Како мал/а.. Во ова се пронајдов. Само што ја играв на Здравко Чолич, Џогани, Жељко Јоксимович... Немам двор, ама едвај чекав мајка ми кога ќе ја измиеше терасата, и таа полна со вода, да плускам со нозете. Да месам пита со мајка ми, и уште месам.. А за ова со ваглите, во тоа сум стручњак. И нај нај нај веќе мрзев да спијам поручек.
Како мал/а.. Еххе како мала - единче - разгалена малку повеќе но сепак важев за мирно детенце (барем додека ми угодуваа и додека не се здружев со други деца) Обожавав да го тормозам дедо ми (не го пуштав да мрдне без мене), ко машко да чуваа моите бев преполна со коли, пиштоли и топки (кукла немав ни за лек) Мразев многу кога мајка ми ќе почнеше да ме чешла и да ми става шноли по косата а најголема глупост беше тоа што со молив сум го исшкртала речиси цел ѕид кај баба ми - уметник бе
Како мал/а.. Ова ми е најинтересна случка што сум ја направила кога сум била мала и кога ќе ми ја спомнат и ден денес се смеам....Сум била многу мала,мајка ми ми родила сестричкаи по неколку дена одиме кај кумовите по име....мајка ми дома ми рекла ако ме праша кумот како сакам да ми се вика сестрата јас да речам Мартина (оти мајками го сакала тоа име)ии ми рекла ако заборавам да се потсетам на мандарина(кој во тој момент ми давала мајка ми да јадам) мандарина=мартина и добро тоа...оди ме сега кај кумовите таму собрани еден куп луѓе и сега ме прашува кумот како сакам да ми се вика сестричката..и јас заборавив и ми текнало на мандарина ама јас наместо мартина да ме потсеќа на мандарина сум рекла портокал....луѓето што биле присутни таму во тој момент се згазиле од смеење....хаххаха
Како мал/а.. Ко заодив забавиште , на првиот час учителката заамоли да излезе било кое учениче и да изрецитира песна. Јас прва станувам ,сета самоуверена и почнувам "Оче Наш кој си на небесата..." сета до крај,сосе Амин. Сите ми аплаудираа ,а јадната ми учителка ме гледа и ми вика Ти да не си дете на поп?
Како мал/а.. Јас како и секогаш ме потсети со забавиштево... вториот ден кога тргнав на забавиште требаше да ме земат моите нели откако завршивме ама јадните далиме забораеле или имале работа врска неам така си дремев јас претпоследна и последното дете веке си одеше јас со ташничката на рамо си тргнав накаај домче и место десно на кривината јас си продолжив право по главна и кога веке видов непознат правец непознато место ке цркнев од мака седнав и почнав да плачам... помина еден човек памтам со бела кола господ здравје да му дава ме качи во кола и ме однесе во полициска станица послем со џипче ме вратија домче и кога ке видам дома нема никој цајканиве чекаат со мене пред кука и почнува да врне го здогледав брат ми и братучетка ми од далеку дека доагаат и целата окезена им викам на цајканите еј видете ене го брат ми и дојдоа моите со директорот и со педагогот или психолог што и да беше кај нас и си викам ке ме утепат сега се сокрив во најтесното коше и ги слушам лугево што зборат тато срцев удар ке добиеше тогаш ми се нема десено тоа друкпат...
Како мал/а.. Еднаш мала бев, моите пазаруваа а јас седев во кола и во кесата имаше улошки а јас не знаев што е тоа и почнав да ги лепам на прозор, лепам, лепам и кога дојде мајка ми ми рече леле срамота а јас си викав е што направив сега
Како мал/а.. Еднаш како мала, ме беше чувал дедо ми и не ми даваше да излезам зошто беше 40 степени а јас сакав да излезам у 2 саат поручек и што ке направам, ми текна да избегам преку прозорецот и седнав и оти бев мала неможев да слегнам долу и минеше еден човек и му викнав да ми помогне и отвидов од дукан му се јавив на дедо ми и му викааам "Дедо оди затвори прозорецот јас одам во мало' и му искучив имам уште мн вакви случки како на пример кога си изравме со машките на маж и жена и ги тепавме да одат да купат влошки од продавница иако незнаевме зошто се користат, исто имам правено сок од керамиди и вода и и имам давано на едно девојче. абе сум си била
Како мал/а.. Како мала -Паднав на брадата од балконче -Ја залепив цела рака на пегла -Сум си бутнала оревче во нос -Ми се збрцала вилушка веднаш ДО окото -Ми залетна голема бомбона во душник. Па сега види колку сум била мирна и колку им било лесно на моите Други работи: -Правев торти од кал, лисја, камења и други 'вкусни' состојки -Мачевме мравки со другарчиња, им правевме трки -Не се прибирав од улица.
Како мал/а.. Јас не бев ни многу мирна, но не бев ни претерано бесно дете. Златна средина. Ги правев сите оние работи кои едно дете на таа возраст ги прави вообичаено. По цели денови бев на улица, неможеа да ме приберат моите ни за јадење. И општо не го сакав јадењето многу, не сакав ни да спијам (особено попладне). Обожавав да ги носам штиклите на мајка ми и да тропам низ дома, глумев манекенка. Имав и многу обиди да се нашминкам, да си ги излакирам ноктите, што секако завршуваше неуспешно. И така нашминкана и дотерана ги пречекував сите гости. Имаше и такви денови, кога си останував дома цел ден и цртав нешто, или си гледав цртани. Значи сепак не бев до толку темпераментна.
Како мал/а.. Бравоо за темата. Се зачудив зошто нема таква тема ама еве ја најдов. Куп луѓе кај нас седат гледаме Касандра така беше адетот Касандра групно да се гледа и на рекламите даваат улошки Бони со крилца и почна следниот разговор Јас- Мамо зошто се овие улошки гледам и ти ги купуваш Мајка ми молчи мрмка нешто а јас упорна сама заклучоци носам Јас-Мамо овие или на гашти се стават или во чевлите ( јас тогаш влошки за рамни табани носев) Мајка ми- Па овие се ставаат во патики за да не ти мириса ногата, Јас- Е па мамо зошто стојат на пералната а не на витрината со обувки?? Мајка ми- Па на пералната стојат ги перам јас кога ќе се усмрдат од носење. Поздрав до мајка ми која е учителка и знае на се да одговори. Спојлер Мамо ако го прочиташ ова ќе ме препознаеш те молам не ми ги читај другите мислења посебно не во ктегоријата СЕКС да не добиеш некој удар.
Како мал/а.. Абе мирно дете, ангел Сите знам дека ми здодеваа на училиште кога ме бркаа да ми ја пипаат витканата коса, мислиш којзнае какво чудо е, и ми викаа - ангееел! Ја! Се сменија работите од тогаш. Како мала, многу мала, екстремно мала, веќе знаев да кажам да ме носат во ВеЦе и универзално за мочкање и какање велев - какаше, какаше... Како мала, кога сеуште не го владеев јазикот толку добро, ме прашуваа децата - а ти на кој јазик зборуваш? Јас им се кезев и им велев покажувајќи го јазикот - епа со овој! Како мала, мајка ми во август прави зимница - слатко од јагоди, надвор пеколни горештини, јас душкам под капакот и и велам, а може ли сега да јадам од слатково? Мајка ми ми вели, не срце, тоа кога ќе дојде зимата, кога ќе биде ладно. Мајка ми продолжува со зимницата а мене ме снемува на некое време. Кутрата таа исплашена ме бара низ стан кај и отишло детето, ме наоѓа стуткана на балкон како се тресам целата, ме прашува - ама што ти стана дете? - Знаеш мамо, мене ми е ужасно многу ладно! Како мала немав проблем да се изгубам и да се појавам одеднаш со „микрофон“ во рака и да правам интервју со непознати луѓе на улица или во лобито на некој од македонските хотели - што имате да изјавите за македонската радио телевизија? Како мала, бидејќи бев таква нежна, никаква, не баш спортски тип, игравме џамија и јас - паднав. Си ги изгребав лактите, колениците, им велам на децава - почекајте ме, да се измијам и доаѓам. Се враќам преврзана РОБОКОП - едвај се движам Други родители би рекле - ништо не ти е, фу фу, и ајт. Нееее, татко ми ме преврза мислиш воен ветеран од Виетнам сум дошла Како мала вртев хулахоп и пеев шиц, миц мици ма. И ми беше убаво. И бев најубаво облеченото дете во цело маало (поздрав до мама) со највитканата коса И се нервирав кога ќе ми речеа децата - аааа да ти ја викнам сестра ми (брат ми). А јас немав кого да викнам?! Еднаш дојде кај нас мојата другарка и лута на брат и ми вели - не го сакам, не го сакам, ич не го сакам. Јас: стварно не го сакаш? Таа: не! Мене - ме снемува, им ѕвонам горе - епа јас дојдов да си го земам Бранко за брат пошто Снежана повеќе не го сака У глобала, стварно бев мирно дете, ама имав „светли“ моменти - впрочем тие ми останаа до ден денес. Си се испофалив бре!
Како мал/а.. Не сум правела премногу глупости т.с. малку ама вредни -Мајками во спалната го средува шкафот и двете крила отворени а таа со глава во шкаф а јас се скрив позади крилото и кога го затвори јас вааа и толку се исплаши и право рефлексно ми удри една шлаканица од тогаш немам помислено да ја испласам -Сакав да бидам уметник па си шарав по ѕид и ме удрија по рацети и изгубив желба за уметник -Шетавме во Скопје со мајка ми,татко ми и братучетка на тато и одевме на кај станот и јас мала избегав се качив во лифт со еден човек и влегов во станот да си гледам телевизија и да се муабетам со тетката на тато а тие долу ме бараат А оваа мора да ви ја кажам иако се случи пред некој месец(мала бев пред некој месец ) На роденден кај братучедми (една година помал од мене) и од Турција беше купил една змија ама многу штосно направена и ми кажуваше дека змијата ја криел од тетка ми или па и кажувал точно каде е бидејки премногу се плашела...и јас не верував дека до толку е работата и овој ме убедува јас не верувам и после некое време инатење реши да ми докаже Ја става змијата пред вратат во кујна и ние влегуваме тамо и само се потсмешкаме... и тетка ми тргнува да излезе мајка ми по неа и луге кога ја виде как само вресна мислам дека ќе добиеше срцев удар а и мајками помисли да не и се случи нешто иии со кој памет го сторивме тоа
Како мал/а.. ... бев толку мирно и повлечено дете што просто невозможно беше некогаш да ми извлечат збор од уста Не разговарав со гости и роднини, не оставав никој да ме бакне освен мајка ми (бегав од баби што шлапаат мали деца ко од чума). Јадев се’, не плачев, не кенкав, не барав ништо да ми купат - ко некој вонземјанец Баба ми имаше обичај да ми рече понекогаш "Море вакви како тебе и дваесет да имав ќе ги изгледав без проблем. Само ко брат ти да не се погоди уште едно дете " Брат ми лудуваше за двајцата, и некогаш знаеше да префрли вина на мене, ама никој не му веруваше Кога ќе му се скарав ме молеше да му се смирам и за таа цел како казна го терав да ме носи ушка низ цел стан И ме носеше кутриот за да му се смирам Најголема казна кога ќе направевме некоја беља беше мајка ми да ни рече - ти во една соба, брат ти во друга! Тоа не можевме да го поднесеме Никогаш не сум јадела ќотек и не сум ни заслужила додуша, дотолку досадно и глупо дете бев Кога ќе ме седнеле не сум знаела да станам, па не сум се ни обидувала. Мајка ми ми раскажува како правела торта за роденден - ми наредила играчки околу мене, ме седнала на земја, и си правела на раат торта а јас не сум мрдала со саати Ја користела мојата неспособност бе Како мала си играв на улица по цел ден со најдобрата другарка со која се држевме за раце до петто одделение (после решивме дека е срамота ). Правевме колачиња од кал, игравме план, сакате војна, помина помина осата, барбики и кукли, криш-миш со друштвото од цело маало се’ до 9 сатот навечер што за нас беше жива радост. Како мала обожавав викендите да ги поминувам кај другите баба и дедо, зашто секое утро на перницата ме чекаше Албени или Метро Дедо не’ носеше на планина - ќе собереше десетина деца и ќе не’ шеташе. Уште го паметам нашиот камен на пола релација, беше рамен и ни служеше како масичка - тука вадевме лепче и сиренце и сите заедно јадевме. Еднаш дедо лажеше дека видел мечка и едно другарче се измоча во гаќи Во лето не’ носеше на базен, повторно дедо ми беше старател на целото маало Баба ни правеше палачинки, пељмени, манти, гогуљ-могуљ, билеши... и секакви други јадења кои другарчињата не ги знаеја па ги носевме за заедно да јадеме. Никогаш не ја мрзеше за ништо. После напорното чистење, правење ручек и одење пред нас-зад нас, ќе речевме дека ни се пријадоа палачинки. Женичката во истата секунда ги засукуваше ракавите и почнуваше да ни оди по ќејфот. Се’ на се’ - имав прекрасно детство кое не би го менувала за ништо. Најмногу за тоа придонесоа баба и дедо, другарчињата и моите родители кои секогаш ме опсипувале со љубов и грижа.
Како мал/а.. Јас во моето детство не би сменала ништо. Се сеќавам како на нешто прекрасно. Знаете како порано пишувавме среќно и безгрижно детство - ете баш такво ми беше. Сум била (и уште сум) облеана со љубов. Имам брат и сестра и никогаш не сме се скарале. Верувајте, благодарение на родителите, никогаш не се појавила љубомора. Се‘ си делевме, а на оној што ќе му се купеше нешто ново, се радувавме за него. Да напоменам, не сум била размазена. Бидејќи сум ги гледала стапките на сестра ми и брат ми, а тие по природа си се скромни, така и јас го научив најважното: и со малце да бидеш задоволен. Како мала, мајка ми не ми купувала чоколадо. Сум имала алерија на лицето, баш кај образите. И било жал да ме гледа таква, па ме мамела со некои други благи работи. Многу сум цртала. Мама не можела да ми докупи блокчиња! Еден период сум имала црви во газов и сум бегала Веројатно сум сакала да истражувам, ама голем стрес тест било тоа за мајка ми. Имаше еден комшија со длабок глас и ме потсеќаше на нешто сериозно и страшно - и мама нормално со него ме плашеше Не сум јадела пиперки. И уште не јадам. Маалата моја секогаш била со многу деца. Имавме една ширинка со голем орев. Тоа место беше познато како „под оревон“. Колку само игри сме изиграле таму. Мераци! Слобода, смеа, џагор! Како мала сум играла со брат ми „пукање“ со пушки на дијаболи. Се бркавме низ цела куќа и најчесто се „футкавме“, и да, на мебелот уште има траги од мали вдлабнатини од дијаболите Како мала, во денот по 4-5 пати сум се преслекувала. И мама ми кажуваше дека сум правела некои убави комбинации, сум имала демек осет кое со што оди Сум спиела со сестра ми, на брачен кревет, се до нејзиното заминување во Скопје.. а после тоа и веќе се мажи. И сега цел кревет е мој Како мала, никогаш не сум имала проблеми со килограмите. Т.е. слаба сум била, и мама ми давала Пиковит и Пивски квасец за поголем апетит... еве ми ги сега резултатите Не сум била плачка. А ако сум заплакала, мама ќе ми викнела: „Глас да не ти чујам!“, па така тивко во перница ќе сум заплакала и за 3 минути ко ништо да не било. Не сум растена со баба и дедо, па затоа со голем ќеф одев кај нив на спиење преку лето или на зимовање. Вадењето на млечните заби било хорор за мене. Многу се плашев. Ама еден ден, не знам како, сама си ја зедов книшката и отидов на заболекар (кај училишната амбуланта) и ми ја извадија 5ката. Дома беа горди што го победив сама стравот И уште многу работи сум правела, сигурно, но ми треба време да се сетам. :geek: п.с. Ми било страв од темница. На моменти, уште ми е
Како мал/а.. Како мала, обично со моите одев во Еуротел, во Струга. Не се сеќавам нешто многу на овој период, освен на тоа дека бегав во лифт (го викав лист и се курчев кога ме поправаа), сама, и им стискав копчиња на луѓето што влегуваа. Ако копчето е превисоко, им викав дека не може дома да си одат. Ама бев многу фина и услужлива. Друго што ми текнува е што ги убедував другарите дека и они имаат дунда. Ама бев толку убедлива што некои стварно помислиле дека имаат дунда место туле и си набија комплекси.
Како мал/а.. Како мала никој од моите не ми се обраќаше на име туку често знаеја да кажат кој лисица, кој оса ! Таква и сум била, како и сега! Не сум имала едно влакно на јазикот па на слава кога сме оделе мајками уште дома знаеше да ми одржи лекција како несмеам гласно да ги оговарам луѓето на масата, а јас па демек не е гласно и со шепотење сум и кажувала сите работи кои што ќе ми сметале лично на луѓето (па мама ми кажа дека е лошо да оговарам зад грб ) и на една жена сум и рекла дека има газ како пресна погача Некоја па старичка куцала и јас сум и рекла зошто не си облече на пократката нога штикла-па така нема да куца За се сум имала решение! Кога некој ќе ме бацел за дебелите образи јас па одма во секундата сум вадела шамивче и сум се триела и сум викала бактерии, бактерии леле (мајками често знаеше да ми каже дека ако не си ги измијам рацете и лицето на нив ќе има многу лоши бактерии кои се отстрануваат само со вода) Многу пати сум пробала да се скријам во фрижидерот, па мајками секогаш ме начекувала како вадам се живо од фрижидерот па дури и полиците И сум и викала на мајками Ја саки џинџидер (фрижидер) МОНГУ !! Кога се родил братми сум му ја крадела цуцлата, а за да не осети демек дека нема цуцла сум су ставала гума за бришење Сум го чктрала по лицето, сум цртала планини, реки, езера за еден дел од секундата дури мама ми спремаше млеко Итрица сум била! Никогаш не сум одела во вц туку моето вц било некој си ќош дома во дневната. Фино-лепо ќе сум клекнела и сум си се мочкала и па какала во пелени (кои сум ги носела до 2 и пол години-поради моето одбивање да одам тоа да го правам на вц шолјата) Има уште многу работи кои сум ги правела, а не ми текнува моментално..
Како мал/а.. Кога бев мала обожавав да јадам песок секогаш прва седнував да јадам за кога ке седнат моите да јадат јас да излезам на улица и да јадам песок И украдов на мама цел сервис лажици за да јадам песок
Како мал/а.. Јас како мала сум се скрила под масата и со ножиците косата сум си ја исчкрапала квалитетно, ќе ме убиеле дома И еднаш паднав од скалите со се точак на мене и татко ми ме дотепа Дедо ми го терав да ми кажува смешки и уште не изустил два збора јас намерно со сила се смеев, будала Имав и едно другарче од маалото, сум го викала дома кај мене и сум му се качувала да го гњавам да го тормозам и секогаш си одел со плачење кутриот Сме имале кокошки порано и сум ги бркала, тие се скривале во некои дрва а јас сум ги факала за газ и сум ги истргувала немало бегање и многу жаби и црви сум фаќала Само тоа ми текнува
Како мал/а.. Како мала: -и го изгубив на баба ми паричникот -во дворот на баба ми имаше еден дел заграден со тули и ми личеше на гроб, па ставив една плочка која претставуваше споменик и со стапчиња за уши палев свеки демек... Кога виде баба ми колку хард кор игра играм, ме залепи две три шамарчиња. -на првиот училишен ден требаше нешто игра да играме и бевме заедно со родителите, и се секавам и реков на мајка ми -Ајде да си одиме, ***** не е во ова одделение. (за мојата симпатија од забавиште) -Сестра ми тогаш пушеше, и пушеше само со другарките и пред мене ама ми рече да не кажувам на никој. Еден ден ме изнервира нешто и отидов и му реков на татко ми - Тато, дада пуше и ги крие цигарите во кутијата за писма во влезот на зградата. Отидовме со татко ми и му покажав каде ги крие цигарите и до ден денеска мислам дека сестра ми сеуште ме мрази поради тоа. -Си ја заглавив главата на терасата мегу решетките. -Со другарка ми ни беше жешко летно време, и си облековме купачи и отидовме низ град да шетаме. Сите не гледаа како паднати од Марс. -Правевме колачиња од кал. -Го излажевме едно дете дека и машките имаат менструација и дека е чудно што не знае и уште нема добиено. Детето си отиде дома да ја праша мајка му зошто е тоа така. -Во вецето најдов ОБ тампони и го прашав татко ми какви се тие бомбони? -Не бев многу по јадењето па мајка ми со манџата ме бркаше низ маало за да јадам -На сестра ми под сликата на алманахот и допишав после името и презимето ... е многу лоша.