Ама па и не само да даваш треба и да земеш, реципроцитет пријателе, е ако не иде не иде со сила убавина не бидува! И друго она другоно кај што стремиш ти не постои, ама ко ќе те застрела правата стрела на Купид ќе се увериш, ова се криво те гаѓал досега. Чекај ја правата...стрела од сега
Знам дека таа што ќе ми биде жена ќе биде најсреќна на свет , а сите дотогашни девојки исто така... Чекам...... се по ред и редослед , од твоја уста до Божји уши .... и тебе ти го посакувам истото, ако до сега го немаш најдено! И да , мора да биде взаемно, да има реципроцитет под дифолт .... од Љубов орбитите да се тресат!!!!!!!
Што да немам најдено? Стапот на Купид? Море мене по глава ме има манато и прав и крив се исто ми е Ама ај прво кај тебе па кај сите нека се враќа
Да си најдеш прав маж, љубов, цврстина .. све у склоп, знаеш што ти зборам. Кај мене малце ќе почекам , кратерчево треба да зарасне малце , уште не ми е завршена причата, а во ниеден случај не би влагал во некоја врска па не дај боже јас да повредувам.... Тоа мене ми е дупла жалост, воошто не сакам да повредам девојче на ниеден начин.
Море прав, крив, маж си е маж и ти знаеш што зборам. Убава замисла имаш со кратерот, тури фрли вар, дезинфицирај тоа раната па терај право, криво како и да е, кога е вистинска Љубов во прашање ништо не е важно
Мажите се своевидни прикриени емотивци заради полово наметнатиот стереотип, се учат од мала возраст да се воздржат од покажување емоции. Во мое искуство, стартно се водат по принципот "клин со клин се избива". Во некој дел, кај долгите врски, доживуваат репресија на машкоста заради верноста. Кога веќе ја имаат приликата да се понудат како слободни, го уживаат моментот до максимум , по нивна замисла како компензација за пропуштеното. После еден период излегување неадекватно многу за возраста, движење со апсолутно погрешни луѓе, бирање погрешни авантуристички стајлинзи и девојки, ја увидуваат убавината на животот во врска и крајно патат. Многу подоцна, многу подискрентно.
Да ви кажам пример за со бившиот кога раскинав пред 8 месеци јас плакаше 3 недели секој ден ништо не ми се правеше а сега ми ѕвонеше еден број ко гледам он а јас па и бројот му го заборавив ми плакаше на телефон а не бесе пијан и уште ми ѕвони во ден по 6 7 пати и ме беше тогаш секаде блокирал за да не го замарам сеа ме од секаде одблокирува и пишува и тоа манијачки пораки на нашите места се слика ми прака слика цццц..
Многу убаво размислуваш и зборуваш, само сакав да кажам едно големо браво. Вакви машки како тебе се ретки, блазе си и на девојката на машките како тебе. Да те прашам гледам поминале неколку години, зарасна ли кратерчето на срцето, како си сега?
Па на пример, со нова врска, дете и брак, и све тоа со едно брзинско темпо, две до три недели рецимо.
Леле жими се е вака, познавам едно 5-6 случаи слични на ова, со брак максимум за 3 месеци. Интересни бракови се овие хахахаха
Некои преболуваат со лесни девојки, некои одма со нови врски и брзи бракови а некои пак се лажат дека преболеле.. Последниве најчести