1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Како мал/а..

    Како мала бев најсрамежливото глупаво девојче :D

    Баба ми ме однесе прв пат во забавиште/градинка (како иде точно незнам) први бевме и таа учителката ми вели седни каде сакаш и цела година таму треба да седеш, а јас од срам да направам еден чекор седнав на првото столче што беше до мене иако не ми се допаѓаше местото и потоа цела година го мразев тоа место бидејќи ништо не гледав кога учителката ни покажуваше нешто од книгата :tmi:
    Понекогаш доаѓаше некој родител да не земе со кола, и дојде татко и на едно девојче со кого не зборев скоро ич и ме викна и мене во кола, јас се качив и човекот го поминува местото каде живеам а јас од што ми беше срам не му кажав да застане. И викам ај може на погорната улица ќе ме симне. Таму симнува едно девојче и вика ајде **** симни се а јас бидејќи не го кажа моето име си останав во кола :rofl: си се чудев цело време кај ме носи и како да му кажам да застане да се симнам, на крајот излезе дека татко ми бил кај нив, па и јас сум требала таму да одам, многу мутаво дете сум била тој период :D

    Една братучетка во II одд. ми ја направи најглупавата фризура што може да постои со милион шноли на главата и и реков дека ми се допаѓа од што ми беше срам да го кажам спротивното. Моментот беше кога ми рече дека за на школо ќе ми ја направи таква :tmi: Незнам како отидов на школо тој ден, дури и едно девојче дојде да ми каже дека фризурата ми е катастрофа :rofl:

    Исто во II одд. другарите/ките на одморите играа на некои песни во училница и јас сакав страшно многу да играм со нив но срам ми беше да станам да им кажам дека и јас ќе играм :tmi:

    Како помала и помалку срамежлива, кога сум одела со моите негде на гости и кога ни ставале сок секогаш сум викала аа јас не пијам газиран, за мене густи. Во овој случај сум ги засрамувала луѓето во кои сум била на гости, воедно и моите :D

    Тетка ми ич не сум ја сакала, сум ја терала да стои позади врата кога ќе ни дојде на гости и да гледа во ѕидот или нагоре :wasntme:
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Како мал/а..

    Како мала бев многу умна, па сега останав малоумна :$

    Шала на страна, како мала сум слушнала-недослушнала, и сум и рекла на мајка ми дека кога ќе имам односи нема да ги соблекувам гаќите. Културно дете :D
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Како мал/а..

    Избегав од дома на 5 години и тоа поради една барбика .
    Таа беше скапа ,околу 600-700 денари и мајка ми немаше можност да ми ја купи ,па за да бидам до неа ,а да не ми биди купена ,јас си појдов пред бутката и си ја гледав со часови ,додека низ град цела полиција ме барала :rofl:
    И на полицаецот му дадов лажно име ,ама точна адреса :rofl: Идиотче :rofl:
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Како мал/а..

    Уште ова..
    Како мала сакав да имам целулит. Целулит бе целулит! Кај ми бил паметот |(
    И секој ден се проверував пред огледало дали ми излегол целулит. Да знаев тогаш дека се појавува и од неправилна исхрана сигурно само тостови ќе јадев :D
     
    На Aleks96 и Meggy им се допаѓа ова.
  5. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Како мал/а..

    кога бев мала.. ама ич не памтам..
    памтам само дека еднаш koga се јави тетка ми на телефон и вика Христос Воскресе и јас : Аааааа да да знамм..:)
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Како мал/а..

    Како мала...
    Секоја вечер кога моите ме заспивале морале со саати да ме носат низ соба и да ми пеат приспивалки, јас да ги гмечам за ушето :lol: и обавезно барем 10мин. да ме носат како месо. Така го викав тоа и притоа татко ми или мајка ми да викат полека „ајде, месо продавам!“ |( . А јас префрлена преку нивното рамо со главата и рацете надоле цела окезена. :D
    Ич не плачев во градинка. Воопшто не бев плачка. Си јадев таму, спиев кога требаше да спиеме, си играв
    кога требаше, никој не сум закачала. Со воспитувачката се имаме до ден денес. Одиме на гости, таа доаѓа и секогаш кажува дека кога сум била мала она ќе кажала некоја песничка и јас како сум ја запомнувала не знам, ама одма после неа цела сум ја кажувала. Чудно и бистро дете сум била.
    Во маало бев една од најмалите, ама не најмала. :!: Ее, колку пати на другарка ми (оти е помала) ја имам удирано шамари за да си играме јас што сакам или ако се буни нешто.

    Па, со другарките од маало имаме кинато цветови, ги завивавме во партал со цвеќиња и он беше и ги продававме. Па, едни комшии ја беа сечеле палмата што им беше во дворот, ама без корен. И ние итрите, ја земавме, ја туривме во еден убав голем цреп и го продадовме на една жена за 100 денари. :D Жената, ако го е земала да го пресадува кога го е видела без корен претпоставувам се шокнала.

    Си имаме играно со песок. Па еднаш кога си засукавме ракавите, земавме една кутија, ја исековме на тенки долги парчиња и од песок правевме торти и ги стававме на картонот (картонот беше подлога де), па одозгора им имаме ставано листови за украс...
    Па, едно дете секогаш носеше ножеи, штрафцигери, а ние силните, секогаш го мававме со нешто друго. :D Ама јас многу се плашев од него, иако бев поголема. Еднаш дури ме плукна во рамо, после јас на него го плукнав и трчав во двор мама да дојде да ме измие.

    Играчки имав многу. Многу мечиња, кучиња имав на брат ми што се купувале, а татко ми кога одеше за Турција обавезно ми носеше барбики. Ех, колку беа убави. :mm: Ама, пуста јас, сиите до една ги истрижав, голи глави ги направив. Сега немам ниедна, за спомен, освен неколку кои ми се купени кога подпораснав. И толку беше ерата со барбики. Понатаму ако сакав, не ми купуваа. До душа, пошто немам детска соба, нема ни кај да ги ставам.

    Една случка кога сум била мала. Јас сум била 1 ипол година и за Божиќ мајка ми мене и брат ми не однесела во црква, ама во Католичката, оти таму секој Божиќ стават статуички со јагне, Исус, Марија, тројцата мудреци итн. и секогаш е убаво украсено. И таму има калуѓерки и оние пеат, а и луѓето си пеат литургијата. И јас гледам сите пеат, па и јас кога сум почнала „Еееелко, еелко, порасни уште две три педии...“ и мајка ми ќе ме смирува, јас пак „ееееелкоо, ееелко...“ и мајка ми видела не видела одма не земала и сме си отишле. :lol: Која пеза сум била.

    Иначе, мирно дете си бев. Онака. Ама, секако дека ги имав оние „бубачки и црвци во газот“ :D . И стално си дрдорев.

    А, кога одевме на гости кај на мајка ми прв братучед, он секогаш ме дигаше нагооре, ме вртеше и јас многу се плашев и бегав.

    Имав убаво детство. И уште си имам. Имам правено безброј глупости. Коолку пати си имам доаѓано дома со крв на колениците и лактите, па баба ми секогаш ме превезуваше. Па, секогаш и поплукнував на местото кај што паѓам и велев „Да си најдам паричка“ и ако случајно на некој му паднал некој денар од џеб јас си викав, тоа ми е паричка шо паднав и си ја зимав.
    Ама, како иначе ќе се памти детството?
     
    На Aleks96, booble.girl и LadyDaget им се допаѓа ова.
  7. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Како мал/а..

    Како мала, си замислував дека сум некоја опасна „домаќинка„ и се шетав по улици со крпа на глава (коса ми беше тоа :tmi: ) оти бев кратко шишана, одозгора невестински шешир од една комшивка, фустан, штикли и пушев пикавци шо ќе ги најдев по пат :puke: Замисли бе,гнаса.
    Сум кажувала на сите дека имам 8 деца, дека маж ми е пијаница, па затоа и „пушам цигари„ од мака :fubar:
    хахаххаха Бог да чува и да брани :x
     
    На Unfaithful18, Aleks96, booble.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Јас сум била мирна, ама морам да кажам за брат ми.
    Често си шеткаше гол по дома и еднаш излегол на балконот, застанал до оградата и го измочкал работникот што работел доле. После дојде и се расправаше со мајка ми. Бруки.
    Исто, излегол пак на балкон, а мајка ми имала долен веш ставено да се суши и тој си ги собрал гаќичките, прслуците од мајка ми и што уште не и расфрлал се по балконите од комшиите. Дојдоа после и сами си ги донесоа. :D
    А ми текна и за мене :) Порано моите не носеа кај баба ми и таму со братучедите правевме многу глупости. Еднаш излеговме на тераса, а под неа имаше кафиќ и како дворче каде што седеа луѓето. Баба ми во вреќи чуваше оревчиња и ние ги користевме за гаѓање. На еден во кафето му погодивме. :lol: :lol:
     
  9. eli2622

    eli2622 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Како мал/а..

    Мирно бубаче ...сум правела разни глупости не викам не... на пр на баба ми цел скуп комплет за облекување сум го исекла со ножички хухуху за барбики алишта правев.. мајка ми кога виде ми рече пази се од баба ти сеа .. хухуух ..сум јадела све што ќе стигнем... Кокошанца ( измет од кокошки ) - Лудача...А еднаш кога сум се враќала од школо , забавиште бев ,ми текнало да пројдем од другиот пат за накај дома.. а моите паника ги фатило зошто ме нема .. Кога ќе излезев да играм од 9 сабајле до 9 навечер не се враќав дома .. Од улошки сум правела кревет за барбики ..А кога сум била ептен малечка во дубале, ни било слава а моите све наместиле на маса и ја чаршавот сум го тргнала и све доле ПљааааааааааааааС!.а за даска за пеглање алишта сум ја викала кЉик КЉак ама таа помалата за ракави и секогаш сум барала дајте ми го Кљик Кљакот а моите не знаеле шо е тоа .. ХД за портокал - патапал , за кечап - кепач , за мајонез- манојез . и др др др разни работе не ми текнуваат во моментов.. ќе си допишам ако ми текне.. :D :D :D :D
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Како мал/а..

    Како мала (а сега големата :wasntme: ) второто име ми било Багабонт.
    Уште не сум знаела да одам и ме ставиле моите во количка. Доаѓа една комшика требаше да оди на свадба и беше во кошулка со 101 копче. Јас мирно детенце сум си дремела во количката и сега она се наведнала накај мене и јас сум ја поткачила за кошулата и останала без копчиња. Па кој ја терал да се наведнува.
    Многу често тогаш одевме во Жито Лукс денешна Вегера чинам (кај Чичко Стоилко таа) и јадев секогаш пастрамајлија. Со мрсни раце им лупав на тетките по стаклата. Таман се разработиле, занесени во работата, доаѓа Ани од таму затрчана и баам во стаклото.
    Имаше на Бит пазар едни мали фармерчиња. Мали ко за детенце од годинка ипол, можеби некој се сеќава.
    Моите вртеа цели кругови само за да не дојдам јас до таа продавница, бидејќи многу, многу, многу, ги сакав тие фармерчиња, но мали беа и плус не беа на распродажба, само на излогот беа.
    Многу сакав да гребам. Само некој да ме чепнеше и одма ноктите забодени во лицето.
    Чичко ми секогаш кога ќе дојдеше кај нас на гости си одеше дома со некоја гребаница плус.
    За брат ми не правам муабет. Секој ден со 5/6 гребаници. И сега има по некоја лузна.
    Обожавав да им ги кријам кондурите на гостите. Кои во плакар, кои позади кревет и дури еднаш дедо ми (кој не е од Ск) си замина без јакна.
    Сум си имала навика да го викнам брат ми во соба и јас ќе си земам некоја чашка и ќе ја скршам. Доаѓа мајка ми да види што се случува и јас: Бато го направи тоа. :wasntme:
    Сум собирала разни инсекти и сум му викала на брат ми: Бато земи.
    Една од најважните работи е кога му ја дупнав на едно дете главата.
    Ама не бев јас виновна! Па не го терав јас да игра во паркот каде што играме ние.
    Сите маваат по децата од паркот со капачиња, со мали стапчиња, а јас паметната земам каменот, им се приближив и каменот заврши кај детето во глава. Сите бегаат кај нас дома, а јас виновникот си одам полека. Еден кога ме фати за блузата ме крена од земја, добро е што мајка ми беше тука.
    Имавме навика со една другарка да правиме демек храна од тоалетна хартија натопена во вода.
    Така си земавме повеќе пластични и 3 тоалетни и правиме тарана. Тоа тече по регалот, ние важно тарана правиме. Кога дојде после мајка ми имаше што да види.
    Во забавиште имав симпатија и кога ни ги даваа сликите каде што се имавме сите сликано, на/до неговата фаца секогаш ставав цветче искорнато од парк.
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Како мал/а..

    Па како мала не бев мн дрнато дете...Се сеќавам на улица си игравме и имаше едно место со камења а подалеку едно ѕидтче и сеа јас сакав со камењата да мавам кај тоа ѕидчето ама таму стоеше едно дете и му викам тргни се ќе мавам со камењата а детево не се трга и пак му викам тргни се ќе те удрам и овоа не се трга и коа го фанав најголемиот камен и право у глава му го ропнав...и му ја дупнав главата :tmi:
    Детево коа почна да рика да плаче леле и јас фаќам се кријам за тато да не ме тепа и испаѓа тато ме бара и ме најде и си викам леле сеа којзнае колку ќе ме натепа и он како шо сечеше дрва ја фаќа пилата иде и ми вика уште еднаш ако направиш некоа глупост ќе ти ги исечам раците :D
    И после одев му се извинуев на детево ама еедна недела сепак бев казнета да не одам на улица :)
    И се сеќавам дека со братучетките коа идеа се собиравме во вецето и таму седевме по 1 саат си праевме муабет па едната моча па другата моча па третата моча и така си се мењававме :D И секогаш не зафркаваа дека тоа ни е детска соба :D
    Ахх да и цело време се тепавме со братучетка ми за се буквално за се....и идеа сестра ми и сестра и како поголеми да не смират па и они почнуваа да се кичмат :D
    Еднаш јас сестра ми братучетка ми и сестра и одевме накај нив дома и беше зима и сестра ми и сестра и изиграваат мајки и почнаа да се соблекуваат па ни ги ставија нивните шалови капи нараквици капути на нас за да не ни студело мајки изиграваа...и така ја и братучедка ми си се топлевме а они се мрзнеа :devil:
     
  12. taylor.swift

    taylor.swift Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    Како мал/а..

    како мала место срце сум викала цице и на мајка ми и сум викала мамо знајш оти те сакам оти си цице и дека сум цицала до 2 години еднаш сум си играла со коцки и имало кај нас другари од татко ми и мене ме текнало сум станала и сум и ја тргнал на мајка ми блузата за да цицам :rofl: :lol:
     
  13. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Како мал/а..

    На прашањето:Тато тато ај бе кажи ми нешто што сум правела како мала и јас да напишам....
    Одговор:Јас ништо незнам мене ме прашувај ме :( :( :(
    ОЧИГЛЕДНО СУМ ПОСВОЕНА :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :?:
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Како мал/а..

    Како мала не сум се викала С... сум се викала ЛУДО :D :rofl: , и можете да замислете какво лудо сум била де со чалма на главата од градинка, де со скршена нога , де со скршена рака, де истрижена шо да ви кажам многу сум била немирна, пу пу моите деца да не бидат како мене :D
     
  15. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала, главна занимација кога сме биле на гости кај вујна ми и вујко ми ми било ,,катапултирањето,, на нивната мачка што е можно подалеку. :) :) Среќа нејзина е што не сум до толку бездушна и што гледав да падне на троседот, иначе... :wasntme: :wasntme:
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Како мал/а..

    Леле, што ми текна, седам и се смеам.

    Кога бев мала, 3-4 години, бевме на одмор во Дојран, јас, мајка ми и две тетки. Мајка ми, да речеме дека во тој период, имала 23-4 години и опседнатост со мојата хигиена. Е, бевме сместени во вилите на Кјуби, сигурно знаете за кои викам. Имаше апартманов две соби, кујна и вц. Мама насабајле, ме разбудуваше уште така, рано рано, за да ме истушира пред да одиме на плажа. :rofl: Пред плажа, да. Јас пиштам, вриштам, ЛАДНООООООО ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, ајде она ќе ја смени водата, јас ТОПЛО ЕЕЕЕЕЕ... :rofl: А во другата соба спијат двете тетки, т.е. ,,спијат,,. Денес ми викаат дека имале трауми од вода како мава на плочки, оноа ШШШШШШШШ. :rofl: :rofl:

    После, ќе станат ајде, па да седнеме да појадуваме. Јас не јадев ако не ми беше намачкано како што треба лепчето, ајде и тоа сум ги нервирала. Најјакиот дел е, кога спремни за плажа, јас си рипкам, потскокнувам, оноа слободно лепршаво... А позади мене триве дами ми носат две гуми - да, две имав :rofl: -, лопатчиња за плажа, три кофичиња, да три, :rofl:, играчки еден куп, а за нив сироти, две сламарици колку да има кај да седнат, сироти. Е, носат тие милион работи за мене, а јас на плажа сум си тропкала со две камчиња. Живци да искинеш. :rofl:

    Навечер, ме испоапувале комарци. Мама се загрижила, изгледа некоја алергија ми испаднала и ме однеле на лекар во Гевгелија. Таму имаме едни роднини, ми дале за поклон уште една гума за пливање и слагалица со Бамби. Кога ми ја дале, мама прашала, ,,Како се вика Дузи сега ?!,, мислејќи да речам, Фала... а јас како од пушка ,, БАМБИИИИИИ !!! ,, :rofl: За одење, сум си седела со гумата за пливање во автобус. Бог да чува. :rofl: Имаше и глава тоа гумата напред, патка со клун.

    :rofl:
     
    На Summerlover, Elennaa и esperanca им се допаѓа ова.
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала:
    - Го јадев само мекото лепче,корката ја оставав
    - Пред да одам во школо пиев чаша млеко
    - Ја турнав сестра ми по скали :lol:
    - Навечер неможев да заспијам зашто си замислував како од подот ми излегуваат раце и ме влечат за нозе |(
    - Го јадев само белиот крем
    ... др не ми текнува
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Си ги собирав пикавците од улица :puke: и се преправав дека пушам цигара демек некоја госпоѓа, обавезно ги криев чевлите на секој гостин што ќе дојдеше и никогаш не кажував каде сум ги скрила :rofl: еднаш памтам со фломастери ги ичкртав ѕидовите во детската затоа што брат ми не ми остаил 3 колачиња туку само 2 :^), Водата си ја викав "оче" на почетокот ни моите дома незнаеја што сакам.. Многу сакав да се шминкам, па затоа мајка ми си ги криеше кармините затоа што после тоа цело лице лом ми беше :rofl:
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала сум си ја намачкала цела уста со црно моливче ѓоа црн кармин бе, лом, црна ко вампир, памтам тоа одвај излезе после, три тоалетни потрошив за да го извадам, еј три . :makeup:
    Додека гледале тато и другар му фудбал, јас годинка и нешто седната во љуљашка за дома(дома сме си ја чувале малечка била специјално за дома) и овие двајца загледани и тато ме нишкал на љуљашкава/нишалкава и загледан така веројатно посилно ме турнал, ја занишана и БАП на глава ко сум се дрецнала на земја :D немало последици, веројатно нема многу плачено оти од памет ќе сум ги извадела.
    Памта пред да ода в градина секогаш плачев, не сакав да ода, и ко требало да ме будат сабајлето сум се правела дека спијам и не сум станувала, па со сила в градинка, па зна секогаш кога требаше да спиеме на тие креветчињата (не зна што правеа другите) веројатно сите си спиеја, ја легната(читај преправена) дека спијам и си плачев како будала, не можев никако да заспијам до ден денеска се чудам зошто, или малку ќе дремнам или ќе заспијам плачејќу будало дете. Ааа исто на сликата од градинка, сите по кондурчиња, патичиња, ја со бушавото виткано косиче и другарот до мене паметни батки по елечиња и влечки за по дома :rofl:
    Исто в градинка многу мразев да јада и еднаш ајде манџа ќе ме рани со сила една од тие што не чуваа и веројатно ме прејале или ми се згади и претпоставувате :puke: сум повратила на маса гадно богами.
    Уште една битна работа во период кога су одела в градинка, имав сипаници(многу се радував дека ги имам, поарно тоа ми било него да одам таму) и ми купија моите едно плишано кученце со сипаници, црни точкички на лицето и црвено јазиче исплазено . :P
    На 3 и пол години сме се враќале за дома, и ја паметна сум се скрила, пола саат ме барале и оп после излегувам тананана не можевте да ме најдете. :^)
    Сум имала една малечка кукличка бебе, многу су играла со него и не зна зошто Аце су го крстила бебето, цело време Аце, па Аце, како се викат бебево?
    -Аце . :o
    Бил дојден кај нас на гости еден од чичковците од татко ми, и сме си играле со него полицаец и возач.
    И тој го имал извадено пасошот и тој ни бил возачката, и сме се заиграле и пасошот овај де возачката останала кај мене веројатно стар бил, и пред да си оди ја - **** си ја заборави возачката .
    Немирно дете, преку кревет, на маса и од маса долу, еднаш ја имам и пресечно ногава со стакло па ми е шиена, гипсови ехее .
    Лудо детиште, имат уште многу глупости, на сите и не ми текнуват сега, ама многу су сакала да јада лути пиперки, и на братучеда и на мајка ми су и викала пипече луто, а се седне на маса, ја су седнувала и су викала, пипече луто . :lol:
     
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Како мал/а..

    Како мала тетка ми ми беше идол. :!: Едноставно се што гледав на неа за мене беше најсовршеното нешто на свет! По цели денови бев со неа и копирав се што прави таа,правев и јас.
    Таа млада девојка а јас дете.Така таа си се шминкаше пред огледало,а за да ги потенцира на веѓите ставаше малку црно моливче.И јас така ја гледам,ја гледам и некако ја издемнев да појде во другата соба (да не ме кара) го зедов моливчето,и фатив да си ги цртам и јас веѓите.Стегав,стегав,кога ги направив КАТРАН-ЦРНИ! :o Јас бело,мало дете,веѓите на мене беа како плашила. :D Кога се видов што сторив ваква бев :o леле сега кај да бегам,што сторив.Заминав во вц натопив половина тоалет со вода и трзам,трзам тоа уште толку се размачкува. :D :D Натака не се сеќавам што се случувало...

    Исто така имав еден замислен дечко по име Динки :!: :D .По цели денови во главчето си правев филмови за дотичниот дечко,а на вечер тие филмови им ги раскажував на моите.
    Мамо Динки сака бел костум,црвена кола,сака најразлични јадења да му готвам.Јас се му угодувам и тој пак не е задоволен.....И по долго раскажување некој од моите ќе ми рече-Добро Лук сега имам работа покасно пак ќе раскажуваш.И јас:Ама неееееее :( слушај сега...И повторно истите приказни се вртеа во круг... :D