати и да биде многу поубаво... Тој не ме сакаше веќе... а јас умирав секој ден за него... Почнавме повторно да се плеткаме 4 месеци нонстоп заедно секаде заедно буквално секаде, официјално во врска ми рече дека сме кога правевме 4 месеци и тогаш ми рече дека ме сака (иако цели 4 месеци ме убедуваше дека нема да ме засака и дека нема надеж за нас двајца, а можеби му било страв да признае ?!) и јас тогаш се расплакав од радост... :) еве во јуни правиме една година и сум пресреќна.. Знам дека тој е човекот на мојот живот и дека ме сака и го сакам безусловно, најмногууууу...
    Срцето кажува дали е љубов и дали е вистинска !!!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски

    Ми пиша. Веднаш нашол работа и бил растрчан. Сега сме во контакт. Љубов било :) Па така, сега си се допишуваме, бидејќи друго нема да има, ама и волку е супер
     
  15. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    љубов е кога прва мисла наутро и последна навечер ми е тој...кога ке го видам чувствувам тапа болка во градите ...дури неможам да дишам и тоа дека него најмногу му верувам и уште многу други работи
     
  16. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Кога додека да заспијам мислам на него, кога се будам првата помисла ми е тој, кога сум со него ми е најубаво, се топам во негоовата прегратка, ми недостига само што ќе се разделиме, не ни е досадно иако 3 дена сме заедно, ....... и усте мноооогу причини :inlove: :inlove: :inlove:
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека тој е вистинскиот кога сте се заљубиле уште пред да се видите,кога првата прегратка е како да имате лепак меѓу вас :lol: и едноставно тука меша прсти човечката хемија и хормони (не со секој можи тоа да се случи) кога не можите да престаните да мислите еден на друг и не можите да се наситите,кога се грижите за другиот повеќе отколку за себе,симпатикусот си ја врши својата работа (срцето ви лупа,стомакот ви се превртува,не ви се јаде,ниту ви се пие,жешко ви е,ви се сечат нозете и.т.н.) кога очите ви светат и подоцна не можите да заспиете бидејќи мислите и реалноста е подобра од сонот,кога би направиле се за другата половинка,едноставно се чувствува! Сакате да сте цело време со него,ве привлекува,се разбирате,го браните од се,се почитувате,се борите со другите ако треба...И знаете дека сакате да сте со него за цел живот,не за ден,два,година или неколку години,само за да ви поминува времето...

    Сигурно уште многу работи би ја објасниле,но најубаво е да се почувствува...
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Едноставно знаете :lol:

    Кога желбата да го удавите понекогаш е правопропорционална со забрзувањето на срцебиењето кога ќе ве баци откако не сте се виделе неколку дена.
    Кога неговата насмевка ви го пролепшава денот колку и да е никаков.
    Кога ќе правите се и сешто за неговата среќа.
    Кога сте спремни да стоите еден покрај друг низ тешки периоди.
    Кога ќе ве грабне за половина, и се чувствувате како светот да е ваш.
    Кога во тишина водите долги и гласни дијалози.
    Кога сакате да го гледате како спие и тоа ве смирува.
    Кога ќе се скарате, па ќе се смирите и чувствувате како треперите.
    Кога на светот не постои побезбедно место од неговата прегратка.
    Кога ќе се препушти на вашата милост и немилост и ќе ви дозволи да го изгризете.
    Кога сте две суштества со детски души и невини срца, сплотени и способни да функционираат сами по себе но не го прават тоа затоа што им е подобро кога функционираат како едно, едно цело, и со целите несовршености совршено ...

    Кога го гледате и си помислувате Боже сакам тој да е таткото на моите деца ...

    и тако даље зошто јас до утре можам да редам :D
     
    На tallyweijl, H.VAGA, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога ќе се налутите еден на друг одеднаш после добрата кавга ќе следи- добро доста беше& дај бакнеж :* .Те сакам :inlove:
     
    На Neznam1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ........ЉУБОВ......е.....
    ....inlove: ...кога ќе ме погледне,веднаш затреперувам,стомакот ми се грчи,колената ми се пресекуваат....
    .. :inlove: ...кога ќе ме фати нежно за рака,морници по телото ми идат.....
    .. :inlove: ...кога ќе ме гушне,сакам да останам вечно така......
    .. :inlove: ...кога ќе ме бакне,се топам од сласт и милина......
    .. :inlove: ...кога ми праќа пораки на секои 15 мин,ми се јавува само онака да ме слушне,затоа што му фалел мојот глас,или едноставно да ми каже дека ме сака,...........
    .... :inlove: ...кога водиме љубов,и ми шепка на увце,колку ме сака.....
    .. :inlove: ...кога ми поклони прстен и ме праша да останам само негова...
    ... :inlove: ..кога заминав странство на работа,а тој аплицираше и дојде по мене....

    .. :* ...уффффф,уште полно други знаци ама треба да пишам 2 дена можи и поќе.... :*