ljubov e nesto ne opisivo toa se dozivuva ,postojano ti e vo misli ,kolku i da se smeni seuste go sakas,so nego pravis seeeeeeeeeeeeeeee i vremeto mn brzo pominuva [mod-kirilica:2ddfbov5][/mod-kirilica:2ddfbov5]
Љубов си е само љубов и ништо повеќе ни помалку. Миг. Кога се фрлаш со затворени очи без да го знаеш исходот. Кога зборот каење го нема, кога сте појаки од секојдневностите. Кога се освојувате како првиот пат, кога се вадите од такт, кога давате се без да биде побарано. Мигови и воздишки, нови животи...
Секогаш, кога нема да ми титне на време дека безбедно стигнал дома, срцето ми се стега. Секоја неправда која му е нанесена ме прави тажна. Затреперувам секој пат кога некое женско(не блиска другарка) ќе го замоли за некоја услуга, и не, не ради љубомора, туку ради искористувањето. Исто и за машките важи, никаде ги нема, а кога им требаш, тука се сите. Се радувам кога го гледам среќен. Насмеан. Го сакам изразот на неговото лице кога ќе го изненадам со нешто што знам дека тој го сака. Во неговата прегратка е најудобно и најтопло. Ми се допаѓа и што имаме ист вкус за да си го наместиме станот.(ова онака го пишав) Тој е тука за се, за што и да ми затреба. Беше тука и кога бвме само другари.
Неможеш одма да знаш...тоа не е тест кој се решава и одма се прегледува со добиени бодови па да се рече е или не е. Љубовта не се става на терезија за да се измери....или нешто слично. Со текот на времето во мозаикот на заедничкиот пат (врска/брак), се повеќе се појавуваат "розеви" камчиња кои даваат се поголеми знаци дека тоа е љубов. Тие камчиња се всушност сите твои работи кои ти би ги направила за него и он за тебе, сите тестови и искушенија што ќе ви се случат...се оноа кога ќе почуствуваш и речеш, само он да е добар, само он да е жив и здрав = он е тој.
незнам дали баш прашањево е за темава но ми треба некои ваши мислења... кога бев прва година средно започнав врска која траеше година ипол и јас ставив крај на врската бидјќи почна да ми се свиѓа друг дечко но со тој не ни одеше баш нај нај и за брзо време прекинавме и после повторно се обидов со предходниот дечко но ништо не беше веќе исто... потоа за брзо време испаднав со друг и уште од првиот пат соц него ми беше нз преубаво како да лебдев во облаци и сега со него сум о врска веќе 3 години.. но во меѓу време си пишував на фб со првиот дечко мислам си пишував онака другарски јас стално му пишуав за сегашниот дечко дека мн го сакам итнн... за еден роденде он ми купил поклон скришно и го дал на моја другарка и она ми го даде јас незнам зошто го прифатив.... до пред 6 месеци онака си пишувавме на фб без да знае дечко ми но една ден самата си реков дека воа не е убаво со го правам дека ако мене вака ми правви дечко ми ке му се скарам нема никогасш да го погледанм и престанав го избришав од фб и прекиинаа сите контакти и му кажав на дечко ми дека имам примено подарок од него и он една ден ми го постави прашањето дали уште нешто сум чуствувала кон него стом сум земала поклон? јас му кажав дека нема такво нешто а после и самата нензам како да речам си правам филмови дека зар е можно да чуствувам нешто уште кон него зошто го примив подарокот.. зошто сум била на кафе со него ама не сама зАЕДНО со другарки требаше да ми врати нешто што беше кај него.. зошто си пишував со него? јас самата си ги поставува вие прашања јас знам дека тој ме сака и ми беше онака убаво коа знам дека тој уште ме сака и дека он е крив што ме изгубил итн... ама јас сум многу среќна со дечкоми со никој се немам чуствувано волку убаво коа ќе му го спомнам имет на сегашниот дечко нешто во стомакот ме скокотка стварно многу го сакам и неможам да замислам да бидам со друг само ме мачи воа зошто тоа сум ги правела а сум среќна со дечкои... дали само убаво ме правело да се чуствувам тоа што знам дека има некој и друг што ме сака што копнее по мене стварно незнам што се случува ....сега веќе не ни пишувам со бившиот ги пректив тие глупости пред 6-7 месеци и старно не ми фали мислам никогаш цне ми ни фалел едноставно само другасрки сме чатувале т.е коа јас му кажав дека имам дечко он ми рече дека не сака да ме изгуби бар како другрка да ме има... може ли ваше мислење
Хм љубов толку мал збор, а толку големо значење. Љубов едноставно чувствуваш , погледот те оддава, кога си со него се е толку прекрасно , љубовта прави чуда
Ти го гледаш он те гледа,а во реалност и двајцата кома пијани ништо не гледате и ко сабајле ке се разбудете еден до друг ви се иде зидо да го пробиете и да избегате
Знаете дека е љубов кога првата мисла кога ќе се разбудите и последната пред да си легнете е ТОЈ. Кога секоја љубовна песна ве потсетува на него. Кога секоја помисла на него ви ја исполнува душата. Кога го гледате и се смешкате без некоја посебна причина. Кога срцето ви се стега при секоја помисла дека некогаш можете да го изгубите...
Знаеш дека е љубов кога и покрај раздалеченоста помеѓу вас живеете за една недела заедно што ја поминувате, кога првата мисла наутро ти е тој кога заспиваш читајки ги неговите пораки кога неговата болка тебе повеке те боли кога го сакаш секој дел од неговото тело кога мсилиш дека тој е најдобрата личност на светот кога се што имаш би сакала да го споделиш со него кога милиш дека некогаш би требало би го дала животот за него
ми се пуштале - ама не е то то и да ти се свиѓат осеќаш нешто дека не штимат ти се свиѓаат - не е то то, не чуствуваш ништо позитивно или било што од нивна страна ама љубооов.. крокодили мечки абе што не чуствуваш. се чуствуваш среќно ко ке помислиш на него ништо не ти изгледат невозможно се чуствуваш сакано, имаш мнооогу надеж, исполнета си со позитивна енергија
Па едноставно знаеш...поразлично е од чувствата што си ги имаш кон некој друг. Јас како да не знам,кога при самата помисла на него срцево почнува да ми бие толку силно мислам ке ми излета надвор,кога ке го видам некаде нозе ми се стресуваат, каде и да одам него го гледам у сите машки,се будам и заспивам со неговиот лик и насмевка,кога ќе ме погледне како да сум го освоила светот! Не може да биде друго освен тоа! Мислам дека секој може да сфати само да му дојде шансата!
Кога сум во неговата прегратка несакам да ме пушти, кога ме гледа така мило и ми доаѓа да го изедам, кога сум пресреќна што ке спиеме заедно, кога си правиме планови за во иднина, и мнооогу другии.... и кога одкога си отиде 3, месеци наназад мислам како ке биде кога ке си одам и кога си запишувам што треба да му земам за да не заборавам до тогаш...едвај чекам да го видам
Кога неможеш да го извадиш од мислите по дел ден и вечер. Излегуваш од дома само него да го сретнеш, ништо друго не ти е битно. Мислеш дека не го сакаш и постојано негираш! Кога си со него си најсреќна, трепериш, блескаш од радост. И кога те фати за рака, ќе се затресеш цела и ќе станеш црвена во образите.
Kога сум со него сум најсреќна од се,се чуствувам сакана кога ќе ме прегрне се чуствувам сигурна ... блескаме од среќа кога сме заедно , не дозволува да ја нема мојата насмевка на моето лице, Заспивам мислејќи на него се будам и прво што помислувам е тој . Неможам да издржам ако повеќе од 2 саати не го слушнам .... и уште мн мн работи кои не ми текнуваат моментално
Кога ги броиш деновите за да го видиш..Кога времето лета кога си со него и кога ќе дојде време да си одам дома се прашувам зошто неможам да останам со него да се разбудам сабајлето покрај него, во неговите прегратки, па ноќе да го посматрам како спие да му дадам по некој бакнеж да заспијам мирно во неговите прегратки.. Кога зборувам за него и за сите моментите кои сум ги поминала со него кога сме се запознале чуствувам нешто во стомакот едно преубаво неописливо чуство .. кога ќе се сетам како уште од нашата прва средба од нашето прво заедничко испагање јас полетав по него и како никогаш тоа чуство предходно не сум го чуствувала за ниеден друг...со секое зборување за него го чуствувам тоа убаво чуство во стомакот и срцето му чука забрзано ...како тој знае да ме насмеее до солзи но и понекогаш да ме расплаче и растажи кога ќе се скараме и кога самата помисла ме убива каков би бил мојот живот толку многу беден доколку не се смириме и тогаш сваќамм дека јас неможам да замислам да бидам без него дека нема никогаш да поднесам да го видам со друга.... Како си го замислувам животот како живееме заедно и сме толку многу среќни... Среќата што ја предизвикува во мене со само една убава порака, со тоа што стално ми кажува колку многу ме сака итнн....
Во врска (на далечина) сум веке 4 месеци. По долго време пронајдов нормална личност. Привлечен ми е и ми недостига се повеке .Имам чувства ,но не сум сигурна дека тоа е љубов. Никогаш претходно не сум сакала некој. Некогаш размислувам како би ми било со некој друг. чувствувам притисок кога спомнува дека би можела да бидам негова жена ,да имаме деца .Бев навикната да живеам сама, имам свој навики -добри и лоши ,за кој претходно никој не можеше ни да ме критикува . Од друга страна па можам да се замислам да имам негови деца, само некако ми е се пребрзо. И има некој работи што ми сметаат кај него. Знај да преречи некој работи што ги направил за мене. Ми смета и тоа што за некој работи немаме исти размислувања-е со некој типични старински размислувања за некој работи,и тоа во врска со еднаквоправноста машки женски. Ми треба ваше мислење,посебно од некој кој има долгогодишна врска.