1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како машките преболуваат разделби по долги врски?

Дискусија во 'Разделби' започната од mime87, 24 јуни 2013.

  1. Ghost1990

    Ghost1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Еве јас ќе ви раскажам една вистинска приказна, мене како дечко ми се случи... Некој ќе ме разбере некој ќе ме осуди, не е ни важно. Но можеби ќе сватите дека мажите знаат да сакаат но знаат и тешко и губат. Пред 5 години влегов во врска со девојка од друг град, беше врска на далечина на почеток но често ја гледав и секој ден се слушавме на телефон. Ја засакав многу, се поврзав со неа... Имав 20 години. Барав работа тоа време ама откако влегов во врската почнав да работам што се вели “што и да било“ само за да имам пари да отидам кај неа, да ја видам,да ја прегрнам, да се дотерам да излезам со неа. Работев по 10-12 часа на ден (ја мразев работата ама ете трпев, ми требаше). Се одалечив од друштво од пријатели од излегувања... едноставно немав време, а тоа што го имав го одвојував само за неа. Се запишав и на факултет во Штип, сакав во Скопје, но го одбрав градот каде таа студира за почесто да ја гледам... Таа ми стана центар на светот. Кога ќе се скараше со другарките и ноќеска плачеше јас бев буден по цела ноќ, не спиев за да ја тешам кога ќе ми се јавеше...Тагував со неа... А тоа често се случуваше... Вложив се во неа... Поважна таа ми беше и од мене, не штедев на ништо, само да и и извлечам насмевка на лицето... По 5 години заедно таа стави крај на се, ме погоди како гром од ведро небо.... Не знаела дали повеќе ме сака. Не било до мене, сум ги имал сите идеални особини, сум бил добар, сум и давал подршка во се, никогаш солза и сум немал украдено од очите... но проблемот бил до неа...Не знаела дали повеќе ме сака. Така кажа. Прашав нејзина блиска пријателка што мисли околу ова и добив интересен одговор: “Било 21 век, трабало да се ужива во животот а не да се врзува за еден дечко... Ако не го живеела животот сега, тогаш кога? Ако не сака веќе не губи време. Подобро е така.“... По ова остана само болка во мене, како и имам топка во градите... Во скоро време ја прекинавме врската а јас сеуште не можам навечер да спијам. Не јадам редовно, не учам... Изгубив мотив за се, само на неа мислам.... Ја сакам многу и секогаш ќе ја сакам и знам дека никогаш веќе нема да бидам со друга... Веќе имам 25 години, поради врската како што спомнав горе се одалечив од пријатели од се... останав сам, нема ни со кого да ја споделам болката... а кој и ќе ме разбере... остана само болката и времето да ме гази.
     
    На Dreamgirl90, Stark, buuuce28 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Vremeto leci se.ke pomine, ke prebolis, ke se zaljubis povtorno.mlad si..znaes kakp vikaat pustija neka odi ako se vrati tvojs bila ako ne se vrati nikogas i ne bila
     
    На Dreamgirl90 и Peco им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ние машките сме горди и силни човечки суштества. Сметаме дека плачењето и тагата е слабост , нема никогаш или скоро никогаш да ја прикажеме пред други за да не бидеме етекирани како слабаци. Така да тие чуства за некоја која со која завршила врската ,за некоја која воопшто не сме ни пробале или слично, ги стискаме и складираме чуствата длабоко во нас , потоа најлесната опција е пиење разни текили и срања , со пиење излегуваат сите емоции кој сме ги складирале , врискајќи , плачејќи , тепајќи , кршејќи работи , јавувајќи се на жените у 3 саат ноќе ,среќа тука се другарите да ја исчистат и смират ситуацијата.... после некое време ќе се соземеш и дека е таква реалноста и ќе продолжиш со животот.
     
    На CameliaMiller, vitamina, Peco и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    163.748
    Пол:
    Машки
    Јас те разбирам потполно, зашто ова истово ми се случило и мене. Ќе помине време и болката ќе помине. Само трпение.




    Ова е точно, се согласувам 100% со напишаното.
     
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Втора бев на факс и барав совет од другарите што да правам со девојката, како пак се да биде исто. И добив еден таков смешен одговор ај батали ја ќе пиеме вечер пропратен со смеење, ко да не им е гајле. Ти имаш проблем а на нив им е дојдено до смеење и заебанции. Е оттогаш што и да ми се случува со било која останува за мене. Добро и за другарките нејзини, коа ќе ми текне да пишам некоја патетична порака :D

    Aли не пијам. Три пати се иам опиено, не ради женска и тоа 2 пати беше од некое домашно неквалитетно да не речам скиснато вино по студентскиве.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Ке ти одговорам на ова прашање.. Многу тешко верувај. Зависи колку долго си била у врската и што сте споделиле. А најпојќе зависи како сте ја завршиле и за што.
     
  7. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Не е до тоа дали си машко или женско. Него тоа кој колку е емотивен како личност.
     
    На mkdpp1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.732
    Интересни мислења видов - мажите што страдаат биле вид пред истребување. Ахам, да.
    Ако не плачат по другар(к)и и не соберат цела армија поддржувачи не значи дека не страдаат.

    Секој има различен начин:
    1. Како да се справи со шокот од разделбата, има тука прво неверување во вистината, преиспитување, состојба во која “лебдат“ и избегнуваат соочување со реалноста
    2. Како да се навикне на отсуството на партнерката
    3. Како да продолжи со животот, без да го демне помислата на неа на секој чекор

    Најчесто, од искуство, мажите првиот чекор го прават со алкохол и рандом жени, ама грешите ако мислите дека се “забавуваат“. Вистината е дека го прават она што пред се, околината го очекува (абе брат, пи*ки колку сакаш, не туку кенкај) а второ, си докажуваат себеси, дека не изгубиле ништо од машкоста, односно девојките уште сакаат да бидат со нив.

    Вториот чекор е дружење, кое не подразбира плачење по дома, него излегување и запознавање нови луѓе, без толкава сексуална нападност кон се женско околу себе. Океј, веќе си докажаа дека се пожелни на пазарот, а и се уморија малце од таквото дивеење и докажување дека “к*р ме боли“.

    Третиот чекор обично и најчесто го прават со нова девојка (нели, за озбилно), кога веќе ја преболеле првава во приказнава.

    Накратко, тоа е ОЧЕКУВАНО од нив, затоа така се однесуваат. Како што очекувано е од жените да плачат и да корнат коса што “ја изгубиле љубовта на животот“.

    Начинот на сакање, начинот на грижа, начинот на разделба, начинот на преболување, малце има врска со тоа како вистински се чувствуваат и мажите, и жените, туку со она што е очекувано однесување од нив во дадена ситуација.

    И на крајот, јас мислам дека во суштина, мажите многу потешко преболуваат од жените.
    Жените се склони кон поклонување доверба, кон сонување и идеализирање на работите, па сите ние сме си нашле “вечна“ љубов во 7мо одделение, и барем 4-5 пати до сега за некого се треснавме од земја, ама па и ни помина за некој месец.
    Мажите многу поретко се вљубуваат - тоа е вистина, не затоа што се бесчувствителни, туку зошто пореалистично пристапуваат кон врските.

    Имам другарки што после 2 недели со некого си замислуваат и како ќе им стои неговото презиме, и колку деца ќе имаат итн. До сега не сум видела некој од другариве после 2 недели да разгледува веренички прстен.

    Ама, чим некој маж одлучил дека ете вие, баш вие сте таа вредна за сите глупости и испади што може едно женско да ги смисли, и да раскинете, а тој да е*е се што ќе рашири нозе, јок, не ве преболел.
    Само наоѓа начин (општествено прифатен) како да се справи со шокот од новонастанатата ситуација.

    И пред да ме изедете, не мислам дека жените се глупи и лигави и тако даље, мислам дека културата, векови наназад, не направила такви какви што сме. Криви се Пепелашка и Снежана.
    Тие ни викаат дека треба да цркнеме по едниот и единствен Prince Charming.


    Ај поздрав, премногу елаборирав. :)
     
    На Brinetka, TravellerS, srcence1607 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Eshli123

    Eshli123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум нова во форумот бидејќи неможев да издржам да добијам совет од вас.Имам дечко одиме веќе 2 год, но се фативме после само 2 месеци откако тој раскинал со неговата прва најголема љубов (многу ја сакаал по кажувања на другите што го знаат ).Тие раскинале бидејки таа го преварила но тој и рекол дека кје и прости само да останат заедно но сето тоа завршило бидејки имало еднострана љубов.Јас откако сум со него две годинии си имам макии бидејки ми е страв да не, не ја преболел.Инаку таа пред неколко месеци се одаде за друг ( ќе имаат дете) што живее многу блиско до него и честоо ги гледа како проаѓаат покрај неговата куќа,а и има станица за авотбус одма до неговата куќа каде што и тие чекаат таму.Е баш заради тоа имам чуство дека никогаш нема да ја заборави !!! А девојката е преубава .... и згодна и се повеќе од мене :( незнам како после неа би можел мене да ме сака.Кога и да се замисли тој,јас веднаш почнувам филмови да си праам дека мисли на неа :( Спрема мене се однесува нормално, до некаде, вели божем ме сака дека сака да си останеме заедно до крај.Во последно време кога и да дојде кај мене правиме што ќе правиме и тој заспие около 10 10ипол што почна да ме фрустрира,зарем до толко сум му досадна или му е од игрите што ги игра откако ќе дојде од работа.Ве молам помогнете дали е во мојата глава проблемот или интуицијата ми е точна ?!
     
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Јас никако.. кратери ми правеле во душата разделбите, еве сега истото ми се случува ...
    Зависи од човекот. Јас сум искрен, верен и со отворени емоции и многу се приврзувам... сега ми е ужас, кај и да е мислам дека ќе скинам конци од болка.
    Тие муабети дека ако искачаш и главиш со алкохоли и дроги и курви после раскинување идат у канта пошто никаква вредност немаат , тоа е све со цел да се убие тагата која е преголема.
    Мене ми е исто како да ми умрел близок човек....
    Зборам за вистинска љубов,не зборам за промискуитетно фејкерско ебуцкање полувремено и нејасни чувства и идеи у форма на врска.Ако постои вистинска Љубов, јебига , не знам сигурно некаде грешам.
     
    Последна измена: 29 декември 2018
    На Brinetka, Milobebence, AnnabelLee и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    15.067
    Пол:
    Машки
    Ги проба сите тактики и жртвување во име на љубовта?
     
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Идам до крај, Љубовен ратник ( патник ) ... има уште да се пробуе, некад жена ќе треба да имам и деца, мора да се научи школото. А боли јебига, боље раце да ми кршат него душа....душевни лузни имам премногу на млади години , значи ќе имам уште многу повеќе бидејќи целам кон совршенство, јебига...
     
    На HerMajesty, rolulika и jasbi им се допаѓа ова.
  13. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Кога приметуваш дека нешто е променето и дека постои проблем? Приметуваш ли воопшто и како го решаваш проблемот?
     
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Зависи од ситуација не знам , не те разбирам што поточно сакаш да ме прашаш во однос на тоа што ме имаш цитирано што имам пишано за вистинска Љубов?
     
  15. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде пријателе челична каросерија имаш ти, ако внатре се е со лузни.
    Па машко срце без лузни не е машко, јуначко.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Фаќај прибелешки ти бате, јас сум уличен пес, и да умрам ич да не ви е гајле...
    Учи од туѓи грешки, за љубов химен и чоколадо се жртвува, не се жртвува здравје и цел ебан сопствен живот.
    Од Љубов се умира , луѓе се самоубиваат, убиваат ... не е играчка да сакаш некој со цело срце.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Па викаш дека не знаеш каде грешиш, па затоа ми се прашањата. Таму кај шо е проблемот таму е и грешката.
     
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Фала златна.... :l: Така си е. Сопствен избор лично мој е тоа, тој потешкиот пат сум го одбрал, или од мене, сеедно, битно ќе продолжам да газам цврсто додека ме држи планетава Земја и додека имам Љубов за давање ќе давам!!!!
     
    На worrieddd и rolulika им се допаѓа ова.
  19. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ама нема ни проблем ни грешка, зар срце греши кога е вистинска Љубов во прашање, кажи бре @Prijatelot ?
    Така се расте и созрева по многу лузни на срце.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Сосема си во право. Реалноста е уште побудала пошто јасно ми е се у принцип, што како и зашто, таму лежи болката. Иначе мојата прича е комплицирана затоа споделив тука за да знаете дека машка солза е многу болна, и да си ги чувате тие мажи што ве сакаат и се прави мажи со сите нишани...тие што ви прават пеперутки во стомак и после долго време ..
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.