Ме интересира вашето размислување околу оваа тема што мислите како машките ги преболуваат разделбите по долга врска?јас мислам дека искрено к*р ги боли и по една недела одма продолжуваат со животот и дека му е сеедно zа све што мислите вие?
Јас не мислам така. Можеби они не покажуваат што не значи и дека не чувствуваат ништо. Сепак збориме за долга врска, не се и тие бесчувствителни, штом биле во долга врска сигурно сакале, им било убаво, така да не верувам дека одма продолжуваат без да се замараат за ништо. Можеби излегуваат и се, но во себе сепак чувствуаат нешто. Сега, секако зависи и зошто се случила разделбата, и каква била врската, но сепак, дека ништо не им е, и одма можат да заборават се, не верувам.
vO PRAVO си цветче можеби не покажуваат а сепак чуствуваат но сепак јас повеќето гледам дека се базираат на изреката клинот со клин се вади,па почнуваат одма нешто со друга иако продолжват да ја бараат и бившата а и матат некоја друга но сепак тие побрзо мислам дека започнуваат нов живот а на девојките му треба повеќе време...
Со многу алкохол, дружба со другарите, константно излегување и многу СЕКС. Машките го немаат тој вграден механизам како ние жените да се затвораат и кукумјавчат и плачат ден и ноќ. И да чувствуваат немоќ - нема да го покажат тоа, ретки се тие плачковци. Затоа и им поминува полесно.
Ако сеуште ја сакаат таја со која што биле во врска, тешко им е да. Или можеби му била навика па сеа им е досадно и бараат забава. Но сепак лесно преболуваат и продолжуваат со животот.
Зависи.Кај секого различно..Кај мојов дечко што го имав излегуваше само да ме види,никогаш не пие,од ко раскинавме за заматуваше за да ми се приближи..Но сепак,ке кажам секој различно..Некои пијат,некои имаат секс со девојки со кои никогаш не биле се со цел да ја заборават поранешната женска.
Генерално точно, ноооооооооооооооо бар еднаш во животот и нас не треснува некоја така добро да претходно наведеното не помага е после, после е сноѓај се како знаеш. Углавно завршува или со трајни промени во начин на однесување, промена на карактер или со фрустрации или со ....
Божее, зашто така збориш? Како за некоја страшна несреќа па со трајни последици, промена во ова она... Се работи за врска...да, тешко е, али порано или подоцна треба да го прифатиш тоа и да продолжиш понатаму со животот. Без никакви последици и психички пореметувања... Инаку што се однесува до темата, како они, така и ние, ако е стварно крај-крај, ништо, се собираш едноставно, и продолжуваш со животот.
Сигурно мислите дека машките се нешто како робокап кога раскинуваат, ама тоа не е така, без разлика дали било долга или кратка врска. Единственото важно е дали сакале да бидат дел од таа врска или не. Ако ја сакале девојката, го прават од прилика истото што и девојките, цмиздрат, плачат, ги боли, сè додека времето малку не им ја олабави болката. Единствената разлика, девојките преболуваат и продолжуваат после, недела, две, месец... година. На машките понекогаш им треба и цел живот. Добро, не секогаш, но генерално потешко преболуваат од девојките. Ако не ја сакале девојката, тогаш тука нема што да се преболува. Како што вие секогаш имате некој на лагер пред да раскинете, така и тие сигурно биле подготвени ако решиле да ви раскинат. Па 15 минути после раскинувањето, бидете сигурни дека јадат од чинивчето на некоја друга среќничка.
Као наводно вака било Едно е сигурно, не се замараат толку многу и времето не го трошат залудно како нас (плачејќи) туку гејмаат, искачаат, пијат па немаат ни време да размислат за раскинот.. А ние сме .. заникаде
Точно е маж ко маж сигурно е дека нема да седи дома и да цмиздри, ама сепак не се безцуствителни и тие, во себе тагуваат ама срамота е тоа да го увиди некој бидејќи ке го зеза тогаш друштвото како тој е мекуш и слично
Мислат дека преболуваат во прво време,пиејќи,мувајќи една-друга ама кога ќе им помине "лудилото" си го апат газот и тогаш им почнуваат главоболките,е така да Ви кажам!
mislam deka ne se kako nas mukusarki samo si cimoleme po doma i se nervirame zs vaka izlzglo prasuvame si prasanja so nemat odgovor i epten trgicno gi svakame rabotite mislam deka pobrzo proboluvat mos malku im e tesko na pocetokok ako sakale ama ko ke pomirat so raskino polesno prodolzuvat ponatamu
Надвор изгледаат како се да им е најок ама прашај го дома како му е.Знам по брат ми кога раскина со девојката(на 24 год.) кога ќе излезеше беше се супер уфф како ништо да не му се случило и рози му цветаат, а уствари дома кога ќе си дојдеше се гледаше колку пати и колку му е тешко.
Темава е иста на онаа "Дали верувате во машки солзи?". Емоции си се емоции, чувства си се чувства, љубовта си е љубов, дали кај дете, дали кај баби, дали кај возрасни личности, стари, млади, девојки, момци итн. Преболуваат исто како и секоја личност на планетава, зависно од карактерот. Како и ние девојките што не преболуваме сите исто, така и тие. Ако е машко значи дека не смее да заплаче? Или само дека е машко значи дека к*р не го боли нели? Нема врска. Има и девојки што откако ќе раскинат изгледаат како ништо посебно да не се случило. Има што се затвораат дома и еден месец се во депресија. Има и што ќе лудуваат секој ден по кафичи, кафани и дискотеки заедно со момци што ќе ги сретнат два пати низ дискотеката. Исто и машките. Има секакви, пак ќе кажам зависно од карактерот и зависно од самата личност, не е битно дали е женско или машко. Искрено жал да ти падне за момциве на Балканов, да не можат една емоција или едно чувство да си искажат на раат како секој човек. Одма папучари ќе ги направат. Затоа што уште од мали се израснати со таа мисла дека прав маж не се лигави и не плаче.
Реално машките потешко преболуваат разделби. И покрај тоа што после разделбата тие слобоно ги гледаш се смејат и шетаат тие многу повеќе патат од нас. Си знам јас по брат ми кој го знам подобро од себе. Кога излегуваше глумеше како демек ништо не е, ама дома маската му пагаше затоа што не можеше да издржи да се преправа дека му е сеедно. Ама затоа ние женчињата сме си посебни . Три дена ќе заглавиме со рикање дома ама после сме како нови . Не дека ни е сеедно ама ние не глумиме лудило како ништо неважно не се случува. Ние ја признаваме тагата и се соочуваме со неа, а не бегаме и не се криеме од самите себе и своите чувства. Затоа ако ние еден месец патиме машките за таа сметка 1 година се мачат.
Тагуваат во себе додека повторно не ја запознаат љубовта на нивниот живот. Некои имаат среќа и за запознаваат, а некои за жал не, па лутаат по улиците, од една, друга, трета....додека не наполнат 40 години и не се свестат дека остареле и оружнеле, па ке направат компромис со некоја. Познавам момци кои некогаш некоја им го сршила срцето и ден денес патат немаат и не сакаат сериозна врска. Еднаш бев во еден таков заљубена, немав ништо со него бидејќи не ме ни приметуваше, па нормално се откажав, будала, еве го и ден денес има 36 години можда и повеќе и сам е. Јас си го најдов маж ми и него една му го беше скршила срцето. 2 год. бил сам додека скроз не ја преболел и после ме запозна мене.
Две страни, само женските кажувате како, што според мене е невалидно. Каков е насловот, нека тие кажат, а ако не сменете го насловот во "Како ние мислиме дека машките ги преболуваат разделбите", нај на крај.
Генерално, го делам твоето мислење околу преболувањето, и мојот дечко претходно одел со девојка која ја прекинала врската и тврди дека ја преболел - до денес се во коректни односи, не дека тоа ме плаши - бидејќи имаме убава врска (не сум од тие девојки што децидно забрануваат контакти со бившите), но како би била потполно сигурна дека не контактираат без да знам или дека понекогаш не помислува на неа?
Штом е твој што ти е гајле и да контактираат...тој ако сака ќе останел со неа, ама очигледно не е, така? ти си со него. Нека не те плаши тоа. хохо