1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како знаете дека тоа е љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од feministika, 7 февруари 2012.

  1. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Nemozes da spies,jades! Non stop mislis na nego. Taka e kaj mene! :inlove::l:
     
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Според кажаното дефинитивно не си спремна за брак, а и немора да брзаш, времето е пред вас имате време да се запознавате и да преценете дали сте еден за друг.
    Немора уште сега на почеток да се оптеретуваш со мислите за вашата иднина.
    Прво запознајте се добро и согледајте се вие двајца како би фунционирале заедно.
    Љубовта нема дефиниција, тоа е силно чуство на потреба од еден човек кој за тебе е се, кога ќе легнеш и станеш со неговата помисла, кога ке ти затрпери целото тело ќе ја почуствуваш таа магија што не се опишува со збор.
    Сега сеуште сте на почеток и ваквите размислувања се нормални, иако навидум сега мислиш така, верувај дека кога ќе дојде вистинското време и тоа како ќе копнееш за брак, деца и фамилија.
    Затоа немора да се оптеретуваш уште од сега за прашања што самата ти треба да ги почуствуваш и да процениш, и пред се бараат време за една стабилна и зрела врска.
    За една врска е потребно доверба почит и разбирање, многу разговор и не срам за прашања и одговори, па затоа за работите што ги спомна дека ти сметаат треба да поразговараш лично и искрено со него, да му кажеш каков е твојот став што те прави среќна а што ти смета.
    Со тек на време и самата се ќе процениш и ќе сватиш, за една врска е потребно многу труд искреност и време пред се.
     
    На macka91, newme, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Немам ништо против врските на далечина ама размисли вака.
    Колку можеш да го запознаеш еден човек за четири месеци плус се гледате неколку пати недлено/месечно? Кога не си со некого секој ден, секој саат, а го гледаш два пати недлено (да речеме) нормално со тебе да е прекрасен. Не го оспорувам тоа дека дечко ти е добра личност ама не е исто некого со некого да живеете заедно и да делите се. Сега ти е прекрасен ама неможеш да знаеш каков би бил во брак, четири месеци се малку за да се запознаете а камоли за брак да се размислува.

    Мој совет би ти бил никако да не избрзуваш. Бракот не е играчка. А и се ми се чини некако дека ти не го сакаш дечкото, туку си мислиш дека го сакаш затоа што е прекрасен. Се извинувам ако грешам и со тек на време самата ќе сфатиш колку е искрена таа љубов. Според мене продолжете си ја врската најјнормално и без никакви оптеретувања за иднината оти чим не си сигурна дефинитивно и ти не си спремна за брак. Различните размислувања не се проблем доколку истите се почитуваат и секако ќе си најдете некој компромис. Дури и понатаму ако имате услови поживејте заедно некое време, видете како би ви одело.
     
    На newme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    76.525
    Пол:
    Женски
    Не сум во долга врска, но сум исто така во врска на далечина. Најпрво да кажам, сеуште е рано да размислувате за заедничка иднина ако сте заедно само 4 месеци. И друго, штом прашуваш на форум вакво прашање, не верувам дека е љубов тоа што го чувствуваш кон него... Мене кога некој ќе ми го постави прашањето дали го сакам, јас веднаш одговарам Да, не ми треба ни една секунда да размислувам дали е така или не е. Тој е привот за кого сум признала дека го сакам, првиот на кого во лице тоа сум му го кажала, па знам дека е љубов. Исто така, знаеш дека е љубов ако скоро цело време мислиш на него, ако почувствуваш љубомора за нешто, ако го прифатиш заедно со неговите мани, ако си спремна да направиш за него било што... Дозволи времето да покаже во кој правец се движи вашата врска. Гледајте се почесто, ако е тоа можно, ако не сте многу раздалечени. Некогаш и далечината влијае негативно и те тера да се замислиш дали го сакаш, но кога сте заедно сите сомнежи ќе исчезнат.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    76.525
    Пол:
    Женски
    Често мислам на него, ги гледам неговите мани и го прифаќам таков каков што е, некогаш не спијам само за да можам подолго да бидам со него или да се допишуваме, не ми е симпатичен секогаш но пак го сакам бидејќи сме емотивно поврзани, кога се расправаме ми доаѓа да го гушнам и да речам дека не сакам да се расправаме итн.
     
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Љубовта е всушност една етапа и дел од сите нас. Љубовта се наоѓа насекаде околу и во нас а наше е кога ќе ја извлечеме на површина и ќе ја доживуваме.

    Љубовта не можеме да ја дознаеме туку напротив веднаш ја чуствуваме и доживуваме, емоцијата е силна и голема, а има нешто внатре кое го чуствуваме како наше.. како вистинско.

    За една чиста и искрена љубов е потребна доверба, почит, подршка, искреност и взаемен компромис.
    Ако ние ги почуствуваме сите овие поими за емоција и раздор, едноставно имаме хемија и заедничко нешто што не поврзува = на љубов, ние можеме и умееме да комуницираме и да се подржуваме.

    Пред се вистинската љубов е помеѓу двајца партнери кои со помош на чуството ќе се пронајдат себеси во нешто заедничко, всушност се вродува компромисот и желбата од едно да направат две или пак едното ваше да биде и негово.

    Вистинската љубов е поим за желбата кога твојот партнер ти посакува, те подржува и ти помага во се, кога и тој жали за твоите падови а се радува за твоите победи.

    Вистинската љубов е во заедништвото и во сплотеноста на двајца кои пред се неизмерно се почитуваат и гледаат за партнерот до нив, среќни се кога прават нешто за една особа која ја љубат притоа хранеејки и задоволувајки го своето срце со насмевката и радоста на партнерот до нив.
    Кога задоволството е обострано.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Знам дека е љубов бидејќи не ме мрзи чај и фервекс да му правам кога е болен, бидејќи сакам да му правам уметнички дела, сакам да му готвам, сакам да патувам со него...знам дека е љубов бидејќи ќебињата си ги гушкам и се преправам дека него го гушкам, кога ми е тешко самo замислувам како го гушкам и со прстите му минувам по косата. Знам бидејќи сакам да остариме заедно.
    Damn, I'm in love!
     
    На crazylady, eloves, Outlook и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Marojo budalO

    Marojo budalO Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Љубов. . Ако почнам нема да има крај, ама денес осетив уште нешто..
    Толку е јака љубовта што летнавме в прегратки ден и ме касна а ако на крај на месец камерите ке бидат видени.. :$ јјух
    Сили ми.. :l:
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    76.525
    Пол:
    Женски
    Знам дека е љубов затоа што штом се запрашам дали вреди да се надевам и борам за него, се сеќавам на неговите прекрасни очи, насмевката и ликот и веднаш знам - вреди. Знам дека е љубов бидејќи свесна сум дека не е совршен но пак за мене е најдобар. Знам дека е љубов бидејќи сум спремна секогаш да бидам покрај него, да му бидам поддршка, да му делам комплименти, никогаш да не го растажувам ниту пак да дозволам да го растажи некој друг. Знам дека е љубов бидејќи сметам дека не јас неговата, туку првенствено тој мојата љубов ја заслужува. Бидејќи денес е ретко да се најде некој што може да пружи љубов како јас. Искрена, безусловна. Знам дека е љубов бидејќи заспивам и се будам со него во мислите. Знам дека е љубов бидејќи помислата на него ми ги развлекува усните во насмевка. Знам дека е љубов бидејќи секоја песна му ја посветувам нему. Знам дека е љубов бидејќи ги сакам и оние ситници што ги прави кои одеднаш стануваат значајни за мене. Знам дека е љубов бидејќи секој негов збор ми значи.
    Не е мој. Можеби ќе биде, можеби нема да биде. Но нема да ги заборавам сите овие чувства што ги имам кон него.
     
    На crazylady, Роберт 7, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Едноставно се деси.После долга и неуспешна врска се појави тој во кого се заљубив.Можеби некој и се сеќава иако не бев подолго активна на форумов за моите проблеми во минатата врска,Но сето тоа е зад мене.Сега можам да кажам дека го најдов човекот на мојот живот,верени сме веќе неколку месеци.Едноставно го прави секој ден се поубав и поубав.Во врска бевме неколку месеци па се веривме но од самиот почеток знаев дека е тој,чуствував дека го знам цел живот.Неможам да ви го опишам чуството,за толку кратко време колку ми се промени животот.Едноставно со сигруност можам да кажам дека љубовта ќе ви се деси тогаш кога најмалце очекувате.И немој да се мислите се што ве прави несреќна сега никогаш понатака нема да се промени и да ве направи среќна.:inlove::l::inlove::l:
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.791
    Пол:
    Женски
    Денес прајме 9 месеци и видов дека мое знакче нема на темава и се изненадив. Па да си кажам.
    Љубов е зошто претходно сум била во врска, сум излегувала ама се било некако пролазно. Сум се чувствувала како темпирана бомба, а сега сум баш, во мир. Кога сум со него можам да зборам на било која тема, да јадиме заедно работи шо заедно ги приготвуваме и кога сме настинати да се грижиме меѓусебно. И се тоа звучи нормално. Кога сме двата уморни едноставно спиеме. Извиткани како дечиња мали и тоа се чувствува добро и океј и затоа знам дека е океј. Зошто јас му велам „да сакам,сериозно“, а тој ми вели „знам дека ти треба уште време“ и ме чека. Дека ако му предложам дури и да не сака нешто веројатно ќе прифати, а јас знам дека не сака па откажувам дури и јас да сакам и обратно. Баш како, една душа поделена во две тела која е буквално во мир, без кавги, со разбирање и компромис и се во име на љубовта.
    Накратко, ова е нешто за мене љубовта. :hug:
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, crazylady и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Кога се појавува, едноставно остануваш без здив и не можеш да замислиш никој друг. Едноставно знаеш дека тоа е тоа. Тој ти е во реалноста и тој ти е во фантазијата. Со него, во освојување на светот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кога денот ти нема смисла ако не ја/го видиш барем на кратко. Познатото чувство на пеперутки во стомакот. Еуфорија, проследена со нагли промени на расположението, зашто се плашиш од интензитетот на сопствените чувства, се плашиш срцето пак да не ти биде рането, но не можеш да одиш против себе.

    Целата смисла на животот, целиот твој свет се сведува само во таа личност, во тие очи. Не ти се важни ни несовршените црти на лицето, ни телото кое не е според стандардите за "идеално". За тебе нема поубава личност. Би можела со часови да гледаш во тие очи, со денови... И пак да не ти биде доволно. Кога ќе се разделите, од првата секунда чувствуваш празнина во срцето, дупка, која не се пополнува додека не се видите пак.

    Од средба до средба броиш денови. Не сакаш да спиеш, сакаш да си будна, да уживаш во трепетот на своето срце. Да го доживуваш секој детал од тоа чувство. Да страдаш и да се радуваш истовремено. Случајно, во непознати ликови на улица да го препознаваш тоа лице. А времето кога сте заедно лета толку брзо, и никогаш, ништо не е доволно...

    (Вака ја доживувам јас љубовта и сметам дека е индивидуална работа. Не сакам кога некој ми објаснува што е всушност "вистинската" љубов. |()
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Грото од денот го минувате мислејќи на личноста, премотувајќи ги сите муабети во глава, движења, трепкања... со идиотска блажена насмевка. Од секаде мислите дека ви излегува личноста. Сите ви наликуваат на неа/него:D се сепнувате, сé ве асоцира на личноста..итн.
     
    На Bozica1980 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  15. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Нема љубов :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски

    Така мислиш зашто уште не си го запознаела тој што треба :)
     
    На Viktorijaaa5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Се надевам во многу скоро време ќе ти се случи нешто (ќе запознаеш некој) да го побие ова...и, обестрано ќе биде чувството - најбитно.:)
     
    На Zeynep, Sanya20 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога едвај чекаш да се видиш и се' е во втор план (додека сте без обврски), љубов е кога е болен трчаш кај него и тој кај тебе ако не ти е добро. Му спремаш што му е омилено, му ги толерираш маните зш и она кратко време што го има пауза на работа ти се јавува. Мило ти е кога ќе се разбудиш, а тој е до тебе. Има многу за набројување;):*
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    И се уште си пишуваме, се слушаме. Никој нема толку убави љубовни писма.
     
  20. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Ова би го разграничил на три делови.
    Мажте да покажат на жената дека ја сакаат
    На жената и е секогаш драго кога ќе и кажеме дека ја сакаме.Ние мажите таа фраза поретко ја употребуваме.Но добро е за промена.Иако се сите жени различни, сите го сакаат убавиот гест, со кој ќе покажеме дека ги сакаме.
    Жените да покажат на мажите дека ги сакаат
    Убаво е за жените да слушаат дека некој ги сака, но со текот на време тоа станува недоволно.кога таа реченица ќе се изговара често со тек на време станува не толку посеба.Потребно е и нешто друго освен таа реченица... покажување со дела... да дозволите да се дружи со пријателите...добар комплимент е секогаш добредојден...насмевка и прегратки.
    Препознавање на љубовта
    Кратко и јасно, препознавање на иднината со драгата особа.Со таа со која сакате да го поминете остатокот од животот.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.