Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Многу слично на горното мислење од @Bella.FCB но нашата случка беше ваква :
    Еден ден ние,цело друштво од 9 женски на 16 години глупи,забегани до тука и назад... Секој кој ке поминеше по улица го погодувавме со јајца во косата...скриени зад контињерот и натпреварувај се кој ке погоди повеке..една жена со фустан,убава фризура,едно кило шминка,и штикли-десетка... Ја погодивме и дојде кај нас и следеше долга приказна : не бркаше а ние в кола бевме,и тоа во такси...после следеше 1 сат викање,срека што се вратила од прослава,а не одела,така полошо ке поминевме :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На maca cvet, LadyInTheDark и Bella.FCB им се допаѓа ова.
  2. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас прснав од смеа додека дечко ми ми раскажуваше се што правел како мал(за мене имам пишувано тука,но пошо дечко ми бил легенда невидена не смее да се пропушти тоа):rofl:..Значи денот не му врвел без некоја беља,глупост...(како ден денес што си е..значи не се променил:D)..Од беља в беља..
    Една од најпопуларните му е следнава:Коа дома им понел змии кои ги собирал во тегла(со рака ги фаќал змиите:doh:од тие малите змии..и да,нема страв од тоа:nod:)коа го затепале дома то теглите од глава му ги треснале и со се нив надвор го исфрлиле:rofl:
    Друга беља:Си влегол мајчиниот во некое комбе со непознати луѓе кои го однесле до некоја фирма,потоа го вратиле но за тоа време неговите поцркале од грижи..ии тука паднал ќотег (он си се пофали :D)...
    Друго:Коа ќе им дошле гости..и тоа баш во тој момент коа сите ќе ќутат,и он на сиот глас:п*чкааа....!!,и неговите,трасс..по уста!:rofl:И мува некој да утепа,се лутел,викал плачел..
    И таа шо му е најхит беља:rofl::Во второ оделение му ги рушил гумите од автомобилот на наставникот по математика.:x:lol:
    Толку знам засега хаха..паметен за глупости од мали нозе :lol:
     
    На maca cvet и SWagger274 им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Како мала јас правев триста глупости...минималистички додуша...но се глупости.Еднаш со мајка ми отидовме да ја посетиме баба ми.Тогаш беше лето.Јас бев 6-7 години можда.Е баба ми живее на село,па си рековме ај дека е лето убо времето ова она,и отидовме преку приградската населба,пешки де.И застанавме малку да се одмориме.Јас шутарката видов коза.Ко зедов да се црекам како права коза со то меееееееее
    и меее ме снајде.Јас меееекам,козата мееееека.Јас си одам,таа трча по мене.Јас му велам пак мееее,таа уште поќе се засили и таа ми вели меее.Јас пак врти се викај му меее,таа упорно меее та меее трча ли трча козата по мене.Јас застани,таа застани.Е си реков,оваа фрли козјо око на мене.После ја избркав мрш таму бегај не знам шо и мајка ми ја истера така и козата не идеше поќе по мене.Остај то,еми некој човек си ги донесол коњите да пасат.Јас на коњо хиииииииииии,абе памето мене изгледа тогаш не ми идеше,јас хиии и коњо ко ги крена тие задните нозе копита шо и да му се и тој хии и се џареше во мене.Ај после го продолживме пато...абе шо да продолжиме...мајка ми се реши киселец да бери.Ајдеее Симона најде магаре шо си пасеше,кутро само оставено ко пусто гојдо.Јас животински образована со моите вокални способности му велам на магарешки на магарето иа,иа,аиаааа....магарето ко зеде и то да иаоцрека,ко зеде да трча накај мене...арно ама Господ ме сакал мене.Магарето беше врзано со јаже зацврстено на земјата со кол нешто така....Ете така јас станав полиглот уште од мали нозе.
    :bow::handshake::clap::whew:
     
    На Philippa, Crna Dama, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  4. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Како мали се тепавме со децата од другата улица со камења и од тогаш имам лузна на главата, ми ја дупнаа
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    305
    Со брат ми ќе правевме боза, гледајќи во пекарите кај што има боза боровница, па и ние дома да направиме, и во кујна земаме чаша и ставаме оцет кисело млеко вода и уште некои киселини и течности што ни биле при рака и ја теравме мајка ми да пие. (facepalm)
    Во тоалет, земавме од сите можни детергенти, прашоци, гелови, шампони и правевме поефикасно средство за отстранување дамки.
     
    На maca cvet и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Како мала многу сакав да ,,исчезнам" на некое време .. Се сеќавам се криев над летната кујна имавме сено за козата таму и скала за да стигнеш до сеното .. И у нивата на комшијата која е бесконечна .. Моите се убиваа од викање ама јас на тошо хаха ќе излезев после саат време и ќе изедев ќотек наместо ручек хаха ... Исто еднаш така лошо го истепав комшијата ( беше една година постар ама џабе ) три дена не излегуваше надвор од срам хаха .. Навечер ќе се соберевме сите од маало и идевме у други маала да крадеме лешници ореви јабуке ,кој што има за крадење и еднаш не фатија на дело хаха кога фативме да бегаме сите гз преку глава хД .. А мм бил голем немирко и ден денес е таков .. За беља створен де хаха .. Имал куче Бруно и му рекле дека ако му стави луто фафаронче у задник кучето ќе добие нитро и ќе трча многу брзо .. Така и напраел , зел фафаронче , го исекол на врвот , го фатил кутрото куче и оп фафарончето у задник .. кога фатило кучево да трча низ маало ,побрзо од кола било хаха 20 минути у погон хаха .. Ама на крај за да преживее му биле потребни 10 вакцини и 24часа неизвесност .. Исто како мал кога иделе на одмор фамилијарно на сите околни кампови чукал у 7 саат наутро ги будел луѓето од спиење :rofl:
     
    На maca cvet и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  7. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас како мала сета вистина на луѓето сум им ја плескала во лице!(како на пр:лелее колку си гидаа-грда..бегај смидиш!- смрдиш :rofl: )Со кој памет незнам (facepalm) И голем тепач бев,секој ден јадеше ќотег комшијата со кој сме иста возраст :lol: И само ќе звикаше по мајка му и таа ќе излезеше на тераса и ме караше а јас без осет мавај ли мавај ни страв имав ни срам....ништо! :rofl:Бетер од машко.
     
    На maca cvet и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    1. Како мала многу сум сакала да го јадам крајчето од лебот
    2. Сестра ми сум ја корнела за коса,а на брат ми сум му викала дека најмногу го сакам.
    3. Сите кармини на мајка ми ќе сум ги земела ќе сум ги отворела и ќе го завртам тоа нели за да излезе карминот и капачето одозгора и отиде карминот.
    4.Сум фрлала штипки за алишта и сум пљукала од тераса
    5. Еднаш кога сестра ми ме изнела надвор да ме шета и имам избегано и сум се вратила дома сама
    6. Многу сум сакала да јадам едни шарени мрвици од аптека со Б КОМПЛЕКС
    7. Многу сум сакала да носам сукњички
    8. Како бебе сум била многу мирна воопшто не сум плачела и сама сум заспивала,но затоа беснеев до 10 години
    9. Кога ќе одев кај баба ми првите 30 мин бев мирна се ја слушав,после беснеев :devil:
    10. Сум сакала да бидам адвокат.. Wat :?:
    11. На 4 години татко ми сум го акнала со штикла по око,и ден денес му се извинувам за тоа :rofl: Фала богу добар е
    12. Брат ми стално бркаше гулаби надвор и кога ќе одлетаа бикаше "Come back here" и јас сакав да кажам исто како него и сум рекла "Бебе шил"
    13. Првото нешто што сум го напишала било "ама салама" (facepalm)
    14. Ја сакав Барби,том и џери и пинк пантер
    15. Спијам сама на кревет и во темна соба од 3 год
    16. Во градинка сум плачела кога ми се мочкало
    17. Сум собирала ФИФИ албум :rofl:
    18. Во градинка со другарките се менувавме со сликички фифи и имаше таму една лоша учителка и ни ги зимаше,и да не ни ги зима ги криевме под нозе(facepalm)
    19. Мојата сестра кога ќе ја начекав да збори на телефон со некое машко одма сум трчала по телефонот да им се јавам на сите да им кажам :rofl:
    20. На 8 години брат ми сум го мавала со влечки
    21. Мајка ми во супата ми дробела леб и така сум ја јадела.
    22. КОГА НЕ СУМ САКАЛА ДА ЈАДАМ МИ ВИКАЛЕ ИДЕ ПИЛЕТО ГЛЕЈ ГЛЕЈ и јас ќе погледнам и ќе ми ја брцнат лажицата во уста

    Многу интересно дете сум била :rofl: Ова ми текнува сега,ако ми текне уште нешто ќе пишам :)
     
    На teacher, maca cvet, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Уште некој дел глупости ми кажа дечко ми од неговото детство :rofl::rofl: Ова изгледа ќе да е вториот дел од Сам дома :lol:
    - Кога имал 7 годинки негде 1во одделение бил и мајчиниот си се пресоблекувал (она скроз по гаќи :o :lol: ) на час пред наставничката, секако за следниот час имал физичко :rofl: Сам си се нарече тука будала:rofl:
    -Мајка му го однела негде на гости и некој човек таму поправал нешто ковал шајки и овој отишол кај него и без да види му ги фрлал шајките и човеков вадел нови па нови ехее...овој сите му ги криел :rofl:
    -Го однесле на село кај баба му и веднаш си нашол играчка,влегол во камионот и нашол уље и цел се измачкал од бел станал црнец.Коа го виделе само очите му светеле :rofl:
    Толку од вториот дел(сигурно му било срам повеќе да кажува:lol:) се надеваме ќе има и трет дел :nod: Ке ви го пишам :rofl:
     
    На maca cvet, Kimberly11 и presiosaP им се допаѓа ова.
  10. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Како мал
    Нема двор во маалово мое во кој не сме влегле со другарите за да крадеме Кајсии, Цреши, Сливи све што ке се најдеше често пати не бркаа со стапови, метли :D а имаше еден двор на еден комшија во кој имаше еден куп дрва со Кајсии и му бевме редовни муштери :P.Му кршевме цели гранки со Кајсии и трчавме како луди со нив по улица за да не не фати често пати не бркаше и беше упорен трчаше по нас ама никогаш не му успеа да не фати и да дознае каде живееме. сега кога ке го видам на улица не ми се верува колку остарел и како брзо си летнаа годините ех детство.:)
     
    На maca cvet и Lella им се допаѓа ова.
  11. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Не се замарав со ништо
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна, бев околу 5-6 години и не знаев дека тетка ми е ќерка на баба ми. И така casually ја прашувам баба ми: Бабо, која е мајката на тетка ми? Таа пак не ме разбрала убаво, си помислила прашувам за братучетката, и го кажа името на тетка ми.
    До ден-денес памтам какви филмови си правев за стара затворена бабичка во два на два соба по име како тетка ми. :rofl:
    Кога дознав дека баба ми ѝ е мајка не можев да поверувам. My whole life was a lie. :lol:
     
    На Gosh, душленце, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Се сетив на една случка од тој период. Се бркавме со некои братучеди низ дома, низ цел спрат, и јас така залетана не знаев дека е вратата од една соба затворена, во темница се бркавме и тука поминавме 10 пати и вратата беше отворена, кој ја затворил не знам, и кога треснав во неа, се одбив и се вратив назад. :rofl:
     
    На Philippa и maca cvet им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Како помала имам тресено многу глупости. Сме биле кај баба ми на гости и таа ми дала пакетче а јас сум и рекла ти не си дедо мраз и не сакам пакетче. На брачед ми сум го прскала со црево и кога ќе си отидел дома бил жива вода и јадел ќотеќ. Еднаш немало вода и јас о ја пуштила и водата наеднаш почнала да тече и од страв сум избегала надвор. Мајка ми ме викала ама не сум влегувала внатре. Сме се се враќале од на свадба и сме носеле балони со хелиум јас сум заспала и сум се потпрела на едниот и тој пукнал татко ми мислел дека пукнала гума и излегол надвор а јас внатре сум се смеела. Еднаш со брачедми сме излегле надвор и сме го зеле моторчето и сме се се спуштиле од угорницата и сме летнале во трњето кога сме влегле дома сме биле како индијанци. Не ми текнуваат сега уште кога ќе ми притекне ќе принапишам
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Лелеј сега ми текна на една глупост што ја направивме со една другарка која имаше бутик.И нормално со кукли за облекување и една помала кукла(колку нас беше) за изложување детска облека...И сега е моментот што ќе правиме досадно ни беше и ајде решивме да ја крштеваме куклата да и дадеме име.Земавме тоа кофата(мислам дека идеше заедно со џогер,за џогирање во дуќанот) и ја наполнивме со вода,собравме од надвор лисја и цвекиња (facepalm) (facepalm) и аајдее истураме врз неа вода,лисја и пееме (демек поп изиграваме а поим немавме шо зборуваме :rofl:) "куклатаа ќее сее виикаа МАРГАРИТАА аминнн" :rofl: :rofl: :rofl: Трагедии :P :rofl:
     
  17. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Како мала им организирав погреб на мувите! :rofl:
    Бев премногу мала и со братучетка ми од досада си убивавме муви на тераса да не ни сметаат. И ни се врза најјакиот филм: убивме две-три муви и ги закопавме во дворот со песок. Во дворот имавме многу цвеќиња и набравме неколку и ги поставивме врз "гробот". Клечевме едно пола саат покрај нив и ги оплакувавме на шпански!!! :!: Почнав јас да испуштам звуци како да плачам и викав "Порке, ми ихооо, порке???" И братучетка ми по мене почна да повторува...:tmi:
    После тој ден, ни стана ритуал да си плачеме по муви :rofl::rofl::rofl:
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Како мала и, звоневме на комшиите,често бев со модрици,бев цела тетовирана од оние мастики со тетоважи,секогаш се загубубав еднаш мајка ми се јавијла во полиција,често кога спиев паѓав од кревет
    Смешни зборови: јаката паката идеме нанон тоа ми значело јакната капата идеме надвор
     
  19. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Jas kako mala mnogu igrav lastik:D
    Isto i komsidzi igravme so drugarkite:rofl:.
    Oni ke si postelaa nekoja staza ili cerga vo dvor, i jas isto vo mojot pa imavme mali kujni, tajniri, lazici takvi raboti od onie plasticine mali sto bea....i sto demek domakinki sme bile i odevme kaj konsikata na kafe i muabet:rofl:..
    Cesto i krienka si igravme, pa i glumevme bozem filmovi:rofl:,
    Se kolnevme so drugarkite deka nema da bideme drugarki tuku sestri:rofl:.(facepalm)
     
  20. real madrid

    real madrid Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Кога имав 6 години сакав да научам да возам точак и дада се реши да ме научи арно ама јас со едната рака ја држев нејзе а со другата рачката на кромилото и ми беше страв да ја пуштам сестра ми и кога се решив изгубив рамнотежа и на страната кај што бевме ние имаше коприви и ние во нив паднавме сестра ми па јас над неа со се точак после утредента двете со пришови бевме цели од копривите:D