За кикирики сум викала гики , а соленките сум ги јадела цели и ми течеле солзи (или по мое созли ) Еднаш сум слушнала на телевизија дека на некое девојче што паднало од втори кат му истекла мозочната течност низ уво и мајка ми ми ги чистела ушите и ја сум и се раздрала : Мамо ма ти сакаш да ми ја извадиш мозочната течност???? Пхахахлахах
Јас бев во принцип мирно дете. Се паметам како таква и мајка ми вика дека не сум замарала, зборела и слично. *Бев доволно смотана за да мислам дека на Водно живеат водни змии; *Играв жмурка сама со себе, барајќи ја сестра ми која не била дома; *Паднав во тиња во Охрид затоа што идев нагоре надоле по едни скалички кај хотел Парк. Биваше тој ден да снема вода во хотелот. *Раскажував дома приказна за кој го издал Гоце Делчев и наместо: го издале издаиците од селото, по мојата верзија Гоце Делчев го издале селски зајци. *Мислев дека мојата кума е најдобра пријателка на мајка ми, додека кумот на татко ми. Кумот и кумата мора да бидат пар, и затоа моите ги венчале нив двајца за да бидат кум и кума. Бев фасцинирана од појавата како успеале они да се заљубат. Ај да се венчаат морало, да бидат кум и кума, ама љубовта. итн, итн...
Јас кога сум одела по гости,и кога нешто ќе ми се допаднела сум викала "ја земам ова носам дома? даааа " , па сум гу озборувала ( најчесто тетками ),емитирала сите, а за тоа биле виновни на мајками пријателките
тато кога ќе донесел лубеница сум му викала да го отвори топчето а мама додека ги спремала браќата за бањање ја преднив со се алишта во када па затоа ме врзувала кога ги бањала исто кога работела во дворот ме врзувала оти многу сум шетала по улиците и кој ќе поминел ме прашувал шо правам а ја ништо мама ме врза
Јас и сум и не сум била мирно дете Како мала,во градинка со другарка ми многу глупости правевме,па еднаш најдовме една монистра на тепихот и шо ќепраиме со неа,у нос ќе ја бутаме Ама јас итра не кај мене него кај нејзе у нос Леле кога дознаа учителките,па родители викаа,па со пинцета и го вадеа,абе шо да ти зборам. Исто така у градинка со истата другарка земавме ножици и лустер се ишишавме А еднаш па,сум ги земала сите шминки од мајка ми и шкртам ли шкртам по завесата.После зад завесата сум се скрила и ме барала пола саат мајка ми Ко мала со брат ми земавме да играме супер херои и јас зимам едно ќебенце мало и го врзувам околу врат ко наметката на бетмен и кога сум рипнала од маса(демек да летам),лом се иамнапраено И на она каде што се закачени завесите на када во купатило еднаш сум се обесила и кога сум треснала доле... А еднаш па уште мала кога бев бев дедо ми пушеше(сега веќе не) и јас и брат ми му ги најдовме и да пробаме шо е тоа,мислевме дека е нешто ко оние мастиките цигари и ја палиме и кога повлековме,кога се закашлавме...И сетоа тоа го напраивме криејќи се зад фотелја.Тоа ти е,од мали навлечени на цигари.Се заебавам тогаш дека мали и затоа,иначе тоа ни беше прв и последен пат. И на дедо му шеќерчињата за во кафе сум му ги крадела дека ми беа многу убави Има уште многу мои будалаштини,ама ај
Кога ќе се сетааам знам дека баба ми ме прати во продавница и ми рече да купам шибици тоа да било кибрит ама она по старечки шибици и идам јас во продавница и викам дај ми шибици и сите одеднаш гагагаа а ја малоо се чудам што сум кажала знам често и се смеевме на баба ми она ножици ги викаше ноици,мобилен обилан итн знам кога ќе одев некаде по комшии ќе ме нудат земи земи ама инат какво земање не и дома ќе отидам и мамо дај тоа ми се јаде она нема па ќе оди по комшии ќе бара исто така знам дека во сред зима сум станала и сум барала лубеница сум се превртила од плачење занм исто кога бевме во охрид требаше да јадеме шпагети ама они ги викаа црвчиња и брат ми коа спискаа јаас црвчиња не јадаам стана искрши масата исто они по охридски викаат да ја клаиме а брат ми разбрал да ја кољаат а бевме нашле желка и брат ми зема секирата и иде да ја коља. исто знам дека се собиравме навечер деца и плашевме стари баби имав една гадна навика да викам јади гомна и мајка ми зема маслинки и ми затна нос и ме лаже биле брабушки од коза од тогаш уста неам отворено исто така знам дека секогаш татко ми ќе си дојде од работа и се соблече бос и ја по него и мајка ми ми пуштала мачка во соба да ме заплаши дека ке ми ги изела прстите ако не се облечам има учте многууу ама нема кој да чита
Беше кога бевме малечки околку 7-8 години кога брат ми и братучет ми почнаа да фаќаат жаби и да ги чуваат некаде 15 од оние големите и оние што многу високо скокаат. Арно што ги чуваа ден, два и им текна да им ги фрлаат на комшиите во ве-це дека на нивното ве-це секогаш прозорот им е отворен и ден и ноќ.Се договорија ама решив да им се приклучам и јас па тоа да им го направиме некаде кога ке си легнат да спијат.Беше нкаде околу 11 часот навечер ние се мрдавме во дворот и чекавме да го згаснат светлото и тоа се случи.И ете не нас во акција со најлони на рацете братучет ми прв,брат ми втор, јас трета прозорчето отворено ние фрламе ли фрламе сите 15 големи имаше и една малечка ама таа високо скокаше.И така како што трчавме кога фатив да се смеам тоа најголемата жаба што ја имаа фатено, брат ми ја носеше и дека не погоди внатре во прозорот таа фати да му бега тој да трча по неа и ја фатил а јас се мочам од смеенје и така ја фрлил.Леле скечовиииии И такаа јас се чудам сега со кој ум тоа сум го правела.Инаку комшиите сабајлето викаа: -Леле да видиш кај нас колкави жаби имаше никако не можевме да ги фатиме јас ги бркам брат ми ги фаќа изгледа од шолјата излегувале ние ги слушаме од дворот и се цепиме од смеенје и што е трагично дека мислеле дека е од шолјата ја затвориле со капак одозгора, а и бољерот нешто им се расипал од кога им влегле жабите ххаахаха пак бе со кој ум тоа...
Како мала,по цел ден кисев в продавница.Им земав на тато и мама пари демек за смоки, а јас наместо смоки си купував,едни кесички со барбики и внатре имаше шноли,стегачи и такви дрн -дрн јариња.И верувале или не еднаш во еден ден потрошив 500 денари за такви глупости.Цела кутија си зедов. И пак не ми се падна тоа што сакав. -Бегав кога требаше да примам вакцина ( бидејќи никогаш во животов немам примано инекција,се плашев од вакцините) а најчесто во школо.Секогаш си одев дома.А таа сестрата што става вакцини мене ми е комшивка И секогаш кога ќе е видев бегав од неа.А еднаш рече синот нејзин да игра со нас мижаница,и му реков неможит ти да играш зошто мајка ти е докторка и е лоша! -Со братучеда ми седевме до ниедно време на пенџере,и ги гледавме сите заљубени гулабчиња или пак самци кои седеа кај неа под пенџере и пиеа пиво и свиреа на гитари.Ние им фрлавме мастики преку пенџере и се скривавме после.Еднаш замислете им фрлавме крем - бананчиња. -Бидејќи бев најмала од децата во мојата зграда,а и еднинствено девојче секогаш кога ќе игравме мижаница ме местеа мене да мижам! И секогаш плачев. Не фер,работи.А бидејќи немав женски другарки секогаш играв со машките руко-вис!
... ме напудиле рано од градинката, после третиот ден. Сум рикала како ненормална без престан, ми доделиле некоја нова учителка, специјално да ме пази само мене. На третиот ден им се извиниле на моите и им рекле - детево не ви е за во градинка, земете си го. Така почнала одисејата кој да ме чува, и се ределе баби, дедовци, роднини, комшии за оваа должност. Бев исклучително дрдорливо дете кое не затнуваше уста. Паметам како татко ми ми даваше пари само да поќутам 5 минути, да има мир во куќата, да не изустам збор. Никогаш не си земав пари, зашто едвај издржував до третата минутка. Ѝ ѕвонев на баба ми секој ден во истото време и секогаш муабетот течеше по одреден редослед - какво е времето во нивниот град, што прави за ручек. На крајот секогаш, ама секогаш ѝ го викав истото - Сега бабо прво те поздравувам ТЕБЕ, па после ќе ги изнаредам дедо, вујче, вујна и братучед ми. Не сакав да се дружам со децата од улица, многу ми беа прости. Мајка ми сосила ме тераше да излезам надвор, па обично го држев ластикот или го вртев јажето. Ниту знаев да скокам, ниту имав желба да научам, ама другите деца ептен ме сакаа за игра, оти никој друг не се јавуваше да држи ластик. Обично го држевме јас - и дрвото од другата страна. Поминав одреден период во кој манијачно ги пишував називите врз предметите. На календарот имав напишано КАЛЕНДАР, на мечето - МЕЧЕ. Мајка ми ептен се вадеше од такт и ми забрани да му се приближувам на фрижидерот. Кога им се скарував на моите, запаѓав во тага и депресија и мислев дека од тој момент па натаму ќе живеам сама. Си сечев од саламата и сирењето и ги виткав во хартија (обично тестови за полагање возачка, татко ми ми ги носеше тон од работа). Јадев само од тие, демек самостојна сум, не ми требаат родители. Понекогаш ги заборавав и скапуваа во хартијата, на мајка ми коса ѝ се креваше кога ќе видеше мувлосани ем запакувани остатоци од храна. За белја, имав еден тон такви сообраќајни тестови по дома, и ги решавав нон стоп, а кога дојде ден да ги решаваме во школо, извадив најслаб тест од сите. Мојот беше закачен на таблата до оној со најмногу поени. За сеир.
Како мала додека сме живееле во зграда, редовно сум ја фрлала цуцлата, лажици, вилушки, играчки низ тераса. Lolipop била принудена четири ката да се симнува долу и да ги собира. На комшијата, стар ерген, од пред врата со другарка ми му ги зедовме влечките и му ги фрливме во нужник Не паметам како дозна дека сме ние, ама уште паметам како не влечеше за уво. Еднаш со другарка ми, сме отишле на роденден кај другар од забавиште, ама непоканети. Уште посрамно е што за поклон сме му однеле брбаланки, оние гомненца од коза, не знам како се викаат правилно замотани во целофан. Кој срам еј! Нормално дека не избркаа. Собиравме детски пошти, ама другарка ми секогаш имаше најубави и најнови. Со Lolipop23 сме биле многу љубоморни, и се сеќавам еднаш по нејзина идеја, го излажавме девојчето да ја скрие нејзината кутија под нашата кола, додека си играме. И додека едната ја заигрува другарката, другата оди и и’ ги краде сите комплет, сосе кутија Ама џабе беше, оваа од утре пак полно ќе донесеше однекаде, т.е имаше постари братучетки кои одма со нови ќе ја снабдеа. Lolipop црташе детски пошти, и ги боеше, а јас бев задолжена да ги убедувам другарките дека се оригинал, и да ги излажам да се смениме. Со другарка од маало, со кибрит, правејки „ручек“ запаливме една плевна Работата стаса и до полиција и пожарна, додека виновниците дома ги смируваа со блага вода. Казна немаше, ама после некој ден се појави кај нас на врата бабата чија плевна изгоре, со приказна дека криела пари во плевната а и’ изгореле, и татко ми беше принуден да и дава пари. Иако не верувавме во нејзината приказна, после месец дена бабата умре, а јас уште ја носам на душа, бидејќи нешто ми кажува дека ако сепак било вистина, жената си цркнала од пусти јад за парите Во школо бев главен лидер и кажував кој каде да седи На патот кон школо другарките се тепаа која да ме држи за рака Да, да и знам едната секогаш ме држеше од десна страна, а другите две се мењаваа на пола пат. Крадев креди од канцеларијата на наставниците и ги собирав. Крадев гуми за џвакање, или по нашки - сак’зи од маалските продавници Со другарките кога имаше свадба одевме во црквата и чекавме да не почастат чоколадни бомбони. На излегување на младенците, ќе се испотепавме на „Кумот нема пари“ Спојлер обичај, не знам дали го има во сите градови, кога излегуваат од црква младенците, децата соберени викаат „Кумот нема пари“ а кумот/кумата фрла бомбони, леблебија, парички, преку нив Дејгиди луди млади години
На татко ми му беше скршена нога и му дојдоа пријатели од работа и еден повлечен човек мене ме праша чичо како се викаш и јас на цел глас сум извикала пи*каааааааа!
Ах колку глупости има само уште на повеќето да се сетам сега * Имаше еден човек пријател на моите комшии Мечо го викаа и беше така крупен, висок човек и мајка ми ме лажеше дека Мечо јаде деца јас јадната памет си немав од човекот кога ќе го видев одма бегав * Кога бев во градинка мала група само јас од сите деца си ја знаев адресата, телефонскиот број и датата на рагање и наставничката и ден денс кога ќе ја сретна се смееме за тоа како си го кажував телефонскиот број и тоа дваест и четири цртичка нула, четарнаесет * Во прво одделение со школските на патот накај дома најдовме умрено врапче и ни беше многу жал го земавме и организиравме погреб на една школска ( беше малку смотана ) во дворот во цвеќињта на мајка и. И пазете то направивме кофчег и со поворка го испративме врапчето. * Ова е од сестра ми татко ми кога се враќаше од работа не земаше од градинка и така кон дома се сретнале со една комика и таа на сестра ми и дала класт ( варена пченка ) и татко ми рекол : **** како треба да кажеш‘‘, а сестра ми ни две ни три ‘‘ Дај уште едно за сестра ми‘‘
Многу сум се губела како мала . Еднаш имам тргнато по дедо ми, а јас две годинки. Ме нашла некоја жена, за среќа ја познавала мајка ми и и текнало која сум. Па ме однела кај неа дома а јас луѓе многу убаво и ден денес се сеќавам дека побарав сокче. Ми дадоа и им реков дека не е убаво сокчето и им барав играчки да ми дадат.
Бидејќи многу време ги молев мама и тато да ми купат го Алф тоа лафчето а они не сакаа бев принудена да го лажам на татко ми пријател дека ми е родеден за да ми купи, ме зема човекот со него у продавница да си одберам и ја секако го одбрав нај скапото - тогаш има 5 години за 6 роденден уште од 1 Август си канев гости, кој како го сретнам на улица така го канам, и сите дојдоа, мајка ми инфарк ќе ја фатеше
Кога бев мала бевв многуу немирна паа ееве неколкуу случкии : еднаш мајками метела а јас сум нашла лајче (од сируп) ии сум го голтнала, моиве ме свртиле со главата надолу ме треселе треселе и сум го плукнала лајчето аа во устата сум била полна пења телентт јас и мојата поголема сестра сни ги зеле шминките и сни го направиле таткоми додека спиел како чудовиште хехех еден ден дошол на гости вујкоми и тој имаше лабело и јасс многу го сакав тоа лабело еднаш му го побарав ми го даде и јас го ставивв дирек во уста аа морам да кажам беше вкусно хаха да спијамм воопштоо не сакав а ми кажуваа дека кога сум била бебе или во раце да ме држат или уиста не затварамм хихихихихих сее што ќе најдам во уста ставам ,па дури и сега кога сум голема и сеуште ми вика таткоми кога ќе ме види дека нешто ставам во устаа . имаа многуу работии на пример кога сум паднала од скали за да одам со сестрамии и такаа ... детствооо хехехеехех
Си дојде татко ми од работа и вели: Јас ќе спијам, ако некој ме бара кажете дека не сум дома: По некое време звони звончето и јас излегувам и човекот ми вели: Елена дома е татко ти?? а ја на тоа: Не е дома, спие
Незнам дали се сеќавате на украсните шноли за коса кои беа како машнички ама имаа и дел со мрежа каде се собираше долниот дел од косата. Модата била таква тогаш се носеле. И мама си купила таква. Ама мене тоа мрежата на шнолата ме бунеше. И ја прашувам мама за што слижи. И мама за да не ми филозофира со моди и трендови а и побрзо да ме откачи, ми рече: кога ми е мрсна косата,а се брзам ја земам шнолава и си ја ставам во мрежата. И јас дете како сунѓерче... Идеме на гости и пријателката на мама и вели: лелеее што ти е убава шнолата,баш убаво ти стои на косата. А јас како од пушка: дааа беее, убава? мрсна и е затоа ја ставила во тоа мрежата Сите се смееа, а мама имаше ваков поглед
Како мала на 4 годинки најмногу ми беше страв од песната `Еј Раде, каков човек, каква фацијалност.` И стално кога ќе поченеше таа песна плачев, се дерев на цел глас. Па ги криев ушите. И после кога ќе заврешеше песната Like a Boss фаца,и се смеам со сила, а мене душата ми плаче. Еднаш на сестра ми цуцлата и ја скрив во навлаката во перницата. И јас наудрена, као демек се нервирам каде била цуцлата. Знев и да ги носаам штиклите на тетка ми. Па тогаш со братучед ми кога ќе почневме да се тепаме, паднав по скали и си ја сокинав веѓата. Исто еднаш кога се спремавме за на гости, мајка ми ме избања, ме облечи убаво и заборави да го крене кремот за лице. И јас цела рака во кремот ја пуштив и си ја измачкав косата. Дури си ги ставив и новите шнолки . Радосна се... И кога дојде мајка ми срцев удар ќе ја фатеше. Битно се среди дее.. Така растат децата.
Имав еден комшија Дејан, тој беше 4 години постар од мене, не делеше една ограда и секој ден стоев таму и му пеев Дождот врне, нека врне Дејан надвор стои, под око ја гледа Ели, менува бои ... Нможеше да ме тепа преку ограда и плачеше, ама затоа на улица си ја добивав клоцата