Како мал...решив да возам мотор на слуби и се повредив,се заклучив дома и слушав турбо фолк (пошто сите слушаа),одев помеѓу илјадници рози и не се боцнав ни од една...
Како мала сум правела многу глупости. Една од таквите е кога сум си го ставила прслукот на баба ми, кој бил прилично голем, и во двор пејачка сум изигравала. Сите соседи ме виделе. Сите фиоки биле со памук залепен за нив, бидејќи сум мислела дека е "умрено пиле" памукот, па да не чичкам кај што не треба. Секогаш кога ми се спиело сум си вртела прамен од коса на прстот и еднаш некој другар на татко ми дошол на гости и имал придолга коса и си ја фаќал, па јас сум му рекла да си легне, на что моите морале да му објаснуват за мојата навика, која што и до ден денес ја имам и тоа не само кога ми се спие
Се сеќавам дека како мала се загубив во сред центар! Имаше една аптека и пред аптеката имаше фонтана, и јас си застанав до фонтаната и мајка ми ми кажа да ја почекам. Таа влегла внатре и имало народ па да почека и да купи што треба. Јас сум заборавила дека ми кажала да ја чекам и во еден момент почнувам да плачам и да ја барам мајка ми И кога после неколку секунди ете ја мајка ми.
Многу пати се имам изгубено в центар, и тоа на вечер И ми текнува кога бев мала не дозволував некој да ме намачка со крем, лигав ми беше
А бе суште си сум малечко,кога ќе пораснам ќе ви кажам..односно за 10 год тогаш милсам ќе бидам ГОЛЕМА!? Спојлер иако имам коментирано погоре..
Како мала обожавав да ги гледам млазовите како ги прави колата од вировите на улиците. Секогаш гледав низ прозор и чекав да дојде до вирчето, а кога ќе прснеше, какви радости тоа беа! А, камо ли вака да беше...
Кога бев помала мене и на брат ми сите предмети во купатилото ни личеа на животни :geek: кадата беше слон цевките змии,бојлерот носорог..и тн
Како мала секогаш се дружев со поголемите и тие секако си играа криенка и некои игри кои јас неможев да ги играм..Но кога играа криенка мене ме оставаа да седам сама и одкога ќе заминеа да се кријат јас одма почнував да плачам.. и секако цело време играв на една песна од Миле Ќитич-Плава Циганко мислам беше Сега си гледам назад и си викам ахх мафнато девојче Толку ли си била чукната кога си била мала
Кога бев мала мојот татко многу работеше, и секогаш доаѓаше изморен од работа, и би заминал да спие. Менe тоа, секако, ми беше досадно, и секогаш сум го замарала да си игра со мене. И така, еден ден, ми вика он на мене: ''Ајде да си играме една игра. Кој подолго време ќе жмури, тој е победник''. И јас ајде. И жмурам некое време, отварам очи и викам: ''Tато, не можам повеќе, ти победи. Tато? A тааатооо...'' A он веќе одамна хрчи.
Вчера беш мајка ми ми кажуваше. Кога сум се родила, искочил новиот албум на Ред Хот Чили Пеперс и мајка ми ги пуштала овие две песни: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... lUKcNNmywk http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... GYvfYjyV07 Не ме чуди зошто ми се омилен бенд.
Како мала со показалецот на оние кои ќе напраеле нешто сум му викала Кала,кала(ќе те карам).Леле колку сакам да си ја видам тогашната фаца.Буба мала сум била.
Кога сум била мала најјака страна ми било зборењето,на 10месеци сум проодила,а на 1 година сум почнала да зборувам по малце... Покасно кога сум почнала да зборувам сум ја научила и буквата Р да ја кажувам али сум ја мешала со Л,наместо К сум користела Т и сум и викала на мама- '''Мамо де тргни го овој стоРот од одвде!'' ,сум била со баба ми во кујна и сум брцкала по кутиите - '' Еее ова било тафеее'' Хаха ...Кога ке се потсетам на повеќе ќе напишам
Кога сум била мала пред секое јадење прво сум плачела,сум липала зш во мојата чинија секогаш ми ставаат најмногу јадење...па откако ке сум излипала убо, ке сум јадела.. детее бе
Се пронајдов. И јас сум единствено девојче во семејството. И мене ме чуваа и мазеа, дури понекогаш и премногу. И јас прередував во фикоите. Поточно, сета облека ја вадев и ја редев на креветот. Потоа мајка ми ќе дојдеше, па ќе ми зборуваше како не треба да растурам, а јас одговарав дека таа растура, а јас редам на креветот. А за тортите сум мајстор. Прво ги правев сама. Потоа со девојчињата од маалото. Но омилена навика ми беше во тоа време.
Како мала секогаш кога ќе сум се чукнела на прстите на нозете првен сум ги броела дали ми се сите тука па после сум плачела ако ме болело
Како мала ги мачев мравките Која будала си викам сега.Ќе наполнев една конзерва вода и ќе фатам некоја мравка и ќе ја ставам во конзервата.Па ќе ми текне ќе ја удавам во најдлабокото.Ама не ги оставав да умрат (имало нешто добро во мене ) и после ќе ги исвадам и ги закопував во земјата.Сеа кога потпораснав и си мислам ми иде во ѕид да се врештам После едно време дедо ми ми направи едно како за ловење на пеперутки па ловец се правев Ама не ги мачев како мравките
Сме имале гости дома и јас сум нашла кондом на моите и сум мислела дека е влажно марамче го земав го однесов во соба кај гостите и сум рекла мааамо погледни што ти купил таткоми Бабами беше заспала и јас и братучедот седнавме до неа ке и правиме фризура јас земав витлери ставам од едната страна а братчетми земал ножици и ја шиша од другата страна , бабами има длабок сон и ништо не не осетила кога се разбуди што да виде една страна косата и ја нема а едната стрна со витлери ( сега тоа е модерно да немаш коса од една страна ) ама тогаш хаха после тоа додека да и порасне косата носеше шамија на глава... Ни се јави една пријателка на моите и не вика да идеме на слава и јас зборев на телефон и и викам нема да дојдеме хаха а жената ми вика ајде ке дојдете јас ке ти дадам од мојата ќерка фустанчиња и шминки и јас викам добро ке дојдеме. Отидовме на слава ама жената зафатена со гости ова она и заборавила на ветеното и јас станав викам ајде мамо тато да си одеме , и они прашуваат зошто а сите во тој момент молчеа и јас кога реков Па ми рекоа ке ми дадат алишта не ми даваат ајде да си одеме Сум ја забележала мајками некогаш кога става влошка и сум запамтила. И еден пат и ги најдоб влошките и залепив една на хеланките и си облеков фармерки. Отидовме кај ендни пријатели на кафе и јас соблеков фармерките и покажувам каде ми е залепена влошката хаха а мајкми пропадна во земја во еден момент 10 бои смени на лицето.
Нана 19 Ме насмеа Посебно со баба ти, кондомот и влошките. Па ти си било право ѓаволче хехехехехх иста доза на радозналост ја имав и јас само што и страдаат шминките и накитот на мама. Друга глупост што ја имав направено е што си ги исшишав шишките сама и тоа најкратко што се може хеххехехехх имам слика за спомен. Еден божји ден јас зедов и си играв со накитот на мајка ми и и беше ставен уште се сеќавам во еден несесер голем и си го шетав така надвор, а кај нас дома беа едни мои братучеди кои беа поголеми од мене и брат ми. И тие мене ми рекоа да го фрлам накитот во река, а река имам позади куќата. Јас послушно дете ни едно, ни две пљас во река и си дојдов насмеана да и кажам што убавина направив. Лелел жена кога испаничи, отидна да го бара, но беше доцна. Сиот накит (не беше златен) замина во неповрат. На времето какви убави и квалитетни работи имаше, не како сега Кина шоп. Деца.