шо мислите како од мување да прерасне врска?? дали би имале храброст да го направите првиот чекор? (иако јас не би ) сепак тоа е она шо треба да го направи машкото нели ?? и за тие шо се во врска .. колку пати се имаат мувано пред да бидат во врска ?? споделете ги вашите искуства ... Поздрав !!
Хахахах па зошто да не го преземе девојчето првиот чекор? Нема врска, и онака веќе се муваат, па зошто таа да не предложи мувањето да прерасне во нешто повеќе? Јас со дечко ми сум заедно 5 и пол години, а јас ја начнав темата за тоа дали сме во врска Значи, ние се мувавме некаде околу една недела, ама немаше ден да не се видиме. Една вечер, додека јас бев излезена со моите другарки, ми се пушташе едно дете кое го знам од поодамна. Јас му кажав дека сум во врска, а тој ме праша: е од кога си во врска, мислев дека си слободна? А јас му велам : една недела И ок, после излегување се најдов јас со дечко ми и му ја раскажав случката од погоре. И на крај, кога му кажав дека сум рекла дека имам дечко, го прашав: А имам ли? На ова тој се насмеа и ми рече: да, имаш И така јас се осигурав дека нашето не е нешто минливо и, да чукнам во дрво, еве веќе 5 и пол години супер ни оди
Храбра сум и нема ништо лошо во тоа девојката да превземе прв чекор ама прво да испита околности пошто некогаш може да се излаже,и да остане разочарана....И мислам дека нема ништо лошо во тоа да отворено му с екаже што сакаш со него и какви планови имаш па ако не ви се совпаѓаат ајде чао!Мувањето ми нема смисла се гледаш со него значи затворена си за контакти со други пошто нема да се гледаш со уште сто други нели....а сепак не сте обврзани нема логика,или гја или бу и тоа е!
ние со дечко ми прво се мувавме 2 недели и по цели денови бевме заедно. Еднаш бевме излезени на кафе и помина еден негов другар му вика запознај се со девојка ми мене ми стана малце чудно, пошо претходно не сме праеле муабет за врска и си реков што му е на овој, а не дека не ми одговараше после неколку месеци ми кажа дека така напраил пошо му било срам да ме праша
Скоро повеќето врски почнуваат од мување. Но како до врска? Неколку пати имаме излезено до сега и мислам дека почнува да ми значи и со задоволство би пробала да започнам нешто со него. Но како да дојде до тоа "спотнатно" а сепак да го предизвикаме? Сите знаеме дека кога ќе ги ставиме пред свршен чин, поголемиот дел едноставно бегаат. Кога е правилен момент да се збори на тема да бидеме озбилни без да биде исфорсирано или премногу да се брза? Знам дека треба да бидам трпелива но стварно сум немоќна да ги препознаам кои се знаците за сакам да останам со тебе или ти си ми само за мување и забава. Фала однапред.
Јас со мојот маж почнав со мување. Имав ја дечко он имаше девојка, ама ништо не беше сериозно. Раскинавме скоро во исто време и слободни продолживме со мувањето Значи тоа траеше некаде 4 месеци, онака чисто си се забавувавме, без никакви обврски. Спонтано дојде идејата да почнеме врска и како вчера се сеќавам на неговите зборови : Ќе почнеме, па времето ќе покаже. И времето покажа, одевме 7 години и се земавме. Најважно е трпението, да уживаш во тоа што го имаш во моментот, ако било речено да имате врска и да сте заедно, верувај ќе бидете. Никако не го форсирај, остави полека да тече, машките се големи страшливци, паничат пред поимот врска, кога не се спремни доволно за неа.
Па не го напињај, ќе му здосади така... Најважно е тој да се одлучи, не ти. Пошто нели, ако е до тебе -одма би влетала, а типот најверојатно не е толку спремен, а знаеш -за љубов се потребни двајца. Прашај го што планира, па ќе видиш.
Па, не го ставај пред свршен чин со зборови, туку со дела.На пример, не биди секогаш достапна за него, за да се сети дека кога би му била девојка дека би било поинаку. И мој совет, ако сте и двајцата слободни, а се мувате со месеци, нема ни да се фатите, зашто ќе му одговара, ем да те има, ем да е слободен.Затоа ако не се сети после 2-3 недели да официјализира, а се гледате често, откачи го зашто нема намера.А може и откачувањето ќе го инспирира да офизијализира
И јас се наогам во слична ситуација само што ние веке се гледаме 3 месеци никако да ни текни да се договориме за врска, некако како него да му одговара тоа ем е слободен ем ме има мене а се колни дека не се гледа со друга личност дека само со мене ама сепак ништо не е формализирано се гледаме као тајно а сепак моите другарки и неговите другари гледаат или дознаваат за нашите средби и нашето заедничко играње во кафич итн но незнам како да почнам муабет за откачување кој сепак ке му даде до знаење дека уствари не сум повеке за мување но ако сака нешто формално сакам а ако не сака подобро да прекиниме а не тоа откачување да го сфати дека нејкам повеке да се гледаме дајте идеа како да го почнам муабетот ?????????????
Јас до пред некое време се наоѓав во иста ситуација, и би ти го советувала ова: Продолжете да излегувате, да зборувате за вас, за тоа што ви се допаѓа а што не, што ви одговара во врска а што ви смета затоа што не може ти да му читаш мисли (или обратно) за тоа што сака тој да прави. Најважен е разговорот. И кога ќе помине некое време, ако и ти и тој можете да се прилагодите на меѓусебните мисли за како треба да изгледа една врска спремни сте да почнете. Само немој ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не му даваш слобода, да сакаш да излегува само со тебе и со никого друг (не зборувам за со други девојки,туку за со друштво) затоа што сите сме луѓе и никој не сака да зависи од некој друг, на секој човек му е потребно слобода, сигурно и ти не би сакала на секое да треба да "поднесуваш рапорт" каде, со кого си била, со кого си се допишувала, зошто не си му се јавила и слично..тоа е претерување.
Прво треба да му го опипате пулсот на партнерот(мувачот) и да почувствувате дали е он спремен на тоа,како се однесува со вас...ако мислите дека е спремен,вие прашајте го,па подобро е да го прашате,него вака да се мислите цело време,па ако му одговара ок,ако не здравје Боже,барем нема време да губите. Јас се мував со дечко ми 19 дена пред да се фатиме,ама цело време бевме заедно,само не беше ништо официјално и јас прва го прашав,едноставно сакав да знам на што сум(да знам дали може да идам со други ) и излезе дека сакал да ме праша,ама не бил сигурен дали јас сакам да официјализираме,незнаел како да почне...и ете јас излегов похрабра,па уште сме си заедно
1. Ако често сака да биде со тебе, 2. Ако ти си меѓу првите луѓе кои дознаваат за најновите работи што му се случиле дента, 3. Ако си го забележала како те набљудува додека не го гледаш... и тоа со некоја загубена фаца и насмевка од едно до друго уво 4. Ако го интересира што правиш во текот на денот или деновите кога не сте биле заедно, а поминале веќе неколку ... те распрашува како поминало нешто за што си му кажала претходниот пат дека треба да се случи 5. Ако премногу често те гушка, сака да те држи за рака кога сте еден до друг (не значи да се шетате за рака низ град) и често ти лепи некои нежни бакневчиња лево десно по целата глава, раце... ........ мислам дека ова би требало да се некои од работите што покажуваат нешто фино дека се случува... не чисто прелазно мување само мислам дека е доволна причина можеби да се надеваш дека мувањето ќе премине во врска, но без да разговарате за тоа нема да знаеш. Ако во сериозниот муабет.. уф сериозниот муабет )) приметиш дека е прилично нервозен, ја избегнува темата, а после и тебе.... Huston we have a problem МАКАР ШТО ИСКРЕНО И НЕ СУМ НЕКОЈ ЕКСПЕРТ ЗА ОВА )) јас го имав баш ова сето што ти го опишав... цели два месеци, но не и врска... го направив муабетот, не добив конкретен одговор, како: ПОЧНУВАМЕ ОЗБИЛНО СЕГА ) ама па и не добив она спротивното, нервозно понашање, игнорирање и тн.... Требаше да бидам потрпелива, но одлучив дека сепак не ми е тоа доволно. Во моментот не сме заедно, но комуницираме премногу често па од каде можам да знам што ќе се случи понатаму а и ти нели?!?
Еј, а ако проблемов се уште постои има една личност за совет што ти ја препорачувам да ја прашаш со сето мое среце и душа хаха баш сега читав по форумов разно разни мислења... дефинитивно ти треба Mistery <---- побарај го
ednostavno zavedi go .. pravi znaci deka go sakas pa makar i lazni.. bidi mu i dobra drugarka .. da pocne da se privrzuva za tebe i emocionlano ne samo .. vo krevet .. koga ke go dobies i toa .. pokraj muvanjeto gotov samo treba d abides trpeliva i ne go teraj bidi mudra i neosetno da stane zavisen od tebe se najdobrooooo
Јас со моево муле се мувам 7 месеци, вели прво сега за сега е вака, после вели не се сакаме...Се знам за него, за се имам детален извештај. За се е тука да помогне. Чудо од човек. Така да не сум паметна каков совет да ти дадам. Ваљда се треба само по себе да си дојде.
Зависи што сака од тебе,може му одговара мување само...или кога веќе и ти си прифатила со мување,може и тој си мисли дека така ти одговара...многу сте ми смешни со тоа мување,интересно зборче е стварно,и искрено јас ич не го сакам таквото мување
Сакам нешто да ве прашамво врска со темава...се наоѓам во слична ситуација...а имам само скоро 16 години..значи не зборувам за некој сериозни врски,само онака тинејџерска љубов...имаше женска пред 3 месеци,се муававме тогаш и решивме да се разделиме дудека да се скара до женската. Пред 20тина дена се скара со женската.Од тогаш секој ден сме заедно,но не ја чувствувам неговата љубов која толку многу ја посакувам! Сакам да го освојам неговото срце,но незнам како,немам многу искуство со врскиве,а и обично досега со сите симпатии што сум ги имала не сум успеала бидејќи ме газеле,зошто премногу попуштам кога сакам! Овој пат сакам да бидам таман,што се вика...ни премногу блага,ни премногу оштра!! ВЕ молам за совет феминки!
дечкото имал девојка,се скарал сега е со тебе биди малце трпелива времето ке покаже не може за 20 дена да бидеш љубовта на неговиот живот и како што кажаа предходно девојкиве НЕМОЈ да го гушиш и све ке си биде ок
Епа продолжи да се гледаш со него, јавувај се или пишувај му често. Едноставно, дај му до знаење дека сакаш да поминуваш време со него, дај му до знаење дека ти е пријатен и дека ти значи. А и не гледам зашто после некое време ти не би прашала, каде води сето ова?? Ќе ти каже искрено, а јас мислам дека ќе сака да бидете во врска. Не го криј она што го мислиш и сакаш