1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како изгледа типична македонска свадба...?

Дискусија во 'Насмевка' започната од Offspring, 21 јуни 2011.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца,
    крајј :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    :D Me пресмеа текстов закон е :rock: :rock:
     
  3. elimonkey

    elimonkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    7
    :DLelele me presmeaa :D
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Се пресмеав, се’ е точно! Типична македонска свадба! Аиии, колку малограѓанштина е содржана во нашите обичаи, од се’ се праи драма, па оговарање, прикажување после со недели, ако не и месеци.
    Муабети од типот, добро беше, ама компирот за вечерата беше ладен, ордеверот не беше тазе, тоа пилешкото тврдо, нож не го сечеше, свекорот или дедото се начука многу, невестата беше онака убава ко секоја невеста, ама шминката не и’ беше ич погодена, а фризурата и’ беше премногу бабска, не се познаваше дали е трудна, зетот се срамеше да игра, вентилацијата во ресторанот беше слаба, мирисаше на пот во салата итн. Хахааа :D:D:D
    Менталитет!
    Стварно сме чудо од нација! :)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, eta и 5 други им се допаѓа ова.
  5. swan01

    swan01 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Додаток на фајронотот невестата на раце преку праг, и отварање подароци (или броење пари), да се види кој колку донел, полни раце работа за првата брачна ноќ
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Точноо хахаха . Типична македонска свадба .
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    А, имам слушнато на некои места низ Мк, покрај тоа што невестата се внесува во раце преку прагот од влезната врата, штом ќе ја внесе младоженецот, и’ давале во раце да крене детенце од роднини или комшии, свекрвата и’ давала леб, мед, вино, не знам точно што, ама важно некои такви прехранбени продукти. Чудесна земја, посебни сме! Хаха... :D
     
    На hermosa, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    А најинтересни ми се овие што викаат дека никогаш нема да прават таква свадба како опишаната.
    А после тоа испаѓа абе не сакавме ние нашите сакаа и ај за нив.
    Истото сценарио различни глумци само.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Знаеш како е....родителите плаќаат и мора да играш како они што свират.

    Канење се живо и диво. Мора да се викне братучетката на свекрвата што маж ти ја видел еднаш во животот. Па после следува шлапање по образ. Односно, упознавање со тетките. И киселата фаца на младите - Која е оваа? (facepalm) Па кога ќе го видиш поклонот од таквите, коса ти се крева. Мислиш дека ти донеле убав поклон, а тоа да ти било телефон од времето на дедо Ное. :D Свекрвата игра оро со леб под мишка.(facepalm) Сватовите се натегаат кој ќе скрши поголемо парче од погачата. Мислиш злато ќе добиеш ако извадиш поголем дел. (facepalm) Чукање пред собата на невестата и давање пари за да ја земеш. Како да земаш стока од пазар. (facepalm) Тепачка за бидермаерот. Демек...ако не го фатиш нема да се омажиш. (facepalm) Одењето по маси. Како да собираш доброволни прилози. :D
     
    На nevermet18 и нина122 им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Јас во живот бидермаер не сум фатила , а на 18 се омажив :rofl: втора по ред во фамилијата а најмала сум во фамилија :D . Место сестра ми прва да биде невеста , прва беше братучедка ми , па јас , па другата братучедка , сестра ми тек годинава у октомври ќе се мажи :D . А колку бидермаери фати до сега .. :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    Не стасале да ти го фрлат бе девојче :lol: Јас прескокнав цели редови, си отидов бегалка после 5 год. пробно го натерав да ме земе со сите адети ко млада невина невеста :D
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Ма ми го фрлале , туку јас метро и желба за растење сум , па не сум успеала да го фатам :rofl: . Тоа е кога не си пораснал повеќе :D .
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.