Јас бев палаво дете кое го возбудуваа неволјите Еве една детска глупосто од раните години. Периодот кога имав 4-5 годишни, баба ми чуваше кокошки и јас секое утро станував рано, одев кај нив, ги кршев сите јајца и потоа спокојно си се враќав во кревет Тоа траеше цело лето. Жената живци кинеше. Ни на крај памет дека јас намерно станувам рано за да го направам тоа Пред некое време и кажав дека јас ги кршев јајцата (после 20 и нешто години). Кога слушна и се сети колку беше нервозна поради тоа, не знаеше дали да се смее или да плаче Искрено, толку години поминаа а јас се уште не сфаќам кое задоволство наоѓав во тоа
@КикиМаус јас за велигден еднаш ги искршив сите јајца,барав кое е најјако ....и после тоа 4 пара пижами јбг
Со сестра ми си игравме флизерки коа нашите не беа дома. Еднаш шетавме ко кубени низ град, се исшишавме со кујнската ножица за месо сечење. Еднаш кога прв пат бев сама на одмор на девојчето што спиевме заедно му се залепи саказ у коса. И јас искуснава и го вадев саказов ама пошо немавме ножица со ножот за паштета мачкање. Катастрофии Ама барем јако ни било бе аххаг
Исто бев разбрала и дека од банка може секој во секое време да си земе колку пари сака, кога некој возрасен ќе ми кажеше дека нема пари му велев „па оди во банка земи си“ Стварно ептен едноставен и практичен свет сум си замислувала А пред тоа еден период и „правев пари“ - т.е. на некои си купони што ги имаше низ дома, на другата празна страна им пишував и цртав ко што има на вистинските пари, само што пишував сума од милиони/милијарди на една „банкнота“ Материјалист и непродуховена од мали нозе Ептен сакав и китење, кинџурење, си се смеам сега Обетки сакав ептен, и тоа најгломазни што може, најголемите од мајка ми ги обожавав и ја гњавев да ми ги даде, па околу новогодишните празници и лампиони вадев од елка и си ги ставав на уши Многу гледав шпански серии и сакав историски уште од најмала, една од првите што стално ја гледав беше во некој замок од 15-16 век, највише ги сакав ради костимите и пак за онакви огромни фустани сонував Надвор бев срамежлива, а дома се праев водителка, ги имитирав оние лејм квизовите со наслови Брзи/лесни пари и разни емисии со награди, после и онакви со готвење Доста чудно дете бев
Го имав изедено еднаш лабелото на мајка ми. Ги учев приказните на памет до збор на 4 години и кога ќе дојдеа гости ќе им ги раскажував гледајќи во книгата и имаше и такви што мислеа дека сум научила да читам. Ги криев вилиците на баба ми и дедо ми Имав ставено леблебија во ноздрите и се шетав така. Ова се нешта што сите ми ги зборат и на кои прилично се сеќавам дека сум ги направила во суштина многууу палаво дете сум била како мала , темперамент тоа е со тек на време се смирив
- Како ептен мала, околу 2-3 години се имам миено заби со сапун наместо со паста. И се чудев зошто толку гаден ми беше вкусот. -Си ја имам главата заглавено во ограда и пиштев плачев. - Го гледав брат ми каде што падна в кал во каналче каде што течи дождовна вода и не одев да им викнам на моите да го земат па требаше еден човек што чека автобус да го изваде. - Со брат ми и другарка ми заминавме надвор од селото за да се капиме во една река и не немаше цел ден па дојде поголемата сестра на другарката и со прачка не бркаше до дома а потоа кога си појдовме следуваа триста казни. - Кога ќе ме прашаше некој колку е саатот велев на пример, малата сказалка е на 10 а големата на 3. Овие настани како поголемко дете: - Си стоев под бандера каде што имаше седелка со штрк и штркот изврши нужда на рамо кај мене. - Се тепавме со камења или со што и да најдиме со децата од соседното маало. Ние бевме Партизани тие беа Германци. Еднаш ние им го истуривме бурето со ѓубре во нивното маало и им го украдивме кај нас. А тие еднаш ни дојдоа на дожд со мантилите и не бркаа. Опасно беше кога си сам на спротивната територија. Дури имавме обележано до каде се териториите. На секое маало му имавме дадено посебно име. - Се формиравме неколку деца во банда која ја нарековме „Бакуган“ според цртаниот филм тогаш и имавме сопствена база во која секој имаше одредена задача. А исто така и секој беше одредено дете и одреден бакуган од цртаниот. Јас имав задача да пишувам во списокот за членови да водам евиденција кој кога дошол бидејќи имавме и состаноци, правев тестови и ги тестирав другите членови, друг имаше задача да чисти в база, трет да носи храна, четврт да фрла ѓубре итн итн. По улици се движевме ко некој чопор. - Имавме сите поштенски сандачиња направени од кутии за чевли ставени пред влезната врата и во текот на денот си праќавме писменца од лист од тетратка на пример за кога да излезиме (немавме фб тогаш да си пишуваме а помалку интернет на компјутерите) или општо ако сакаме да си кажиме нешто. - Се собравме сите со миленичињата од дома и се преправавме дека се бориме меѓу себе како со покемони. Сигурно имам работи што не ги спомнав ама имав многу типично и интересно детство.
Кога бев мала со една другарка кршевме ќерамиди и си замислувавме дека продаваме црвен пипер еднаш ставив кафе во манџата
Со братучедка ми како мали ги носевме штиклите на мајка ми. Бидејќи не можевме да одиме на нив, со нож сме испосекле повеќе пара чевли и после накрај..
-И ги крадев на мама штиклите, облеките, козметиката и се правев како тетка Ајше да будем.Уште ги чувам сликите. -Сум била мирна ама љубопитна, ме барала мајка ми низ цела куќа кога да ме најде во шкаф во кујна сум се пикнала.Кузнае што сум барала -Баба ми за да јадам палеше салфетки по дома пошто ми беше тоа сатисфакција. -Имам лапано пикавци од улица и како мала и крадев цигари на баба ми и си ги пафкав -Дур мама го редела плакарот јас скокајќи од моето креветче сум се плеснала на подот во спалната. -Цели ѕидови дома беа со мои уметнички дела и скршаници -Еднаш искршив кафен лак на мама и го обоив ѕидот кафен, среќа имавме уште боја за ѕид па префарбав со четката на мама за фарбање коса -Редовно сите улични мачки и кучиња ги ранев и ги носев кај нас на тераса за да и ја кревам на мајка ми косата -Пред некои 4-5 години така нешто се изгубив на одмор.Мислам си отидов на друго место без да им кажам на моите, јас си терав ќејф неколку саати а они ме барале со полиција. -Обожавав да ја плашам мајка ми, ќе се скриев некаде и само БУ..прашање беше кога ќе ми ја лупне една или и гасев светло дур се бањаше -за роденден кај нас во двор беа Биди и Бади кловновите, на едниот му го искинав костимот од радост -Донесов еднаш дома малечко улично кученце со другарка.Го избањавме во када кај мене го наранивме и го греевме кај греалицата моја бидејќи беше зима, после го дадовме на другар да го чува -На еден жолт фустан (како на Пепелашка) што ми беше за 1ви Април му го сменив личниот опис.После први април му ги скратив ракавите и сошив матерјал од мајка ми и шиев циркони.И ги зимав марамите и изигравав Хурем султан. -Секогаш после гледање на некој филм добивав фикс идеи, бев докторка, балерина, кралица, вампирка итн.. -Фрлав храна во соседниот двор дур не дојде комшиката да и каже на мама -Крадев цреши од комшиите и се качував по дрва и никогаш не ме фаќаа додека еден ден не ме истушираа со црево -правев ,,сарми” од листови и кал, чаеви од вода и рузмарин или нане и си ги пиев -го имам шлапнато татко ми по г**от без причина имам уште мал милион глупости за кажување
Како мала не бев така за никаде тоа само во друштво се дешаваше. Братучеда и сестра ми заедно ќе спиеме у соба и по неколку часа кикотење ни падна на ум да го дотераме дедо додека спие. Сите по еден лак у рака и нешто од шминка која кармин која моливче и тргнаме во поход. Утрината слушнавме дека не бил воодушевен од стајлингот. И исто така што нај ми иде во сеќавање преуредување на дневната соба. Ѕидовите премачкани со мармалад од сливи докај што можевме да стигнеме а тепихот со маргарин. Гледка ипол после воспитната седнати со сестрата на по едно ќоше од креветот и слушам само утре пак?
Се качувавме по касите на вратите, пишувавме со креда по ѕидовите во зградата, си игравме пред зграда до максимум, не можеа да не’ соберат дома, се допишувавме со непознато другарче, собиравме сликички, салфетки, украсни ливчиња и писма и шо уше не.
Најголемите глупости ми се десиле со брат ми. Он експериментален глушец ми беше. Кога се роди, бев запрепастена и згрозена од папочната врвца и сакав да ја тргнам зашто мислев е нешто прљаво. Нареден ден, се уфилмав дека ќе сум го носела кај баба ми и дедо ми да им го покажам. На крај не ми го дадоа и љута бев. Кога потпорасна постојано ми паѓаше од раце или ќе ми се стркалаше, а ја од пуста желба да изигравам мајка и да го чувам. И еден ден решив ќе сум го бањала, а моиве надвор со гости и мајка ми кога дојде занеме. Ја брат ми сум го стаила на сред соба, гол и го сушам со фен. Среќа после таква тортура, остана нормален човек.
Имаше една утринска програма која ја гледавме со дедо ми. Го молев да се јавиме но не даваше бидејќи било скапо. Сама дома ја начекав програмата, се јавив, гласот на водителката беше чуден и ја ставив слушалката од фиксниот на звучник од дамнешните дебели телевизори.. водителка мислам дека беше Натали Грубовиќ
Како мала правев торти од кал, и после ги "продавав" на другарчињата. Толчев разни каменчиња, од нив правев разни "зачини" Кога си игравме кај другарчето дома, имаше едни долги плетени черги,се преправавме дека е река и скокавме преку неа, потоа некој несакајќи ќе "паднеше" во неа па го спасувавме. Со помалите дечиња од 3,4,5 години си игравме дека ни се деца, па ги "водевме" по доктори, школи, градинки Поголемите ни беа мажи, па глумевме дека спиеме со нив. Се каравме со "свекрвите" Памтам дека тогаш доста бевме инспирирани од шпанските серии.. Убав период беше тоа.
Како мали..... Правевме продавници од празни кутии и глумевме продавачки, играевме на улица по цело лето до касно во ноќта, собиравме салфети и се разменувавме меѓусебно, правевме креативни писма и ги праќавме во емисијата "на детски начин", организиравме во маало детски фестивали и биравме победници, на 2 пати сакајќи да готвиме ручек ќе ја запалевме куќата со сестра ми, многу чаши кога несакајќи ги кршевме, скришно ги фрлавме на другиот крај од улицата, правевме топки од бисквити во уста и се фалевме кој поголема има, бљак се тепавме редовно со сестра ми, на гости си преспивавме кај другарки, повикувавме духови, игравме вистина или предизвик со шише, зиме правевме огромен снешко во двор со татко ни, секогаш бевме со мокри чорапи и облека од снегот Ахх, денови убави Детство