Сакам сама да ги запознавам луѓето, нивните карактери, првично според нивниот начин на однесување, начин на говорење, што мене ми е битно и темел за осознавање на другите луѓе, а подоцна, значи после многу долго време го утврдувам своето првично спознание за нив, дали е искрено,правилно.Бидејки човек не можеш да го запознаеш веднаш, значи треба да го знаеш со години за да знаеш што личност е.Никогаш не основам мислење врз тоа што другите ќе го кажат за таа одредена личност, затоа што секој е различен, различен начин на размислување има.Кога сакам нешто да дознаам, да го запознаам човекот подобро, отворено и директно комуницирам со него, не вртам од околу.Зошто би се мачела да се распрашувам од околу, кога можам директно да го добијам одговорот за тоа што сакам да го знам? Немам потреба од такви работи.
Никогаш несакам да избрзувам и прерано да си донесувам заклучоци за некоја личност. Најчесто не мислам ништо, оставам на времето како ќе се покаже таа личност. Ако ми се допаѓа, ако знаеме и имаме за што да правиме мубает тогаш е лесно
Првиот впечаток вообичаено ми е основата врз која градам мислење за некого. Но, на секого му давам втора шанса, ако според околностите не сум можела да го запознаам во вистинско светло. Имам голема недоверба во луѓето, можеби затоа што досега многу пати сум се разочарала од некои личности, па секогаш сум си со резерва, безразлика колку добар впечаток ми оставил некој. Мислење за некого никогаш не основам заради трачеви.
Јас луѓето што се потпираат врз туѓи мислења и муабети за да извадат заклучок за нешто, особено за некого ги сметам за исклучително неинтелигентни.
на прв поглед,и баш секогаш она што ке сум го добиела од првиот впечаток за личноста секогаш излегвало дека е тоа точното
Никогаш не судам никого од прво запознавање. Ќе ми остават некој впечаток, но се потпирам на него само привремено, додека не ја запознаам личноста подобро. Тргнувајќи од себе: јас при запознавања знам да бидам прилично срамежлива, или ако не ми е денот па онака млитаво ќе се претставам. И? Треба секој што досега ме сретнал да ме смета за највечи намќор/флегма века. А кога ќе се опуштам сум сосема 10та личност. При подобро запознавање, доста лоша карактеристика ми е што ги судам според тоа дали знаат да си останат на ставот или го менуваат според другите, како и смислата за хумор и типот на хоби, музика, книги и филмови што ги сакаат. Пригупо е последново, но некој да ме убедува „Стоја е најјача“, нешто умира во мене бре. Сепак, според тие работи повеќе добивам претстава во која насока би ни одела комуникацијата. Оформувањето на целосна слика го оставам на моментите кога личноста ќе се најде во ситуација кога треба да покаже колку е човек. Покрај сите квази финоќи и газолижења, човечноста е онаа карактеристика врз која го основам целокупното мислење. Ебати „интелектуалецот“ со отворен ум, а затворено срце.
Јас основам мислење за другите личности според нивниот карактер, начинот на кој се однесуваат спрема другите
И јас како и Lady17... И обично оној прв впечаток што ми го имаат оставено останал ист до крај... т.е уште од кога сум ги запознала сум ги проценила добро.... А воопшто не ми е важно што другите имаат да кажат за таа одредена особа, пошо многу невистини се имаат зборено за мене, па не верувам во се што ќе слушнам кога се збори за некој друг.
Па зависи каков впечаток ќе ми остави,ако се постави негативно,негативно мислење ќе имам и обратно.Ама тоа може постојано да се менува,се додека не се запознаеме малку подобро.
Па, со набљудување. При прво запознавање онака на две на три, си формирам некое свое мислење врз база на однесувањето тој пат, а потоа си наблудувам, неговите реакции, зборови, однесување, начин на разговарање, манири, култура, па дали повишува тон или не за без врска, и во зависност од се тоа или го менувам или го задржувам првичното мислење Да си се пофалам претежно точни ми се првите мислења, можеби затоа што не се летам одма туку причекувам пред да помислам овој/оваа е ваков или онаков.
Не учевте на училиште дека предрасудите се обично грешни? Треба прво да се запознае човекот како личност, па ко другар итн. Не се сите исти со секого. Неможеш се' да сфатиш со набљудување, не и никој толку плиток.
Во ова време треба да се потрудиш повеќе за да најдеш вистински другар/ка. И нормално за да основаш мислење кое е точно треба да подобро да се запознаеш. Јас на пример за сите на почеток имам лошо мислење ( знам дека не ми чини) и после со однесувањето и со гестовите кој се потруди да го смени- ВРЕДИ. За другарката која сега ми е најдобра имав стварно лошо мислење , едноставно воопшто не ја познавав и прв пат кога ја видов беше кога почнувавме прва година и се ново знаеш... и некои ставови стварно ме нервираа , но за среќа таа број 5 јас број 6 и не седнаа заедно некако и среќа тоа сега сме неразделни
било кој и да ми каже било каква работа за некого, не слушам.сакам сама да увидам како е човекот. тој може да биде за сите други најлош но ако за мене е човек гајле ми е што мислат луѓето околу мене. не знаеш дали оревот е шуплив или не ако претходно не му ја извадиш лушпата...
Па обично не ми е потребно долго време за да проценам некоја личност, но многу сум жалостивна и кога ќе слушнам дека на некој не му оди како што треба и недај боже мене да ме пипне за помош јас се преокупирам со неговиот проблем се додека не се реши. И после тоа сваќаш дека некогаш таа личност била толку мила, беспомошна, едноставно драга личност, а после испловувањето и успешната борба со брановите веќе е друга личност преобразена која, можно е и име да ти заборавила. Ете само тогаш грешам кога некој ќе ми ја пипне слабата точка, инаку карактерно многу добро ги препознавам личностите.
Зависи, некои личности ми е битно каков прв впечаток ќе ми остават. Без разлика дали ќе направам краток или подолг муабет со некоја личност или само ќе бидам присутна додека таа личност разговара со некоја трета особа, многу ми е битно тогаш каков впечаток ќе ми остави. Ако ми остави лош впечаток воопшто не се замарам со тоа подобро да ја запознаам личноста и одма си основам некое негативно мислење, но ако ми остави добар впечаток тогаш и давам шанса да се покаже каков е и што е па после тоа да основам мислење. И најчесто од тие што оставиле добар впечаток се разочарувам најмногу.
Личноста со која се дружам никако не ја проценувам според нечие мислење па макар било и од родителите сакам сама да си ја проценам па макар и се изгорела на своите грешки најдобро се учи.Иако доста брзо ги проценувам луѓето и скоро никогаш се немам разочарано во некого,кој заслужува се би дала за него и последното парче леб и би му помогнала и за се може да ми се обрати во кое било време а кој не не се карам само избегавам се поретко да контактирам со таа личност и готовое.
наивно се трудам на сите да им прогледувам низ прсти све додека не ја поминат границата ,сама си ја проценувам личноста не сакам ничие мислење ако се изгорам јас ќе си се изгорам па после памет у глава ми недостига старото друштво зошто веќе неможам да најдам како нив ме нервираат тука луѓето многу се негативни и подли со таквите не ни стапувам во контакт само едно здраво
Живеам во град каде што се знае се` за сите, но тоа го земам со резерва затоа што најчесто не е точо она што ќе го слушнам. Јас најпрво сакам да осознаам како личноста размислува, што ја интересира, што мисли за некоја определена тема, потоа дали ќе се однесува постојано исто или со различни луѓе ќе си носи различно лице и многу други ситници.