Се крстев пред Џамија етц.. не бев баш бистар? хахаха ко ке ме прашаа пред 7 години возраст за кого ке гласаш беше исто јако.. понепознати партии напоменував лол
Ги одлепував налепниците од белата техника. И ги сечев ноктите на рацете на сестра ми додека она спие.
Ги одштрафував играчките со електромоторчиња и си играв со свои играчки. Не бев некое дете на кое му се купува играчка би рекол.
Како ептен мала (4-5 год.) изгледа имав слушнато нешто иронично во нервоза кажано за некој да си купи мозок, и така едно време озбилно верував дека мозок може да се купи рандом во продавница. #truestory Што лесно би било така, да им се поклони на некои луѓе...
Амстел амстел Џенифер Лопез Признај те не сум ја пеела само јас вака... Признај те И мислев дека е реклама за пивото
Брат ми се крстеше пред џамија. А јас се превозбудвав дека е ракета. Тука е разликата меѓу мене и него. А кога се гласаше јас трчав и се дерев дека ќе гласам за Тито. Врска немав кој е, го имав само слушнато. Берев тапи и со другарка ми се каравме на чија куќа има поќе мов. Буквално бев кај едно девојче и излезе мајка ѝ на врата. Ѝ реков дека ѝ ја неќам ќерка ѝ и си заминав. Никогаш претходно за нешто не сум била повеќе карана. Можеби кога се качивме од тераса на покрив за да бериме црници бев поќе карана.... Кога мајка сакаше да види на шо ќе потрошам 100 денари јас се вратив со најлон бонбончиња по пет денари. И ајде уште ова, иако тешко е да се издвојат вака. Зги кажвав сите букви ама сите кои почнуваат на "к" не ги велев зошто "к" ја заменував со "т". Па вака одеше: "к-к-к-тафе".
Имав ненормален страв од црви, мислев дека раснат во змии И китки ( сипаници ) мислев дека раснат цвеќиња,китки по лицето Муте сум било
Кога игравме на улица и ако поминеше кола, а пола од друштвото бевме на една страна, а други на друга страна се држевме за коса да не се скараме Во дневната имавме маса со столови, ама столовите одоздола на средина има дупче, и кога ќе дојдеа гости одев под стол и со прстот чепкав, кутри луѓе колку само им било непријатно, а мене ми беше интересно
Леле... Не знам зошто ама ова ме пресмеа. А, никако не реагираа луѓето? Ми се чини ова да напраев дека пуздер ќе ме направеа. :') И ние со едната другарка која ја имав дур растев така ораевме со косата, а после и втората така ме тераше, а веќе големи бевме. Можи зато не се дружиме многу сега . Кога бев мала прекршив закон. Имаше објект со голем паркинг. През ден работеше, на вечер паркингот беше празен и заклучен и јас играв нинџа и си го префрлав точако и дур не слушнев мајка да вика по мене си возев. Се ова пред да имам 10 години, после то други, попасивни бубачки ме имаа фатено. Пред пубертет бев брлива.
Реакцијата им беше "злато немој така срамота е оди таму да си играш " и тоа се наведнуваа подолу за да не слушнат другите
Бев убедена дека ќе се омажам за Леонардо ди Каприо, само го смував за жал. Не сум јас the marrying kind.
Во забавиште требаше да направиме пом пом за навивање, направив, отидов утредента ми рече учителката дека е само за женски *домашна*. До ден денес сум увреден. ПС Мислам дека ми се смееше.
Јас бев голем бељаџија и кога знаев дека ќе добијам ќотек,а често добивав од мајка ми,облекував 4 пара пижами за помалку да боли
Пиши некоја беља, бељаџијо. Воглавно, јас бев мирно дете. Ретки беа моментите кога правев глупости. Еден од тие е кога ставав на очи сјај за уста.
Ако почнам да пишувам до утре нема да завршам,а и моите бељи беа некогаш и големи работи ,сега ми е срам за се тоа шо сум правел