Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Како мала изгорена бев да бидам голема мома.
    Се нешто барав штикли,кармини,шминки.
    а и сега си останав таква,изгорена по пуфкосување.

    Памтам еднаш си ги избричив веѓите.
    редовно си ја стрижев косата.
    и еднаш ми текнува со другарка ми влеговме во фичото од чичкое.
    и и направив филм дека знам да возам кола,и ја тргнав рачната...аии кога зеде да лета тоа фичото надолу
    едвај не запреја.
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Како мала многу сакав да правам видеа, абе умрена бев за тоа. Се си правев некои емисии ова она. Врв беше кога направив емисија како со помош на мрсни боици, на слика од машко да направиш женско. Имав едни мрсни боици, барав постери, и најдов едно машко со долга коса, и си викам, ќе снимам како ќе го нашминкам, и зедов го нашминкав целиот... :fubar: И боичките ги имав ставено во послужавник за носење храна. Еве сликчиња, а не знам дали ќе се прежалам да го ставам и ведеото. :$
    Инаку заборавете ги сликчињата, не можам да ги ставам, не се ставаат. :@

    Кога правев едно видео како да направиш колут напред (или колут назад, не се сеќавам) паднав од креветот :lol: И си продолжив ко ништо да не било.
    [​IMG]

    Кога бевме еднаш за Банско, Бугарија, со едни пријатели, тие имаа едно девојче и со неа правевме емисии, го претставувавме хотелот каде што бевме, рецепцијата, минибарот, како функционира телефонот, лозинката од интернет, во бањата што има. Се сеќавам дека имаше еден фен, што кога ќе го извадиш од ѕидот (беше залепен таму) тогаш почнуваше да бучи, тоа ни беше многу интересно, исто имаше и од најлонските капи за туширање, ги стававме цело време на глава.
    И секогаш кога сме оделе некаде, на одмор, во хотелот каде што сме престојувале сум сликала се’ детално, креветите, ламбите, рамките со слики, ТВ-то, терасата, во ВЦ-то сум го сликала бојлерот, туш кабината, шолјата, огледалото, се што ќе ми се најде на патот. :$ Сум сликала и некои дрвја, фонтанки, охохоо..
    Еве уверете се:

    Исто така имав едни мечиња кои ми ги донесе тетка ми, куче и крава: им правев емисии и нив, еднаш кучето само збори со некој позаден глас (јас) иако секако, јас ги толкувам и двата гласа, после кравата, после двајцата зборат меѓу себе. Абе комедии..

    Еден ден си направив фризура. Мајка ми пред некој ден беше на состанок и имаше едно како знакче на кое и го пишува името на блузата, јас го извадив нејзиното име, на ливче го напишав моето, го ставив внатре си го закачив, седнав на синтисајзерот и свирев, не дека свирев, пуштав песни од него и се преправав дека свирев, а што е најтрагично, често ги тргав рацете, па синтисајзерот сам свиреше. :lol:
    Истиот тој ден, го достигнав врвот, правев интервју со една кукла не знам што име и дадов, Сертанда Кле Мајортна така нешто, и таа била глумица, ја прашував во кои филмови глумела, ова она.. леле боже, во уста да си пукаш.

    Често знаев да седнам пред ТВ, да го исклучам гласот, и да ги заменувам оние што зборат, си правев приказни како краделе од некој фризерски салон пегла за коса, витлери, чешел, ножици, а nati44 се кинеше од смеа. Па правев дека едни киднапирале едно девојче, па девојчето умрело, па оваа го оживуваше, леле комедии беше.

    Една кукла секој ден ја бањав со сапун, косата и ја миев, фризури и правев... чуда. А често знаев на една барбика да и ја потсекувам косата, а влакната ги криев во зафрлена чашка за чување на четки за заби, одеше заедно со еден несесер.

    Многу сакав јариња, и цело време ги снимав, ги интервјуирав, имаа многу чудни имиња
    Ранка - бидејќи се родила рано
    Шарко - бидејќи е шарен
    Сабко - дека се родил во сабота
    Црнко - дека бил црн, а тој беше кафеав
    марта - дека се родила во март, а требало во април
    едната коза се викаше
    Хала а другата Силвана
    и сите тие имаат презиме Буна.

    Им направив дури и таков знак како куќен број, од картон, го завиткав во хартија, на неа пишав Семејство Буна и сите имиња ги испишав сосе презимиња, и го врамив со стапчиња за ражнич.

    Зошто не ми дал памет Господ!? :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo-0033.jpg
      Photo-0033.jpg
      Големина на фајлот:
      251,2 KB
      Прегледи:
      288
    • Photo-0023.jpg
      Photo-0023.jpg
      Големина на фајлот:
      250,7 KB
      Прегледи:
      289
    • Photo-0012.jpg
      Photo-0012.jpg
      Големина на фајлот:
      508,2 KB
      Прегледи:
      289
    На elena.mak, Vikica.cuci, MaggieTatum и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Можда го имам пишано ова ама не сум сигурна,како мала сум била голем багабонт :D сме отишле кај баба ми на село,баба ми ги земала јајцата од кокошките и јас цело време сум ги гледала 3 пати сум посегнала да ги земам,ама неуспешно и ме оставиле мајка ми и баба ми да спијам во другата соба ( таму седеле и јајцата),и јас фино сум си станала од креветот сум ги земала јајцата,сум седнала на тепихот и сите јајца сум ги кршела од глава од маса,од се што сум стигнала околку мене интересно ми било :D ,одвај ме исчистиле :D и ова друго исто кај баба ми,како што кажав голем багабонт сум била дур била мајка ми во тоалет сум излегла надвор да ја барам баба ми,а баба ми кај козите била,сум пошла кај неа и скришум сум и го земала кантичето со млеко,како што сум идела накај дома сум збирала брбушки ( гомцата од козите :x ) не сум знаела што се дека мали црни топчиња и сум ги ставала во млекото,сум ги однела дома мајка ми исплашена ме барала и кога го видела млекото црно,мислиш чоколадно е а тоа со брбушки :D
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Јас како мала ич не сум сакала да јадам и баба ми ме бркала од 3-ти спрат до приземје и во блискиот парк! Бруки сме биле! Со чиничето пред зграда.. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Како мала сум била право сељанче.Сум ги пуштила тие бугарските.Готово,влезена во филм дека сум танчерка по спотовине одма мојот брејк денс. :D
    [​IMG]

    Зашто толку не ми работела црпката,зашто? ;(
     
    На Someonespecial и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    ко помала ептен сум била љубоморна...кога мајка ми и татко ми че се гушкале јас сум се нервирала и сум ги мавала по задникот.. :lol: :lol: :lol: дури и мајка ми кога била бремена со брат ми сум и правела сопки ..:worried: :lol:
     
  7. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Како мала, кога бев на одмор во Грција со моите на една плажа ме турнале брановите од морето, сум се напила вода и сум викала аууу кој ставил сол во водава. :lol: :D

    Исто така многу сакав да бидам фризерка. :D Па викнав една другарка кај мене дома за да си играме фризерки и и реков дај прво ќе те шишам јас тебе па после ти ме. Ја ошишав, лом ја направив. Шишки и направив цик-цак. :lol: Татко и кога ја виде почна да плаче. Потоа не и дадов да ме шиша таа мене. :D :lol:
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Кога сум била малечка, додека сум спиела сум паднала и сум се стркалала под креветот :lol: Мајками кога станала утрото, ме барала, никаде неможела да ме најде. Помислиле дека сум избегала,сум заминала некаде додека тие спиеле. Кренале паника со татко ми.. :worried:
    А јас си спијам слатко под креветот, никој не ме буди,убаво ми било. :D Среќа па на моите им текнало на крајот да ѕирнат под креветот, и таму ме нашле како си спијам. :D
     
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Хахаха јас слично како феминката погоре само разликата е тоа што самата јас бев ѕвезтата.
    Како мала отсекогаш се замислував дека сум некоја актерка, која истовремено е пеачка, модел и моден дизајнер :lol: Сето ова си го правев кога мајка ми ќе ме однесеше кај баба ми на поседок летото :lol:
    Памтам Бред Пит беше мојот сопруг(хаха тоа беше мојот најдобар другар од улицата кај баба ми) и бевме многу среќни заедно :D :D
    Инаку имав освоено и неколку оскари, и уште си ги чувам листовите со говорите кои сум ги држела, секако на македонски, ама јас си замислував дека на англиски сум си ги кажувала. Како фустани најчесто користев некои пердиња и прекривачи, во кои ќе се замоткав и ќе ги направев како на пепелашка(демек :lol: ), и по црвен ќилим шетав, давав автограми. Море море море уживанции :D
    Како модел, бев дел од Викторија Сикрет(не дека знаев шо е то онака шо слушав) и бев најзгодна и најмила од сите. Имав модна линија на фустани, штикли и мириси. Како пеачка "мои" хитови беа песните на Бритни, Бијонсе и Мадона :lol:
    Ама сепак според мене најсмешно од се беше тоа што сама си правев интервјуа, каде сама си се прашував и сама си одговарав :lol:
    Аџ и ќе заборавев, баш ми фалат тие детски денови кога бев безгрижна и секако најпосната ѕвезда во светот! :rofl: :rofl:
     
  10. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    како мала бев немирна но и доста интересна,зборлива,снаодлива девојка која сакаше да се шминка
     
  11. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    -Со другарка ми снимавме „спот“ :$ Јас ја пуштам песната и снимам а таа демек пее(а само ја мрда устата :D ) и игра :clap:
    -Со комшивката се прскавме со шишиња и цела бев мокра, и косата и бодито и гашките :lol:
    -Кога бевме на одмор со семејството јас бев мала и брат ми отиде во ВЦто на плажата и се задржа малку и јас почнав да го ѕиркам одздола :D И во тој момент татко ми ме фотографирал :D
    -Секогаш кога одевме со мама и тато на гости си заспивав кога ќе дојдеше 9 саат, безразлика дека не сум дома :D
    -Кога бевме кај баба брат ми сакаше да седне и јас му го тргнав столот и луп на земјата :D И си добив една клоца :lol:
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Како мала
    Ми раскажувале
    - Сум била лигла права, се што ќе се види да се посака и мора да се има :x
    - Сум обожавала киндер мојата љубов единствена ( без него денот не ми минувал никако )
    - Многу сум сакала да јадам :$
    - Сум била мрза голема, не сум сакала да одам туку само да се возам :rock:

    Се сеќавам
    - Сакав да бидам водителка на тв емисија, па често собирав луѓе одржував говор :D
    - Бев луда по бугарските песни, по цел ден ги слушав
    - Сакав да правам фризури и да шминкам ( постојано ги замарав луѓето околу мене )
    - Еден период многу немирна бев мислев дека сите можам да ги изнатепам се чувстував непобедлива :P

    И то на друго неможам да се сетам :)
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DaddyDirectioner

    DaddyDirectioner Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    ја кечапот сум го викала кепач хахахаха
     
  14. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Како мала бев многу симпатично девојче, фала богу таква останав и до ден денес:) Не сум многу променета ниту физички ниту карактерно во смесла: Тогаш бев љубопитна, зборлеста, вредна. Уште од мали нозе средував по дома сакав секогаш да сум уредна и јас и дома. Исто така уште откако тргнав а училиште го привекував вниманието на соучениците и можеби звучи нескромно ноуште од мала имав можност да бирам со кого ќе бидам, на почетокот до некаде 7 одделение другарка а потоа почнаа и врски па и посериозни љубови. Но она што мислам дека ме издвојува од остантите е мојата хуманост, секогаш сакам да помогнам во било која форма. Без разлика дали е тоа со пари, дали е да наравам нешто за некого, но најчесто за да помогнете негому нетреба многу, ниту пари ниту којзнае што. Понекогаш доволно е човека да го гушнете само да му кажете убав збор и веке сте му помогнале.
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    ^ Малку скрена од темата |(
     
    На dushiche и Petunia-Queen им се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Фали ме усто, да не те расчепам... Как бе вака ај ве молам објаснете ми може некој да зборува во прво лице??? Ај да не јадам вафли, извинете за офтопик...
     
    На LittlePinky, QueenElena, Primadonna и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    228
    хаха ке ми треба цела вечер да пишувам :D знам само дека бев право машко :)
     
  18. ljubovche

    ljubovche Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    68
    Повеќе сакав да си играм со момчиња, отколку со девојчиња. :lol:
     
    На obey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Како мала сум викала козјакот млеко дава ..ама никако не се сеќавам дека јас такво нешто сум викала излгеда моите се во заблуда :lol:
    Брат ми беше мал 4 години разлика сме многу сакав да го лакирам и кога излегувавме надвор сите се смееа а јас сиротото неможев да разберам оти се смеат :D , дури еднаш земав и да го шишам :tmi: секогаш го терав да си играме со кукли, па си игравме заедно :lol: :devil:
     
  20. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Кога ќе ме прашале како се вика мајката на телето, јас сум викала Милка (нели милка е крава ама ај нека ти текне на крава де ) :lol:

    Се "депилирав'' со селотејп :fubar: . Демек гледам сестра ми се депилирала со ленти, па и јас да пробам како е... |(
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.