Како мала лабело сум викала олабело И сега ми текна незнам дали се сеќавате кога се продаваше Бенквик За тие што не знаат ова е исто како Несквик се прави чоколадно млеко со ова. Е сеа постојано имаше бенквик дома и една ноќ не ми се спиеше во 5 саат само што почна да се разденува мене не ми се спиеше и правец во кујна и си кркнав бенквик 2-3 лажички и да земам да извадам вода од фрижидерот и со лактот удирање цела кутија ми паѓа на тепих и јас цела испаничена земање се што беше на тепихот го туркам под тепихот и ајде средив тоа некако и правец во кревет. Сабајлето мајка ми нешто примети тепихот бил кафеав и го поткренува тепихот и што да види женава срце ја фати,плочките под тепихот цели кафеави од Бенквикот и тепихот плус и одма зема тепихот да го исчисти убаво и плочките да ги изриба со средство,се чудам како не ме исплеска убаво
Како мала во некој филм сум била влезена...бооо.. сум го земала домашниот телефон во рака како да ми бил микрофон и сум изигравала водителка..самата со себе сум зборела..хахах а што е најтрагично кога починала прабаба ми и моиве ме викнале на долниот спрат каде што старава била да се простам и да запалам свеќа, и сето луѓе собрани околу неа да бдеат, а јас сум зела да ја пеам песничката http://www.youtube.com/watch?v=zpR4F99HKyg...
го мачкав мебелот со лабело,готвев во пластични чаши кои гореа нормално,ги криев телефоните и клучевите на места на кои не се сеќавав,си ја залепив неколку пати дланката на вклучена рингла,им карав на кој ќе стигнев а незнаев шо зборови се уствари ,има и мн други али кој ги помни.
како мала кога ќе дојдел татко ми од работа јас ќе се скријам под маса и мајка ми му викала имаме маче дома и јас сум мјаукала сум пробала сама да одам во вц и сум пропаднала во шољата сум кажувала 15 до 6 е саат а саат уствари било 6 и 15 сум ги бакнувала сите пред да заспијам и сум им викала отидов јас на другиот свет (будала работа) главата под перница сум ја ставала (само така сум можела да заспијам)
Како мала....Хм,па кога требаше да излезиме негде на гости и сега ми рекоа ај јави се викни такси...јас се јавувам и му кажвам и зграда и влез и број на станот Како мала сакав да се јавам во болницата во одделот шо се вика заразно одделение да ја побарам мама дека таму работи...Јас уште како мала шутарка бев....Му велам на таа жената на телефонот:Еми мене ми треба таа шо работи во здравствено одделение
..породив црв Заедно со најдобрата другарка изигрававме хирурзи и распаравме црв со помош на дрвени стапчиња... излезе нешто од него.. бело...лигаво...глиста?! црвче?! не знам шо беше ама мрдаше
багабонт бев..се дружев со машки Бев забушантка неодев забавиште морав да си земам 2 дена слободни во неделата
Што не имам правено.. Еднаш бевме излезени со другарка ми мали ние онака, и дојдоја уште две девојчина од зградата ама тие поголеми од нас.И послем откако си отидоа, едната си го заборави клучот од дома, и јас со другарка ми го зедовме и право в контејнер.Послем дојде девојчето со мајка и да го бараат, па ние не знаеме каде е.. (лажиме) и го баравме низ улица Исто така со истата другарка ги земавме писмата, и сметките (ми текнува поготово му ги земавме на еден актер што живее во другиот влез, познат, и ние земи ги и ги киневме и ги фрлавме) Еднаш со друга другарка најдовме влошка од баба и и сега интересно демек што да правиме, на камен ја залепивме а тие камењата се поставени пред зградата големи се. ( и на бандера една залепивме) си ги имаме миено нозете во легенче, и послем водата на тепих.
Ова ми текна сега Сум имала 3 год. и сум имала навика секаде да се качувам и да рипам. Сум се качила на столот, но не онаму каде што се седи туку каде што треба да се потпрам. Сум глумела како коњ ке сум јавала и сум се повредила долу. И кога сум мочкала сигурно ме печело и не сум сакала да мочам 2 дена. Ми се издувало мешето и ајде мајка ми ме однела на лекар. Ме соблекле и докторот ми раширил ножињата да види што ми е, а јас како што не сум мочала 2 дена баш тогаш ми текнало па докторот лом од глава до пети Почнал да вика, да се расправа. Мајка ми посакувала во тој момент да се отвори земјата и да ја проголта
Кога бев мала мислев дека црнците јадат деца. Кога во маркет на каса до нас стоел некој црнец, сум ја прашала мајка ми „јаде ли овој деца?“. Мајка ми нормално ме игнорирала, од срам не се ни завртела кон мене, а после сум го прашала и дедо ми дома за истото. А тој (побудала од мене) ми рекол: „Не знам за него, ама дедо му сигурно јадел!“ Исто така мислев кога некој се сели а живее во куќа, си ја носи со себе и куќата топтан, сосе темели.
Како мала со мајка ми и баба ми сме отишле на гостии(ова во Кочани) ии дека татко ми мн. пцуе и ајде жената да не испрати и ми рекла: ,,Ајде чао Димковска пак да ми дојдеш на гости''.. и ја сум и рекла ,, ајде чао баба Тасика кој те ебе'' мене коа ми го кажуваа ова сум се газела од смеење а сум имала 4-5 години, а мајка ми пропаднала у земја.. и баба тасика рекла ,, дете..што слушнало тоа кажало..''
Еднаш си ги ишишав шишките ептен кратко и отидов веднаш да се пофалам кај тетка ми за новата фризура и очекував дека ќе каже многу ми е убава хахаха и таа кога ме виде енда фаца кога направи па како така си ишишана толку кратки шишки јас сватив дека сум ги утнала шишките и ме прашува кој те шишаше и јас МАМАА..
Ahhahahahahha se iznasmeav na odgovorive Imam i jas nekoi interesni sluchki -Koga i bev luta na baba mi ja grizev po zadnikot -Obavezno koga ke se iskakav vo peleni morav "sluchajno" da padnam i da napraam torta -I gi krshev karminite i kamenite pudri na majka mi za da pravam specijaliteti -Prodavav od onie sho gi vikame majmunski cigari na drvo sho rastat i sho e najrtagichno gi prelazhav grupa na deca deka moite doma gi koristat za ukras i dobivme 20 denari -Sobirav mravki po dvorot i procenuvav koi se mashki a koi zhenski i gi terav da se zaljubat -Jadev cvekjinja ama samo onie koi bea od saksija -Edno vreme mi beshe interesno farbanje na kosata posho ja vidov majka mi kako se farba i eden den vidov ne vidov si zemav pavlovicheva i ja nashlapav na cela kosa.. majka mi koga vide se raspameti sirota i taaaaaaka. Inache ne sum bila nekoe losho dete ama za gluposti prva sum bila
кога бев мал,многу бев мил,згоден и сите онака ептен ме сакаа.. а сега сум голем и демек не многу мил и незгоден..уф.уф.. и ме сака само ангелчето... се шегувам но сепак сакам да сум пак да малце мал..барем навечер..
Со другарки во забавиште ни текна да се фарбаме,и си истуривме на глава едно ко мастило ама зелено беше,едвај се извади ќе не отепаа дома,јас уште неколку денови шетав со зелена кркма бидејќи не ми излезе од кркми веднаш
Како мала на одмор во Неа Врасна бевме. Си седиме на лежалките мене досадно ми беше, а тоа имам само 3-4 годинки. Кога гледам група кучиња. Трчам накај нив, ги гледам во очи и им кажувам: -„Мое туче!“ А, тоа цел сантим поголемо од мене. И така на плажата секое куче што поминуваше кажував „Мое туче!“ Превод: Спојлер Туче-куче
Кога бев малечка си ја лижев косата цело време се додека не ме излажаа дека на некое девојче му праеле операцијаа од многу што ја лижело косата демек и се собрала топка коса у стомак и морале да и ја извадат.... Исто така да напоменам декаа еден период бев многу досадна личност , цело време и досаѓав на мајка ми пошто немав со кого да си играмм, се машки на улица, а брат ми нејкеше секогаш да ме влече со него, сум немала што да правам па сум досаѓала, па мајка ми ми викаше ние требаше да те крстиме тебе Зуица бидејќи цело време ми зуеш на глава И да кажам дека бев голем фан на бугарски песни, секое саботно утро го започнував обавезно со нив....