Како мал/а.. како мала сум правела се и сешто.Но еве само неколку ситуации ке спомнам.Кога бев мала беше атракција Сам дома и тоа лето со Моите родители и братучедите отидовме еден ден за Дојран.И Не се секавам која беше причината ама сите излеговме од колата и јас викам да им се сријам сега и се скримав и моиве тргнуваат со колата арно на време приметија дека ме нема и се вратија ---- Усте една случка кога ме чуваше дедо ми и јас му викам ке играме мижи мала ама во куката ти брои до сто и јас се скри по креветот и човекот испаднал и надвор да ме бара ------ Како мала и со мојата најверна другарка зедновме неколку салфетки и ги продававме Доволно се овие појаките ке си ги зачувам за себе воглавно се си бегав
Како мал/а.. Јас сум била многу мирно дете, претерано. Мајка ми можела со часови да ме остави и воедно да биде сигурна дека нема да мрднам од таму. Не сум си играла со кукли, не знам зошто. Знам дека сестра ми (која е постара од мене две и пол години) ме гњавеше и „обесуваше“ да си играме со кукли, јас упорно одбивав. И на крај ќе успееше некако да ме убеди. И по неколку минути играње сум почнувала да ги тепам и фрлам куклите, и толку од моето играње со нив. Затоа многу сакав да си играм со сликовници, и по илјада пати дневно ги прелистував и разгледував. Имав едно меченце гумено, малечко и многу слатко, го обожавав него, и нон стоп ми беше во рака, не сум се двоела од него. Му го имам гризнато увцето на крај, му фали мало делче. Бев многу плашлива како мала. Се плашев од се и сешто. Ај што се плашев од кучиња и инсекти....ама се плашев и од автобуси, камиони, луѓе со брада...... Знам кога ќе се шетавме низ град, штом ќе наближеше нешто големо, преплашено се пикав кај мајка ми и ја гушкав. Или кога на ТВ ќе почнуваа „Македонски народни приказни“, во моментот кога на шпицата ќе се појавеше глумецот (со брада, нели) кој секогаш глумеше Турчин (а и е од турскиот театар), се криев позади фотеља, и чекав да помине тој дел. Глумецот имаше брада, ама ич не беше страшен. Којзнае зошто сум се плашела. И што е најсмешно, неколку пати го имавме сретнато низ град И пак бегав, нормално Многу повеќе сум сакала да ги слушам муабетите на постарите, и да поставувам милиони прашања (повеќето од нив не добиле одговор). Се сеќавам дека најомилени жртви за такво замарање ми беа едни пријатели на моите. Бидејќи и двајцата се археолози по професија, секаде по дома имаа слики од ископувања, мали кипчиња, фигурчиња, камчиња...... И мене многу ми беа интересни, и на секое одење кај нив на гости (а не беше баш ретко, многу се блиски со моите до ден денес), мораа да ми објаснуваат кое од нив што е и какво е и приказната за тоа........Отров сум била. Знам моите многу ме караа да не досадувам, ама дете, не се откажував од прашањата. Бидејќи многу сакав да слушам што зборуваат другите, сестра ми пред да тргне во забавиште моите дома ја учеа да чита и да пишува. Јас си седнував на крајот на масата и слушав. И после некое време, сум почнала да ги читам насловите од телевизија. Моите појма немаа дека знам да читам, прво мислеа дека е некоја коинциденција. Многу сакав дедо ми да го прашувам за партизаните. И на одредени прашања се нервираше (а му бев слаба точка) и ми велеше дека многу прашувам и дека знам да бидам досадна. Тоа до ден денес не се сменило, иста сум.....
Како мал/а.. -Ме потсетивте на нешто.. и јас сум била многу мирна, ама ептен, ептен. Да ме оставиш пред тв, нема да се мрднам, а ако ми се приоди во веце, секогаш прашував. Не бев ич плачка. -Секогаш чорапите мораа да ми одговараат со облеката (како и сега), секогаш пред спиење си ги диплев алиштата, секој втор ден бришев прашина (можете да замислете како, после тоа мајка ми повторуваше). Сега сум тотална спротивност. Во 8, најкасно 9 си легнував. Надвор по цееели денови, секој ден со нова модрица, и крв од колено, лакт.. Еднаш бевме на слава, и дојде 9 саат, ја-кома, ми се спие што да ти кажам.. Мамо! Јас зевам! -Добро сине. -Ама мамо јас зевам! -Ако бе сине зевај. -Со другарките ќе си земевме черги, и незнам дали ги знаете тие гаражи-уздолници, скоро во секоја зграда ги има, и ние ќе идеме да се сончаме. Ќе си зимаме креми.. а на тераса искачаат луѓе и не гледаат. Бушевме костени, најдени на земја (ги бушевме во форма на прстен), па планиравме да ги боиме и да ги продаваме. -Се плашев од Дедо Мраз, кловнови..
Како мал/а.. Баш убава тема... Како мала бев машкоданка, се дружев со машките од мало, играв шуто дупе, сервис и џамлии и им се кур**в на поголемите батковцки коа го пракаа брат ми да им купи цигари Исто така се качувавме на зграда и фрлавме кеси со вода на случајни минувачи (а зошто карма ис а бич, пред 1 месец кога идев накај град, така дотерана, ми фрлија мене кеса со вода од зграда и лом ме направија) Седев до многу касно пред здграда во лето играјки си жмурка (за која добивавме фрлена манџа од комшијата од последен спрат) и граница. Многу често одев кај баба, и она ме учеше кои зеленчуци како растат и секогаш кога ке ми речеше да наберам магдонос за во супа плачев викајќи: - Бабооо, пак ми излезе морков. Како помала , сум станувала од кревет во сред ноќ и сум одела со шишето по глава на мајка ми која спие, сум се дерела ТУРИИИИ СОООККК.. Исто така како мала, не сакав да се бањам, па еднаш под казна ме оставија 1 саат во ќош ама јас инатот останав цела вечер и нејќев да слушнам да станам. Како помала кога ме праќаа да купам квасец одев во продавница и цел пат викав квасец, квасец, квасец, (да не заборавам) а кога ке влезев кажував: - Се извинувам, имате пециво? Има и други работи, ама овие ми се најинтересни
Како мал/а.. како мала сум била Богами лошо дете...прво сум била 4 години сама во кука и галеничка на сите,потоа се рага сестра ми и јас не давам никој да се приближи до неа,ако некој ја зема во раце ја од доле со пуштени раце држам демек да не ја испуштат на одмор бањи се знае кој оде со баба и дедо-јас само нека дојде некој друг одма е сум ја ставила сестра ми во количка за кукли и отишла до продавница да купам путанки (наполитанки) ама немам пари-чичко мама ке плати од толку мирна што сум шиена ми е аркадата под устата на брада и коленото (од куче ама сум го закачувала) треба цреши сливи да се берат не се секирајте-Јас сум тука мајмунчето се качува на дрво ама после добива и добар котек...во мала имам другарка која нема ни брат ни сестра и многу сакала со мојата сестричка да си игра па така еден ден силно на сред пат сум и се раздрала: нека ти роди мајка ти сестра а не мојата да ја зимаш и гушкаш и извесен период не сум и давала да влезе кај нас во кука... Кај и да одиме на гости ако ми е се иде во вц: мамо ај да си одиме мене ми се кака,ама чедо овде има вц неееее тука не е чисто сакам дома тргнувам на забавиште цел пат добро таман стигнам до влезната врата јас одма во гаки завршувам работа Тргнувам на школо учителката ми брани со лева рака да пишам и јас нејзе: кога ке го викнам тато ке видеш ти убаво кому ке браниш и секогаш сестра ми до мене кај и да одам,кога почна сестра ми да оди на школо јас сум и рекла на наставничката:јас неможам да дојдам насабајле на школо сестра ми бес мене не јаде и така има уште многу други за сега тоа е доволно
Како мал/а.. ...бев мирно девојче! Каде ќе ме оставеле таму ќе ме најделе. Како единица секогаш имав се, немаше нешто што ќе посакав да не добиев. Бев и се уште сум најмала во поблискиот круг на семејството па уште сум галениче... Моите се погрижиле и ме воспитале убаво, па никогаш не правев проблеми, не се глупирав, не се тепав. Бев едно од поинтелегентните деца од градинка, забавиште, па и се уште! Секогаш омилена кај учителките, наставниците па и сега (мада тоа веќе не спаѓа под поимот „како мала“). Не правев бељи и не се дружев со деца на моја возраст. Во мојата улица сите беа поголеми, добро скоро сите. Имаше и на моја возраст некои. Сакав со сите да се дружам, дури и со помалите. И со сите до ден денес сум во океј односи. Играчки имав еден куп. Сите ми носеа. Се уште паметам која од кој ми е подарок. Ниедна не скршив јас. сите скршени играчки ги скршиле моите другарчиња. Кога почнав на школо, прво второ негде, ги оддлив играчките и половина ги подарив во градинката кај што одев, а половина се уште ги чувам и се уште се еден огромен куп! Еве нешто што мојата сакана кума се уште го раскажува. Без мала, негде три години. Бевме со мама кај неа и таа за да се занимавам ми даде карти за играње, кои одпозади имаа цвеќиња. И нормално дека знаев дека цвеќето е за мирисање, па картата си ја доближав до носот обидувајки се да мириснам. Тоа кумата и ден денес го раскажува. Изгледа ја фасцинирало! Тоа е тоа од моето детство. Не бев палава, секогаш внимавав на однесување (кога почнав да разбирам, а пред тоа мама внимавала за мене ), не навредував постари, не се карав со никого и бев и останав галениче!
Како мал/а.. Смешак у движење со заразно смеење. Ги вадев од памет моите со лажење дека сум голтнала нешто ко мали батерии,коцки,а јас ги фрлав преку прозор,ми беа интересни како паничат. Него шала на страна,кога сум била сама,мирно дете што знае да се заигра,па дури и да си муабети со постарите баш ко постаро,што би рекле постарите старо дете(ај реченицава пробајте ко брзозборка да ја кажете!!!).Омилена играчка ми биле коцки,мразев барбики и кукли и сВе розево,а ги имав куп,мајка ми со надеж дека ќе ме убеди и да го развие тоа мајчинското у мене,ама пустото потешко.Цртав многу,по плакарите со лак за нокти,по ѕидовите со креони и по машината за перење и фрижидерот,во мојата соба со креда по плакарите,по книгите на моите со боици...ептен уметничка душа! Откритие ми беше мастилото и еден ден се деси тоа што беше очекувано,го шлапнав на волнениот бел килим...и така у паника шо да правам,мама ќе си дојде и ...пазете ум,тоа воедно ми беше најскапата беља у живот,ама не ме караа за среќа.Нејсе,со пумпицата од мастилото,фрц,фрц,фрц го направив далматинец за век и векови! Да биде ист!Мајка ми шок кога си дојде,ама детето е подраго,а и наводно сакала да го менува! Се разбира и шминките и чевлите ми беа слаба страна,па си играв со нив често,шмизл! Е у друштво,се женско у мене умираше и бев несопирлива,тешко беше да ме убедат дека сум девојче и не може да се тепаш со машките! И ги командав по улица и ме зезаа возрасните,комадант на четата бандити! Ги организирав да правиме забавни паркови,па со талпи правевме клацкалки,па претстави,абе шо да ви распраам.И некој нормално ќе се налути и се знаеше или ќе го шлапнев да не се лути независно дали мене или на некој друг или ќе му речев ти си лигаво бебе оди си дома и дојди си кога ќе се исплачеш кај мајка ти! Им делев правда бе,што сеа?!Ама секогаш сакав да се дружам со постарите,не ги сакав врсниците или помалите и ден денес ми остана тоа.Се тепав со братучедите и братучетките за играчки,сликовници,сладолед,сок и остала храна!Само у нивно друштво јадев,а бев чепкалка слабуш,ама тогаш,лавовското у мене се будеше.За храна бе еј!Не дека немало,ама ете...инстинкт за преживување! Рано научив да читам,иако бројките ми беа помили и многу сакав да собирам и одземам се додека не дојде денот да го растурам она чудото со топчиња за сметање и да си направам фенси-шменси ѓердан.Дедо ми ме седнал букви да ме учи и добро ги научивме и сега човеков чај да ми направи,јас докачување маркерот и шкрап,шкрап азбуката на стаклото на масата,ама нема везе,ми опрости,радоста беше поголема шо ги знам буквите! Се сеќавам ми текна,абе дете од 6-7 години поезија ќе пишувам,тоа инспирација од зимско рекреативна програма.И песничкава нешо за мама и тато,остатокот не го знам,ама имаше дел,многу ве сакам,ама ептен!Ден денес ме зезаат кога ги гушкам,многу ме сакаш,ама ептен?! Досаден брбливец,и што е ова и зошто сега и како функционира и така и кога подпораснав тро,изигравав мајсторче по дома,поправав.Па поравив еден стар транзистор,тоа нема везе како и сама не знаев,ама ваљда сум ги погодила жичките,ама паралелно расипав фен и видео.Најтешко им паѓаше на моите што најпродуктивниот,инвентивниот дел од денот ми беше ноќта.Па знаев да се разбудам и да им седнам на кревет со цуцлата у уста (патем ја дружев до 5 години) и да ги прашувам за штурците што ги слушам навечер,за останатите бубачки,пеперутки,птици,животни,ѕвездите,месечината и сега со мало дете треба трпение и овие ќејфот ми го праат у полусон мумлаат и јас добро и ќе си легнам и ќе си мислам на тоа и ќе заспијам,а често се дешаваше да ми заспијат у сред муабет (мислам која некултура) и за палците од ногата ги тегнев,мамо мааа,тато беее па кажувајте ми сега,како ќе знам?!Досада жива,вакво дете да имам...ај да не бидам лоша да кажувам,претпоставете дека има нешто ракија,чај од мак или нешто такво у млекото! Ал имав маана,пред непознати ќутев и се срамев дур да се опуштам и тука започнуваше мојот перформанс,од музички точки проследени со играње и пеење до кажување мрсни вицови научени од постарите!Моите од кожа ги вадев! Има,има многу ситуации и глупости на кои не ми текнува. После пораснав се уозбилив,се запустив,тоа е! Продужив да доразвивам некои таленти кои и ден денес ги негувам и тоа е се што остана од детството,а и кога нешто што многу сакам го правам со детска радост,друго малку потешко.
Како мал/а.. Како мала имам правено многу глупости. Сама и во друштво. Сега прво од овие сама што сум ги правела глупостите: -Сум била кај баба ми и дедо ми на гости, и ајде време за ручек.И дедо ми таман да седне сум му го тргнала столчето и паднал на земја сирот човек -Исто ова кај баба ми и дедо ми, дојде еднаш на дедо ми сестра и мајка ми миеше двор со црево, и јас го земав цревото и ги натопив на жената влечките и после се сокрив сосе влечки и ме бараа пола саат (ако не и повеќе) -Ич нејќев да одам во градинка и еден ден со едно дете избегавме и се криевме во парк, и воспитувачките не изнакараа кога не најдоа. -Ѕидовите дома ми беа уметнички дела зашто ги шарав со боици, шминки, што ќе стигнам. -Кога се роди сестра ми сите неа и обрнуваа внимание, и еднашка лажев дека ме боли стомак и ме носеа во болница зашто мислеа дека имам слепо црево. -Еднаш си шприцнав дезодоранс на половиов орган и се туширав на секој пола саат и цел ден ме печеше Сега од овие групниве : -Со братучедите еднаш отидовме позади куќа на вујко ми, и земавме пикавци божем цигари и заградивме со столчиња онакви пластични и вујко ми кога не виде ќе не заколеше. -Со братучедка ми стално џускавме и пеевме на Фанки Џи, Џогани, Жељко, и сите оние од Гранд. А, да и Жаде беше актуелно тогаш па и трбушњи плес игравме. -Плетевме алки од вуница и ги продававме на улица, и само едно дете го прелажавме да ни купи. -За време на едо лето, дојдоа братучед ми и братучедка ми кај мене, и ајде ќе слабееме се изнаоблековме 23297428 џемпери и блузи, се завиткавме во 2 ќебиња, прекривач и јамболија, за да се испотиме за да ослабнеме де. -И да, научив да читам уште на 4 години, и пред сите се правев важна И ова како мала навики: -После градинка секогаш ја гледав Пепелашка. -Секоја вечер јадев варени виршли и јајца. Спојлер И ова од есеноска случка, не бев баш мала : Идам кај тетка ми и отидовме со другарки навечер нa улица да играме жмурка.И сеа јас и уште 2 до продавница да идеме и ко божем да не не видат се пикнавме кај тетка ми во двор.И сега да искочиме, викам ај не од порта, ќе не видат, и отпозади се прекачувавме преку жица, толкави крави и како резултат јас скинав фармерки и искрививме жицата и после ја исправуваме 15 минути
Како мал/а.. Малце замарам, али памтам секој ден по незнам колку мастики купував со сликички.. И ги лепев на еден фрижидер-замрзнувач. Ама тотално цел беше со сликички. ----_---_--______-------_---_---- Е вака ми беа редени, искучително во „прави линии“. Еднаш бев на гости, и облеков штикли.. Арно ама ептен малецко сум била, и сум го удрила ќошот на окото, во шпиц на маса! И ден денес кога се смеам, ми се познава некако како белек, мал. Исто и ние правевме алки, па се теравме кој ќе ги држи конците, а кој ќе плете. И мене ме нашле таква, и само им ги држев. Живеам во средно-висока зграда, и со другарките, чекавме да дојде приквечер, и да се качуваме до најгоре, без светло. Леле, сум се мочала во гаќи. Кога ќе врнеше дожд, и ние ќе се соберевме, и на улица со креди ќе цртавме сонце како грее. А кога ќе завршевме, бевме цели накиснати. И после некако мистериозно ќе престане да врне дожд. Ако не одма, барем после 3-4 саати.
Како мал/а.. јас еднаш го зедов брат ми и го одвлечкав и го ишишав скроз на нула позади врата, јадев ќотек многу памтам за ова, а само еднаш ме имаа истепано мојте и токму заради новата фризура на Томче.... на мајка ми сум и пеела : "сретнав една Данче, слатка Данче..." (инако Даниела се вика) хахахаха страшно... и ова памтам, еднаш со братучедка ми јадевме лубеница и излеговме надвор и марширавме низ цело маало дерејќи се: НИЕ ЈАДЕМЕ ЛУБЕНИЦА!!!... хахаха
Како мал/а.. сум правела ногу глупости како мала,ама неможам сега да се сетам само да кажам кога ќе сум скршела нешто за се сум го обвинувала моето куче.. -Како може јас да сум... кучето беше..
Како мал/а.. Ех детство..Секогаш со насмевка го поздравувам сеќавањето на тој период. Сум била бебе со крупни сини очи кое своите први зборови ги упатило кон ѕидните слики. Од 3 месеци сум спиела со баба ми..А спиев до 14 години со неа. И таа ми беше како втора мајка, во иста куќа живеевме, не сум можела без неа. На 2 и пол години ме запишале во градинка, од која после неколку дена сум побегнала. Знам, ќе се чудите како едно скоро 3 годишно детенце избегало од градинката и отишло на автобуска станица да ја бара баба си, која тогаш беше наставничка во едно село Се сеќавам како низ магла на еден чичко кој ме праша што правам тука, имаше кадрава коса и шарена кошула ставена во фармерките високи до струк, како што се носеле тогаш. Обожавав кога цела фамилија ќе се соберевме во нашата заедничка летна кујна да лупиме пиперки за ајвар Многу сум зборувала, не можеле да дојдат до збор од мене и сум измислувала некоја фамилија и цело време додека се лупеле пиперките сум зборувала за нив Тетин ми и ден денес кога се прави ајвар ме потсетува на тие приказни и ме прашува што правеле Стевовци (измисленото презиме, Бог знае од каде ми текнало) . По цел ден ги гледав цртаните филмови на Дизни. Наредниот ден сум била Пепелашка, Ариела, или некоја друга принцеза и сум ги глумела изгледаните цртани. Дома секој ден имале театар Баба ми дури ми соши и една перка како на Ариела, која сум ја носела и на плажа и сум пливала со неа во вода (што бруки сум била еј ) Едвај сум чекала да се емитува на МТВ1 Бушава Азбука, Дајте Музика и Во светот на бајките. Понекогаш си зборував сама. Сакав да бидам невеста, глумев и тоа. Мајка ми имаше една пепелјара која мене ми наликувала на круна и сум ја ставала на глава, демек се венчавам во црква На една покана за свадба што сама сум ја направила, а мајка ми ја чува, пишува: "На ден 16.18.1995 година ќе стапат во брак нашите деца...". Многу сум цртала. Сите мислеа дека од мене ќе биде уметник. Првата другарка од маалото со која се дружам и денес ја запознав на 5 години. Кога брат ми се роди имав 4 години и бев многу љубоморна кога ќе дојдеа гости и кога ќе го држеа во раце. Не знам како останав со коса кога потпорасна, секој ден ме тргаше за коса..кутра јас Во маалото бевме само 4 девојчиња, сите други деца беа машки. Крадевме сливи и јаболки од дворовите, си измислувавме игри и по цел ден игравме...Брзгрижни дечиња. ... Од детството имам многу слики...А секоја слика си има посебна приказна. Затоа и погледот на една слика може долго, долго да ме задржи
Како мал/а.. Бев мало лошо дете (мало=закржлавено, не доволно развиено, помало од врсниците) а лошо инфрид, некој не сакав освен тато. За мајка ми велев дека била како вештерката од Снежана (не ме разгалуваше ич и морав така да зборам ) а брат ми и бил тој помошникот, татко ми бил татко и на Снежана а јас Снежана . Многу се глупирав и плачев за се, а сите дома ме тинтраа и разгалуваа, не од што ме сакале туку мораа татко ми не дозволуваше некој да ми повиши тон а не па да ме удри. И јас со таква позадина, правев глупости на тони. Мислев дека сум Индијана Џонс, па со братучетка ми одевме по некои запустени ливади и куќи „баравме богатство и освојувавме нови предели “. Играв жмурка со поголемите (брат ми кој е постар 6 години) и еднаш се скрив во една куќичка на едно куче, што ли сум мислела незнам, како се пикнав и тоа незнам само знам дека никој неможеше да ме најде, и брат ми од памет се извади зошто беше темница а мене нигде ме нема. Со братучетка ми се криевме во една нивна плевна(простор за чување слама, сено и жито) и од таму со дијаболи ги гаѓавме луѓето што поминуваа по улица. Се закачав со сите, и никој ништо не смееше да ми каже зошто јас одма на бато ги кажував, а бидејки тој беше поголем сите се плашеа од него , и бев како некој индијанец сегде јас ги водев другите а такво мало, ситно да ме дувнеш ќе одлетам. И имав нон стоп кратка коса, недге до 4-5 одделение, не дека сакав, туку многу фаќав вошки , моите за викенд ќе ме исчистат нема ништо да имам во понеделник се враќам од школо полна главата бубачки(така ги викаше мајка ми). И ќе ме земе братучетка ми, ќе и легнам во скут и по цели денои ми ги требеше, зошто никако другачие не смееше да ми ги вадат. Имав преубаво детство, со еден исклучок и немил настан, но воглавно убаво е да си дете, од сосема поразличен агол гледаш на работите, поинаку ги доживуваш и прифаќаш а и немаш никакви грижи за ништо, сакам пак да сум дете
Како мал/а.. Леле ако почнам каде ќе ми биде крајот ... Јас бев дифтар(така моите ме викаат) Ај ќе пишам некои побитни работички. Прво не сум заспивала ако татко ми не е до мене и да го држам за уше. И ако ми било топло морал човекот да ме лади со маица, и да брка комарци и муви од мене. Сум го мачела од мала де. Мајка ми имала долга коса, и еден ден се ишишала, сум рикала со денови од плачење и ич не сум ја сакала само кај татко ми сум седела. Сирота жена, уште тој период како траума го доживува кога збори за тоа. Сум плачела со денови за некое бимбаче па бимбаче, моите 3403240 играчки ми купиле, ама бимбачето го немало, додека еден ден на тевизија цртан со кенгур и јас скокање бимбачето бимбачето, и татко ми го снимил на касета, заедно со неколку епизоди од биушава азбука и дајте музика и секој ден ми ги пуштале, а јас малку приглупа не сум приметувала и сум си гледала среќна секој ден Брат ми ич не сум го сакала зашто плачел и не сум можела да спијам. Сум ги терала моите во контињер да го фрлат, сум го бутнала од лулашка ... се додека не го засакав па станав сестричка ангел. Добро и уште еднаш во снег го закопав... Имам еден комшија, и јас секој ден киндер јајца морало да јадам, па тој ми рекол да им фрлам на кокошките од комшиите ќе ми снеселе повеќе и јас бап двете јајциња од двете рачиња сум ги фрлила и сум чекала да ми снесат уште кокошките. Не знам зошто не сум дочекала. Сум се избањала еднаш во кал, пак ме намамиле, безобразие, си играле играчки со мало дете. Еден ден тато ме чувал и сме спиеле заедно, надворешната врата била заклучена, ама јас бандитот сум станала сум земала стол, сум отклучила, сум излегла надвор, сите можни цвеќиња што ги имала мама сум ги набрала, и сум ги редела по татко ми. Цела дневна со цвеќиња... Мајка ми вика кога дојдов и го видов татко ти цел во цвеќиња, и цела дневна во цвеќиња, а ти стоиш и го чекаш да стане, не знаела дали да плаче или да се смее. Одбрала да се смее полесно било После, татко ми ми купил огромен пинк пантер, зашто многу сум го сакала и сум вриштела зашто бил поголем од мене. Сум начекала кибрит, и оп позади врата сум му ги запалила нозете да го смалам ... леле кога видела мајка миии ... абе таа жена сирота со мене што трпела. После едно дете од школо ме навредило, дека имам чудно презиме, и јас оп каменот по глава и му ја дупнав, па дома ми дојде со неговите ... срамови ама не може така он со мене. Послеееееее, со татко ми сегде сум одела, на стадиони, утакмици, натпревари секакви, на работа, со комбе и камион ме возеле. Јас сум била срце паметно и сите ме сакале. После си имав долга убава коса додека не ми дојде една идеа да се шишам самата ... па личев наааа ... не кажувам што. Уште еден шок за моите. Имам скршено рака, т.е ме сопнаа едни другари а јас возев без раце, имам пукнато аркада и не им кажав па кога ме видоа ... леле леле. Во 4то или 3то бев благајник, и на мама и украдов 500 денари за развигор зашто сум ги изгубила, е тогаш јадев ќотек, ама не сакав да и кажам ми беше страв. После се откажав од благајништво а мама ми прости. Сме имале кревет на два спрата, јас од горе шлааап директ кај мама и тато на спална инфаркти им задавав ... И сакав да си играм докторка, бибилиотека и наставничка. Сакав да бојам, и имав симпатија уште од забавиште пошто во градинка не одев вриштев татко ми кога ќе ме оставел, инаку и таму ќе сум си нашла некое момченце... Сега сум мирна, иако и покрај се, моите викаат дека сме биле златни деца. Секогаш мирно сум спиела ... не сум плачела како бебе ... не сум била премногу размазена ... и сум била мазена и сакана. И брат ми исто само тој повеќе плачел. Јас сум едно девојченце од страната кај тато па не да сум разгалувана лелее ... цели купишта играчки имав ... се имав се ... и само киндер јадев, тоа го памтам и јас сама. И сум имала свој јазик на кој сум си зборела, а од 8 месеци сум трчала и сум дрдорела како навиена. Често ми викаат од 8 месеци кога прозборе до сега уста немаш затворено. Па толку, ако ми текне уште нешто ќе допишам некогаш.
Како мал/а.. Како мала сум била прилично палаво дете но секогаш сум ги слушала мама и тато што ќе ми речат, може може, неможе неможе. Пред нешто да направам се сум прашувала. Добро не баш се Бев машкуданка, повеќе со машките си играв џамлии и некои машки игри, а на девојчињата им се смеев и им викав глупи! Кој да ми купеше кукла ја глава им ја вадев. Кога ми се јадело сум плачела и одпрвен не знаеле што ми е ама после знаеле, па полно меше мирно дете. А колку сум била мирна доказ се и трите дупења на глава Имам паднато во дупка за бандера, дента ја копаа дупката за другата ден да ја стават и јас јака сум ќе ја прерипувам дупката и како што бев таму најситна и најмала од сите јас паднав во дупката, фала богу рацете ми беа надвор и еден чичко ме извади одма, јас си одам кај баба цела кал и се смеам и баба испаничи леле што ми се случило, ова она и дрн дрн и јас онака смирено бабо ма па паднав во наа дупка кај шо ќе го ставаат тоа стубот а баба ми ИИИИИИИ како добра ли си леле шо ќе им кажам на мајка ти и татко ти леле. А јас смирена сум си Не сакав никој да ме носи и зима од градинка само тато. Ако не дојдеше тато јас не си одев . и имаше едно дете од градинка што си го сакав многу и он мене и стално едно до друго ни беа креветчињата и сите спиеја а ние мислевме како да ги разбудиме а да не не видат воспитачките па така и двајцата се преправавме дека спиеме и едниот ќе почне да плаче демек па другиот ќе му помогне и сите деца ќе ги слушнат Живееме во зграда но пред вратата имаме голем ходник и секогаш се возев тука, и еднаш ми беше досадно па решив да се симнам до долниот кат и онака по скали со точак и превртување и седнување на цименто и смеење на цел глас Избегав во прво уште, не сакав да одам на школо и имавме одмор, наставничката стоеше со друга наставничка и јас ташната и дома, школото ми беше преку улица, и наставничката ме барала ме барала, а ја дома кажав порано не пуштиле ама па другиот ден наставничката го сретнала тато и му кажала дека сум избегала. и следуваше тоа што треба Во трето ме опоменала наставничката оти многу сум зборувала И од тогаш тато не е на родителска отиден. Беше Касандра популарна и имаше сликички со неа и нас цел фрижидер ни бил со такви сликички И сме го делеле со сестра ми пола мој пола нејзин и стално се каравме вој дел е мој, не вој е мој, и еден ден ни текна со фломастер си го поделивме А јас најмала и галена од сите и шо сум сакала тоа сум имала. Сестра ми секогаш сум ја кривела за што и да направам, она е крива тато ја не Многу главоболки сум им задавала на моите. Епа тоа е тоа, сега тоа ми текнува.
Како мал/а.. -И извадов муабети на комшивката дека има швалер ,а таа кутрата срам и беше маж и да го фати за рака Ама деца ,сите си кажуваа срамни работи ,морав и јас И демек сум ги видела кај што се сексаат во некоја нива ,па гаќите и биле валкани и фрлени низ тутунот некаде ,па блузата и била партали направена ... Жив срам ! Па уште кога дозна таа дека јас го имам измислено тоа сето ,и идеше да ме акне од земја ! -И ги зедов влошките на мајка ми и бидејќи не знаев за што служат ,си направив креветчиња за барбиките . -Еднаш мајка ми ми купи портокалови хеланки со мечиња ,а јас сакав исти такви ,смо виолетови . Ги облекувам на мене и ме фати склет зошто не ми ги купила виолетовите и и велам на женава да ме качи на врат и да ме шета низ соба . Ме качи што ме качи и јас за инает и се помочав во врат И после и кажав зошто
Како мал/а.. Ја уште од кога сум родена во болница сум ги мачела докторите хехе.. Бидејќи сум родена пред време и цел месец сум била во Скопје во инкубатор.. и секогаш сум испаѓала од него .. односно од тоа место во инкубаторот кај што лежат бебиња.. и докторите секој ден морале да ме враќаат и понекогаш да дежураат. На 5 години многу гледав цртани.. цел ден само тоа и на баба ми и здосадило и ми кажа да го исклучам телевизорот бидејќи се трошело струја.. а ја голем ЕКОНОМИСТ и сум ја послушала. И доаѓа братучедка ми за нова година и ја не и давам да гледа телевизор да не троши струја. Баба ми никаде не ми даваше да одам, а ниту да викам другарки. И другарка ми дојде и ме викна да излеземе се собрале цело мало со барбики и си играат и баба ми не ме пушта застана на вратата и ја ја уапав и си избегав.. Потоа ми го покажа местото кај сум ја уапала толкава модрица . Исто така си имав едно маче.. кутрото тоа.. го виткав во пелени и ми беше бебе. И еден ден ми текна да го дотерам малку и ги зедов шминките на мама и целото го нашарав. два кармини и потрошив и после со парфем го намирисав хахаха.
Како мал/а.. Еве се сетив на нешто кога сум била мала . Имав окули 2-3 години.И тогаш сме се преселиле во нашата нова куќа.Мајка ми ме одвела до аптека и многу сум зборувала и една аптекарка ме прашала каде живеам.Јас без да размислам дека таа мислела во кое село ,населба и реков ''Еее во новата куќа''