Па ако го кажуваш тоа некому со кој си заедно 2 недели, нормално дека ќе реагира чудно. Или пак ако си го истресла тоа од ракав, а не го мислиш. Излитено ми е тоа, со 2 пати мување да му кажеш те сакам, одма дамла ќе фати. Јас на дечко ми му кажав те сакам после 2 месеца одење, иако пред тоа имавме одено и се знаевме со години. И нормално не изреагира чудно туку му беше мило што го слуша тоа...
Ми излета непланирано...се случи. Се мувавме 8 месеци се знаевме и пред тоа се одеше супер мислев и кај него е така...ама не му беше баш мило што го слушна тоа...
ПА не му било мило пошто знаел дека не може да ти возврати. Штом мување од 8 месеца се уште не преминало во врска, значи нема љубов, туку само мерак или да мине време. Инаку за темава ќе додадам дека им се креваат акции кога дознаваат дека некој ги сака. Изиграваат малку, им раснат рокчиња
Кај мене беше поинаку одевме месец два со дечко ми и една вечер тој ме праша дали го сакам,дали чуствувам нешто за него.Ми рече дека ако ништо не чуствувам да ми даде малку време или ако тоа не се случи да не си го губеме времето,Но јас го сакав но ми беше незгодно некако да му кажам те сакам и тогаш му кажав.Се сакаме и сеуште сме заедно,секој пат кога ќе се видеме и слушнеме мора тие два збора да ги кажеме.
Нема врска колку долго се заедно. Јас и дечко ми уште првата вечер си кажавме дека се сакаме и нормално и двајцата го мислевме тоа. Само во случајов се согласувам со Анфејтфул, неможе да ти возврати затоа што нема љубов. Ако имало љубов сигурно немало 8 месеци на мување да остане.
Јас прв и кажав на девојката те сакам, после 5 дена. Таа ми возврати. Пред тоа интензивно пишевме на скајп околу 1 месец, и на некој начин ние одевме, пошто секој муабет ни беше срце, муце, злато, душо.
Мене уште првата вечер ми рече И тоа беше најискреното и најубавото ТЕ САКАМ кое некој некогаш ми го рекол. Знаев дека навистина тоа го чувствува. На пример, претходните дечковци ќе ми речеа 2-3 пати туку-така, небаре е некој неизбежен израз. Кога сегашниов дечко ми го рече тоа, сфатив како тоа го кажува некој што вистински сака. И му возвратив, бидејќи и јас искрено го мислев и го чувствував тоа. Радоста во неговите очи беше преголема, а и во моите. Како само треперевме... Сеуште си кажуваме ТЕ САКАМ и уште е истото чувство
Нема никаква врска кога ќе го кажете тоа...тоа што е битно да биде искрено.Јас му кажав на дечко ми после 3 недели и неможев да се помирам следниот ден како можев тоа да го направам,мислев дека ке фати магла,никогаш не ми се случило да му кажам прва на дечко дека го сакам,а и за 3 недели...тоа беше катастрофа,али ми излета... А он изреагира онака чудно,ме гледаше со недоверба,па мислев да правам филмови како не сум го мислела тоа,бла,бла...но сфатив дека е вистина,тоа беше најискреното и најголемото ТЕ САКАМ што го имам кажано во животот...Happy End
Jas so decko mi idam vise edna godina, mil mi e, fin, se trudi se za nasava vrska i se ostanato ali nikogas ne mi rekol deka me saka nitu jas nemu i nema ni da mu recam ako ne mi rece prv [mod-kirilica:r7rtts1z][/mod-kirilica:r7rtts1z]
Никогаш прва не сум кажала дека сакам некој. Попрво би умрела. Пошо можам да испаднам будала ако и тој не го дели истото чувство.
Обично пред легнување и наутро за добро утро...па да не претеруваме постојано станува досадно си знаеме дека се сакаме
После таквите зборови, кои и не мора да ги мислиш ќе видиш дали ќе се однесува исто или ќе си го крене егото. Јас кажувам, но не секогаш го мислам тоа што ќе го кажам. Ако и тој те сака ќе ти каже, ако не ќе ти смени тема на разговор. Двата најубави зборови си го губат значењето секој ден, се повеќе и повеќе. Не за друго, многу луѓе ги употребуваат, а не ги мислат, исто како и многу други.
Мене ми кажа те сакам после 1 недела, и го кажуваше тоа секоја ден......, јас не можев да го изговорам тој збор можи 3 месеци, и кога тоа ми дојде само од себе го кажав, но мислам дека после тоа, тој се смени.... некако престана да се труди,да вложува во врската, како да изгуби интерес, знаеше дека кога го кажав тоа и така е, и знаеше дека ме има освоено
Од првиот ден па до сега, секогаш ми вели те сакам ама онака искрено.Не дека на почетокот не беше напорен цело време те сакам, ми значиш ова она.. А јас се осеќав ко шупак едноставно не ми доаѓаше тој збор да го изустам. Еве и по петипол годни во врска го кажувам ама некако џвакајки го, (не знам зошто буди немир во мене). Но сепак не дека не го сакам моето будалче, само тешко ми е тоа да го изговорам. А тој нема проблем со тос како добарден му доаѓа те сакам срцка, сонце, буби...D
Не може да се генерализира како реагираат бидејќи тоа зависи од сплет на околности. Зависи дали и тој така се чувствува, зависи од тоа каков карактер има, какви очекувања итн. И мене некој да ми речи те сакам шо јас не го сакам назад во негови очи можеби грда реакцијата ќе биде. Дечко ми после еден месец почна да ми вели дека ме сака. Јас не можев.. Подоцна почнав и тоа од прво исклучиво во порака или на фб. Во живо никако. Многу ми беше незгодно не знам зошто. Сега си велиме онака поретко најчесто пред легнување како за добра ноќ
Кога прва јас му кажав дека го сакам тој ми возврати со "многу си убава" скоро 1 месец сме заедно и морам јас да го прашам дали чувствува нешто кон мене за да слушнам едно "те сакам" без никакви чувства
А како сте во врска ако не си кажувате дека се сакате? Или како доаѓа до запросување ако не си кажувате дека си значите еден на друг?