Кога сум била мала, за макарони сум викала камионки , за Скопје-Шкојпје А внук ми кој има 4 години, вели дека сака да биде ѓубретар кога ќе порасне Интересни му биле тие што собираат ѓубре со камионите и на сите им вели дека ќе биде ѓубретар
Се криев под чешмата, од оние постарите и напред кофи ќе изнаредев полни со вода. Оттаму, со дружината моја - скокање, играње, вртелешки, криенки (и многууу паѓања врз трендафили, играње на сред истурање дожд, се враќав сета во кал). Понекогаш фаќав бубачки и ги ставав само на некои лигави деца, во градинка личев со едно девојче и знаевме да си правиме мајтап, го запомнив патот до кај едно ново маало и се дружев премногу. Овој период никогаш не го заборавам, многу убави сеќавања ми носи.
Дома јас бев немирнито дете ако девојче и брат ми постар. Одев кај другарка да си играм и пред неа живееше разгалено дете ме мавташе со прачки, за неколку год чичко му купи место до нас, тука му вратив брат ми еден ден го сретнал како стое на улица и гледа дали сум у дворот оти имал страв од мене после дојде и мајка му да се жали од мене на мама У школо до 4то на една мајка и секој ден идеше со кафе и она беше омилена, мразев дискриминација и лигавење земав и го скинав џемперот после школо бев учителка на таван у фустан и штикли од мама и на деугарките ставав 5ки на другите кецови и се карав Чичко ми ми донесе сет од Бугарија чешел, чешле,огледало и додека стаса мајка ми од работа ја сите ги пробав и ми се заглави чешел у шишките па се ишишав до кожа Бев мутаво верував дека мене мама у реката ме нашла а брат ми штркот го донел Пред цела рода кажав тато вујна на тебе швалерка ли ти е. Сакав шурнајка да кажам Мразев коа некој за една буква ќе ми го згрешеше името Правев торти со кал, пепел и струготини од дрва и на минусни температури исто сред лето “садев” зелки на 40степени коа немаше никој по надвор шиев на куклите фустани. Не знам како наеднаш станав сериозна и у пубертет чував деца по комшии и многу сакав правила и да се придржуваме сите. 3комшиски и една братучедка чував едно лето заврна ги прибрал дома и кажав да не сте мрднале. Ја да и ставам лубеница, се враќам братучедка ми 10год помала од мене: Дадо Павлето мрдна со раката Пишував вести у тетратка денес почина лицето ХХ ќе биде закопан на ГГБутел. На мама пижамите ми беа плетенки и ги влечев по соба како со долга коса сум. Кога ме шишаа само врвот плачев на цел глас и кој и да поминеше по улица му кажував моите сакат машко да сум затоа ме шишаа Јадев коа сите спијат праз и урда или јаболко и леб Ја прашував мама зошто кучето не зборе и ми беше многу криво… Има уште многу
Како мала … Шишките ги намотав со витлер, ама бидејќи косата виткана и густа се заглави, не можев никако да ја отплеткам зедов ножиците до в корен. Го накривив брат ми
Немав брат ни сестра а многу сакав да имам бев сама тогаш немав друштво ама секако бев палаво дете кое мечтаеше и живееше во голема фантазија која наликувше на бајка додека реалниот живот ми беше хаос Сепак бев среќна и уште поСреќна сум што израснав играјќи си во калта на дождот, правејќи сарма од штафел а внатре песок (и тоа да ти било сарма) Добро е што почетокот на 2000ите год немаше мобилни телефони Ептен бев слаба и имав кратка коса со шишки и поради тоа школските ме нарекуваа "печурка" Ае доста е за моето детство ме фати смеа и малце ностслгија
Зедов на мајка ми чешелот за фризирање ( имаше еден мал тенок чешел и мислам сеуште го има , иако не го користи ) и ќе се фенирав леле кога се заглави во мојата коса што беше до под гз у тоа време .. почнав силно да плачам и викам помош . Кога мајка ми дојде од кујна и ме виде , почна да се смее жената . Држ-не дај , чешелот не излегува .. Ама успеавме од коренот да го донесеме до средината на косата и потоа на шишање . Плачев додека ми ја кратеа косата на фризер , ми беше жал дека долга до под гз , а поради мојата глупавост морав да ја шишам и ми дојде половина од што ми беше .
Беа популарни шпански серии и за маскембал сите девојчиња се маскираа како Касандра само јас се маскирав во докторка. И сега гледам дека професијата сум ја избрала уште во основно.
Се сеќавам еднаш се качив на дрво и врескав на цел глас и одеднаш паднав Еднаш во школо зјапав на прозор и прозорот ко направив се прсти
Леле ме потсети. Брат ми ме описмени уште во забавиште и за летниот распуст пред да бидам прво, ме малтретираше да вежбам пишување и читање. Не ми даваше да мрднам надвор дур не завршам си задачите. Кога тој читаше лектири пред спиење ги читаше на глас и јас да ги слушам. Во училиште тргнав, полна очекувања, што ли ќе се учи? Прв ден, имаме за прв пат час по македонски. Учителката рече денес ќе раскажуваме приказни, кој која ја знае, од сликовница или сл. Еден по еден ги стануваше и децава раскажуваа: Првиот - јас ќе ја раскажам Црвенкапа. Ок, ја раскажа. Вториот- Црвенкапа... ок ајде, сега таа ја знае што има врска што е истата, си викам.. Третиот - Црвенкапа... И сите децава, учителкава ги слушаат децава, како ја раскажуваат црвенкапа ТРИ ПАТИ! Јас у прашалници целата, не разбирам зошто сите само црвенкапа ја кажуваат. И дојде ред до мене, јас у главава листам каталог со приказни, која да ја раскажам сега? Дома црвенкапа, трнорушка и пепелашка и компанија ми беа одамна поминати, досадни дури. Знаев еден куп прикаски..што читани, што раскажувани, што гледани. Досадни или не си викам ако избацам некоја што не е многу позната, ќе испадне се правам важна. И со тажно срце решив да ја раскажам Снежана и седумте џуџиња. Дојдов дома и раскажав збунета. Мајка ми се сети тогаш дека истата задача во прво им ја дала и на брат ми, ама тогаш таа му рекла раскажи ја таа и таа прикаска, мислам Снежана била. И брат ми се збунил. Одамна не ја имале читано и ја заборавил. И дошол дома со плачење кај мајка ми и таа ја барала сликовницата каде е да ја повторат. Не читале веќе сликовници на 7 години. Брат ми тоа го надраснал и барал да му објаснуваат како настанал човекот од мајмун, како настанал светот... Ги заборавил прикаските.
Како мала се сеќавам на вести кажаа дека на кинезите им се забранува да имаат повеќе од 5 деца…. Јас во тотален шок и бунило…..како сега ќе им кажат на штрковите
Јас и неколку други деца ѕвоневме по луѓето на ѕвончето и потоа бегавме. Сѐ по бељите... Само за ќотек бевме сите.
До зградата имаше една јавна институција и во дворот многу убава трева. Игравме често таму фудбал, а стариот директор не бркаше до зградата. Ама многу беше добра тревата.
Како мала многу сакав да си играм со шноли, си ги замислував како човечиња и им давав имиња, ќе си легнев на теписонот и со часови не станував.
Бев многу немирна. Имам многу работи искршено, им криев битни работи што ги бараа и се смеев додека се нервираа зошто не може да ги најдат. После пораснав и во пубертет немав бубачки. Ми поминале во детството.
Како копиљ и се истури на мајка ми ориз и јас го земав и го турав во уши. Кога ме праша што правам и реков полнам пиперки...и одма на лекар ме однесе