Како мала мајками кога ќе ме легнела да ме успива ја сум можела со дното око а со другото сум глеала и демек спијам и сум и чепкала во носот, во устата, сум и ги отварала очните капаци ,ма шта да ти причам . А кога сум била 4 години мајка ми ме моолела да јадам ми готвела се а јас ништо не сум јадела од зготвеното туку сум одела кај една комшика и сум ]велела ''ај свари ми супа . И се кај комшиката сум одела супа да ми вари . Леле сега кога ќе ми текне ...
Кога бев мала,премногу сакав да шетам со мајка ми низ град.Кога сме шетале,сум мрдала цело време со косичката (машала долга коса имав) и сум викала Видете какво убаво детенце..И стари и млади сите ме застанувале да ме прашаат како се викам
Дожд, најомилено нешто во животов мој ! Уште од мала кога и да заврнеше си седев покрај прозор и уживав во глетката како капките паѓаат хаха ,а уште повеќе како се создаваат големи вирови пред мојата куќа, за момент да си помислиш дека си на море и така пресреќна дека врне гледајќи како се полнат големите дупки со вода едвај чекав да се искрадам од дома и на раат да се искапам, ама баш буквално да се искапам. Забрзана така никој да не ме види шлап во вирот па и уште се опуштам ке си легнев и ке си ја навлажнев и косата за поубав да е филингот а моментот кога ке ме видеа од дома кај сум неопислив не знаев на каде побрзо да бегам гола трчав по улица ко најголемо идиотче што постои на планетава и при секоја таква постапка се знаеше газот црвен ,за да не можам следниот пат да седнам во вирчето да се капам но џабе и ме заклучуваа дома и ми ја полнеа кадата да се капам ама ништо јас навистина многу обожавав да се капам во вир полн со кал и камчиња тие на асфалт не ми беа многу удобни истото се до 4 одд, да до тогаш ги испробував вирчињата кое ке ми е поудобно за опуштање Иначе премногу обожавам да се капам,и ден денес кога и да заврне одма ми се јавува желба за капење само сега ја полнам кадата и уживам ама навика е навика купувам кристалчиња за нешто барем малку да ме боцка ама верувајте не можат да ги заменат каменчињата под моето младо газе П.С до 15 години секогаш кога и да заврнеше мајками ми се јавуваше да ме потсети дека има топла вода да се искапам дома
Како мала сум ги гледала албумите на мајка ми и татко ми од свадбата и сум викала: - Еве ги бабите, еве ги дедовците, еве ја тетка ми, тетин ми.. А ние? Ние дома сами сме се чувале! Исто памтам еднаш мајка ми си дојде дома од работа, и таа цела пресреќна си нашла бел лак каков шо сакала. И ја и викам: - Мамоо, а овој каков лак е? :geek: - Па бел бе сине, млечно бел. И ја ни две ни три, лакот во млекото, да ја проверам бојата де, дали е млечно бела. Среќа шо не истурив многу, а и не беше полна чашата ептен. После морав да гледам како се лакира за да научам дека лак се става на нокти, а не во млеко.
Си имав една секси пцовка,маму маму Сите матер кратер ги слушам по дома,и јас маму маму И уште си ја користам!
Кога ке отидев во тоалетот ке земев сите средства за перење,чистење,пастите за заби,парфеми,пена за бричење ке соберев се и во нешто ке истурав и мешав се заедно ке измислував нови креми абе дете
Како мала и ги крадев кармините на мајка ми и си ставав на усни. Едно отворање карминот и одма кршење. Хулахопки исто така не ми трпеа, одма ги кинев. Мајка ми само се нервираше и кога ке ме видеше со дупчиња на колената и се креваше коста. Ќе ме погледнеше и секогаш ми велеше дека нема повеќе да ми купува.
Како мала сум била тотална спротивност од сеа, бељаџика права! ... ќе земев и бутав моркови у видеото (у тоа време немаше DVD-иња као сеа), го отварав фрижидерот и ќе фатев и сите јајца ги кршев, ќе земев ќе ги откачев завесите и врз глава ги ставав и ќе се качев врз стол и кралица изигравав , им ги шишав косите на куклите и си викав па шо ако ќе им пораснат. и мн сакав кога мајка ми ќе пружаше алишта со дубакот да отидам на тераса и да и ги подавам штипките, мн ми беа интересни, шарени
Како мала си имав едно Пикачу дома.Кога си доаѓав дома од некакво излегување,ѕвонев на ѕвончето за Пикачу да ми отвори и му викав Пикачу отвори!Еве едно писмо до Пикачу шо сум напишала
Како мали често не чуваше баба ми Со сестра ми едвај чекавме да сври грб за да и земеме тенџериња,виљушки ,лажици и да правиме ручеци и торти Ах...сеуште ги памтам тортите од кал па со декорации (камчиња и цветчиња) хахаха прекрасни Кај тенџерињата упропастени па и цвекињата испокинати
А знаете дека прв збор ми беше „Мерцедес’’? Сум си знаела што сакам уште од мала па Прво сум ги знаела сите марки на коли на 3-4 години,па потоа сум била по багерите и по 2 часа сум ги гледала како копаат,па сум се пикала во дупките таму
леле па и секоја буква во различна боја хаха душичка ај да не бидам офф ја кога сум била мала и кога ќе сум видела кловн сум се криела да не ме види
Сум ја криела џуџлата, и сум лажела дека е загината, а кога ќе ми купеле нова сум ја ведела од местото каде што ми била скриена
Аа, јас бев хардкор. Имам пишувано како тепав келајци со гребла, али сум играла и у Die Hard стил. Сум сакала да бидам некаква си Суперменка и стално сум се пентерела и летала од столови, маси и останат мебел, сè дури тоа не станало преаматерски за мене и не сум решила да летам од прозор. Живеев во зграда каде фактички со тие меѓуспратови му идеше ко на 7ми да сме, па така, некое сабајле уште во рани зори сум се провлекла некако, сум се качила на прозор и...сум тупнала долу на тераса со главата. Сум ги разбудила моиве со тропањето и очајниот и засрамен повик за помош, па од памет прво се извадиле, ама кога ме виделе таква во оптегнати пижами со нозете нагоре (на ѕидот се потпреле во падот) кај што стојам закопана ко неуспела ракета, ме чукале по газот и се смееле на цел глас. Којзнае па тоа колку психопатски делувало во очите на комшиката што излегла да види. Потоа...алиштата на барбиките стално си ги перев, ама еднаш бев фатила и да ги сушам ко мајка ми што ги суши - на жица, нели. Али пошто во Барби Ворлд сè мора да е минијатурно, за жица сум украла игла за плетење од баба ми, сум ги наредила мокрите алишта, па со сиот мозок на дете од три години, сум пошла „жицата“ да ја закачам во дупчето од штекер да стои. Да не се разбудела мајка ми во моментот и да ме зграпчи, ќе ме најделе насмеана. Јас го памтам само моментот кај што писка по мене. Тречи део од сагата „Не бев многу паметно дете“, е делот каде секогаш се убедував себе дека обичен конец за шиење е доволно силен за да со него си уловам куче и да го довлечкам дома. Исто така, обожавав лулашки, ама пошто немавме место на тераса, следи „Снаџи се, па живи“, така што фино, лепо, си изврзав конци (конац је ствар за сва времена и секоја прилика, исто и селотејп) меѓу два стола, си ставив врз нив картон од табла за јајца, си седнав иии...паднав и си скршив тртка моментално, нормално. И тако то...
Кога сум била 1во одделени со мојата тогашна најдобра другарка,комшивка се договоривме дека во 7мо одделение кога ќе бидиме дека ќе си фатиме дечко .Епа ниели големите кои тогаш беа 7мо одделение имаа дечковци,женски.И иди 7мо,си иди и 8мо и ние немаме дечковци. Таа кон крајот на 8мо фати,ама јас не.Ама уште од 1во јас и она сме мислеле на дечковци-матуфи.. И сум сакала да дувам оган,на чкорче или упалијач.НЕНОРМАЛАН РАБОТА.Дека тетин ми пуши цигари и кога ќе запалел јас сум му велела ,„Тетин чекај да дувнам“.Истото и на мајка ми кога ќе правела кафе на плинското. Сестара ми ја викавме Џеврие.Епа нели тогаш беше„Кога лисјата паѓаат“,и Џеврие беше лоша.Ипа сесра ми иста Џеврие беше и е сеуште. И мислев дека живеам во 2светска војна.Одоев по улици и чекав да ги видамм Кригер,Хитлер,мајор Милер итн.Сум обожавала да гледам филмовои од 2ра светска.Омилена серија Повратак Отписних
Берев сликички од животинско царство и јадев ептен чоколино (сеуште берам,сакам сеуште чоколино..ама никој не ми купува повеќе )