Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    ај пиши уште некоја те молам :)
     
  2. ParadisoGirl

    ParadisoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Колку торти,бомбици имам само направено од песок со сестра ми...
    Исто така се сеќавам дека од тетратките си правевме ташни.

    Тепавме разни инсекти, за потоа да ги закопаме и од сламки им правевме крстови :angel:

    Во близина на мојата куќа имаше полјана... па јас и другарчињата од моето мало испланиравме да ја направиме парк, па ја чистевме цел ден, киневме китки од својот двор за таму да ги посадиме,дури и куќа од картони размислувавме да направиме, да донесеме исто по некоја животинка и да наплаќаме влез.Се разбира ќе работевме на смени . Стварно бујна фантазија сме имале :lol:

    Исто знам , фативме една така прилично голема пеперутка и решивме да и направиме куќичка од прачки :x се разбира дека ништо не бидна од планот ...

    Еднаш влеговме со мајка ми во аптека и јас нели сум љубопитно девојче, ги видов кондомите т.е нивните паковки (тогаш не знаев што е тоа) и почнав да прашувам што е тоа . Мајка ми и аптекарката едноставно ме игнорираа , но јас настојував за накрајта аптекарката да ми каже дека тоа се бонбони, но не за деца... :wasntme:

    И уште мноогу други работи, на кои не можам да се сетам во моментот. :lol:
     
    На bonitacika и Lella им се допаѓа ова.
  3. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Како мала... Ги има многу случувања но во моментов ми текнува само на една интересна случка. Кога бев мала беа популарни оние картине со барбики, а другарка ми ги имаше. И ја прашувам од каде ги купила, ми рече од аптека(тогаш може имав 6 години па не ми беше ништо чудно). Утредента и викам на Мама да отидеме заедно и да ми ги купи. И сега она цело време ме убедуваше дека не е можно таму да има карти. Јас тврдоглава , си викам ако не ми ги купиш ти , јас сама ќе се снајдам. Влегувам во Зегин и и се обракам на оваа аптекаркава што беше. Кажав што ми требаше. И нели оваа ми кажа дека немале , и паметната јас уште се бунам. Па како може да немате, другарката ми од кај вас ги земала. Тогаш не ми беше јасно што сум направила, сега кога ќе ми текне си се смеам :) Тоа ти е детски памет се прави ...
     
    На bonitacika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. famous-girl

    famous-girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Како мала бев мирно дете се додека не проодив.А,потоа бев жив ѓавол :devil: (не дека сега сум многу голема ама ајде да напишам) 8)
    1.Кога имав 4-5 години на одмор во Бугарија со баба,дедо,тета,тато и братучетка ми.И така вечерна шема си се шеткаме ние низ Сончев Брег и опаа famous здогледува една барбика од 60 евра.И нормално мора се купи.Татко ми кога виде колку пари е му се сврте и рече за една обична кукла јас не давам толку пари.Јас кога почнав да врескам мислиш ме колат ,па кога почнаа да се собираат луѓе од сите страни.Си помислиле дека ми вршат насилство :o Дури сакале и полиција да викнат.И на крај пак не ми ја купија таа што ја сакав туку ми купија една друга и на братучетка ми а таа мирна ко глувче збор не кажа.А кога тргнавме на одмор јас си земав цел куфер со барбики од дома :!: .Ама што да правам овие барбикиве ми беа слаба страна. :lol:
    2.На другата баба и ја имам сокршено ролетната над 10 пати.Жалните неможеа да ми викат ме сакаа повеќе од се.
    3.Сакав малку промена на фризурата и си ги исеков шишките па потоа ми беа ко некоја удолница :emo:
    4.Постојано ѕвонев на ѕвончето на едни луѓе и потоа бегав и се криев.
    5.Го испрскав со црево на дедо ми бидејки ми велеше дека ке направам мочуриште од толку вода :tmi:
    6.Се искакав на тепихот дома, а мајка ми не приметила бидејќи бил шарен и ја назгазнала каката :puke:
    7.Скокав на едната страна од фотељата и одеднаш тресс ,паднав и си ја шинав раката.
    8.Со ролерите кога се возев ми дојде една луда идеја, да ја поминам шахтата со расчапатени нозе и нормално не успеав паднав директно на уста и потоа ми беше ко на африканец.
    9.Ја треснав на сестра ми со сукалото по глава.
    10.Со мојата најдобра другарка продававме кикиритки,цвеќиња,торти од кал и што ли уште не. Бизниз вртевме.
    11.Седнав на лустерот (штотуку купен ,уште неиспробан) и го скршив.
    12.Ги терав луѓето да ме нарекуваат КИКА :doh:
    13.Го излакирав татко ми додека спиел и тој без да примети си се шеткал така цел ден кога вечер што да види шок.
    14.Си направив џебови на новите хеланки.
    15.Си го заглавив коленото кај баба ми на тераса.Да не беше маслото за јадење ке требаше оградата да ја сечат. :$
    16.Врескав ко луда кога за градинка ке ми облечеа панталони.Секогаш мораше да бидам во фустанче или некоја сукна
    Извинете за долгиот текст
     
    На GirlRose, bonitacika, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Како мала сум била многу палаво дете.Има случки кои моите често ми ги раскажуваат па ајде сега и јас на вас да ви ги раскажам :D
    -Кога сум била на гости кај тетка ми таа ми дала едно црвено карминче и еден ден сум нашла прилика мајка ми била во веце а сестра ми учела и јас сум се "шминкала".Лицето ми било гром.Кармин сум имала на устата,носот,образите..Мајка ми едвај ме измила :lol:
    -Често сме оделе на гости кај нашите комшии а тие имале зајачиња и еден ден сум отишла кај зајачињата и тие таму за јадење имале зелка.И јас дете како дете сум земала од зелката и сум почнала да јадам :clap: :tmi: . И дошла мајка ми и кога видела.Си јаде Najubava со зајачињата :tmi:
    -Често сум го земала чешелот и сум го чешлала татко ми и сум правела фризури ..
    -Еднаш рипав по креветите и паднав и си пукнав коска на раката :fubar:
    -Мразев кога мајка ми ми ја врзуваше косата па затоа бегав позади вратата и ги вадев сите стегачи и ги фрлав :^)
    -Кога ми се пиело вода сум викала: Сипи мене гога (вода)
    -Кога ми било ладно сум викала:Има ли огин у дрва :rofl:
    Толку засега кога ќе се присетам на други случки ќе пишам ;)
     
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна....
    Додека спиеше татко ми, јас си му ставив една огромна шнола на глава. Оние шнолки како со чипка и во круг-поранешните. Тој кутриот право во град со се шнолата на глава, која брука било луѓе. Одел низ град со шнола на глава. Кога го виде мајка ми :lol: :rofl: :rofl: :rofl: Брука жива
     
    На GirlRose, buba4e89, BelieberYeahh и 3 други им се допаѓа ова.
  7. bonitacika

    bonitacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Како мала за јајце сум викала јајкуре. Која срамота.
     
    На buba4e89 и Twinkles им се допаѓа ова.
  8. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Како мала сум правела сок од водени бои со децата од улица и во маалото ако помине некој комшија сме му викале да го купи па дури и цена сме му кажувале :tmi: :D
     
  9. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    како мала сум си играла со калта и си правев торти и ги украсував со цветчиња хаххахахах :D
     
  10. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Јас еднаш ја излажав баба ми дека сум во несвест :D :D Баба си спијаше и јас едно време ааааааа (и плас на земја како во несвест да сум) и таа: Стефикс Стефикс што ти е бе дете?? :o го зеде тел да и се јавува на мама :call: (бидејќи она беше на работа) јас си се смеам онака легната на земја (али тивко си се смеев :$ ) Каква брука еј!!! и и викам на баба додека зборуваше на тел БАБООО!! И она еии.. хахаххаха после кога и кажав ко дојде мама што убав чотек си изедов :P :rofl:
     
    На Summerlover, Joi и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Како мала често одев во болницата Козле во Скопје, можеби и 5 пати месечно и секогаш ми вадеа крв од вена или прст. Па како награда, наместо играчки, на моите им барав еден ѓеврек и јогурт од бабата што продаваше таму во близина. :)
    Еднаш, кога белевме, си играв со сестра ми во собата која се сушеше. Се скаравме и јас, оган лута, ја фатив за глава и баап во ѕидот. Среќа не ѝ го скршив носот. :D Па потоа тато дојде кога слушна дека плаче и секако, бидејќи сум татино галениче само праша зошто, а имав добра причина и не добив ќотек, туку од тој најлонот со балончиња, да ги пукам. :lol:
     
    На Joi и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Како мала, гледав на филм едн човек што плукаше крв и после умре, па заклучив дека ако плукаш крв ќе умреш. :wasntme: Еднаш така додека си се миев заби, плукнав за да се исплакнам и видов дека сум плукнала крв(а тоа од непцето било).Тогаш се исплашив и отифов кај мама и почнав да ја гушкам и да плачам. И требаше време на мама да ме смири и да ми објасни дека е од непцето. :lol:
     
    На Stefiks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Во школо како помала, учевме за тире. Наставникот објаснува деца, ова не се вика пире туку тире! Запомнете, за да не згрешите., сите се смеевме дека пире го вика и оп, мене ме прашува како се вика цртичката што ја ставаме кога има разговор?. Се изнасмеав и викам пире наставнику како од пушка, сите почнаа да ми се смејат, па и наставникот. :D
    Исто на тест беше, не знам кое одделение, требаше да пишеме каков е тој збор дали е именка/заменка/глагол, и имаше таму Радево, нели тоа покажува чие е нештото (еден вид придавки), јас одам кај наставникот и викам ама наставнику, ова што е? Јас мислам дека е село., се изнасмеа наставникот. :D

    Може ја утнав темата, ама не најдов поприкладна за ова.
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Па постои такво село во струмичкиот регион, само што е Радово... :D И јас кога ти го читав постот помислив дека е село. :lol:
     
    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Ivy каубојка се правеше како мала,а па и не баш многу мала ама одамна беше ехее. Со брат ми Ниннтендо игравме и оти едната рачка расипана се менувавме на секоја изгубена партија. И губи тој, мој ред, овој не дава. А беше приклучено на продолжен кабел и трчам накај кабелот му се заканувам ќе исклучам. Бате бумбар не го лази и јас ни две ни три вадење од штек тоа кабелот и овој станува и накај мене. И јас тоа кабелот вртење демек јаже :o Дингаааааааар лустерот , ојде . Па не ме караше туку набрзина собирање тоа стаклото и го завртивме демек нема да се примети. ( лустер од тие со три такви како ги викаат, чаши шо знам ) :D Имаше викање после 3 дена ама шо да се прави. Е па Калимеро. :rofl:
     
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да пишам и дека еднаш "снимав" реклама за кафе :tmi: Баба ми ми направи какао,го испив,го измив филџанот,турив вода и пред огледало се фрцкам и кажувам глупости,нешто како:"Ова е најдоброто кафе,купувајте,уживајте во вредните награди" и после ова едно гласно шмррррррррррк од тоа "кафето" :rofl: .Еднаш зедов голем најлон од оној со меурчиња,и бидејќи јас бев мала,најлонот беше ептен долг спрема мене,се извиткав во него,ги обув штиклите од баба ми и направив фустан на влечење :tmi: :D Изигравав манекенка...да,со најлонски безбоен фустан и штикли поголеми за 5броја,од времето на Хурем султан.
     
    На Chokoholic25, Someonespecial, luci22 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Јас ја смував мајка ми. Значи буквално,ја смував :worried:
    Си седевме и гледавме некој филм и се бација овие,и мама ме гушка ме бацува онака и јас и се вртам и ја бацувам право во уста :rofl: :rofl:
    И женава цела пребледе,па ми објаснуваше дека дечкото и девојката само смееле така да се бацуваат,ова она..
     
    На luci22, Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  18. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Се имам измочано на тепихот кај баба ми и дедо ми во дневна и тоа од смеење!
    Колку што се сеќавам имав 7-8год. ии бев со братучетка ми (које е постара од мене)
    Во тој момент она кажа нешто и мене толку ми падна смешно што (како што стоев) клекнав и не можев да издржам,па се измочав

    И ден денес кога ќе ни текне на тоа со братучетка ми се вртиме на земја од смеење :D :D :D
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    33.358
    Пол:
    Женски
    Моите редовно дома си купуваат лубеница. И јас како мала сум имала навика да скокам врз неа. :rofl:
    Значи, буквално скокање. :D И еден ден, јас сум си заиграла на неа и како скокнав бааам на земја. :rofl: Семки и лубеница на сите страни во кујната. :rofl: И наместо да се извинам на мајка ми, јас сум се лизгала по подот. :rofl:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ептен бев срамлива.Кога ме носеле кај баба ми и дедо ми не сум се поздравувала полаа саат.Така сум седела и после ќе сум се пуштела. :rofl:

    Ногу мразев барбики и еднаш земав две почнав да ги вртам да мафтам со нив.Торнадаа праев бе :rofl: :headbang:

    Еве уште.Едно време кај баба ми бев на поседок.Жената ми носеше стоплено млеко во шише,а ја бев као КАКВО МЛЕКО БЕ,се мрштев цело време,а не да ми се пие....Гордост ли беше незнам :D И она ќе ми го оставе на масата и ќе си замине.И јас по 15 минути сум се навртувала и капка не сум оставала. :rofl: