Како и каде да запознаам потенцијален партнер?

Дискусија во 'Сингл' започната од Sophie90, 4 јануари 2014.

  1. Sophie90

    Sophie90 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Сингл сум веќе некое време, а и немам некое големо друштво. повеќето се во врска или пред мажење, па не е тоа она што бевме. Не се собираме како порано, па да запознаеш некој нов, да имаш некоја нова шанса... Workoholic сум, работам долги часови, овие неколку години и мора да биде така, но сакам да запознаам некој нов дечко. До сега немам размислувано на ваков начин околу ова, па ако некоја од вас има искуство како да го направам тоа, нека сподели... Дали излегувате сами понекогаш, па запознавате луѓе, или сепак и на овие 20+ години некој пријател/ка ве запознава со некого... сериозно ме интересира како одат тие работи. Бев во врска година дена, сега веќе година дена сум сингл... и првпат сум во оваква ситуација.... Мислења?
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    6.133
    Пол:
    Женски
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    146
    Пробај излези негде, ако треба и сама или со роднина, излагај каде што најчесто одат на твоја возраст или негде на кафе и ќе се најде..Може што се вика и до продавница да одиш и да го најдеш, или од работа...Гледам 23 имаш млада си и нема да останеш сама.
     
  4. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Не се вознемирувај многу што си сингл,не е толку страшно! Сите иаме таков период во животот ;)
    Запиши се на пример на нешто,на танц(знам многу луѓе што одат и тоа повозрасни баш од 20 па нагоре и многу убаво се забавуваат,си прават забави секоја недела се дружат),па така ќе имаш можност да запознаеш нови луѓе и да си продлабочиш познанства! Зависи што те интересира,ако не танц да речеме курс некој,јазици,фитнес, итн..
    Нема некоја посебна финта,мора да излегуваш да се дружиш и ќе си дојде спонтано некоја прилика,секако ако си дома на врата никој не доаѓа! Само не се оптоварувај,ќе си дојде! ;)
     
  5. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    146
    Инаку да точно е, кога најмалку мислиш тогаш доаѓа.
     
  6. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Машки
    Чекај малку... сингл си година дена и сега тоа е некој проблем ??? :o
    Јас сум сингл цел живот, па не го сваќам тоа на тој начин.

    А зашто па мора да си во врска? :^)
    Викаш дека ти фали друштво, ке си најдеш друштво, тоа и не е толку голем проблем, ама нема никаква врска со тоа што си сингл :!:

    Инаку ти ја разбирам ситуацијата, на 22-23+ па натака веке не е ништо ко што било... сите се наоѓаме во такви периоди од време на време (поготово зимно, депресивно е) :lol:
     
    На Regina.Phalange и twilight123 им се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.412
    Пол:
    Женски
    Сигурно имаш братучеди на твоја возраст, излези со нив. Ќе запознаеш нивни пријатели, на тие пријатели пријателите итн...
    Луѓе има, насекаде.

    Штом работиш може и преку работата да запознаеш.
    Еве сега напредна технологија, можеш преку фејсбук, аддни некој, пиши им прва излезете на кафе.
    Штом имаш мало друштво излегувај почесто со нив, ќе ви пријде некој сигурно.

    Од дома седење нема шанси да запознаеш луѓе, бидејќи не верувам дека некој ќе дојде да ти затропа на врата и да се запознаете.

    Штом си сингл само 1 година има надеж за тебе, љубовта ќе дојде. :)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Девојки, мислам дека кога гледаш дека сите околу тебе се во врска или се мажат, нема да гледаш како да уживаш да си сингл или да си бараш хоби туку ќе гледаш да си најдиш некој и ти..
    мислам дека ако имаш уште една пријателка така сингл шо е побарај ја излезете во дискотека шоако сте две така уште полесно ќе ви се залепат некои типчиња..
     
    На Anne94 и Petar80 им се допаѓа ова.
  9. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    146
    Убава идеа ти дале и за фејсбукот. Или можеш да идеш на некои места како сити мол, на кафе, на куглање, негде кај што има забава со повеќе луѓе, мене еднаш ми се имаше десено да јадеме во рамстор со другарки и еден тип не следеше уште од центар и ми остави број на масата :D Ама не испадна ништо, јас несакав.Многу луѓе знам што од кафе или негде на излагање се запознале.
    Ми се има десено и кога бев кај едни роднини во едно Црногорско село во сред пустелија, каде што оние албанскине и најзатуцаните села и пустелии се Њу Јорк спрема местото да се запознаам со еден тамошен пријател бидејќи беше помал а јас сакав да бидам сингл тогаш, мм го запознав на свирка, ете од таа гужва испадна да се најдеме..Дури и сама да излесеш ќе се најде некој. Не се секирај мила нема да останеш сама.
     
    На alexa_dimoska и Petar80 им се допаѓа ова.
  10. Joks

    Joks Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали може помош?
    Јас сум срамежлива личност кога станува збор за запознавање нови луѓе, па дали може да ми кажете некои интересни теми за кои би можела да зборувам со нив и како да го совладам страмот. :)
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.668
    Допаѓања:
    53.651
    Пол:
    Женски
    Зависи која возраст сте. Сепак мислам тоа спонтано си доаѓа, тешко дека по план ќе тече.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The Strenger

    The Strenger Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Па, не мора ти да изислуваш теми, тој што сака да те запознае тој нека мисли.8):nod: BTW и да мислиш нема да измисчиш оти запознавањето не оди по план туку спонтано. :$
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofceto

    Sofceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    морам да си го искажам своето мислење во врска со запознавањето на љубовта.МЕНЕ ЗАПОЗНАВАЊЕ ОД ТИПОТ НЕ ЗАПОЗНА ДРУГАР,ДРУГАРКА,СЕ ЗАПОЗНАВМЕ НА ФАКУЛТЕТ,НА СВАДБА,НА ВОЗАЧКА МИ ИЗГЛЕДА МНОГУ БАНАЛНО.НЕ ЗНАМ ЗОШТО НО НАВИСТИНА ЗА МЕНЕ ВАКВИ ЗАПОЗНАВАЊА СЕ ГЛУПОСТ...МОЖЕБИ ЗАРАДИ ТОА ШТО САКАМ ДА ЗАПОЗНАМ ВИСТИНСКА ЉУБОВ.НИКОГАШ АМА НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА МЕ ЗАПОЗНАЕ НАКОЈА ДРУГАРКА СО МОЈАТА ЉУБОВ...ИЛИ ПАК ДА СЕ ЗАПОЗНААМ НА ФАКУЛТЕТ.СОСЕМА Е НОРМАЛНО ДА ВИ СЕ ДОПАЃА НЕКОЈ ТОА Е СИМПАТИЈА АМА ЉУБОВ НИКОГАШ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ.ЉУБОВ СПОРЕД МЕНЕ Е КОГА СО НЕКОЈ ГИ ИМАТЕ ИСТИТЕ ИНТЕРЕСИ...БЕЗ РАЗЛИКА НА ГОДИНИ...И СЕ ПОЗНАВАТЕ СО НЕКОЈ БЕЗ ДА ГО ЗАПОЗНАЕТЕ...ЕТЕ ТОА Е МОЈОТ СТАВ КОН ТЕМАВА И НЕ СЕ ЛУТЕТЕ СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА ЗАПОЗНАЛЕ ЉУБОВТА НА БАНАЛЕН НАЧИН.

    А И НЕ СЕ ДОИСКАЖАВ ВО ЉУБОВТА АКО САКАТЕ НОРМАЛНО ВИСТИНАКА ЉУБОВ ТРЕБА ДА БАРАТЕ НЕКОЈ ЗРЕЛ ПАРТНЕР А НО НЕКОЈ КОЈ БИ БИЛ НА ВАША ВОЗРАСТ НЕКОЕ ДЕТИШТЕ.
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2017
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    30.890
    Пол:
    Женски
    Вода не држи муабетов...
    Нема правила каде можеш да сретнеш некој кој искрено ќе те сака.
    Зрел или ,,детиште"- се зависи од карактерот на човекот.
     
    На cresa-jagoda, macka91, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Ако ја запознаеш љубовта на факултет тоа значи дека имате ист интерес за едно од поглавните животни прашања, ама како сакаш...
     
    На Hellobeautiful, theowndemon, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.936
    Допаѓања:
    151.282
    Пол:
    Женски
    А каде и како треба да ја запознаеш љубовта, те. човекот со кого би го поминала животот? Не е лошо да споделиш, сепак нели има сингл момци и девојки, те молам за просветлување. Оти сето ова погоре што наброја очигледно е погрешно, па дај кажи кој е вистинскиот начин.
     
    На eli25, macka91, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    120.280
    Пол:
    Женски
    Пример1: Запознаваш тип на факултет, разменувате комбинации, решавате задачи, после Х време се појавуваат чувства двострано. Нема ли да прифатиш ништо со него затоа што сте се сретнале на така БАНАЛНО место?
    Пример2: Oдиш кај другарка, таму нејзин роднина/другар, и се упознавате случајно, без местенки, без исценирани средба. Другарката ти вика ова е тој и тој, другарче ми е. После Х време продолжувате комуникација, се појавуваат обострани чувства. Нема да стапиш во врска оти сте се запонзале на таков БАНАЛЕН начин?
    Пример3: Oдиш на свадба, некој сват игра од тебе, излегуваш излегува и он, и почнувате муабет што како, па договарате кафе, и така средба по средба се појавуваат чувства? Само ради БАНАЛНОТО место ли нема да прифатиш врска?

    Де кажи ми пример за СПЕКТАКУЛАРНО запознавање? Тоа ти е нешто организирано, па огномети, па оркестри, претходно здравствена и психолошка анализа направена на дотичниот и испитано потекло до 15то колено за да се утврди дека дотичниот е достоен за такво сложено суштество ко што си ти?
    Значи се што е наша генерација е незрело па макар ние биле 70години? :x:x
     
    На bebaa, Antolinaa, eli25 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    8.269
    Пол:
    Женски
    Јас ете бившиот го запознав многу банално - преку другарка. Па уште и помал беше од мене. Имавме многу заеднички интереси и многу се сакавме, али ете банално сме се запознале и не бил доволно зрел, па затоа сум сингл сега.
     
    На Ava.84, theowndemon, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Твојата вистинска љубов ќе ја запознаеш кога најмалку очекуваш, ќе се појави од некаде, ќе ве запознае некој, ќе се заљубиш во некој кој го знаеш од претходно или во некој со кој се дружиш... Никогаш не можеш да знаеш кога ќе го сретнеш вистинскиот и на каков начин. Твојот став е убав ама ако се работи за некоја книга или филм, а ова е реалноста и искрено треба да го промениш.
     
    На Annath, Tedyyy и Matotheja им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.362
    Пол:
    Женски
    Запознавање на факултет- Не.
    Во школо- Не.
    На свадба- Не.
    На возачка- Не.
    Преку другар/братучед/брат/сестра- Не.
    На фб- Не.

    Туку ќе чекаш да дојде пред врата принцот со коњот и да те крене во раце додека во исто време те бакнува во врат.


    Најсериозно, како треба да се запознаеш со некој?
     
    На Hellobeautiful, eli25, macka91 и 9 други им се допаѓа ова.