Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Бев ептен мала незнам ни како се сеќавам ама важното ден денес се смееме со бато на ова:
    почнува фудбал и коа се редат сите фудбалери во ред; пред нив секогаш има мали дечиња,и ја незнам зашо служат децата и го прашувам: бато зашо ги носат овие деца таму?
    он озбилен ми вика ааа тие се ретардирани. :o
    и ја си мислам аа па да ги прошетат да ги израдуват децата затоа ке е како не знаев и после сама коа сватив дека не е така леле уште се смеам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. littlegagalove

    littlegagalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Како мала...

    Се сеќавам како мала,и го зедов мобилниот на мајка ми,стискав нешто и одеднаш се исклучи..ја мора да го уклјучам или готова сум...го вклучив и сега лозинка треба.Стиснав нешто и одеднаш почна да ми збори за полиција 192 бла бла бла...ги знаев бројките па си стиснав 192,па на слушалка и..ЗВОНИИИ..се јавува еден човек,ја велам ало,а тој ми вели дали моите родители знаат дека сум се јавила,а јас кај кого се јавувам?тој во полиција.јас изненадена-во полиција,СТВАРНО,супер добро што ви се јавив,и онака сакав да ја пријавам другарка ми затоа што ми рече дека нема да ме кани на роденденот... :lol: Измишлјотина :lol: хахахах
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Леле како мала шо сум правела..Хахахаха.. Еднаш се секавам бев многу умно детенце и само одам кај дедо (бев едница тогаш) ии дедо ај на дедо убавата, ај на дедо убавата..ии дава ми парида си купам чоколадо и пола леб и јас теле со разбирам ојдела сум во пижами и сум рекла на тетката дај ми пола чоколадо и еден леб..хмм..а еднаш мајка ми ми кажа да земам 10 ден. да си купам чоколадо и у новчанико 1000 и 10 ден и јас 1000-та сум ја еземала и у продавница сук ја изнакупувала продавницата и само се вракам ии мајка ми ме гледа и целата уште да се онесвесте а јас целата е мамо,мамо зашо не ми кажуваш дека со 10 ден толку многу може да се купи?? хахахааааааахахахаххаха др не ми текнува..:'D
     
  4. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Како мала...

    Ги строев сите пред зграда, машки и женски. Секогаш иницијатор за правење бељи,тепачки со таборот од спротивната зграда ( па ни доаѓаа на нашите љуљашки) можеби не ке беше толку страшно да немав два братучеди во таа зграда. Вујна ми стално плачеше, аман Деби ги испотепа децава.
    Кога ке им отидевне на гости се криеа од мене.
    Живеевне кај мајчин дом,и јас така фино ке си ги соберев од цела зграда и правец сепарација ке се бањаме во езерцата, леле колку ќутек имам изедено од мајками кога се вратив дома целата во кал :rofl:
    Имам двајца браќа постари од мене,па секогаш се угледував на нив и сакав со нив.
    Постариот ја донел девојка му, нема никој дома и јас цело време се врткам околу нив сакаш кафе,сакаш сок, а да ви направам јас по еден сендвич ?
    Братми целиот нервозен, не ја донел он дома за јас кафе да им правам :$ Слушај деби еве ти 100 денари и трк во шехерзада да земеш едно шише лимунада ( си пресметал човекот,пола сат натаму пола сат наваму еден сат ) Се симнувам јас доле палам точакот тргнав,не поминав ни 50 метри си викам абе каква лимунада,ке земам кока кола.
    Шишето кока кола во лифт и се качувам горе,гледај во дневна ги нема ај на тераса ги нема,ај во детска ги нема.
    Ја подотварам вратата од спалната на моите,ти двајца што да ви кажам се грабнале искри летаат на сите страни :rofl: лута јас до немај каде :@ Зимање патиките на снашка ги врзав врвките,и од тераса и ги закачив на липата доле.:lol:
    Ден денес ги обвинуваат циганите дека ги украле тие патики,а јас кога ќе го слушнам муабетот се газам од смеење и сите ме гледаат ко ненормална.
    Ај можеби некогаш ке им кажам што се случи со тие патики, сега за сега не им кажувам .
     
    На presiosaP, Alesii, TheaEsposito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како мала...



    Леле кога ке ми текне на овие глупости... :rofl: :rofl:
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    Како мала...

    е па ги има многу ама еве сега се сетив на некои
    како мала сум паднала од фтори спрат и сум си ја скршила раката и ногата
    како мала го ишишав братми демек така бил по убав
    исто еднаш како мала дедоми цепеше дрва и јас паметната фати и чоеко како со си работесе и пелевина во очи му фрлив :D
    ист така еднаш си ставиф тенџере на глава и според него си се ишишав :emo:
    на другарките им раскаживав како сум видела дека мама и тато имат с*кс и мн други глупости
     
  7. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    Како мала...

    сега се присетив и на уште нешто
    кога имав четири-пет годинки се заклучив во бањата и клучот го фрлив во вц шојлата а потоа лупав и тропав за да ме извадат кутар тато ја кршеше вратата за да излезам е какво време беше тогаш :D :D
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Како мала...

    Како мала сите состави ги започнував со
    исто пр. Ако ми е темаа Пролет ја ќе си почнам

    Пролет.... збор со шест букви и ќе си продолжам
    или
    Љубов.... збор со пет букви....
     
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Како мала (а сега ногу големата :wasntme: :wasntme: )
    -сум го терала татко ми да ме вика Наташа :D. Дека тоа име најубаво ми беше и си го мравев името.
    -со сестра ми ќе земевме фротирки и се правевме `Бандини`, па со црвен кармин ќе си ставевме точка во средината на челото. :D кои будали :fubar:
    -со другарките од маало правевме претстави. Влезот беше еден денар. Па од соберените пари купувавме мастики, бомбони.
    -Едно девојче од маалото ногу го мразев па и викав дека е ногу дебела и дека фацата и е како на `газиран глушец` :rofl:.
    Во моментов само тие ми текнуваат. :D
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Како мала...

    Кога бев мала и ги кинев цвекината на баба ми, ги гмечевме со сестра ми и ги мешавме во вода, и водата потоа изгледаше виолетова,ја туравме водата во стара тегла и бевме многу воодушевени, ја продававме на другите моми на нашата улица во замена за песок или камења :D На лето ни доагаа братучетките од Србија, и ние со сестра ми секој ден во 9 саат сабајле им одевме дома и им баравме да не шминкаат и лакираат, еднаш ни дадоа шминки, дезедоранси, едни сенки што беа со светулки и тогаш беа во мода :wasntme: И убаво мирисаа, а тоа што им останало што не користеле ни даваа, абе ние пресрекни, дезедорансите празни беа ;(
     
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Како мала...

    Епа јас како мала, како и секое дете сум била доста немирна и темперамента. Највпечатлива карактеристика ми било тоа што го сакам да го добијам, па не е важен начинот.
    Еве некои случки кои ми останале во сеќавање.
    Кога се роди сетра ми, цело време сум сакала да бидам центар пажња, па затоа сум се пикала под маса, сум се мавала по глава и сум врискала. Од љубомора. :^) Исто така, еднаш на сестра ми (уште беше бебенце), нешто не и беше добра па многу плачеше. И јас се фалев на улица дека сестра ми плачела цел ден (мислев дека тоа е некој феномен). :^) :fubar: Кога тетка ми од Холандија ми носеше онаков лепак со светки, јас цел го ставав на дланките и така си се шетав. Исто така, секој ден одев кај комшиката до нашата куќа да ми вари детско капучино (со многу млеко демек) и така со неа пиевме кафенце и дискутиравме за случките во маалото. А пак еднаш во Кратово кога бев (таму имаме куќа), една стара бабичка (алкохоличарка беше изгледа) береше цвеќиња од мојата градина позади куќата. И сега јас таква револтирана ги собирам сите од маалото и и викаме "Сакаш мастика да ти донесеме?" (стварно беше сиромашна, а алкохоличарка и просеше за алкохол) и она вика "Да". Најдовме едно шише онака фрлено на улица и го наполнивме со прљава вода и и го оставивме пред врата. Жената дека беше и малку склеротична којзнае што направила, дали се напила, леле, уште ја мислам. И тоа за обични бели ради. :fubar: Исто така, еднаш со другарките се договоривме да донесеме сите обични најлонси ќесиња од дома и ги продававме пред зграда. 1 ќеса=1 денар. И некои ни купуваа хаххаа. Парите што ги собравме, ги поделивме и со нив си купивме паќетче сликички од Вини Пу албумот. :lol: А пак во градинка дека многу ги сакав тие едни мали човечиња (играчки) скришно, додека другите спиеја, јас си земав по 2-3 за дома за да можам на раат да си играм со нив. И после 2-3 дена ги враќав. Ги оставав пред занималната, дека доаѓав прва и после со другите се чудев, кој ли така ги става играчките секој ден пред вратата. :o :lol:
     
    На Alesii, Christyn и pamelche им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Како мала...

    Како мала сум имала интересно детство и сум била каскадер :lol:со дубачето имам летнато поскали надвор во дворот и сум стигнала на улица , на 5 години имам паднато од висока тераса поради кученце,на 5 години ја имам заклучено комшиката во подрум :lol: ,.Ако сите девојчиња си игра со кукли и играа ластик ,јас играв фудбал со машките од улица (бев единственото девојче )и си играв со пиштолчиња поточно пиштолче што тие ми го направија од летвички ,се случуваше понекогаш да ми дадат и од тие пиштолчиња на вода што беа,кога ќе ме налутеа ги тепав и ми идеа нивните родители кај мама се жалеа па мама ќе ми речеше девојче си те личи ли да се тепаш и така мама ме воспита и јас се смирив не ги тепав повеќе.Подоцна пак се дружев со машките од мое маало но сега игравме друштвени игри како што се монопол,не лути се човече ,карти итн. Како мала не знаев да возам велосипед и ролерки затоа што и ги немав истите но затоа знаев да вртам на хулахоп и во тоа време бев единственото девојче што има хулахоп .Тоа е се што ми текнува во моментов .
     
  13. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Како мала...

    Се сеќавам како мала дека на било кое место да ме одведеа барав да ми дадат сокче :D
    а бев срамежливо дете :$
     
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Како мала...

    За мене не ми текнува... али за братучетка ми .. итекако..
    Врвките од патиките ги зеде во неа и отиде во некое ќошче и ги гризе..и тоа се со криење беше :D :D
     
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Како мала...

    Како мала кога игравме нинтендо со кумот он ме лажеше дека има пари во тие дупките и јас трчав по парите а тие се всушност крај на играта, и да нон стоп ми правеше така и нон стоп му верував :!:

    Се санкав пак со кумот и еднаш ко акнавме у ѕидот :tmi: и двајцата си бевме со црвени кругови на челото, и цело време се спуштавме заедно а по угорницата тој ме влечеше на санката и тој ден кога се акнавме у ѕидот ем плачевме ем тој ме влечеше :rofl:

    Имам учествувано во детската емисија Сител бамбини

    у градинка ме имаат снамано од емисијата Шек Шек

    бев редовна гостинка у детска радио емисија Весели ѕвончиња

    и редовно го имитирав Тошо малерот :rofl: :rofl: :rofl:
    ИИииии ондак то :rofl:
     
    На Lella и Christyn им се допаѓа ова.
  16. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Како мала...

    како мала наместо паштета сум викала тунта :tmi: :lol: :lol: :lol:
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Сега ми текна.
    Ко мала, ја реметев сестра ми. Поточно кога она беше осмо, а јас второ одделение.
    Имаше симпатија. Му го знаев името.
    Еден ден, нешто се испокаравме, јас се заклучив во соба. И ги извадив сите тетратки и учебници, и на сите пишав **** + ****. Дури и на периодниот систем. И тоа со маркер.
    Кога видоа моите.. :tmi:
    Ене, имаме еден прибор со боички, цел е со маркер.
    Остај тоа, него после јас ги користев нејзините учебиници, цели беа испошкртани.
    Или пак ако не сакаше да играме барбики, ја уценував:
    - Ќе играш или да се дерам **** и **** низ прозор?
    Она демек ме игнорира. И јас ќе почнам од прозор да се дерам ко улава. И сместа ги вадеше барбиките.
    Мало, мало, ама техничарче. :D
     
    На Alesii и Doozy им се допаѓа ова.
  18. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Како мала...

    Јас како мала секогаш сум бегала од дома и сум одела кај некои деца дома за да си играме :lol:
    Еднаш на прабаба ми и бев избегала кај едни роднини и она жената ќе умрела од грижи :rofl: Еднаш сум отишла кај едно дете и тие отишле на гости, а јас кај нив дома си цртам,јадам крем... :D :D Викнале моите полиција и ме барале во каналот :o Чувај боже да не сум се удавила :tmi: Да чукнам во дрво! :fubar: Секогаш сум бегала досадно ми било на едно место. :lol: И сега сум таква не можам да седам на едно место! Имам фобија од досада... :wasntme:
     
  19. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Како мала...

    Кога сум проодела сум бегала од дома, па мајка ми ги затворала сите врати за да не избегам :D а некогаш и ме бркала низ улица.
    Еднаш сум си пикнала цвеќе во носот, па моите ме однеле и на лекар за да ми го извадат :fubar:
    За еден мој роденден ни беа дојдени роднините и јас со цел да ја нашминкам дада ми ја направив како кловн :makeup: :$ Кога се појави пред другите се згазија од смеење. :D А постарата дада, секогаш кога ќе дојдеше кај нас ја терав да играме такси :| ( таа веќе имаше 20-тина години, а и дечко имаше ) :lol:
    Сум зимала грисинки и демек цигари пушам :smoke: :lol:
    И многу други глупости на кои не можам да се сетам во моментов :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Не знам дали знајте оние лепенките некогаш на бананите шо ги има..
    Е таква на брат ми му ја пикнав во носо, па после болници лекари и сл :rofl: