ее како мала немаше коска на моево тело што не ја скршив ! Кутрата ми мајка, кога ја скршив и раката и прекипе лонецот Исто кога бев мала, им ги кинев цвеќињата на соседите па на истите им ги продавав. Мразев да се чешлам, само предниот дел од косата ми беше среден а назад бев ЛОМ
Плачев на песна од Васка Илиева, Ѓорги грозничав мислам се викаше. Секогаш кога ке одев на село си ја пуштав тајно и плачев. Незнам нејзиниот глас ми предизвикуваше такви емоции што не можев да се воздржам. И ден денес моите ме зафркават на тоа. Добри спомени имам
Као помала се иам ишишано сама со ножици во кујна и само од едната страна се ишишав а ми беше така долга коса и ја ишишав едната страна до увото и сакав и другата страна ама мама ме виде и секако мал ќутек добив .. друга случка... ја иам заглавено вц шољата со хартија значи се сум ставала во неа и сум им сечела косите на барбиките и ги ставав во шољата и потоа шољата се затисна и тоа..
Една форумџика, го имаше постирано гиф-ов, па ми текна на нешто. Како мала, многу гледав филмчиња, и имаше некои вакви сцени. А мене, ми изгледаа ептен филмски. И кога ќе останев сама во соба, вежбав како да го изглумам ова. Сакав да треснам наеднаш така надоле, ама душа не ми даваше, да не си го скршам задниот образ. Башка ако треснам до вратата, ќе се лупне вратата, и ќе наслушнат другите. Ако се треснам до регалот, има многу дршки и кваки, па ќе ме заболи грбот.. Во веце, ми беше супер идеја. Само што, кога се спушташ надоле, аутоматски ти се крева блузата нагоре, а плочките ладни, и никако не си.. Еден ден, има да го направам ова, па макар Дудунка се викала.
Порано, кога имавме 6-7 години, на наше маало имаше многу цигли, па со другаркиве правевме црвен пипер. (ја дробевме циглата). Но, тоа веќе стана досадно, никој не ни купуваше, пусти 5 денари не ни даваа, па решивме мааалку на повисоко ниво да отидеме. Една другарка имаа продавница и знаевме дека се продаваше рефус, во тие малите кесенца. Од дома такви и 5 наполнивме, со цигла. Ги замениве во продавницата, и незнам што како но една жена ги купи сите, мислам дека на одмор одеше. Имаше некое труење мислам, па кажаа после што било работава, дека не бил црвен пипер. Тогаш ми беше смешно, ама сега .. I have a heart , да не ме мислите.
Ми имаат кажувано дека стално сум се пикала позади телевизор,затоа што сум била убедена дека луѓето на телевизорот стојат позади него,а јас никако да го најдам, исто така си имам фантазирано дека за да станеш возрасен мораш да одиш во затвор,макар и да не направиш никаков кривично дело...едноставно дека морам.Исто така сум била страшно голема дрдорка(а не дека сега не сум ) и на крштевката на брат ми , додека свештеникот пеел,јас цело време сум зборела нешто,ама сепак тивко и постојано ме омопенувале,ама на мене кога веќе ми скиснало да ми зборат цело време само одеднаш сум им се свртела и сум им кажала:МЕНЕЕЕ МИ СЕ ЗБООООЛУВАААА ! и пак: МЕНЕ МИ СЕ ЗБОЛУВАААААААААА! И тоа е останато до ден денес да се збори и да ми се смеат.Исто на моите им имам барано чекови да ми дават,се имам љутено зошто не ми даваат,имам протеси дигано и што ли не...А за зборчиња воопшто да не зборуваме,полна со бисери сум била и многу креативна,како и денес
Се би дала да се вратам барем на 10 мин, во детството Како мала обожавав да факам аероплани (или како и да се викаат ) да им ја ќинам главата и ѓи лепев во тетратка, си правев колекција од мртви инсекти Како мала собирав по патот измет од кози, мислејќи дека се чоко стоби флипс Како мала бев сигурна дека можам да летам и се џипкав од стол на кревет Како мала играв ластик и бев број 1 у маало, шампион, ми немаше рамен Како мала кога гледав шпански серии обавезно глумев дека сум мртва. Лежев на подот со искривена глава и чекам реакции, нормално, никој не го забележуваше мојот талент за глумење Како мала тајно собирав слиќички од голи жени (ќе се убиам) И ова ми е најреатино од сите: Татко ми е скоро ќелав, има малку коса. Никогаш не ми беше јасно зошто! И тогаш си ѓи замислував како седат со мајка ми на тераса, пред мајка ми тенџерче со топла вода, и како брка во тенџерчето и му ја куби косата Незнам од каде таа креативност во мене. И уште многу нешта, не ми текнува сега
Како мала сум отишла кај комшината и сум и ја земала златната алка и после сум и викала види сто имам ,а она ја препознала ииии знаете што било после..
Бев голем тепач.И машки и женски тепав,без гајле. Секој ден ми идеа мајките на децата дома да се жалат. На улица им бев господарка,е така ме викаа. Мене која игра ќе ми се играше таа ја игравме.Имав слуга и тој стално идеше до продавница. Јас го пишував распоредот за цел ден што ќе правиме. А и да,многу сакав да играм фудбал.Најдобра бев во цело мало.
Kога бев мала еднас сме излегле со моите тетки на пикник со нас и мојот брат и седнавме во една нива само сто ги наместивме сите работи сто ги понесовме со нас братми посака да моЧа и отиде малку понастрана а јас цело време го гледав и скокнав да викам и мене ми се моЧа и станав и си реков зосто братми станат а јас не и јас ке пробам и станата и сакајки да им казам како и јас моЖам како брат ми и пиииууу право во пастетата и грозјето коа поЧнаа да викаат леле сто стори хахах ко зедоа после да се тркалаат од смеа имам разни глупости правено како мала
Сум била ептен мирна, бе. Никогаш не сум плачела. Роденден ми е на 7ми септември. И уште сум немала 40 дена, а моиве дома ајвар правеле. Они си мијат пиперки, а мене ме оставиле, изолирана. И после, дошла една роднина и им рекла на моите: Што е ова бе, кај ја направивте олку мирна, па сега користите ситуација. Битно они ајвар праат. Каде ќе ме оставиш, таму ќе останам. Не сум мрдала. Мајка ми немала млеко, јас буквално водичка сум пиела. Мајка ми, после неколку денови или недели дознала. Не сум протестирала, не сум плачела. Ама затоа, проливче сум имала. Спојлер Кур ми е, двор ми е. Многу голема мука сум имала од сестра ми. У ствари, јас сум и била муката, на незје. Она кога решава математика домашно, мене дома да ме нема. Пази логика: Јас у друга соба, она у друга... И почнува да се дере: Ми смета Еленаа! Не можам да пишувам од неа, ми сметаа! Што си ја родила, тука да ми смета? А јас за греота, бубаче, ништо не и правам. Она не знаела да решава задачи, па јас сум и била крива. Кои живци ни ги тегнеше. Мајка ми на најпрост можен начин ќе и објасни, оваа: Не можам, не сфаќам, Елена ми смета. Па така, баба ми морала секој ден, кај различни гости да ме носи. Не дај Боже сестра ми да прави тест, јас треба на друга планета да отидам. Тешко на мајка ми. Оваа гугуткава цело време само викаше: Не сфаќам, не знам. Или, знаете оние четивата што се, од прво до четврто... И одоздоле има прашања. И сестра ми се враќа од школо: Јас ова не го знам, не ми е јасно. Некој нека ми го реши. Мајка ми чита прашање, чита прва строфа, сè одговорено. Чита второ прашање, втора строфа, пак сè одговорено. И ја прашува сестра ми: Ти, го прочита четивото? Мртва ладна: Не. Кој готован беше. И тука на мајка ми ќе и дојде преку глава, ќе се откаже. И татко ми ќе се јави: - Не се сеќирај, јас ќе и објаснам, што се сеќираш. Што треба математика да се реши? Почнува да решава, резулатат 0. Оди на втора задача, пак 0. Трета задача, пак 0. И ќе и рече на мајка ми: Абе, овие точно ли ги поставуваат задачиве? И на мајка ми, уште толку ќе и се стемни. Ама татко ми демек да и помогне... она треба на двајцата да објаснува. Порано, јадев по 5-6 сладоледи на ден. Чим ќе отидев кај другата баба, одма ќе ми се отвореше апетитот. И јас ќе и шептев на мајка ми, демек да не слушне баба. А у ствари сакав да ме слушне. Ќе речев: Мамо, има баба нешто убаво? Сум мислела на благо, нормално. И секој ден, одев кај баба, за да јадам.
Како мала бев ептен немирно дете, али оваа случка ептен ја памтам. Накај 5 години имав,и мајка ми ме имаше научено да читам.Во меѓувреме мајка ми спремала испит кривично.И листовите и беа на маса, и дофатив еден и сум прочитала нешто, и ми се завртела една реченица во памет правото е криво, кривото е право.И си ги собрав баба ми и мајка ми и демек во судница сме, и си земав едно пластично шише се качив на стол и пред шанкот мавам и мавам(демек како судијата кога мава со чеканот) и се дерам на цел глас:Чујте и почујте кривото е право, правото е криво, едвај моите ме смириле Греота мајка ми кога отишла на испит, само тоа и се вртело во глава
јас многу сакав да пијам сок од дренки,правев колиба со брат ми,се криев во плакар,го терав дедо ми да ме крева мене во една рака брат ми во друга ,се криев во дупката помеѓу троседот и двоседот,си играв со колички,се бањав со играчките,ја имитирав учителката од градинката,ако некој постар братучед/ка или брат ми ме допре со сила плачев за да го/ги караат,цртав со шминките на мајка ми,цел ден висев на балкон за ако видам некое дете на лулашките и јас да излезам,кога некој ќе ми го штипне дебелкото обравче стално им се мрштев и не им зборев,јадев живо тесто,лепев све и свашта по парното и машината за садови,се качував по вратата(по рабовите),еднаш се искакав на плочка ,правев макаронои на парно,со брат ми изигрававме келнери па сокот од дренкиго викавме вино а водата ракија,пушев соленки,се сушев само на клима(Ми беше страв со фен ),изигравав пеачка на балконот,кога идев со мајка ми на шопинг ми беше мерак да се бутам во алиштата,бев машкуданка и не се дружев воопшто со женски ...
Сум била лигла ептен.А,нешто не ми било по ќејфот одма главата од паркет.(бам,бам)По можност и од ѕид Незнам од каде сум дознала за тој среден прст.Ми било многу интересно да го покажувам насекаде.Порано баба ми и дедо ми мислев дека се некои стари пријатели на мајка ми.Впрочем тоа го мислев за сите роднини.И ни два ни три одиме кај баба ми а,јас мајка ми во лифтот."Мамо,од каде ги знаеш овие пријалтели?Зошто кај нив одиме секој ден? " А,да татко ми често се зафркаваше со мене.Бидејќи беше елегантно пополнет а,истовремено мајка ми беше бремена со брат ми.Значи и двајцата си имаа меше.И јас одма со моите нелогични прашања:"Тато зошто имаш толкав стомак?" и татко ми "Јас и мајка ти сме бремени.Сакаш братче или сестриче?"Сум била до толку смотанко што ме мајтапеле како сакаат.Секогаш ми беше досадно и секако "Мамо,може да правиме мојбет? "
Морам да кажам дека имав прекрасно детство.Значи право детство,не како денешниве деца што се 24\7 пред компјутер или тв. Не сум сакала вода воопшто,многу сум мразела да ме бањаат,дури паметам кога им бегав и ме бркаа насекаде.Бев разгалена,добивав се што ќе побарав.Барав од дедо ми да ме нишка на нозете,татко ми ме креваше висоооко висооко и мислев дека летам.Дури мислев дека Австралија е Скопје уствари ..одев на нива со баба ми и дедо ми,си имав своја бавча и целата бев во кал,а кога ќе ме измиеше баба за да си одиме дома јас повторно ќе се шлакнев во калта и тогаш добивав "ќотек"..Многу сакав да јадам зелена пиперка полнета со сирење,омилено ми беше.Во дневната ќе си го пуштев системот на цел глас и си пеев,се дерев буквално.Месев леб заедно со баба ми.А најголем непријател ми беше брат ми,немаше ден да не помини а да не се истепаме ...И други лудории што имам правено леле леле
Хаххаа, исти памет сме, јас ова секојпат го правам кога ќе влезам во веце, на вратата, пробај, ама варди се од кваката оти може грбот да ти го провали. Сега ми текна... Кога бев еднаш кај баба ми, со братучед ми си игравме во една соба онака во која се чува свашта, па имаше една старвремска корпа од дупки составена. Спојлер Вака некако само беше цела со кругчиња. И јас не знам како, ги пикнав трите прста од левата рака во три дупки. Повлекувај назад.............. oops! Ми останаа прстите во корпата, прво испаничив, ама си ќутев, братучед ми ги викна сите од другата соба, а таму мајка ми, сестра ми, дедо ми, баба ми, и сестрата на баба ми, и вујна ми, и другиот братучед. И цела поворка во собата. Паника се дигна, прстот ми се заглави. Сите околу мене, влечи врти, акај, нееееее, си стои таму заглавен. Памтам сестра ми носеше еден апарат да ме слика. И така полека полека со корпата закачена за прстот отидов до чешмата со цела дружина зад мене смеејќи се до бесвест, а јас плачам ли плачам... Ајде со сјај пробувавме.. Неее! Не бива. Не излегува и точка. Ајде мајка ми едни ножичи големи донесе и го сечеше тоа кругчето, ај некако се пресече пластиката, па сјај, топла вода и ОП! Излезе. Ама битно комедии беше.
Имам многу интресни случки,ама оваа така ми остана во сеќавање,кога ке се сетам стомакот ме боли од смеење Епа вака,имав околу 4 години и ужасно сакав да дознаам од каде цицаат бебињата и еден ден така случајно најдов слика како мајка дои бебе.Бидејки бев мала црпката ич не ми црпеше земав и го исеков бебето од сликата за да видам од каде цица Плачев еден саат бидејки сега бебето ке нема од каде да цица и дека ке биде одвоено од мајка му па земав и повторно ја залепив сликата со селотејп
Како мала : - и бев главна играчка на сестра ми, и бев ученик, одговарав за сите 30 деца, вежбав физичко за 30 деца, и бев купувач кога беше продавачка, јас и жмурев кога игравме жмурка, јас бев крива кога ќе се степавме - неколку години живеев со баба ми и дедо ми, а имав 4-5 години, па секогаш кога идев да какам викав по дедо ми ,,Дедооооооо дојди да ме избришеш,, . Ако случајно влезеше баба ми за да ја изврши таа света работа - бришење на газ, вриштев на цел глас ,,Оди си, срам ми е од тебе,, - редовно кога спиеше дедо ми го скубев за коса, го гребев по чело и му тропав за да го разбудам - се враќав од школо, истураше дожд, а јас по улица одам. Носев од оние дијадорине со две лица што беа. Една будала помина и ме избања од глава до пети, јакната утоп, и јас си ја земав јаната и си ја свртев мократа страна од кај мене, да не сум се срамела ако некој ме видел така мокра. Мочла од 3-то одделение. И секако настинав.
Ич не сакав да јадам како мала, со сила ме тераа. Јас ги фаќав во моменти на невнимание и скришно го враќав јадењето назад, а понекогаш го виткав во хартија и го криев во фиока и после им го давав на миленичињата... Ова обавезно го правев, затоа си останав слаба како стапче до 14 години. Си ги шишав сите барбики зашто тетка ми ме излажа дека им расте косата. Ги чекав 1 година и ништо Кога летаа авиони јас ги гледав од прозор, се дерев по нив како ненормална да се симнат или да ми пуштат летки и им мавтав со раце додека не ги снемаше. А кога ќе видев хеликоптер се пикав во подрум и се утепував од плачење зашто мислев дека дошле да ме земат. Тајно крадев по голтка од кафето на моите и бев во исчекување цела вечност да ми порасне опашка. Уште од мала чував мачки и имав мала пластична количка за кукли... Ги пикав сите мачиња внатре, ги покривав и ги возев низ цело маало. Трагедија беше кога некое маче ќе ми скокнеше, па со другите во рака го бркав низ цело маало. Не ми беше јасно како ни чука срцето и мислев дека внатре имаме мали минијатурни човечиња што лупаат на тапани цело време