Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. Angel-Wings

    Angel-Wings Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Како мал/а..

    Хахахахах се изнасмеав девојки, јас како мала имам правено доста глупости:
    Еднаш најдов едни шајчина од татко ми и чеканот и излегов на балкун и во зидот си ковам дали ковам, а тој чеканот поголем од мене, и уште има дупчина во ѕидот :lol:
    Еднаш на другиот балкун имаше како дупка една во ѕидот и јас зедов едно стапче и та дупката ептен ја проширив си се занесов.и комшивката ја прашала мајка ми длаи ќе сме ставале клима, дали затоа е дупката 8)
    Еднаш на регалот на баба ми цел со креда и го „налсикав“ кога го виде тоа косата и се крена, но не настрадав :angel: најмногу ме сакаше.
     
  2. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Како мал/а..

    Како мала многу сум била брлива и машкуданка :D хахахахах, со кусо фризурче печурка. Кога се гледам на слики многу се смеам :D :D
    Мајка ми секогаш ме потсеќа како сум сакала да возам колички и многу пати во продавници кога имало надвор колички (играчки) или било што на тркала што се влече сум имала навика да си го присвојувам и да го завлечам по мене :D :D :D
    А исто така и по дома надоле по скалите сум трчала со боички/фломастери во рацете и сум шарала линија додека сум трчала со едната рака, па цел ходник бил бесплатно илустриран :D :D :D
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Како мал/а..

    Како мала...офф леле....
    Не ме осудувајте :tmi: :lol:
    Одам јас во градинка, како тепач влагам внатре и им викам на сите дојдете да ви кажам што сум научила.
    И сите нормално доаѓаат да чујат што имам да кажам. И им викам ЗНАМ КАКО ДЕЧКО И ДЕВОЈКА СЕ ЛАПААТ, и сите :o :o !
    На нас клупите ни беа само во една редица, пола деца од едната страна да јадат, пола од другата - свртени едни према други.. И ги носам јас кај столчињата им викам ајде седнете, ги наместив..Дојдете еден према друг, отворете уста и извадете го јазикот и сите така со јазикот лижете му го јазикот на тој спроти вас...А да, и не беше битно дали е машко-женско... имаше и машко и со машко.....
    :wasntme: :angel:
     
    На Najubava09, Unfaithful18, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  4. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Какви незаборавни нешта сте правеле како деца ?

    Многу. :lol: Почнувајќи од ѕвонењето на вратите и бегајќи т.е трчајќи надвор, :lol: потоа вртејќи на некои броеви што не ги познаваме и се зафркаваме, па менувањето на чергите на комшиите.. :lol: :lol: и многу други работи.. :lol: но сепак беа интересни во тоа време кој сега никојне ги прави всушност никој не се забавува веќе како мал. :worried:
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Какви незаборавни нешта сте правеле како деца ?

    Ја уклучував камерата на стариот и снимав низ цела куќа се што се прави. Прво ќе иснимав како мама прави ручек или пере алишта, па после како баба го храни мачето, па козичето на комшијата што за мене беше маче - и на крај ќе ја ставев камерата на маса и ќе се снимав себеси. Eх, какви времиња. [​IMG]
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Какви незаборавни нешта сте правеле како деца ?

    Намерно правев бељи и ја местев сестра ми дека е крива и бегав се криев.. :devil:

    Многу сакав да им фрлам на комшиите петарди у двор хаха незнам оти истепај ме сега и прашај ме.. ама тоа правев их да имаа и коковчиња и имав другарка алергична на нив, кога доаѓаше кај мене правев чистка ..рација бре.. пиле да не видам на пат.

    Им ги собирав на сите машки турбо сликичките, златни раце имав.. многу бев среќна кога ќе го видев нервозни.

    Се тепав позади школо на закажано. И тоа со машки пих. :$

    Им готвев на моите праз и јајца првпат и ги изгорев, се сеќавам татко ми колку беше нервозен. Буахха..

    Им пеглав на куклите фустанчиња, се однесував ко да се живи.. ах ми се запали пеглата додека ги пеглав фустаните и сега имам трауми.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Какви незаборавни нешта сте правеле како деца ?

    Се затваравме во вц со сестра ми, и скришум вадевме шампони, креми, чудесии и глумевме реклами за влошки.
    Стававме крем врз нив, демек да видиме дали навистина ќе се кристализира тоа течноста, и сечевме со ножички и глумевме лудило, демек, уааау, види, навистина нема крв! А појма сме немале што правиме. Знам само дека мајка ми се шекнуваше кога ќе видеше искасапени влошки еден куп во канта :D :D

    Други глупости - чај од берени ружи во дворот пред зграда. Па уште убедував дома да го пијат. Берени сливи од паркот, ги продававме 20 денари кило. Една женичка од пуст мерак ни купи, ни даде пари, ни ги остави сливите.
    Си купивме по едно мутаво моливче сладолед, живи радости не спопаѓаа :lol:

    Цицавме едно цвеќе, памтам беше благичко кога ќе го грицнеш, не ни знам како сме можеле да јадеме такви чудесии. Возевме ролшуи, еден пар две деца. И едниот со лева ролшуа вози, ко улав, другиот со десна.
    Абе, радост... Детство.
    Повикувавме духови со лажички и салфетки во парк, па намерно некој ќе збрчеше среде вечер, да не вади од памет. Се гаѓавме со костени - една другарка и ја дупнаа главата, а она се смееше ко хистерична, јас ден денешен имам трауми од гаѓање со било што :swear: :tmi:
    Зар може да заборави некој какви се’ не лудости правел како дете?
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Какви незаборавни нешта сте правеле како деца ?

    Игравме царица,куп игри со топка,криенка,водени лудории,ластик....Јадевме се што расти на дрво што е за јадење и не,игравме нинтендо.....и ред други работи што не ги прават денешните деца за жал
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    ..Имав ненормално бушава коса, чворови чиниш.
    Избегнував чешлање, мислам дека имав уплав од тоа четкиштето! Мајка ми прво ме напнуваше, после виде дека нема резон да се расправаме секој ден за едно исто и ме пушташе да шетам таква грмушкаста. Најсреќна бев. :lol:

    И така, едно неделно попладне, нели имаше порано Сител бамбини, пренос во живо, на бина деца лудуваат, публика исто, кој кај таткото на рамо, кој потпрен од страна и оп наеднаш, кадарот оди во ќош, а таму дете што си шизи само.
    Косата секако несредена, само една пеперутка од оние што се тресaт да не биде без ич. Во истата секунда кога ме видела баба ми рекла: Ова мора да е нашево дете. :D И погодила.

    Сум се свртела откако сум ја изиграла цела кореографија, сум набацила презадоволен осмех и сум удрила двоминутно чешање на косава. Не дека не ме бањале :D туку навика.
    Интересно ми беше кога ми се заглавуваа рацете и очајно пробував да ги извадам :D
    После ова, фатив вошки, па од толку закани дека ако не се чешлам дека ќе ме ишишаат ќелава морав да се оправам под хитно, страв ме фати дека од што ќе ми биде полесна главата без коса ветер ќе ми ја дувне :D и така почнав да се средувам..


    Денес е тотална спротивност, не можам да се замислам со несредена коса! Ама клинац, што сум разбирала :D
     
    На Unfaithful18 и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  10. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Како мал/а..

    Има многу глупости правено но овие ми се едни од појаките
    :D
    Мајками отиде да земит дрва..зима беше..ние дома си игравме со брат ми..Ги зедовме од мајка ми иглите за шиење ( па имаше околу десетина и повеќе) и сите тие игли ги закачифме на една тамбуретка за седење.. Мајками кога дојде ги остави дрвата и изморена седна на тамбуретката и сите в Гз и се закачија..После одеше на болница и ги вајѓаа.... :?:

    Брат ми постар 2 години од мене на тестот по македонски имал прашање Од кого имате најмногу страв Тој напишал од сестрами..КОа го видовме дома тестот сум се изнасмеала..СЕ ГОРДЕЕВ СО ТОА . . и уште го кажуваат демек он напишал на тест дека имал од мене страв :P
     
  11. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Како мал/а..

    Многу е интересна темава БРАВО ...
    Се сетив кога мајка ми правеше палачинки со крем и банана . Нели кога ке се свитка палачинката требва да се држи малце подкрената нагоре од двата краја за да не паѓа ништо од неа . И јас незнаев ја држев исправина и мајка ми ми вика : Држи ја палачинката убаво ти паѓаат бананите ( мали парченца ) .. Јас се налутив и за инает низ цел стан ја стискав палачинката и оставав банаи на подот ..
    Ах сите сме биле мали и палави .. :D :D :D :D :D
     
    На Aleks96 и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  12. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Како мал/а..

    Како мала сум правела многу глупости..
    и сеуште правам :lol:
    сум била слатко девојче со долга брановидно виткана плава косичка(сега ми е кафена ;( ) и крупни кафени очи :wasntme: ,љубопитно суштество што сакало се да дознае што се случува.
    Уште од мала сум имала талент за пеење
    (глас "славеј")
    ,сум се дружела и со машки и со девојчиња и не ми било проблем да се спријателам со некого,така е и до ден денес фала богу.
    Сите глупости што сум ги правела,а се навистина многу биле смислени и со план :!: нормално правдата на виделина и Јас секогаш во право :D :bow:
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  13. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    -Кога бев мала и глумев на баба ми дека сум умрела за да не ме носат у забавиште. Бог да чува.
    - Го чекав за Нова година дедо мраз да дојде да ми донесе пакетче, и неспиев цела ноќ. Кога, влегува дедо ми да види дали сум заспала, јас среќна, си викам еве го дедо мраз, и скокам да го гушнам, кога гледам дедо ми.Па кога сум му влепила еден шамар, и му викам: Тргни ми се бре,јас дедо мраз го чекам а ти како вампир некој ми се шеташ.
    - Место јогурт викав ЈОРГУТ, место шифоњер викав ФУШИЊЕР, место шницла викав ШЛИЦНА...и така
     
    На Aleks96, N.Kety и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  14. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Како мал/а..

    Кога бев мала, прво- второ одделение, зборовите девица и проститутка ги мешав... |( ( дело на сестра ми, имала обичај да ме заебава за поими )

    И си доаѓаат моите од работа, и јас : мамо мамо, јас кога ќе пораснам ќе бидам проститутка.... и мајка ми :o




    Кога бев мала, отидовме до продавница со моите да купиме чоколада...
    И сега мајка ми вика ајде деца одберете си- и ние тука се разграбавме за чоколади и сега ги пребројува мајка ми со продавачот за да наплати.....
    Влагаме во кола и одиме кај едни добри пријатели на моите.
    И мајка ми одеднаш : Лелеее! Едното чоколадо не е платено, леле сум украла чоколадо.
    ( Јас мала, тоа “украла’’ одма ми влегло во памет..)
    И татко ми вика, епа ај да не се враќаме сега, накај дома кога ќе одиме- ќе го вратиме чоколадото.

    Стигнуваме ние кај пријателите, и...Излагаат родителите на едниот од нив ( луѓе што никогаш не се запознале со моите ) И ни викаат, не се дома - ќе се вратат брзо, отидоа незнам кај...
    И јас....со цел памет - “тетке, тетке, знаете што? Мајка ми украде чоколадо!’’
    Женава..... :|
    Татко ми - “ ај сеа вади се, да те видам ’’
    Мајка ми - :o :o :o “ Лелее, не, јас...Стварно, случајно беше, по грешка....( се објаснува ) ’’

    Одиме накај кола, и само што влеговме - Глупачо! :@ (бла бла бла...)

    Се вративме во продавницата, ( и јас цела расплакана дека ме кара, а воедно не ми е јасно зашто? Бидејќи она САМА си кажа дека украла чоколадо )
    И несакав да одам до продавница... Кога ме грабна - “ ПРЕД МЕНЕ! ’’
    Влагаме внатре и мајка ми - Еве, ова чоколадо ние ПО ГРЕШКА ( и гледа накај мене ) го земавме , и затоа сега го враќаме!
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    Како мал/а..

    Како мала т.е до осмо одд ги тепав сите машки,ми беше хоби :D :D правев многу глупости,зафрканции со баба и на другарка ми нормално двете заедно (бидејки моите се починати,не ги ни знам ;( ) ..се и сешто и секакви игри играв што се поврзани со машки дури и играв фудбал со нив..одев и се качував по секакви дрва и по карпи :D :$ без да размислам на последиците детиште бее ..ухууууу имам прекрасно и лудо детство :D
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Ова чудово, како мала сум го викала леблеблаблаблија. И уште си мачам мака, се се бунам.
    Кога сум икала, сум викала дека сум штицкала.
    Како мала, ја „киднапирав“ другарка ми. Нејзините, не ја пуштаа да дојде кај мене. И јас ја земав под рака, и си дојдовме. А нејзините дома паника кренале, им го нема детето после школо. Од ова, уште се срамам. :tmi:
    Во нашата зграда, имаме гаражи, ама онака во уздолници. И со една друга другарка сме биле надвор ние две, ама она дупло помала од мене. И ај ќе скокаме од највисокото. И јас дојдов на ред, и она да ме држи. Ама кај може да ме држи, она мене, а ја толкава? И сум треснала, лицето, цело рани ми беше. И тоа баш таму кај решетките сум паднала. Кога дојдов дома, искинати алишта.. мислиш на Срвајвер сум била.
    Како мала, чорапчињата, и блузичката, морале да бидат во иста нијанса. Ако не бидат, не сум искачала од дома.
    Еднаш пак, со една друга другарка, бевме надвор. Ама ужасно ни се одеше во веце, а не мрзеше да се качуваме до горе. И што ќе правиме, си завршивме работа, под балкон кај едни комшии, од нашата зграда. И само во еден момент, некој почна да вика по нас. А ние уште по гаќи. И се бутнавме скроз до ѕидот.
    И почна да вика: Елена и *************** знам дека сте вие, излезете. Ние, штама. Седевме така едно 5минути, и кога влезе внатре човекот, ние трк дома. После тоа, неколку дена, не излагав од дома.
    Како мала, сум била махер во паѓање. Колениците, секогаш ми беа рани. И јас сум седнала на кревет и сум почнала да викам: пече, пече, пече, пече, пече, пече. Ама брзо, и тоа се слушаше како: пиче, пиче, пиче, пиче. Моиве, се кинат од смеење. :tmi:
    Ај доста, е за денес.
     
  17. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Како мал/а..

    Како мала се миев лице и пиев вода од WC школката (кој идиот сум била еј.)
    исто така како мала кога одев кај нина ми на гости и коа не ми даваа многу да јадам им велев добро а може ли барем само да го погалам месото :$ :$ :$
    правев торки од кал
    кршев тегли, филџани и чинии кај баба ми ....
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Како мал/а..

    хаххааха моите 3 смртни денови каде ако не во ГРАДИНКА.Ме будат моиве ајде в градинка , дечиња има многу играчки бла бла бла...ма која градина , јас да вриштам ,пиштам не сакам , ама кој ме слуша мене, со тато и право в градинка и сега јас демек љута ни за рака по пат не го држам и што да правам не може вака да поминат овие и ни 5 ни 6 во знак на протест среде улица поштено си легнав..ама ништо пак во градинка завршив ,а секако со плачење и таму си продолжив.И тие тетките само ми се дерееа ...глупачки :envy:

    Јас 5 годинки имав брат ми 3 и што да правам ,си го зедов брат ми си го седнав во количка за кукли и правец кај баба ќе се шетаме јас и тој...и пополена покрај езеро си стигнавме кај баба :D
    И логикиве од брат ми
    ... никако не му беше јаско како тоа тој е помал а прв прави роденден , тој во јуни а јас во август...и да си се утеши детево дојде и ми рече "Гајле ми е мене ако сум помал , ти дека си постара прва ќе умриш"
    Исто си мислеше дека кога ќе порасне ќе му се смени и името, затоа што според него не може детето да има исто име постојано и тој ќе се викал Љупчо кога ќе пораснел :D (порасна ама Љупчо не се вика :P :D )
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Како мал/а..

    Мнооогу имам, само еднаш ми кажуваше мајка ми дека сме биле излезени и сме се шетале, а мене ми се прикалало и мајка ми рекла ај почекај ќе стигнеме дома, но јас дете и упорна сум била и мајка ми позади едни продавници во населба ме клекнала и од кога сум се искакала сум барала да си го земам гомцето..значи сум плачела, мајка ми неможела да ме смири :lol: :lol:
    а еднаш знам на тетка ми мобилниот на рингла сум и го ставила, ама за среќа погрешна сум укл..
    на мајка ми во чаша со вода и го брцнав мобилниот.
    Еднаш сум нашла пиво малце (кога имав 3 год) и сум го испила и сум се шантрала и дома се чуделе што ми е..и има многу работи а иначе по природа мирно дете сум била ама случки се случувале..
    ако ми текне ќе допишам :rofl: :rofl:

    и даа, сум јадела помада бекутан, и се сеќавам во градинка секогаш мојот кревет на страна беше дека зборлеста бев и не ги оставав другите да спијат :lol: :lol: и кинев тоалетна и им фрлав на децата други и џвакавме.. xD ми недостигаат децата од градинка :inlove: :inlove: на мојата најдобра другарка од градинка за чудо уште и го знам бројот на памет, иако ја најдов на фб а таа не се сеќава на мене за жалл :( :(
     
    На Najubava09 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissGaggerHeart9

    MissGaggerHeart9 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Како мала...

    Офф...ќутии,моине дома глава кршеле по мене :devil: .. Дифтар сум била прав. Баш пред некој ден се смеев , братучетка ми ме имитараше како мала :lol: . Ќе сум седнела на маса пред телевизор (картун нетворк) и јадам исклучиво само леб намачкано со крем,или лебче со кремче како што сум го викала јас. Ќе изедам само средината од лебчето,само тоа мекото,а од корката само кремчето ќе го излижев :D ...Ама кога ќе дојдеше братучетка ми на гостии....то се трауми :tmi: . Ќе дошла и така се убаво и ќе дошло врме да си оди домаа. И хоророт тука почнува...Верувале или не јас од земја се трескав кога требаше да си оди. Ќе застанев на врата и ќе напраев икс и нема идење...И добро ај, ќе седневме да јадеме лебче и кремче. И ја таква убуљана у цртаните, а братучетка ми така скришно ќе се мушнеше низ врата и ајт да ја нема. Леле кога ќе сватев дека ја нема :x ..Кое рикање беше тоа,се слушаше и до кај неа дома (она живееше во куќата до нас).....И има уште мноооооооогу вакви мои пореметувања,али ај да не биде многу долго за читеање,а и ме мрзи да пишувам :geek: