Мене секогаш ме учеле дека не е убаво да се лаже, па така кога ќе сме оделе на гости ми викале да не земам премногу од она што е поставено на маса и да кажам имаме дома. Е сега, пошто јас сепак сум си земала, а некој од моиве ќе кажел има дома, јас сум викала не лажи, кога ќе ме прашале што јадеше, секогаш сум викала чорба. Секогаш сум барала една вода чаша, и во најтесната дупка сум се пикала- чекај малце проџем земем нешто. И секогаш сум мислела дека мајка ми е поубава од мене и сум била љубоморна.
Како мала сум се претставувала како Мима. И секој кој ќе ме прашаше му кажував: -Се витам Мима! И многу тенко гласче сум имала.
Како мала ми биле потребни двајца за да ме нахранат, едниот да прави смешки а другиот да ми стави јадење во устата, најчесто неуспешно (затоа старите фустани на мама се цели со флеки од манџи). Се дружев само со машки, девојчињата ме нервираа. Бев машкуданка (и сеуште сум). Играв само фудбал. И така. Бев детиште (не дека сега не сум). Секогаш луѓето кога ќе не сретнеа на улица, за мене велеа „Колку ви пораснало детето, уште малку девојка ќе има“. И потоа мама и тато им кажуваа дека јас сум всушност девојч(ишт)е. Па, добро. И не беше тешко да ме помешаат со машко. Носев машка облека, имав кратка коса, не носев обетки и се однесував како машко. Хоби ми беше да ги нервирам луѓето до смрт (само не знам чија смрт, моја или нивна бидејќи понекогаш јадев по некоја клоца ). Кога си играв дома, никогаш не бев „принцеза“, туку „принц“. Онака, принцезите се премногу бескорисни, барем во цртаните и приказните. Баба ми многу сакаше (и сеуште сака) да ме направи вистинско женствено девојче (но не и оди). На сила ми ставаше штипки на главата.
Како мала бев многу мирна,и скеогаш кога некој би ми кажал нешто (мрш и сл) целата во солзи (денес не е така ) А инаку еднаш се играв со тој чешелот за играчки (пластичен)и сум земала јас да се чешлам и предниов прамен сум го замрсила и мајка ми да не ми се лути ко исеков целиот преден прамен хахах мајка ми малку покасно виде и потоа ми го израмни тоа левиот преден прамен ми беше краток а десниот долг...но ете мајка ми средила се
Хех, Barca-Girl ме птосети. Како мала моите се плашеа да ми прават шишки зошто самата си хи дотерував. Ќе земев ножиците и чкрап, Мила си направила убав фриз..
како мала изгорена бев за голема да бидам. Секој ден штиклите од мама на мене, карминот и бркрај се со мама низ улица.
Ко помала со другарками во 7мо планиравме да имаме дечковци и дека 7мите се многу големи.А ко бев 7мо сватив дека 7мите не се толку гоелеми и то со дечкото ќе го остам за 1-2ра.
како мала со другарками имавме шминки во вид на мобилен телефон и ке излезевме пред зграда и како божем разговараме со некој
како мала,за вода сум викала ода,тракторче-таточе,морковче-мокоче,краставиче-какиче...сум ја тегнела мачката за опаш,за уши и за брковите хаха,ги облекував штиклите од баба ми и мајка ми за да бидам "голема",обавезно се шминкав со розева сенка за очи(најомилена ми беше),правев манџи со цвеќиња и трева(ама манџа,танкосерец да те фати xD,што и треба да се очекува)брат ми го шминкав,му ставав венче и носеше штикли од мајка ми и им го покажував каков бил "убав"( да,да,едното око црвено другото розево ),како мала не спиев во темница,столната ламба мораше да биде вклучена и вратата ОБАВЕЗНО отворена,инаку духови ќе ме нападнеа ,баба ми секој ден,кутрата,ме учеше да плетам и еднаш не се научив,со дупки беше се што ќе заплетам,имав милијарда барбики,плачев кога ми ставаа вакцини и кога требаше да одам на забар(и за ова уште ми е страв ),ги збирав ситните монети од фиоката на работната маса в село...еееех стари времиња,сакам пак да сум малечка ...кога бев малечка сакав да бидам возрасна,ѓомити поубаво им било нив,но сега се би дала да бидам малечко дете ...
Ова не од ле јас..туку од ле девојче викано Споменка која како мала била многу разиграна со своите родители... И така во еден пролетен,можеби летен ли беше,ден...едно девојче беше така тажно,но кога мајка и’ ја фати за тие малите рачиња и оооп ја залета така неколку кругови,и таткото заспан на тротоарот кога се разбуди виде дека девојчето вреска(а тоа душиче врескало од шо е хепи многу)и кога стана..леле кога стана таткото..ја фате ќерка си за нозене и ја тргаше(абре чоек шо ако мајка и’ ја пуштеше-ќе се акнеше на глава чупето! )и така еден случаен папарацо мен беше во близина и ги слика,па така денес малото девојче Споменка има свој споменик на некоја улица во некој град... Еве така се создало приказна-не е легенда бре,вистина е! еве доказ :geek:
- Како мала бев мирно девојче (и сега сум ) - Повеќе сакав да играм со автомобили и такви работи отколку со барбики и кукли Барбики немав многу, ниедна сега не чувам а кукли само 3. Другото сето е автомобили. - Кога ќе ме прашале колку е саатот (на пример за 1:15) сум викала големата сказалка на 3 а малата на 1 - Детството ми е поминато со дружба со кучиња (многу ги сакавме со другарка ми и постојано бевме со нив) - Еднаш сакав да си ги измијам забите и наместо паста јас на четката ставив сапун, и се чудев зошто има неубав вкус - Наместо на компјутер, тогаш игравме на нинтендо, најмногу Супер Марио (ех, и сега колку ми се игра на нинтендо ама го исфрли мајка ми) уште многу интересни работи имаше ама не ми текнуваат моментално :3
Како мала многу ја сакав песната.... http://www.youtube.com/watch?v=JXyv_yMPeOU се сеќавам еднаш на телевизија ја слушнав и одтогаш многу ја сакав песната...сега не...
Како мала омиленa песнa ми бeше оваа и кога ќе ја слушнев рипав скокав.. http://www.youtube.com/watch?v=KNZcYVW9L4Q
Мислев дека човекот ја сече месечината на половинки, и после пак ја враќа назад и ја лепи (Одлична теорија за полн месец)
Десет минути сум барала "потко" мајка ми и тека ми се мачеле да дознаат што сум сакала ,а оно било топко. И сув велела ночкамчим (новчаник/паричник)
Kaко малечка,се плашев од темница и со вклучено светло спиев,се плашев од вакцини и заболекари-сеуште се плашам од заболекари хаха, паднав од велосипед со помошни тркала хаха, се учев да плетам и поплети поплети и дупка олкава насредина од плетеното, неможев никако да го научам часовникот...нон-стоп пеев песнички од златно славејче...ехее има уште многу...
Како мала многу ме мазеле и чувале (и сеуште ме мазат), единствено женско дете сум. Сите други машки, само јас женско Секој пат кога тете одела во странство, за мене обавезно купувала по нешто Се што ќе посакам баба и дедо ми исполнуваат И пред се, татина галеница сум Како малечка, многу сум си играла криенка. Позади куќата имавме јагоди, и околку јагодите имаше повисоки треви, јас таму сум се пикнала, и цел ден ме барале моите. Најдобра сум била во криенка уште од мали нозе Мојата облека стоела во едни малечки фиоки, ќе сум ја отворела последната фиока и алиштата во неа сум ги прередувала Во забавиште, преку целата година не снимаа, и на крајот од годината снимките ни ги даваа на цеде. Кога се видов пред некој ден на цедињата, се изнасмеав. Сите останати деца се мотаат околу камерата, јас на страна боички си редам Камерманот дошол до мене, јас ко божем не го гледам Со другарките правевме вино од ружи, и торти од песок
http://www.youtube.com/watch?v=4Hv7ticWWKY Ехх камо пак да сум мала... Епа сум била многу тврдоглава (и уште сум ), хиперактивна, бесна, плачливка... Ги жалам моите родители што не претрпеле со мене Сум била лигла, се што ќе сум посакала сум морала да добијам инаку на глава им сум се качувала на моиве. Сум мочкала одпросту зошто сум сакала да бидам машко Воопшо не сум сакала да јадам и сум ја плукала храната. Штом сум видела храна сум бегала и сум плачела, едвај со триста маки моиве успевале да ми дадат 2 залаци. Единствено нешто кое сум го јадела било смоки со јогурт и многу сум сакала лимон , друго не доаѓало во предвид. Сум се дружела само со машки и многу сум се карала и сум се тепала со девојчињата, нон стоп за коса сум ги кубела. Се сеќавам дека на барбиките им ги кинев главите и ги шишав Сум земала малку ракија од кај дедо ми и сум ја ставала во тегла и потоа со теглата сум фаќала разни бубачки, мравки, пчели и кога ќе умреле сум ги вадела и сум земала стара крпа сум ги превивала во тоа и сум ги закопувала. И сум му ставала цвеќиња и закачено стпче на гробот Правев нон стоп торти од кал и од глава до пети се валкав. Каде што ќе ми текнело таму сум седнувала. Не сум бирала, во кал, во вода, дали било валкано или чисто ма рецка не сум мавала, каде што ќе ми текнело наеднаш сум седнувала. Нон стоп кредев цвеќиња од кај комшиите и од нив правев парфеми. Ми имаат кажувано, нон стоп сум се карала со една комшика. Сум и викала `ти дебеуа моцла` и нон стоп сум и се кривела и во нејзиниот двор сум фрлала камчиња, ѓубре, ма се што ќе ми дојдело при рака. И кутра ми мајка морала нон стоп да и се извинува на комшиката. Воопшто не сум сакала да одам нашколо. Од земја сум се дрецкала за да не одам. И баба ми кога ќе ме носела, таму сум пиштела и сум се валала по подот за и таа да остане со мене. И кутрата останувала со мене во училница. Среќа што имав предобра учителка па ме трпеше и беше предобра па ја пушташе понекогаш баба ми да остане на часовите. Со брат ми сме правеле шатори од ќебиња и сме скокале од кревет на кревет за да ја преминеме лавата. И уште милион игри измислувавме. Му правев операции на брат ми со вилушка и со ренде Штом сум се налутела се сум фрлала на под и во ѕид. Во ѕид претежно храна и чоколадно млеку сум фрлала. Ако ме налутеле одма сум ја земала цуцлата со чоколадно млеко право во ѕид, и моиве на секој две недели кречеле Сум ја сакала ептен од цуцлата, се сум пиела од цуцла, моиве неможеле да ме одвикнат, нон стоп сум плачела по неа, дури тек кога сум почнала во забавиште од чаша сум почнала да пијам зошто мама и тато ми кажувале дека сите нашколо ќе ми се смеат. Како помала брат ми ме изнервирал и сум го удрила по главата со чеканче за кршење ореви За многу мали ситници сум се лутела, сум била голема брбливка, абе уста не сум запирала, нон стоп сум зборувала и сум била многу многу палава. Има уште милиони работи не ми текнуваат сега, а и ме мрзи да пишам, некој ден ќе ви дораскажам Еххх детство, детство... сакавме да пораснеме бидејќи мислевме дека среќата и безгрижноста се вечни и неограничени... и пораснавме Абе Петар Пан, негледаш ли дека сум Венди ? Ајде те молам земи ме
И јас исто така сега неможам да ја смислам и си велам која будала ли бев. Мојот тетин си го викав тентин .Секогаш велев дека сум многу дебела,а јас кожа и коска.На лето си се шетавпо по гаќички* . И си имав една кукла Ќелавко -ма само колку убаво име сум му ставила пати креативна во се сум. И без него неможев ни ден несакв да ме шетаат со количка буквално сум мразела само сум била мирна во количката на Ќелавко.Од кога се роди сестра ми само сум и грицкала прстињата-знаци на љубов и сега некој кој го сакам само го тепам мавам Грубјанка.И сум била многу голема ФРАЕРКА. Многу сум глумела и во градинка сите главни улоги секогаш мене ми паѓале.