Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Како мал/а..

    Како мала по цел ден си бев надвор на улица си играв со маалските деца.Си игравме со кукли, барбики, на продавници, на кафани, па ги имитиравме тие од шпанските серии, па најразни игри со топка, гоненица, миженица, та не знам што уште не. Мајка ми не можеше да не извика со сестра ми да си дојдеме дома да јадеме ццц..Сирота жена со чинијата во една, а лажичката во друга рака не гони по цела улица за да не нарани. :tmi: Ама во тие детски денови, немаше ден да не се скараме или степаме со децата. Со камења се маавме, коса за коса се кубевме божем награда ќе ни дадат на тој што ќе надвие :D

    Како мала еднаш од терасата и ја земав барбиката на една комшика(бидејќи им е ниска) и ја скратив косата и потоа ја вратив од кај што ја земав без никој да ме види :D

    Еднаш си игравме на улица и еден комшија имаше жвака и не провоцираше со неа, балони си правеше цело време, а јас и сестра ми бевме пусти по жваки и што ќе направиме :?: отидовме во продавница и си земавме по една жвака од по 1 денар и си се запишавме ама на никој не кажавме :D Ама после продавачката не беше кажала на мајка ми и таа кога ни се одвика :lol:
    Тоа ти се вика детски памет :tmi:
    Уште што не сум направила туку сега во моментот не ми текнува..Си бевме многу по бељата со сетсра ми :x
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала ги знаев сите политичари од еден до последен и дедо ми мн се гордееше со тоа 8)
    Смешки бев кога ги прашував моите: Ќе не пизнаат гците :lol: мало ама политичарче ;)
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Како мал/а..

    како мал :)

    Имавме мал бенд со братучедите,се криевме во подрмот на баба ми и свиревме.
    Инструментите,првокласни.Стара добра хармоника,канта од маслинки(тапан нели,импровизиран,со лажици дрвени за да чукаш по него),кавал,и ренде на кое триевме со лажици за екстравагантен звук.Да се пофалам,како најмал бев тој со рендето :D :?:

    А добри бевме,добри..штета не успеавме да потпишеме некој позначаен договор за плоча :D
     
  4. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    256
    Како мал/а..

    како мало што ли неправев бев дрнат г*з ги редев глупост до глупост бев стално афтосана (бидејќи не си ги миев рацете) од утро до мрак бев на улица или по комшии на појадок,ручек вечера.многу сакав да си играм со кукли и барбики. Многу сакав да одам кај баба и дедо во поле и да си копкам и да се бањам во бурињата :D правев разни манџи како супи со кал,сарми.Во куќата порано што живеевме беше на татко ми и чичко ми па така често со братучед ми знаевме да се изрендаме.Пораснав со братучедите (1ви,2ри)и нивните другари па затоа имав голема желба да се тепам бев пола машкуданка пола дама ( нели си играм теткиџок,гостиџок,докториџок ) :D како и да и детството е најубавиот период на човекот тоа го сфаќаме подоцна коа ќе пораснеме. ми недостигаат овие времиња навистина :?:
     
  5. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Како мал/а..

    Кога бев мала паднав на глава и сега кога мижам неможам да гледам :rofl: :rofl: (фб статус)
     
  6. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Како мал/а..

    Кога бев мала
    - Гледав многу шпански серии
    - Нон стоп носев штикли по дома
    - Бев најголем фан на Покемон
    - Сакав кога ќе пораснам да бидам како Руби
    - Највеќе сакав да јадам крофни
     
  7. n.a.k.e

    n.a.k.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    7
    Како мал/а..

    lele kako mala mi kazuvase sestrami sum ja stavila glavava vo gelezata od dvorot i ne mozele da mi ja izvada :lol: :lol:
    [mod-kirilica:12gmkau0][/mod-kirilica:12gmkau0]
     
  8. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    како мала брзав да пораснам
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Како мал/а..

    Јас се сеќавам на една моја глупост, бев предшколска возраст и една комшика ме прати по цигари и ми вели: ќе побараш една кутија ЕБЕМ ТЕ, а цигарите правилно со латиничен назив се викаа ЕМ ТЕ и јас така мртва ладна у трафика и на дечкото му викам: дај ми едно ЕБЕМ ТЕ :D , а тој само што не пукна од смеа :lol: секако дечкото одма ме услужи, ги добив цигарите кои ги барав :^) и кога се вратив им кажав како побарав цигари, леле кога ми удрија еден сеир, ден денешен се црвенеам од срам! :$
     
    На esperanca и LilBaby им се допаѓа ова.
  10. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Како мал/а..

    Хахахаха 2 саати ве читав, се смеев ама богами многу!! Па ај и јас нешто да пишам.
    Хмм... Како мала секогаш со сестра ми си игравме "тетки", си игравме многу со барбики ама таа секогаш ке си наместеше поубаво од мене и јас ке почнев ако не ми дадеш тоа не играм, ако не ми дадеш оноа не играм и таман ке ми даде сирота све само за да играме ја ке кажам е сеа не играм :devil: и ден денес ми спомнува за тоа вели како не ти беше жааал. :lol:
    Се сеќавам прво одделение и кога седнавме по клупите бев многу тажна затоа што имаше како две групи ака беа намесени клупите и немаше место каде седеам девојчињаа па морав да седнам до машко... хаха колку бев тажна. Се сеќавам и како бев облечена. Носев тексас фармерциња и тексас кошула :lol: ...
    Како мала многу ја тепав сестра ми а таа па рикаше како свиња пред колење и секогаш и викав не плачи, не плачи пошо ако слушне тато готова сум.
    Си игравме на улица од 9 до 9. И секогаш мама ни викаше кога ке се запалат уличните светла право дома :) Се сеќавам во мода беа оние маичките со ликовите од бекстритбојс и леонардо дикаприо. Јас имав со него лелеееееее радостииии. Секако сме играле келнерки со калови, со зелки со цвеќиња. И тоа кај една другарка дедо и имаше како бавча поголема и чуваше кози и секогаш се дереше сирот човек он се утепувал од работа ние му газевме, му ги киневме цвекињата за сокови и зелките за салати. Кога бев мала многу сакав да сечам со ножици. Имав 5 исти сукњички во различни бои и на сите им направив шлицови, па после се префрлив и на мајка ми да и помогнам... јас, шнајдерката :lol: жената гревче. Имам исечено и завеси и таквото од ролетната што се спушта и до ден денес у дневна е врзано :D Имам решавано задачи на ѕид, продавано цвекиња од двор пред врата а со се тоа ја собрав и дипломата од мајка ми од факулетет убаво спакувана ама па баш ми се виде интересна и сум ставила за продавање. Кога ме виде ме здрви од ќотек :lol: :tmi: хаха
     
  11. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Како мал/а..

    како мала мораше да сум облечена во тон од глава до пети..
    сакав многу да пеам
    обожавав кога во малата игравме продавачки хахха
     
  12. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    Како мал/а..

    како мала со другарка ми измислувавме драми и после правевме претстави па покани и го каневме цело мало :D
     
  13. daence.To

    daence.To Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Како мал/а..

    кога бевме мали со сестрами, се разбира мајками не бањаше...и еднаш додека ми ја одмиваа главата ( напупена бев се секавам) сестрами ја заинтересирало моето дупче на газето..и со малото прсте да ми брцне она таму :D ...и срипав толку силно што си дупнав на главата на чешмата, згора на тоа па и ќотек изедов..кога и кажав на мама дека не сум јас крива..таа се патосираше од смеа..и до ден денеска се сеќаваме на тоа и се патосуваме од смеа...:D:D:D
     
    На glorijaMKD, Aleks96, Jovanna.I и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Како мал/а..

    И јас имам доста глупости направено
    се шминкав со шминките на мајка ми
    на улица еднаш комшијата ме задеваше и јас каменот и право во главата :lol:
    Со комшијата се санкавме тој напред јас позади него и така 2-3 пати ќе се пуштевме и двајцата а за качување јас седев на санката а тој ме влечеше еднаш со него исто се санкавме и завршивме у ѕид тој стана си ја зема санката и се качи нагоре јас врескам ли вреска дошла мајка ми и почнала што е каде си повредена те боли ли нешто а јас нееееееееее мајка ми ми рекла тогаш што е зошто плачиш а јас па столето не ме качи на санкатаааааа :D
    Мајка ми ме удри шлаканица и влезе во вц а јас за да и се одмаздам :!: ја заклучив и и ја изгаснав сијалицата :D паметам мајка ми беше бремена и отидовме кај вујко ми тој варосуваше и беше се извадено надвор сакаа да се одморат и мајка ми сакаше да седне на столчето а јас мало :devil: и го повлеков столот :tmi: среќа вујко мибеше тука и ја фати мајка ми ама после добив шамар :D имам многу глупости ако ми текне уште некоја ќе допишам
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Сега ми текна нешто..
    Сестра ми кога беше прва година, јас бев 2 одделение изгледа..
    И почна нешто да искача ваму-таму.
    И цело време викаше: Леле, сум одела од таму до Југодрво, од Југодрво до таму.
    А јас сиротата, си замислував што значи тоа.. И мислев дека е некоја шума, што има наредено дрво до дрво, и многу страшно место.. После кога дознав.. :tmi:
    Ама и стварно има логика Југо-Дрво.
    Да не се фалам, ама многу сум имала бујна фантазија. :wasntme:
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала, си бев премногу уредна, да не речам болно. :P
    Значи, се сакав под конец да ми биде, и сега сум таква, само што сега сум си поголема мрза. :rofl:
    Значи, пред да се научам да врзувам врвки, ја малтретирав мајка ми, сееекој ден.
    Значи врвките, мораа да ми бидат иста големина, ги мерев со прсти. Мораа машните да ми бидат на левата и десната нога скроз исти, ако не пак од почеток. Мораа, исто да ми бидат стегнати.. Ќе прошетав, низ станот, и ќе речев.. Леле, оваа ми е некако многу тесна, не се исто стегнати.
    Алиштата пред спиење, мораа да ми бидат здиплени. Доаѓав од школо, одма пишував домашни, учев, и после тоа, ја замарав мајка ми, дали да бришам прашина. А предходно, станував порано пред школо, за да си го наместам креветот.
    Која будала сум била. :rofl:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Се сеќавате ли кога:

    - Како мали ѕвоневме на вратата на комшиите и бегавме?
    - Како мали во WCто викавме: "Мамооо готов/а сум“?
    - Како мали голтавме Tic-Tac и мислевме дека се таблети ?
    ... - Како мали вртевме броеви и ги зафркававме луѓето ?
    - Како мали Најголемиот предизвик ни беше да запалиме опаљач ?
    - Како мали мразевме кога наместо играчка ќе добиеме облека ?
    - Како мали пиевме сок од јаболко а се правевме дека пиеме вино ?
    - Како мали ги гледавме Телетабиси ?
    - Како мали се плашевме од Бабароги ?
    - Како мали мижевме додека има љубовна сцена на филмот ?
    - Како мали пиевме вода од кутивчето на бомбоните Tic-Tac ?
    - Како мали "пушевме" соленки?
    - Како мали стоевме точно на плочките додека се шетавме низ градот ?
    - Како мали фаќавме снегулки со уста ?
    - Како мали викавме ЈОРГУТ наместо ЈОГУРТ ?
    - Како мали се лизгавме во кадата?
    - Како мали казните ни биле порано одење во кревет ?
    - Како мали се туркавме во првиот ред во училиштето ?
    - Како мали се преправавме дека сме мртви кога некој ќе наиде ?
     
    На glorijaMKD, sweet-cherry, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Како мал/а..

    Како мала ќе ми купеа некое мирифче и јас од мерак за да мирисам убаво се правев дека сум манекенка некоја и се прскам со мирисот и дома по тепихот -модната писта се фрцкам и сите божемски ми завидуваат вау вау колку убаво мириса манекенкава.. после се преправам дека сум друга манекенка и пак одново мирис и така цел го трошев :lol: :lol:
     
  19. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Аххх , детство. Нешто најубаво. Се би дала да сум пак дете.Сум била мирна но кога ќе ме фатела досада, пазите се. :D

    - Како мала сум цртала пужи мужи на зидовите, шкафовите. Само тоа, ништо друго. Но потоа да е златна баба ми ме научи да нацртам деца фатени за раце и играат оро. Така да само мојата соба беше различна. Со баба ми и дедо ми но баба ми е од страна на мајка ми а дедо од страна на татко ми, си поминуваав најубаво. Не сакав да си доѓам дома. Баба ми знаеше се да нацрта. За мене таа беше како Леонардо да Винчи. :rofl: Ми правеше што сакам.Само таа ми дозволуваше да месам тесто.(не го јадев) и потоа ќе ми го испечеше но кучето го јадеше, бидејќи имаше некаква сива боја. :wasntme:
    Одсекогаш сакав да имам куче и татко ми ми дозволуваше но мајка ми НИКАКО! Таа мразеше животни.
    Но татко ми ќе купеше па сега мама што несака. Нејзи проблем :devil: . Пред тато никој несмееше да ме тепа. Се сеќавам само еднаш ме искара и ми залепи еден убав шамар кој уште го паметам. Од тогаш како и тој да зажали што ме удри и веќе никогаш не ме тепаше. Само ќе ме подзакараше. Со него ги поминував најубавите моменти. :) Само со него бев во веце, и кога неможев да се иксакам од веце само ќе се чуеше:
    -ТАТОООООО, дојдиииии!!!!
    Татко ми трчаше и само ќе протнеше глава од вратата и кога ќе го видев знаев дека се ќе биде во ред. Само ќе речеше аххх пак си многу луто јадела :D . Да јадев многу луто. Највеќе му велев : Пече дупе татооо. Највеќе ќе запомнам кога ќе се појавеа ѕвездите ќе излезевме надвор и го прашував за морските животни : - за ајкули, китови а тој како тоа да не го мразеше по цели часови ми раскажуваше. Тој ме научи да научам да возам велосипед а јас на мајка ми и велев: - Ти не знаеш да возиш а јас знам ла ла ла!!! -Цел ден си така подпевнував намерно. мјка ми знаеше но се правеше дека не знае. Ама колку беше татко ми добар мајка ми и за него беше лоша. Да бутнев нешто кога ќе почнеше да вика да ме тепа а јас се криев позади татко ми. :)

    Се сеќавам пред да се роди брат ми и велев на мајка ми -Ако е братче ќе го фрлам од балканот. Но потоа го сакав и биднав одговорна за него.Не бев како некои да бранат некој да го земе. Им дозволував но потоа се јас си го мазев. И кога ќе заплачеше јас само велев : - Ти реков неумеш да го држиш !! Туу ми го расплака братчето.! ДАј ми го јас ќе го успијам !! :rofl: Моиве пукаа од смеење.

    Исто така брат ми кога имаше 3-4 годинки ја потфати најубавата здела на мајка ми. Темна сина беше. признавам и јас ја сакав. И тој така ја потфати и таа почна да паѓа. А јас филмски да ја спасам се џипам и онаа на стомак приземјувам и се лизгам на стомакот и велам:-НЕЕЕЕ. Ама баш филмски : и зделата пред мои раце падна . А јас испрушена колку што повеќе можам д аја спасам зделата. Абе се скрши на 100 парчиња пред мои очи. и тогаш и кажав на мама и таа го истепа брат ми а ја с само му викав: -Ако ти е !! Ако! И тој уште повеќе плачеше. Ај доста кажував цела страница ќе зафатам :D :hai:
     
    На Aleks96, BeLLaDona23 и ana.ubavkata им се допаѓа ова.
  20. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Како мал/а..

    -Како мала бев редовна певаљка по дома и тоа во невестинскиот фустан на мајка ми и дезодорансот во рака задолжително :!:
    -Редовно се криев во пиперот кој што беше засаден во бавчата на баба ми да си го извршам ритуалот на голема нужда ( во гаќи ) и кога ме снемуваше на неколку минути веќе им беше јасно каде може да ме најдат :D
    -Се трчкавме со братучедите ко луди и на крајот они жива вода, јас ни навидум од тоа и на нив имаше цркање и викање во стилот бесни едни, се вие морате да изведувате како дада ви не е ко вас :D а јас дремам од примерност :D
    -Редовно чмаев под терасата на учителката која живееше во нашата зграда и и досадував на жената кога ќе тргнам на училиште и која учителка ќе ми ја одбере за да ме запише во неа.
    -Праев шкртаници по тетратките мои, замислувајќи си дека пишувам ракописно и уште ми стојат некои од тие тетратки на кои е зачуван мојот квази ракопис ала краснопис. Дојдете па прочитајте нешто. Дешифратор е задолжителен :geek:
    -Го клеветев вујко ми на баба ми дека кога доаѓа кај нас ни брка во фиоката кај што ни стојат парите и сака да ни ги откраде марките :rofl:, еднаш дури и рикав за тоа.
    -Си ги скршив предните заби од спалната рипајќи дека татко ми си дојде од работа. Пусти ќефови.
    Али затоа, после долго време се шетав штрбава и имам милион фотографии оклештена од уво до уво, а предни заби ни за лек |(
    -Дедо ми не наседнуваше во круг сите братучеди и ни раскажуваше приказни. Човекот е ризница за такви работи, ептен уживав во тие моменти единствени кои ми го задржуваа газот залепен за стол :D
    -Бидејќи баба ни не чуваше сите братучеди заедно и после пладне овие сите легнуваа и спиеја како заклани. И мене баба ми ќе ме налегнеше до нив, абе каде ќе спијам јас, мене досада ме убива, око не ми се склопува. Па ќе си ја почнев јас мојата мисија - штипење на дечкиве под ќебе се дури не се ококорат и не продолжиме да маневрираме исто како и пред пладневната починка :D
    Имаше денови кога ме откриваше баба што правам, ама имаше и денови кога ѕвездите ми беа наклонети за да си ја остварам мисијата...
    Иии што знам, ваљда има уште, ама и ова е доволно за да сфатите каква бубалка од детенце сум била јас :wasntme: