Картата у два правци ти е (повратна) ? Ако ти е повратна пут под ноге и право кај него. Врските на далечина бараат многу доверба и вложување, а ако вие терате инает и двајцата, што е аирот од таа врска. За нервирање ли е работата? Па секој идиот може да те нервира, ако е од Македонија, немора да е од странство. Направете си муабет во 4очи, друго не помага во ситуацијата. да молиш нонстоп ти, па и тоа не бидува.
Да peperutkaa повратна е и едвај чекав да дојде денот кога ќе летнам... Се надевам ќе ми се оствари,а пред тоа ќе се јави он во секој случај фала многу
Немора да ти се јави до тогаш. Ти спремај и се и директно кај него и супрајс пред вратата. И слободно кажи му што ти пречи кај него, да си ја одвореш душичката и се изрецитирај му, па после ислушај го него и заедно одлучете вредат ли сите нервози и трудот кој го вложувате. Ај ти држам среќа, па известувај не.
баш ме расположивте со позитивноста во вас фала ви многуууууу...ај ќе ви кажам сепак што и да се случи во меѓувреме
Еее девојчиња да не ме мислите се си дојде на свое место Се смири "бурата" сега го чекам 16ти априллллл
вака имам врска од 3 години за 16 дена ќе правевме 3 ... но тој ми РАСКИНА незнам за глупости затоа што сум отишла со другарките кај нивните другари у куќа ... не ми била прва грешка па да ми ја прости не ти знам што , неможел тој се да прегледнува низ прсти .... сакам да му се извинам со некое изненадување , што ќе му стане мака за тоа што сме раскинале .. сакам да се смириме .. неможам без него , леле помагајтеееееееееееее !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Мене ми изгледа дека не било тоа проблемот.. тој само си барал некоја причина за да ти раскине.. Можеби тоа зависи ако порано во врската сте имале некои недоразбирања, или сте се оддалечиле, па љубовта од негова страна престанала, можеби има друга... тоа неможам да ти кажам, само вие си знаете. Но сепак мислам дека не било тоа причината за раскинувањето.. А за изненадување, немој. И извини се само ако стварно мислиш дека си згрешила нешто! Немој одма да потклекнеш. Тој можеби самиот ќе те побара ако не види заинтересираност од твоја страна, можеби ќе се покае, сепак не се малку 3 години. Почекај па види што ќе се случува..Можеби ќе ти биде тешко ако тој се однесува како ништо да не било меѓу вас, но се' е навика..
Врската не може да се спаси само ако едниот партнер се труди истата да опстојува. Се додека само едниот се труди ништо од врската. Ако двајцата сакате да се спаси врската тоа е веќе друго, во ваков случај проблем ми била да речеме далечината, тогаш само со желба, доверба и трпение.
Врската треба да се одржува а не да се спаси. Кога веќе ќе се појави проблем, тешко е да ја вратиш во нормалниот тек.
Не успеав да ја спасам, а се трудев премногу. Недостигаше тој да помогне за да се одржи врската. Залудно е кога само едниот се труди.
Zdravo deckii.. nova sum na stranava i se zacleniv konkretno za ova.. vaka so decko mi sme vo vrska 1 godina i skoro mesec, se si beshe okej do pocetokot na mesecov ne znam sto se sluci naednas pocna da se odnesuva cudno mi vika deka me saka i samiot e svesen za toa deka e mnogu smenet probuvam da ja spasam od petni zili ama nekako slabo mi ide .. ako ne go pobaram jas nego ne mu teknuva i se slucuva da ne mi krene i jas da dzvonam nekolku pati ppsto obicno odma se javuval i normalno kje se isplasam ako nema da mi se javi 2 3 pati i se slucilo da mi se isponasa zasto tolku sum go barala... ama on bitno vika deka me sakal i ne znam sto i ne znam vo sto da veruvam i so da praam pa malku pomos ako moze
Искрено мене ми мириса на неверство, има друга. Секој на збор може да ти каже дека те сака, ама преку дела нека покаже ако стварно те сака, а неговото однесување очигледно не го вика тоа.
Вика дека те сака, ама изгледа не е така. Мислам дека бил добар само за да те придобие и изгледа брзо му имаш здосадено.
Ти најдобро си го познаваш дечкото, да не има некакви проблеми овај период? Исто и мене посесивно вртење по телефон би ми сметало. Можеби му треба малку повеќе простор да се среди психички , обично кога сме down баш и не ни се зборува многу..Прашај го..
Ти го познаваш најдобро и треба да знаеш како се однесува тој и како карактер е. Но, од моја гледна точка мислам дека му зодсадило, монотоно му е со тебе или пак уште полошо има друга девојка. Инаку секогаш земи ги во предвид делата, место зборовите.
Не изгледа дека те сака.Отворено разговарај со него.Нешто крие.Натерај го да ти ја каже причината за неговото однесување.
Dojde vecerva.. zborevme, navodno mnogu me sakal ama ne mozel vekje da ostane so mene ne znael zosto uporno vika deka me saka ama me turka od nego
Има друга или сака да е слободен за да си брка други, ама нејќе отворено да ти каже зашто: 1. Не сака соочувања 2. Сака да нема обврски кон тебе, ама ти да си на стенд бај. Затоа, ти на него бај бај по брза постапка
Има друга веројатно или е во план да биди со друга девојка. Тој што те сака, а не може да остани со тебе, е само глупава причина за да те остави, демек на убав и културен начин. Trust me, ми имаат раскинато. Јас сум ебано искрен кога раскинувам, ама кога ми раскинуваат особено последната врска, беше нешто вака слично. Јас би те советувал сега да го откачиш што е можно побрзо, и да му покажиш дека можеш без него, не да му се докажуваш туку онака да ти тера животот понатаму. Ако те боли ептен и ти е тешко, исплачи се дома, пишти викај, карај, пак изнаплачи се, ама кога че излезиш надвор биди силна. Немој да му бидиш последното вагонче, за да ако некогаш се премисли пак да дојди кај тебе. Личноста е таа што е, не може да се промени, само може да глуми. Се најдобро.