Луѓе со кои треба да работам ги ценам и засновам мислење за нив според: Начинот на комуникација Спремност и спретност Степен на култура и образованост Луѓето со кои приватно се дружам мора да имаат душа Друго ништо не барам од нив, и ќе си ги сакам какви и да се.
За да основам мислење за одредена личност треба таа личност да ја запознаам. При првата средба можам да проценам за каква личност се работи и дали таа личност ми одговара за понатамошна комуникација или не.
Јас неможам да оценам личност на прва средба ,па дури и на 5та Некако сите ми се премаскирании,све од корист ............па дури незнам ни со кое лице заспиваат!! Има мн луѓе, но ректо кој е човек. И за тие што по извесен период се покажале како ОК , знаат да изненадат.
Najchesto po surat se poznava so kogo si imash rabota. Spored nachinot na oblekuvanje mozhesh da procenish intelektualen kapacitet.
Од самото ракување може до некаде да се заклучи за каква личност станува збор -говор на тело Ако има цврсто ракување со цела дланка станува збор за личност од доверба Ако ракувањето е нежно, без цврстина- емотивна личност Ако се поздрави и притоа ви ја сврти раката станува збор за личност склона на измами Ако неговата рака е над вашата- сака да покаже надмоќ Едно од поинтересните предавања на факултет
Разговорот и погледот. Погледот на соговорникот ми е пресуден, еден поглед многу кажува. Разговорот ги отвора само деталите, лесно се препознава ако некој е слаткоречлив, прикрива нешто, ако е лажго, ако е сосем искрен, ако има кус фитиљ и слично.
Според пристапот, начинот на комуникација, стилот на изразување ( не да е висок стил ама култура да има), според тоа дали се позитивни, ведри, расположени за дружење и слично. За почеток тоа, а изглед, ситуираност и што работат, тоа не го земам во предвид кај добронамерни луѓе.
Јас секогаш гледам да започнам муабет со секого без разлика дали е на фб дали овде и никогаш не гледам другите што ке кажат. Мада во последно време некако на лугево не им се праве муабет и не сакаат да шират познанства па така не можиш многу многу да разбереш за нив, па камо ли да стекниш некое мислење па мораш да потслушнеш нешто и од другите но секогаш гледам моето мислење да владее за некого или некоја личност а не од другите. А и овде имам започнато разговор со некои личности но слабо вракаат нема да зборувам ништо во врска со тоа.
Коцката има 6 страни, 24 внатрешни агли со по 90 степени, уште толку надвоешни агли со по 270 степени, 8 темиња и сл. Некои т.е. скоро секој човек си дава за право да оформи мислење на основа на тоа доколку видел само мал дел од коцката без разлика каков/кој и да е тој дел. Тогаш што да правиме со остнатиот дел?! Ние знаеме само неколку факти за одредена личност и се дрзуваме логички да ги поврземе тие факти така што имаме веќе оформено "вистинско" мислење. Ммхм да....како да не! Гледате во 3D.
Секогаш сама донесувам мислење за некоја личност. По поглед, по насмевка, по начинот на кој ги третира понесреќните од себе. Можам да заклучам дека некој е интелигентен на пр. но ако не е широкоград и длабок апсолутно губам интерес за личноста но не ја оцрнувам пред други. Сакам таквите мислења да си ги зачувам за себе освен во случај ако моето мислење би помогнало некому кој имс контакт со таа личност.
Многу едноставно, обично кога се запознавам со нова личност, ете конкретно пред некое време со дечкото на другарка ми, оставив тој да избере тема на разговор. Седевме тројцата и тој почна да зборува како тие што учеле факултет три години биле глупави, а негов другар сакал такви за тој да бил главен. За овој човек ако живееш во одредена населба, во која не живее тој си селанец/ка. Овој дечко мисли дека е Бог, а другите луѓе се обични смртници. Тој сакал да го надогради своето знаење и да запише докторски студии зошто никој не е попаметен од него. Личи на морж и има говорна маана. Зошто е другарка ми со него ? Изгледа се пали на материјални работи, а не знам како ќе е интимна со него. После тој муабет беше многу едноставно да се заклучи дека дечкото има некои комплекси, не е реален, а сака да е од големото добро утро. Тип на човек со кој ја не би се дружела, а не па да бидам нешто повеќе со него.
Според мислењето кое го имаат оформено за другите . Јас сум тип на човек што не сака да оговара многу , па најчесто кога некој озборува јас мудро си ќутам , можеби ќе се надоврзам со некој збор , ама претежно ќутам . Кога имавме собиранка со колеги и колешки на мм во викендичката , гледав со сите да имам тема на разговор , само со еден од колегите некако не се снајдов најдобро . После излезе дека детево е т.н вртелешка си врти како нему му одговара во секој поглед мило ми беше што немав муабет со него
Зависи за кого, најпрвин слушам различни мислења за личноста која планирам да ја запознаам. Ги слушам туѓите мислења, не за да го градам своето врз нив туку бидејќи верувам дека за иста личност, различни луѓе имаат различни мислења. Првин слушам и пратам, после тоа се запознавам, разговарам на одредени теми преку кои можам да заклучам каква е личноста. На крај правам summa summarum, сите заклучоци, мислења и впечатоци ги процесирам и оформувам мислење за некого.
Инстинктивно. Како се чувствувам јас покрај нив. Инаку не знам зошто, секогаш попријатно ми е друштвото на луѓе што другите потешко ги доживуваат. Ако чујам нешто лошо за некој што уште не го знам, а коментарите ми звучат неосновани, знам дека во живо ќе ми се допадне човекот. Секако, колку подолго познаваш некој мислењето варира. Сум проценувала по облека и обично сум била грешка.
Одличен мајндсет за проблематични врски. „Јас не сум како другите, јас гледам нешто друго во личноста што останатите не можат да видат" ти го храни егото дека си поинаква и на крај ќе заглавиш со погрешни линости.