Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Понемирно дете моите неможеле ни да замислат стално сум им правела глупости крај неможеле да извадат со мене еве нешто...Кога одев забаваче зимавме росица и плакавме на крајот од месецот моите ми дадоа пари ама јас домакинка не платив туку си испазарував гумени бомбони,чоколада смоки,сакази....и сум ги потрошила парите кога ме видоа дома котек.
    Исто така татко ми или мајка ми кога ке ја земеа плата ги оставаа парите во една вазна и јас си се послужував си одев на продавница купував чоколади за цела улица и сум ги частела дома...:D
    Исто така дома не јадев ништо и кога ке ме однесеа нагости кај тетка ми или кај вујна ми било каде сум се давела во јадењата и они ке ме прашале ти дома јадеш јас викав мајка ми не ми прави јадења само леб ми дава ....бруки
    И уште овоа друго не ми иде напамет моите имаа дома гостиа ја сум си играла на тераса и сум видела комшиката како си ја рани внуката со млеко попара и ни две ни три си отидов и почнав да плачам за попара како јас демек никогаш во животот не сум јадела попара моите демек не ми купувале и комшиката ми направи и мене една чинија си ја изедов и си отидов дома и и реков да не кажува оваа се пренела на моите па дома ............кик бокс беше :D
     
    На makedonkamak, Аliсe, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Скоро секој ден ми текнува на глупости што сме ги правеле јас и брат ми,па сe навраќам на темава одново,а да редактирам не можам. Па,како мала бев ситно девојче,ги земав плетените елеци од баба ми кои мене ми беа предолги и си правев долги фустани на преклоп. Модерна уште од малечка. :emo:8)
    Исто така,обожавав да пеам,секој ден пеев и бев верен гледач на тие емисиите Златно славејче и Сител Бамбини,па кога ќе почнеа,заземав позиција во кујна кај вратата,микрофонот(толчникот за лук) во раце и ќе цврчорев по цел ден...Кутра мама моја што ме слушала,во гласот бев како ова жапчево

    е добро де,не дотолку :lol:
    Не бев толку палава колку брат ми,само чекаше прилика за да го демолира станот 8-|.Мајка ми кога ќе ги закачеше завесите тој се скриваше,па кога мајка ми не гледаше тој ги тргаше завесите и ќе бега по собите за да не го тепа.Еднаш,додека мајка ми готвела,а јас сум преспивала го зел брат ми шрафцигерот и почнал со работата...Паркетот во ходник го корнел и на купче неколку парчиња оставени.Мајсторче од мало де,работлив човек :lol: Карминот од мајка ми му служеше за чкртање по паркетот.Ме удри со вазна по глава кога ми се налути еднаш,е после си доби ќотече. :rofl: Често го шминкав и му облекував штикли,на вратата од тоалетот чкртавме со креди,лустерот парампарче го направивме
    :tmi: Имаше 4 стаклени кугли,една скршив јас замавнувајќи со перница за да го удрам брат ми,втората ја скрши тој пукајќи со пиштол на дијаболи,а другите не ми текнува како ги скршивме.:?: Од лежалки за на плажа правевме автомобили,се скривавме од мајка ми и татко ми во шкафовите за да мислат дека сме се изгубиле...Ај доста е. :whew:
     
    Последна измена: 13 ноември 2014
    На makedonkamak, eloves, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Daddy's Girl15

    Daddy's Girl15 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Како мала ми било многуу многуу досдадно...И сеа дека веднаш до нашата куќа имаме приодавница мајками постојано ме праќала до продавницата ај купи шекер, ај ја одам донесам ,па после веднаш ме прати по друго, ај сеа купи зејтин и ја така цел ден до продавница и дома до продавница и дома...Жално што и денес животот ми е досаден досаден .... празен...:x
     
  4. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Како мала без срам сум играла на музика пред сите:rock::dance:
    Сум го терала дедо ми да игра со мене и сум му ставала шноли на глава (facepalm)
    Од многу гледање на шпански серии сум почнала да и објаснувам на братучетка ми како се умира:x
    Еднаш сум ги соблекла маицата и фармерките и сум се пикнала под ќебе, па кога дошла баба ми сум и рекла дека ми е топло, а јас всушност сум ги имитирала љубовните сцени од шпанските серии.
    Ај ќе се сетам на уште нешто и ќе дополнам.:lol:
     
    На makedonkamak, Valerin, LadyInTheDark и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Кога лисијата паѓаат како вчера да беше .... :)
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    До пред 3-4 години ручекот мој траеше 1 час и 30 мин. Многу бавно сум јадела. ЕЕЕ и слаба како чкорче бев, а не сега кравите не ми се рамни.
    И не само што бавно јадев туку и неќев да јадев, без апетит бев. Ама се што ќе ми се дадело сум јадела. Обожавав чипси со домат, зелено пакување беа 10 денари. Кога ќе бев кај баба ми на поседок секој ден јадев, дома мама и тато не ми дозволуваа.
    На лето кога бев на поседок кај баба ми го отваравме базенот и го полневме со вода и се шлакавме со сестра ми таму. Јас само што ќе станев и велев на баба ми : Баба ајде базенот дедо да го отвори.
    И таа ми влеше: Прво да јадиш лепче со маргаринче после ќе го полниме базенот.
    Јас се мрштев и после, сакала не прифаќав.
    И најдоброто следи едно лепче со маргарин јадев 30 минути.
    И залаците си ги правев војничиња.

    И да дедо ми од Куманово кога ќе дојдеше Битола, го теравме со сетра ми да играме „Криенка“. Така дедо ја викаше играта, а ние по битолски „ Куку“. И само го поплукававме.И тој само лежеше. И го терав да ми црта гугутчиња.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Јас како малечка бев и сум била многу немирна,моите само викале по мене а мене око не ми трепкало од глупост за глупост сум се фаќала. :D
    Имам помала сестра и кога се родила после некој ден си дошле со мајка ми од болница и мало бебенце сите сакаат да го видат сите му се радуваат и нагости кај нас била тетка ми(сестра на мајка ми) со фамилијата сите седеле на маса и јас сум јадела смоки и замислете и на бебенцето сум му давала смоки да јаде и тоа упорно и мајка ми кога видела сум добила шамар а како тоа ќе јадело кога било родено само неколку денови,јас сум била 2 години,скоро ништо не сум рабирала не е моја вина шо... :D:D:D
     
  8. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    Јас како мала бев на ѓаволот бељата. Цело маало го тепав, па откако ќе им ги истепав децата на сите, родителите нивни мене. Секој ден некој нов на врата се жалеше од мене кај моите. Со братучетка ми, генерација сме и ги правевме најголемите глупости.
    -Земавме слика од кумата моја, демек да не биде од мајка ми или стрина ми да не ги познаат и одевме по луѓе плачејќи и прашувајќи дали ја виделе оваа жена исчезна, па баби, дедовци се потресуваа по улица.
    -Крадевме цвеќиња од комшиите и правевме парфеми, па сме слушнале алкохол се става во парфемот, па стававме ракија внатре. Еднаш правевме парфем од зумбули, а зумбулите во блендер ги мелевме. После парфемите ги продававме во школо за 10 денари и сите ни ги купуваа.
    -После тоа имавме мерак да делиме флаерчиња и видовме еден како става во сандучињата по зградите и тргнавме по него демек ние ќе ги извадиме и ќе ги делиме на тротоар или ќе ги ставаме во други сандучиња. Арно ама сме се занеле и место само флаерите ние сме собрале и сметки за вода, струја, телефон и каша попара сме направиле низ маалото па после цело маало се жалеше кај дедо ми што направле внуките негови.
    -Имавме лозје кое го делевме го браќата на дедо ми. Со братучеткава обожававме да му се луламе на вратата на еден од браќата на дедо ми. Дојде братов, не виде и не скара малце, ама кој е па тој нас да ни кажува кај да се луламе и да не кара, па така ние лути се соблековме и му се помочавме пред врата.
    -Ова не го памтам ептен сум била малечка ме однел татко ми во пошта со него да плати некои сметки. А јас сум била такво мало и мајка ми секогаш ме облекувала во фустанчиња, со шнолички, тип-топ средена. Ми се примочкало и сум му рекла на татко ми, тато ми се мочка, а овој онака у занос ми рекол па мочкај, и ја ни две ни три сум си го дигнала фустанчево и сум се измочала сред пошта.
    -Кога имав две години имав една правосмукалка која собираше стиропорски топчиња и сега ајде демек братучед ми поголем батко ќе ме игра, а и тој муле мало 5-6 години имал. И зема он топче едно од стиропор и ми вика ејј види што ќе направам ќе си го пикнам во уво, а он да ти го фрлал од позади. Ја уште паметна му викам е да бееее кој не ти го може тоа ти едно јас две ќе пикнам и така ги напикав убаво во уво што после во 11:00 вечерта на клиника ме носеа со пинцета тој докторот 40 минути ми ги вадеше топчињата.
    -Ај помина тоа ама мене памет не ми доаѓа уште. Отидовме во село на викенд и најдов две минијатурни камчиња и ја прашав мајка ми дали може да си играм со нив, а она дека ме знае шо беља сум ми вика може ама само да си играш немој да си ги пикнала негде и ја и викам важи мама и отидов да си „играм“ со нив. Ми се видоа две, мали, интересни и ми текна дека јас уствари имам исто две мали дупчиња во носот, па така го пикнав едното камче во едното, другото во другото дупче. Видов дека не можам да дишам и сакајќи да ги извадам ги заглавив уште повеќе. Ги осеќав како низ очи да ке ми излезеа. А селото далеку од градот ни си за до град да идеш уште пола саат возење ни си да останеш, па така сите домашни се обидуваа да ми ги извадат камчињата и после цел саат најпосле успеаа.
    Ејј уште колку имам за пишување ама ај другото за друг пат...:D:D:D:D:D
     
    На Good.Girl., fificaaa и Lella им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Ова со ставање на предмети во нос,изгледа ретко кое дете го подминало.
    Ставив и јас зрно грав и тоа од оној шарениот.И детиште не разбирам,наместо да го извадам ,го натерав до крај.И од пусти страв не кажав на никого ,си молчам јас неколку дена си дишам на уста,дури мајка ми не ме примети.Ме натера да признаам,и дирекно во болница.Таму успеаја да го извадат зрното и замислете гравчето прортело од влажна и топла средина.
    Не знам ни јас како успеав да ја протнам главата меѓу оние железни прачки (гелендери)на тераса,седев така цело претпладне дури не дојде татко ми да ја исече шипката.
    Со кутивче локум успеав да поканам луѓе од неколку улици за роденден.Можете да го замислите лицето на моите кога почнаа да им пристигаат гости.
     
    На Valerin, Аliсe и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу бисери како мала, еве еден за кој до ден денешен ме зезаат постарите.
    Одам во продавница (маалска во која работеше мајка на другарками) и викам;
    - добарден чоколадо со ориз има ли
    и продавачката Не, нема
    и јас - Е па ако нема со ориз дај ми со грав.. :wasntme::wasntme::wasntme:
    жената се згази од смеа и секој пат кога ке ме видат ме прашуваат дали сакам чоколадо со грав :lol::lol: од кај ми текна тоа со гравот уште не ми е јасно :worried:
     
    Последна измена: 29 април 2015
    На GirlLove и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Па како помали едно дете ќе застане на едната другото на другата страна од улицата со јаже и не им дававме на колите да поминат додека не платат.:lol:
    Еднаш едни две мои другарки беа кај мене дома па се решивме да викнеме уште една помала.И се јавив јас дојде оваа ама не знаеше дека во детската се другиве две и они од таму почнаа да вриштат да лупаат по врата а јас ја лажев дека тоа биле духови и вампири оваа ќе приумреше од страв...
    Еднаш гледавме храна и вино и видовме дека прават шлаг(од белки од јајца)па земавме и ние да правиме и секако дека се испадна само шлаг не...:lol:
    Имавме една козметичарка во маало и стално кога ќе и дојдеше муштерика и тропавме и бегавме...
    Со братучедка ми утепувавме оси и муви,ги палевме и им ги дававме на мравките.
    Пораѓав мравки и оние црвенине бубачки 8)
    Ако ми текне уште нњшто ќе допишам...:D
     
    На Valerin и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    I jas bev gavolce kako mala:D
    Omileno nesto, ke sum iskoristela sekunda na nevnimanie od moite i pravo vo kupatilo, samponot cel vo solja i pustaj voda, meurcinja niz celo kupatilo:lol:
    Ke mi stavea "kafe"vo fildzance (sigurno kakao bilo) i ke sum zborela sve i svasta filmovi za mene, za maz mi za decata.:rofl:
    Dva televizora imam skrseno taka sto se imam obideno da se kacam na nego i sum padnala so se nego:nod:
    Dodeka majka mi ja cistela terasata jas sum go stavila moeto pomalo drugarce pred cevkata kade sto tece necistata
    voda, da go izbanjam :lol:(facepalm)
    I red drugi gluposti, jaka im dusa.:angel:
     
    На LadyInTheDark и Lella им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    Почнав да го слушам зборот кусур и да гледам дека кога некој во продавница плаќа, продавачот вика Еве кусур. А појма немав што е тоа. И еден ден и викам на сестра ми да оди до продавница да ми купи сликички за во албум, мислам дека беше од Драгонбол. Имавме само 10 денари а тие беа 20, дома не беа моите за да ни дадат пари. Јас и викав да оди да купи, таа викаше дека нема доволно пари и јас реков: Е добро де, оди со тие, ќе ти вратат кусур. :D
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gabbysa

    Gabbysa Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Jas koga bev mala. Mama I tato koga me zemaa jas jadev cvekinja grizev I lizev zid hahaha :$ I nonstop vikav urte kje se irgame so kurte a prvata simpjatija mi bese u zabaviste I bese cigan hahaha I cicko mi sekogash se sheguvashe so mene bodejki simpatijata ziveese vo blizina :D
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Собирав гуштери од по улици ,си имав цела "колекција" од гуштери и ги ставав во еден празен аквариум да ми стојат еден ден,па ги пуштав на нашата куќа за наредната година да ми се родат уште повеќе (facepalm)

    Крадев цвеќиња и после ги продавав по комшии:$
     
    На cresa-jagoda и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Ги седнував дедо ми и кучето у двор за да ми држат ластик, јас скокам цел ден :) Како ме трпеле, не знам.

    Сум одела кај циганите на ручек, 12 деца и јас уште сум им фалела, и со раце сме јаделе од каленица.
     
    На cresa-jagoda, LadyInTheDark и zeka им се допаѓа ова.
  17. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Јас како мала јадев земја и црви, прашина, ѓубре од улица.
    Го бањав дедо ми со ладна вода, го терав да играме нонстоп, не можеше од мене на мир да живее..
    :^)
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Како мала...ех имам една кратка приказна да ви кажам кога бев 4 години отприлика.Тогаш сеуште не знаев да читам.Бев на нешто како панаѓур и си зграпчив едно стомне.Мајка ми ми рече тогаш дека на стомнето го пишело моето име.Јас така тогаш си го зедов и се заљубив во стомнето и од раце не го пуштив.И ајде попушти мајка ми и го зедовме стомнето.Денес сеуште не можам да си поверувам како си го зедов стомнето,а врска немав шо пишува на него.Името мое..ееех..Доказ?
    Еве фотографија:
    Photo1538.jpg
     
    На cresa-jagoda, LadyInTheDark, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас сум била дивљак од дете:lol:многу бељи иам правено но не се секавам на сите..
    Еднаш сум земала крема(павличева од таа мрсната) важно јас цела на глава сум ја ставила,сум се мачкала ли мачкала цела крема на глава..абре мајками милион пати ме измила глава и никако да ми падне кремот,косата масна вкрај:rofl:
    Друга беља ќе сум ја запалела куќата(мајка ми била во двор,а јас преку прозор сум и викалa- Мамо ја пижам јајце) сум го вклучила шпоретот и сум ставила дрвено штичле на ринглата жешка и коа вчурело сета кујна зачадена а јас сум се пикнала во шкафот за леб,згора на тоа мајка ми сум ја заклучила надвор неможела да влезе (не памтам тоа како влегла едвај со триста маки)и почнала да ме бара да вика по мене јас инат не сум се прогласувала се додека не и текнало да провери во шкафот за леб..сигурно сум окркала златен чотег тогаш..:rofl:
    Друга беља..Со лакот за нокти во спалната,цела спална сум ја измачкала со црвен лак,по регалот,шкафовите,огледалата,теписоно и се што ќе ми дојдело при рака..леле коа видела мјака ми косата и се кренала едвај ја очистила заедно со тетка ми..ее тој чотег го памтам:lol:
    Наредна беља..сум легнала здола под бебешкото креветче и сум чутела цело време небаре сум заспала тука ,мајка ми кога испаничила ми го нема детето :o ме барала цел ден на крај коа ме најде и тука чотег падна:lol:
    Потоа често кога мајка ми ме заспиваше на пладне,јас неа ја заспивав,се преправав демек спијам и она ќе си заспие јас пополека ќе се шмукнам од соба и бегав на работа кај татко ми,дека блиску ми беше (па сум знаела и да ја отклучам вратата!:rofl: а толку мало мислам дека сум имала негде 3годинки тогаш) И само татко ми ќе и се јавеше - Каде ти е LadyInTHeDark???, и она :oпа тука беше каде избега детево!

    Потоа кога се роди сестрами мнгогу бев љубоморна на неа зошто сите се врткаа околу неа повеќе и посветуваа внимание и јас а начекав прилика да бидам со неа на само и силно ја возем со дубавок ја дрецкав од ѕид,тоа бебе писка ли писка,а јас и викав-Аха :fubar:сега ќе видиш ти бебиште мало,мислиш само тебе те сакаат! :rofl:
    Потоа имам шарано по ѕидови со пенкало,со штиклите на мајка ми бегав надвор(мачорот во чизми):devil:..не ми текнува повеќе бидејќи многу се..ако ми текне уште некоја ќе ви пишам :)
     
    Последна измена: 30 август 2015
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella.FCB

    Bella.FCB Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Како мала ете да речам сум била понемирно дете :D Една вечер се договоривме повеќе деца од улицата да ископираме 50 евра, да ги закачиме со бело конче и да одиме на улица, ние да се скриеме позади една грмушка, и така кој помини наведни се ние тргни ги парите, имаше доста луѓе што наседнаа, дури и постари. После тоа јас, другарка и другар се договоривме да исплашиме еден лош човек, топката ако ни отидеше кај него немаше враќање, така да ние тројца си бевме малку по забегани и само глупости измислувавме. Човекот беше во години, и си идаше од некаде така тој си оди по улица, а ние се пред тоа спремни другар ми го направивме со ,,крв,, всушност тоа беше темперна црвена, малку вода и така цел со крв го направивме ама изгледаше навистина морничаво, поготово затоа што беше вечер, другар ми легна на патот и сега човеков иде, а јас и другарка ми скриени позади еден контињер, човеков кога го виде другар ми се шекна почна да вика помош, помош, луѓе помагајте, го зеде телефонот и се јави во брза помош, е кога се јави срамота беше да дојде и брза помош и јас и другарка ми излеговме и кажавме што е работата, после тоа тој за уши и шетавме со него до кај родителите, тогаш точно се сеќавам дека на сите тројца ни дадоа казна, 1 недела не смеевме да излегуваме од дома освен за на училиште. Толку за сега, ако ми текне нешто ќе допишам. :D
     
    На Crna Dama, maca cvet, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.