Тебе најверојатно во моментот ти е интересно тоа што се случува. Секако, штом размислуваш толку за тоа и така ја анализираш целата работа, има нешто. Но не мора да значи дека е љубов. За вистинската љубов нема граници, но сепак дозволи му на времето да покаже.
Неколку ставки поради кои сметам дека оноа нашето е вистинска љубов: 1. Доверба 2. Почит 3. Заљубени погледи 4. Силна прегратка 5. Нежен бакнеж 6. Искреност 7. Топол допир 8. Поддршка 9. Инсипрација и мотивација 10. Прифатеност 11. Сериозни намери
Кога пред секоја средба имаш не пеперутки, туку цела зоолошка градина во стомакот. Секој детал кај таа личност го анализираш. Како што кажа една членка погоре, секој поглед, збор, трепкање.. И недостатоците кај неа/него не ти пречат. Напротив, ги прифаќаш како дел од неа/него, дури и нив си ги сакаш! Очекување со нетрпение на секоја порака, повик, и разочарување кога ве бара некој друг. Ништо не ве спречува да одите и да ја/го видите барем на минута-две. И камења да паѓаат надвор, нема ништо поважно од вашата средба и во тој момент сите други исчезнуваат од видно поле. Посебно дотерување пред секое гледање. Нема ништо поубаво
Нема права дефиниција за тоа кога знаете дека тоа е љубов.. Тоа се чувствува, не се дефинира... деновите ви поминуваат како минути, среќата на партнерот ти е поважна од сопствената, мирот и спокојот го наоѓаш покрај него (неа), не можеш да замислиш да се разбудиш до друг(а) и сакаш првото нешто што ќе го видиш наутро да е тој(таа) и последното кога ќе легнеш... Кога прегратката на партнерот е целиот твој свет..... Сите зборови се одвише.. Само чувството е она...правото!
Кога имаш пеперутки во стомакот, имаш тахикардија (забрзано срце лупање) кога ке се видите, немаш апетит, љубовта те храни, кога партнерот/партнерката ја ставаш во прв план место себе, кога неможеш да се воздржиш да не и се јавиш/пишеш, кога легнуваш си мислиш што прави во моментот, дали заспал/а, дали ме мисли или сонува... (а он/таа хрчи спие)
Ниедни очи не се поубави од неговите. Ниедни раце не гушкаат подобро од неговите. Ниедна насмевка не е поубава од неговата. Ниеден глас не е пријатен како неговиот. Ниедни зборови немаат значење како неговите. Нема таква близина која ми значи колку неговата. И гледајќи ги другите, само една мисла во глава: Никој не е како него.
Koj prael xtc znae kakvo e chuvstvoto. Se zezam. Kje znaete deka toa e ljubov koga kje se chustvuvate PREKRASNO! Site simptomi na ljubovta se site ubavi chuvstva. Ljubovta e fuzija od hormonalni drogi shto se miksaat vo nashite tela i mozoci. Prosto kazhano > Znaete deka toa e ljubov koga se chustvuvate kako izdogirani. Se ponashate nenormalno, imate razlichni raspolozhenija i ne ste pri svest. Haha
Кога ќе погледнам во неговите очи и знам дека тој бескараен океан е местото во кое сакам бескрајно да пливам/плутам/уживам бидејќи поубаво место нема.
Љубов е затоа што никогаш нема да посакам друг во животот. Љубов е затоа што ме прифати со сите мои маани и доблести. Љубов е затоа што од првиот ден ми зборува за НАС, а не за "јас и ти" Љубов е затоа што не можам да издржам повеќе од 24 а да не го видам Љубов е затоа што можам по цел ден само да лежам до него,и да ми е доволно само неговото присуство Љубов е затоа што срцето ми лупа ко на тинејџерка кога ќе видам порака од него. Љубов е затоа што цела година ме буди и испраќа на спиење со пораки Љубов е затоа што нема ден а да не ми каже дека сум најубава (дури и кога на ништо не личам)
нели едноставно се дешава..... не се одлучуваш ти сама влегува под кожа, само од себе сакаш да правиш работи за нејзе за вас, мислиш на искачања викенди убави моменти .......