Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби - И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН). ХАХАХАХХАХАХХАХАХАХАХ К Р А Ј! се превртив читајќи го! Нема нешто што не е точно! Леле хахахах ненормална работа
Текстов е закон ме изнасмеа Ама се чудам како тоа сите сте биле на ваква свадба????????и дури и на моменти ми е криво зошто не сум била и јас.Можда тоа се должи на тоа дека не идам често на свадби .ама искрено на ваква свадба јас не сум била никогаш.Се играло се пеело ама најкултурно и од душа и тоа ми е сосема ок.Незнам како би изреагирала да ми се десат мене тие комшиите од муабетот и нивните оговарања. А адетите со невестат заклучена во соба ми се најсимпатично нешто на цел свет, нешто што свадбата ја прави особена.
Како бе, не е можно да не си видела комшии како фаќаат сеир по клозетска влечка и тренерка, жити господ, и јас се имам најдено меѓу таквите Сериозно, глуп ми е моменатот, ама МОРАМ да ја видам невестата
Па без тоа свадба не поминува Вака една комшика, облечена според прописите погоре, тренерки, лајнарки итн, си се фати на орото мука нема. Сите исподотерани, оваа прва рипа Ма јок бре ваква свадба, нејќум трауми да имам после цел живот
Леле да, да ви кажам ова јако е Пред некој месец дена, со мајка ми отидовме кај една пријателка нејзина и во зградава кај што живее пријателкава на мајка ми се деси свадба Имаше и друга гостина кај женава, ама благо ретардирана. Кога се слушнаа зурли и тапани, оваа другава жена на влечки и блуза од оние предизборните на вмро се симна долу пред зграда да игра оро со нив Замислете го моментот, неможев да се соземам кога гледав од прозор
Лее како да ми ја прераскажува некој свадбата на братучетка ми Ама не ја гледам поентава, ем максимално ќе се изглупираат, ем ќе фрлат огромна пара за тоа... Затоа не сакав свадба, се договоривме со нашите, семеен ручек е доволно, поарно дајте ги парите што сте ги собирале за свадбата, на еден млад брачен пар и те како им требаат.
Мене најјак момент ми е кога сите ќе се соберат пред куќата на невестата и гледаат. и + тепачката за бидермаерот.
Леле ме потсети темава на еден момент сега скоро. Имаше свадба во комшии, и мајка ми се враќа од фризер со колата, и уште не ја паркирала, една комшика баш по ваква влечка + вунена чарапа утрчана вика по мајка ми ајде побзро излегува, ќе пропуштиме, ајде ајде после ќе паркираш ХАХААХАХХААХ а јас неможам да се соземам од тераса, се потресе жената Едит: имаше и уште еден ваков случај исто на една свадба едни си наместија столици и гледаа кој влага, излага, како се облечени СТОЛИЦИ бе, бог да чува небаре на претстава се
хахахаха е ова ви се македонските обичаи ж мене посебно делот после свадбата коа идат кај невестата и момчето ааа чекајте да видиме што поклони добивтее колку пари собравте?? и она за бабите низ малото аа од кај најдоа волку пари за свадбава? е гледаш ти кажав таа роднина нема да им дојде па скарани се бе цел живот аа многуу брзоо се зедоа,оваа трудничка да не е? ааа овој мн пари има затоа го зела инаку види го каков е утепан
хахахаххахаха ме изнасмеа ова за изгледот на македонската типична свадбаа сеа во 4 саат сабајле се смеам ко незрдава хахахахахахаххаххааа
offspring браво за темата и текстот ама ептен на дијалект па едвај го прочитав. Мене ми е од свадбата најјако кога во понеделникот ги палат гаќите на свекрвата (мада ко нема тој адет во цела Македонија) А муабетите за сваќата дали му е погодена на сватот? И обратно. И плус прашањео кој што донел за поклон која фамилија колку?? Па кумите порано фрлаа парички и бонбони пред црквата. Една евра ситни фрлаше се со цел да се затнат муцките на тие што оговараат. А за тоа дека и јас сум била во таа ’’комисија маалска’’ од 5-95 сум била
Na nishto do sea ne sum se smeela kako na ova. Hahahaha, prejako e. A i se e vistina. Iskreno i jas sum biladel od toa maalo od 5-95
Го заборавивме моментот кога на невестата така нашминкана идат сите да и честитаат па од 7 до 77 (а во некои случаи и до 97 години) ја шлакаат ај со среќа нека ти е .Е јас најмногу овој момент го мразам бе.Е сега ако на свадбата има 400 гости (на нашиве можеби има и повеќе ) сите до еден шлап шлуп муа муа и кога ќе одиш дома лицето со доместос да го чистиш.А јас можи и на сред овој ваааажен чин и да повратам.Мразам бе лигавење..
Леее навистина! „У раздељак те љубим“ моментите се најјаки! Прво ја изгњават снашката кутрата, па ја гледаш после сета чупава и со размачкана шминка се тетрави да се избакне со сите за да не испадне некултурна т.е некому мајка а некому маќеа. А посебни се оние со сочна уста зачинета со реа на сарма која ја изеле пред 3 години и шаховски осмех. Па кога истите ке се нафрлат и на младоженецот, па кога ке рипнат и мажите да го бакнуваат (па уште и во уста)... Грев.
хахаха не сте нормални, ме изнасмеавте Шала на страна, ама стварно такви се македонскиве свадби.... Јас планирам да исфрлам што е можно повеќе од наведените адети и дешавки ама некои работи едноставно не зависат од мене... На пример комшиите сакала-не сакала ќе се соберат да гледаат (па и јас обавезно гледам ама шпионски позади завеса, да не ме видат )
хахахахаа Респект шо би се рекло Респекат ајдееее кумот да ја заигра невестата па да се поклонат пред кумот
Во секоја македонска свадба има по едно досадно детенце: Дома сакаммм! Половина од гостите не играат,само коментираат,кој колку пари ставил,дали музиката е добра,дали невестата е бремена,дали зетот има пари..уффф!
Кога сме кај децата на свадба најинтересен е делот кога сите во фамилијата што имаат помали девојчиња (обично тоа го прават бабите со внуките) ги носат да играат со невестата. А кутрата невеста смешкај се на едно па после на друго,фати ги за раче па врти ги...мислам дека во тој момент се чуствува како да е воспитувачка во градинка па мора да игра со сите да не се налутат
и еден битен дел од свадбата (барем со свои уши чув на оваа последната) прво од невестинската страна од свадбата збореа како алал да и е во добра фамилија се бутнала демек види се фини луге по еден два доктора адвоката бла бла демек на ниво,после тоа слушаш како од машката свадба демек убава невестата весела ама види се какви фаци демек работна снага е нејната фамилија.... и најзвучен коментар се другарите и другарките на невестата и младоженецот лелееее види оваа игра со овој аууу колку се безобразни ке ја легне после туф туф фустанот ама и е краток намерно се обукла така да заведе некој од машката страна