Никогаш не основам мислење според другите личности како ке ја проценат одредена личност. Најчесто мислење за друга личност основам за време на првата средба - прв впечаток. Но секако, тоа мислење може да се промени, со текот на запознавање подобро на другата личност, но претежно мојот прв впечаток не ме изневерил до сега
Па најчесто преку комуникација, често знам да основам мислење за некого врз неговиот изглед но тоа е тотално спторивно од тоа каква е личноста, имам др и братучеда кои ми се премногу блиски но за некои работи не можам да зборувам со нив едноставно немам доверба во нив моето мислење е дека ке ме изневерат заклучувајќи по нивниот карактер озборувањето,тоа е нешто што најмногу го мразам да озборуваш човек со кој си секој ден заедно,Изгледот понекогаш навистина лаже за девојче што мислиш дека е мутава, а испага дека е многу попаметна од тебе.Исто така неможам да се дружам со луге што се прават дека се знаат "Па ние за тоа како да незнаевме", што озборуваат на секој чекор "Ејј Марија има нов дечко?!" , " Не и одговараат на Симона црните балетанки?!" , што зборуваат лигаво влечат со јазикот не им е вродена мана туку се разгалени, луге што со една реченица те навредуваат " И јас сакав да одам во шутка ама мама ми рече дека таму нема облека како за нас" (еј чекај ние стока сме што од таму купуваме)
Па, никогаш не основам мислење по трачеви, но по надворешниот изглед и моето шесто сетило да. Моето шесто сетило никогаш не ме известило, како се вели внатрешен радар.
По природата ние луѓето сме такви, ако слушнеме нешто лошо за некоја личност дури и без да ја запознаеме ќе створиме некоја одбивност кон неа. Мислам дека на сите од нас ни се има случено такво нешто. Сепак јас не донесувам заклучок за некоја личност според нешто што ми кажале за неа. Секој има различни гледни точки, цени различни вредности, се дружи со различни луѓе. Мене може другарка ми до утре да ми збори лоши нешта за некоја личност, а кога да ќе ја запознаам, да ми се допадне повеќе од што сум очекувала. Првото мислење секако го добивам според надворешниот изглед на личноста, според нашиот прв разговор, како се однесува, како ќе се постави пред мене, па дури и трачевите влијаат на моето мислење. Меѓутоа досега толку пати сум се уверила во поговорката "Don't judge a book by it's cover.". Сите ние се при првото запознавање се поставуваме онака како што сакаме другите да не видат. Никогаш не го искажуваме она вистинското јас (барем не дел од него). Ама колку и да се обидува да се крие таа личност под маската, на крај ќе се појави вистинското лице. И тогаш го оформувам она вистинското мислење. А за првото мислење, пресудни се надворешниот изглед, држењето на телото, говорот на телото, првиот разговор, а трачевите и те како играат улога во сево ова.
Сум пишала поназад на темава за влијанието на книгите, филмовите, музиката и ставовите, ама воочив ново нешто преку кое основам мислење за некого. Бидејќи сме интернет генерација, а форумиве, фб и останатите социјални тракатаници се достапни на секого, сите, повеќе или помалку, сме изложени на анализи од страна на другите. Колку и да не сакам, многу судам според стилот на пишување. Не можам, а да не ми падне во очи како реченицата е склопена, каков е правописот, интерпункцијата, голема буква, смисла, нов ред итн итн. Не дека јас сум совршена во тој поглед, ама ме иритира кога ќе прочитам нешто во стил: dosadno deneskaa sto da pravam aman vekee, без големи букви, запирки и прашалник. Плус ако е на латиница, автоматски ми остава неубав впечаток, ко да не ми е доволно писмено и средено. Додека истото да го прочитам пишано: „Досадно денеска, што да правам? Аман веќе.“ веднаш ми остава поубав впечаток, не само ко без врска нафрлани букви, иако пишаното е подеднакво беспотребно, барем делува средено. Судам и по коментарите т.е. разговорите. Многу ценам личности што се самокритични, со доза на здрав сарказам, хумор, и јасно - правопис. А, коса ми се крева од спротивното. Имам колешка која е типична facebook girl, под секоја слика и на секој статус мора да има некоја мудрост од Гугл или стих од песна, посвета за наводни хејтери и кучки, или колку е таа битна и возвишена, сето тоа пропратено со срценца, а долу кога ќе видиш коментар “Најубава си срцка мња“, типкава враќа со „heheh znam“ или „hah sekako deka da“ и остали срања. Секогаш е нафурана како е најуникатна и најпаметна, и кога ќе и’ го пишат тоа „Браво цуци, тоа е тој памет/Вау хаха, луда си!“, повторно следи „Sekako deka sum, se somnevase vo mene?/Sega doznavas?“ А, знам дека не се зафркава. Вака на час дава намќорски впечаток и се дружи само со кремците нејзини, други не ферма, ама ај, ќе речеш срамежлива е, но има вистина во она „Покажи ми го фб профилот и ќе ти кажам каква личност си.“ И како да не создадам лошо мислење за такви? Ми делува просто, самобендисано и во никој случај уникатно и паметно, ко што личноста се мисли дека е. А, истата ми губи и на вредност. Лошо е, знам, ама јебеш га.
Porano gledav po nadvoresniot izgled, govorot na teloto,no zakluciv deka se lazam,ne e se taka kako sto izgleda. Mislenjeto za nekoja licnost go oformuvam po edna dolga komunikacija,ama ne od prva tuku malku podolgo,zatoa sto ima mnogu glumci,a toa treba vreme da se otkrie.
Најчесто добивам мислење за другите после првата средба,но и според изгледот,според фаците кои ги прави однесувањето и така ми се оформува мислењето за лугето.Сега за сега првиот впечаток не ме изневерил па му верувам и тоа многу.
Иако одбивам да ширам гласини и да ја нарушувам репутацијата на луѓе кои не ги познавам, има и некоја вистина во тие гласини што се шират, поготово ако сите се слични една на друга и се со негативен карактер. ( Нормално дека има и исклучоци, доколку на пример се работи за од далеку совршена личност, (бидејќи нели гласините најчесто ги шират луѓе кои никогаш не им се доближиле доволно блиску на луѓето за кои зборуваат) па пукаат од љубомора и завист.) Навистина е чудесно како за секоја личност луѓето ги истакнуваат лошите особини и наоѓаат нешто што им пречи кое станува главен приоритет и тема на трачарење, а никогаш не слушаш за некој дека е паметен, добар, фин. Не, бе. Луѓево за сите имаат само лошо да кажат. Најверојатно така си ги лечат тие комплексите од кои патат. Во секој случај, тоа незадоволство и критиката кон себе произлегуваат баш од таа потреба да копаат по животот на другите и да ги споредуваат со себе. Познавам луѓе кои знаат цел град што и како прави. Се случувало да се најдам во разговор помеѓу двајца луѓе кои зборуваат за трета личност, а јас да не знам за кој се работи. Бидејќи немам потреба да ги живеам и туѓите животи. Мојов ми е доволен. Се научив да не го базирам мојот прв впечаток за некоја личност врз гласини кои доаѓаат од личност што не ни ја познава лично личноста за која ги шири тие гласини и супер ми е. Што ако некој за мене шири гласини? Не дека им придавам значење ама навистина би било непријатно да почнете од минус кај некоја личност наместо од нула. Како и да е, луѓето што веруваат во трачеви, особено за мене, ми е драго да ги оставам да го имаат тоа мислење, бидејќи не заслужуваат да го трошам моето време за да им го докажам спротивното.
. ...како прво не ме интересираат многу разни личности,си имам свој круг на луѓе со кои си сум во контакт,луѓе кои ја имаат мојата доверба,внимание.....е,сега, силом на приликите нели идиме во контакт со други личности кои случајно или неили се нашле во моја близина,и искрено преку мој личен контакт формирам онака слика за личноста...не слушам рекла казала,или на пр да ги проценвам преку стилот на облеката или начинот на живот...... . ..значи преку личен контакт... ....сега некогаш грешам па треба поќе време а некогаш одма знаам колку таа личност вреди... ..
По тоа дали е насмеан или намќор некој Одма кога ќе забележам некоја мила насмевка кај некого што и прв пат го гледам, веднаш ми се создава слика за некоја дружељубива, мила, верна личност. Но за жал,изгледот лаже понекогаш
Епа добар психолог сум и брзо проценувам значи насмевката,изразите,погледите и тн после го испрашувам нешто што знам дека ке ми помогне да дознаам повеке за него знаши првин најосновните податоци за него,а после ке почнам со емоционални прашања но сето тоа го правам внимателно одбрано за да не изгледа како испрашување сепак во некои моменти самата се лажам дека е поинаков човека за да го прифатам бидејки ми станал мил,ама во тие ситуации грешам најдобро е да се водиме според првиот впечаток што ке ни се создаде во мисли мислам дека е најправилен
Jaс мислење за луѓето ѓи основам по расположението,карактерот,однесувањето,погледите,и по разговорот со нив...
Никогаш не треба да створиш мислење за некој врз основа на она што другите за него го кажуваат или врз основа на она што го гледаш, односно на неговиот надворешен изглед. Треба личноста најпрво да ја запознаеме па потоа да кажеме каква е. За жал, денес многу често се суди по надворешноста и по туѓите мислења односно коментари. Јас лично имам направено експеримент и ја имам видено разликата. Се имам возено во автобус облечена како рокерка со сите тие ланци, црнила итн. И тогаш никој не сакаше да седне до мене. Зошто? А другиот пат облеков нормална облека како сите и тогаш седна млада жена и дури почна разговор со мене. Инаку, ми се случило со некој уште при прв разговор да го проценам и имам чувство како веќе да се знаеме, но обично ми треба подолго време за некој да го проценам затоа што не сакам да избрзувам со заклучоци. Со некои емотивно се поврзувам и затоа можам брзо да препознаам какви се.
По тоа колку знае да одрже добар муабет без оние банални теми како што се политика, религија, озборување... Според ставот што го има за некои работи, според размислувањето на некои потешки теми и сл. Исто така битно ми е кога соговорникот гледа во мене, а не му шетаат очите на страна бидејќи така создавам мислење дека не е психички стабилна личност. Сакам соговорникот да ме гледа во очи, најбитно е тоа, тоа е клучот на добрата комуникација.
Порано одма ги анализирав луѓето, градев мислење за нив .. Му ги барав особините , пробував да ги сменам , да се сменам итн. Сега не правам така . Штом животот ем спои со некоја личност , ништо не правам . Само набљудувам и моментално приметувам . Но не го размислувам , разгледувам и анализирам тоа . Чекам и животот сам одбира место нас. Дали е некој за да продолжи со нас или не
Sekogas sama si donesuvam zaklucok za nekoja licnost,skoro nikogas ne se potpiram na tugo mislenje zasto site si imame razlicni stavovi i razmisluvanja.Onie sto znam deka nikogas nema da mozam da gi podnesam vo moe drustvo gi poznavam uste odma,a za drugite postepeno so zapoznavanje na karakterot,no ne sekogas licnosta e takva kako sto se pretstavuva..
Мислење на икс личности околу мене градам врз самата длабока човечност во себе на секој човек, врз стекнатата култура што ја има, умешноста за дискусии и гледишта кон одредени животни одлики, врз самиот изграден карактер и став кој зборува сам за себе, врз позитивата која што ја поседува длабоко во себе и надворешно врз неговото лице, смисла на хумор и ведар дух. Се на се врз неколку патната дискусија и разглабување на маса, и секако неговото понашање и однос дали према мене или према кој било друг.
Од 3-4 пати кога ќе го видам човек во живо, не на интернет, си давам точно мислење каков е човекот, каков карактер е и дали може да се вклопи во мојот круг на пријатели. Јас сум малку прибирлив човек кога станува збор за такви работи. Со луѓе што ми одговараат многу лесно се спријателувам. Лоши мислења имам кога човекот стварно е со голема фалинка. Иначе од прв вид гледам прво лошите особини да им ги видам. Па после добрите. А што се тиче од интернет, на никој не му верува и не се сите исти како што се претставуваат. Бар 80% од нив.
Начинот на формирање на зборовите кажува многу за личноста. Кога со некого ќе разменам само неколку зборови, меѓу редови веќе се познава снобизмот, стравот, ароганцијата или интелигенцијата, емпатијата, топлината и целосниот карактер на личноста. Толку треба. Не мора човек да е Шерлок за да ги види превртувањето на очите, повишениот тон, ладното ракување без насмевка, немањето насмевка во комуникацијата, отсутниот поглед, обрнувањето внимание на соговорникот, интересот, а кога на крајот сето тоа ќе се зачини со изборот на зборови, дикцијата, формирањето на устата при кажувањето на сложените согласки од типот на Ш, Ч, Џ, веднаш се познава и дека човекот е мрзлив или не, лесен за соработка или не... итн... Што значи основам мислење за други личности по тоа дали веруваат во мене дека сум Дедо Мраз и имам снајпер во спалната соба со кој ловам чучулиги. Ако ме погледнат со поттекст „Ај не треси“, знам дека не бива од нив луѓе, ако се насмеат и додадат „it is rabit season, why чучулиги?“ тоа се луѓето што ми се свиѓаат.