Фала феминки..нависина многу ми помогнафте оти не знаев што да правам! Ќе се обидам да му бидам другар,но тој не зборува..Знате денеска по ноиве критериуми не теба да му ѕбоните прва на машкото да немисли дека сте лесни,дека трчате по него! Aма нели златно правило си е Постапувај со мажот како ковачот со железото,прво убаво загреј го,потоа обликувај го како сакаш!
Мислам дека секоја од нас не започнала со сериозна врска. Јас со мажми сосема случајно се сретнавме во еден кафич и така се запознавме прво се правевме дека не сме заинтересирани еден за друг иако излегуваме и повеќето време го минувавме зедно, потоа самата близина и постојаните дружења си го направија своето, нашите симпатии или помодерно нашето мување прерасна во врска, па потоа и во брак. Нема некои посебни правила за да сватиш кога се работи за врска, а за мување можеш да сватиш од твоето и неговото однесување.
Еее епа денес тоа е интересно,се мувам со овој со оној,па дали сме во врска да се изнасмееш Каде беше моето време кога срамежливо искачавме во некое паркче па кога ти се додворуваше дечкото,и така ќе знаеш дали си во врска или не Смешно навистина
Нема некое пишано правило т.е. нема воопшто некакво правило околу овој феномен. Секогаш зависи од женското а најмногу од машкото.. Едноставно треба да дадеш се од себе(не зборувам за повеќе од секс) за да тој посака да е со тебе...
Мување како мување ми е ок,се додека не започне да се одолговлекува.3/4 пати,па и 5 нека бидат,ама влечкање со месеци а ништо сериозно,не фала.Да си ја мавам главата каде е и со која го делам не планирам.Ако ти значам ќе бидеш со мене,ако не...Чао пријатно
И јас бев во таква ситуација имено бев со момче 7 месеци значи на почетокот као да се мувавме али јас се заљубив лудо во него а он остана равнодушен и пред 2 дена се решив па го прашав до каде сме со нашево он само ми одговори дека е тоа што е и дека сепак нема да се смени ако ми одговарало ок ако не ништо и едноставно се разделивме.Сакам да кажам како и да е разговорот сепак е многу важен но слушај си ја и својата интуиција она никад нема да те изневери СРЕКНО
Јас никогаш прва не би почнала муабет за врска. Верувам дека доколку се развијат вистински чувства кај двајцата тоа со врската само ќе си дојде. Да, постојат и оние кои што не сакаат да се врзуваат и избегнуваат било какви муабети за врска - оние кои бараат само задоволство, но доколку навистина постои некоја хемија и емоции - самиот ќе ве побара за нешто посериозно. Таквите машки кои обожаваат да се 'влечкаат' без обврски - алергична сум на нив! Ако не ни пробува да развие поблизок однос кон мене и по неколку месеци мување, иако нели во моментите кога сме заедно е беспрекорен - веднаш е јасно дека не ни планира врска. Според мене девојката не треба да почне муабет се додека не се осети сигурна дека нема да добие негативен одговор. Со негативниот одговор следуваат многу разочарувања. А верувам дека на нас ни е потешко да поднесеме разочарување отколку на машките. Јас со мојот дечко се 'мував' 2-3 недели пред да бидеме официјално дечко и девојка. Jас - ни на крај памет муабет за врска. Ми беше опуштено и така сакав и да остане се додека не осетиме и двајцата потреба за дополнително врзување. Иницијатор беше тој, ми кажа дека сум му драга и дека постојано ме мисли и му се развиваат одредени чувства кон мене.
Јас пред да се фатам со дечко ми, се мувавме околу пола година..Потоа веќе се заљубив во него. Тој ми немаше спомнато ништо за врска, па јас го скршив мразот така само го прашав на што сме, што планира тој со мене и слични работи, и дуури тогаш ме праша за врска а потоа ми кажа дека тој и пред да официјализираме се чувствувал како да сме во врска бидејќи бевме доволно поврзани, но сепак..Сакав да бидам сигурна дека нема да ми го “закача“ некоја друга, други се работите во врска, барем бев сигурна од тогаш дека нема да дојде еден ден и да ми каже “еј јас се смував со таа и таа,па нели само се муваме?! зашто да се лутиш?“ Што си е сигурно,сигурно си е
Се мувавме со еден дечко 2 месеци , јас се заљубив секако глеав дека не планира да рече било што за врска и затоа му кажав јас знаеш сакам нешто посериозно со тебе , а тој ми рече мислам дека веќе не треба да се глеаме , има разлика во години многу јас само му реков едно гадно ОК баш ми рече дека сум чудна јас дека порано сите девојки трчале по него , а само јас не. И јас му , велам што има да трчам по тебе коа нејќеш више да се глеаме , не сум таква и од тогаш секој ден ме бара , кај и да ме види муабет ко да одиме 100 години ме гушка и се тоа .Не продолживме , уште неможам да се помирам со тоа бидејќи се заљубив многу , сега почнав со друг и океј ми е ...инаку нема врска дали женското ќе праша за врска или машкото , ако се сака се може
Znaci ja sum so eden 2 ipol godini i samo se muvame ne tolku cesto ama pak,negovite drugari ne znaat sakam da praime muabet za nas dali ke ima neso poike ili ne ama ne mozam neznam kako da postapam a znam ne e samo do mene
Јас се мував со бившиот веке 3 месеци, и во една прилика му реков дека сакам да знам на што сум Му реков или се, или ништо, баш со тие зборови, му спомнав врска, не му требаше да размислува двапати, се согласи Ама за среќа, навреме сватив дека не е за мене и раскинавме Сеа несакам да го смислам , беше многу далеку од она што ми треба
Јас прва никогаш не сум инсистирала од мување на врска.Со мојот дечко пред да стапиме во врска само се мувавме , а тој упорно инсистираше ајде , ајде да започнеме врска.Ама сепак си почека еден месец Ако и двајцата сакат тоа ке прерасне во врска , но ако на едниот му било само за забава колку и да сакаш нема да може да прерасне во врска!
So eden decko sum veke 3 godini zaedno . Se "muvame " se pravam i nikako nemozam da go zadrzam za poseriozno kako treba da postapam za da pocnam da mu znacam ...? [mod-kirilica:3u7hd7mp][/mod-kirilica:3u7hd7mp]
kako da go nateram da se zaljubi vo mene? Како прво, имај малку самопочит. Ако типот те мува три години и досега не му текнало за нешто посериозно, нема ни во иднина. Само гледај ти да не бидеш повредена и или направи отворен муабет со него, или батали го.
Ние со дечко ми се мувавме 6 месеци, па прекинавме. Прекинот беше само една недела за повторно да се смуваме и од тој ден да се фатиме. Без оние формалности ќе ми бидеш ли девојка бла бла бла... едноставно ми рече: од денес си само моја и не те давам никому... И еве веќе 4 год. и 3 месеци сум само негова и преубавоооооо ми е!
и јас имам сличен проблем се мувам со момче од мојот клас пред да се смуваме не зневме дека се бендисуваме еден со дуг а дознавме сосем случајно со помош на мојата братучеда чиј дечко е негов другар. дури и кога дознавме ни беше срам да започнеме да се муваме (инаку тој не е ни малку срамежлив кога станува збор за други девојки) па почнавме да се допишуваме. На второто допишување веќе се си разјаснивме и потоа се сретнавме. по една недела се сретнавме уште еднаш но за врска не спомна ништо навистина не знам на што сум вероватно е уште рано... инаку нашите разговори не наликуваат на некои кои сакаат само да се муваат бидеќи влегуваме и двајцата зборуваме за нашите животи роднини и работи кои ги сакаме и има многу моменти каде поотворено зборуваме за нашите чуства но јас сум вознемирена што поминаа две недели а тој не нашол термин за да се видиме по трет пат всушност тој е од село и вероватно е затоа но сепак ми е страв... некој совет?????
Како да го задржам? Епа вака девојки, нова сум на форумов и баш би сакала да се дружиме овде Потребен ми е совет па ако може да ми помогнете. Неодамна се појави еден дечко што долго време ми се допаѓаше, пред 2 недели 1-рв пат се смувавме на една журка, секако ми го побара бројот и наредниот викенд излеговме на кафе, но некако не помина најдобро :/. Потоа другиот ден вечерта му пратив порака само за да го поздравам, така и гласеше пораката, но не ми врати (земајки го фактот дека ја пратив во 4 сабајле). Работата е во тоа што многу ми е посебен и не сакљм да го изгубам, незнам што да направам за да го освојам, да го задржам, некако гордоста не ми дава да му се јавам . Ве молам за совет. Благодарам
Ух,па вака...храборо е кога девојката го призима првиот чекор,за да му даде до знаење на оној (со кого се мува) дека и е дојдено до него и дека веќе почнува да го гледа со други очи,т.е да гледа подлабоко во неговата душа.Но,понекогаш можеби и подобро е момчето да го направи првиот чекор,тогаш девојката се чувстува како најсигурна ..Со момчето кое се гледам подолго време,неможам да кажам дека имам врска...затоа што и јас сама незнам што е помегу нас тоа. Но ,во последно време гледам дека секој негов чекор оди кон подлабоко во врска со нас. Искрено ми се допаѓа тоа.
Imam muvac so koj se muvam 5 meseci pred edna nedela go prasav dali planira nesto poveke a toj mi rece cekaj kade brzas? Neznam so da praam? Samo me muva ili ponataka ke saka nesto poveke?