Можда. Пишав дека не знам зошто е тоа така. Не е дека се форсирам за да покажам некому "Еве човеков што ти го нејќиш, мене ми е ок", туку едноставно стварно ми е ок. Не дека не се случило некој за кој повеќето имаат лошо мислење, и јас да имам.
Првиот вајб што го добивам ничега изазван, ете тој е. Па иам момент на самокритика до конечен самозајеб каде констатирам дека требаше да си се послушам. А сепак, гледама на се. А најдобро мислење стекнувам од односот со другите што го имаат, отколку со мене. Така знам какви се и во мое отсуство. Стекнувам и врз оснива колку им е важна гардеробата и средувањето. Има некои нормални и здрави граници, но кога гледам дека и е мнооогу важно, дури опсесивно, имам мислење. Имам мислење и за соушл батрфлајс, апсолутно не им верувам. И мислење за луѓе кои никогаш не сакаат да се сами. И по изборот на пијалок. Отприлика сфаќам дали премногу се труди, дали е опуштен тип, каков ден имал итн... И од способноста за сочувство. Ако е онака површно, или како што би се очекувало да се однесува, знам дека си имам работа со човек што не му е гајле за другите. И од удобноста да си молчам со некого. А најмногу од изборот на партнер... И сигурно има уште многу нијанси. А многу често...не се замарам да имам мислење и опет - се заебувам, зошто не се сите така фини, отворени и широкогради и претежно се гована кои имаат мислење за тебе врз основа на оправдани и неоправдани причини. Значи, у едно бидете сигурни - и најнасмеаната личност што мислите дека вибрира позитивно, има мислење за вас, а можда и ве пцуе у себе кроз насмевка. Луѓето се говна кои безпоштедно го будат нихилистот во мене, ама после ми текнува на повеќе вредни луѓе и се враќам во нормала. Со тек на време успеав малку да го стишам моментот да имам мислење за некого врз основа на вкус на музика, зошто звукот е релативна ствар која активира различни делови од мозокот, а фреквенцијата на Цеца може да ја гаѓа и Моцарт. Ама изборот на книги... живота ми, не можам. Стекнувам мислење. Исто така имам мислење и за начинот на делење на храната. О да, ако порачаме заедничка порција 10 души, го чекам првиот што ќе го надене најубавото парче. Јап, ај ем пејн ин ди ес, ама гледам вакви ситници. Гледам колку се способни несебично да делат. Гледам и по безовразието да шлапнат некому нешто да го посрамотат. Сведочев ситуација каде се делеше вино, а едната и вика на другата - ама ова вино што ќе го порачаме ние е многу скапо. Другата и одговара - добро, да, знам, ќе ае приклучам. После ја напињаат девојкава, аеее уште ја пиеш првата чаша, не се устручавај, колку и да испиеш еднакво делиме. Тоа ни е искреност, ни е култура, ни па - таква сумјадиректна, одмаќетигокажам, пошо бољедазнаеш. Не, ти си безобразна, невоспитана и без култура, оќе? У кратки црти - луѓе што сакаат да омаловажуваат други. Е така... си имам мислење, зошто и тој без iq може да го има. И откако го имам, поретко го кажувам, а поретко и влегувам во дискусии наивно.
Не основам. Оставам сами да се покажат што се. И не го менувам подоцна моето мислење стекнато врз база на нивното однесување. Оти имале доволно време.
Со анализирање, премногу анализирам и тоа го правам и несвесно, од начинот на зборување, стилот, облеката, движењата со рацете, гетикулации, се што може да се изанализира кај една личност, приметувам буквално се и врз база на тоа можам да проценам една личност каква е и до сега не сум згрешила во проценките.
Еден многу добар Гуру ми рече дека он нема мислења за другите , бидејќи кој е он да има мислење за некој друг човек ? ( тука е базата за судење ) Така да и јас како него пробувам ; да немам мислење за никој. Иначе лесно е да основаш рационално мислење за другите врз база на некои клучни прашања, надворешен изглед , говор на тело и слично.
Неретко интуицијата ми покажала за каква личност станува збор, но не можам да генерализирам. За жал или за среќа, некои луѓе си го покажале вистинското лице малку подоцна. Од друга страна, ми се има случено и да основам позитивно мислење за некого дури по неколку месеци, па и години поинтензивен контакт.
Во живо е полесно, видиш какво понашање има спрема тебе, спрема други, како гледа на работите, што муабет прави и отприлика знаеш дали си со ментален случај или ок личност. На интернет е малце по зезнато, бидејќи таму е све како јас сум супер невино човече што не прави никакви лоши работи, не газам луѓе, не користам врски, не изневерувам, не лажам не ова она.... не навредувам , све мене ми прават лошо и бла бла таму.... тоа што е општествено прифатливо ќе ти го сервираат. И можеш лесно да се заебеш, еј овој супер човече е, има супер мислења и филозофирања, изгледа на добар човек, ама уствари едно комплексирано себично шупачина да е... Најдобро можам да формирам мислење е за време на караниците, знаеш кога ќе ги фатат на тесно малце, и ќе почнат да караат, и тука ќе видиш какво е понашањето, што "оружја" користат во карање..пардон дебатирањето, све фино вака, ама во тесно одма пукај со све што имаш, и веќе ти е јасно дека све што збори е или точно ок или некој ментален случај, комплекси итн.. Така нешто отприлика најдобро се формира. Според мене ако сакате некој да видите вистинско лице, ставите го во тесно или слично и ќе видите како навистина е. Некоја логика ете што ми се покажала колку толку успешна до сега....
Многу убаво кажано Јас сум била и во ситуација со години да не ја познавам личноста, зашто ме копираше во се што правам. Ама се ослободив од неа. Друго, другите луѓе не треба да ги слушаш што зборат зашто има луѓе кои различно се понашаат секаде. Во нечија приказна сме лоши, а во некоја најпрекрасната личност на светот. Затоа не треба да се замараме, кога некој за некого зборува и треба сами да оцениме каква е личноста со нас.
Ги набљудувам. Не слушам никој друг, бидејќи сум добра во проценките и нема потреба. Т.е. зависи кој друг, на пр. проценките на мојот татко често пати се покажале точни, како буквар читање луѓе и предвидување на нивни постапки. Но повеќето луѓе врска немаат кој каков е и од нив само глупости може да се чујат.
Имам интуитивно чувство какви намери имаат луѓето но сепак не претпочитам брзи заклучоци да носам обично давам шанси кога имам прв лош впечаток за некого.
Па не и верувам на интуицијата зошто често ме излажала. И на прв впечаток исто имам згрешено за некого во позитивна или негативна смисла. Давам време да ги запознаам, анализирам и набљудувам. Како се однесуваат кон други луѓе, што зборат за другите луѓе, во ситуации какви се, какви ставови имаат за одредени нешта. После некое време оформувам некое мислење, зошто често кој на прв впечаток ми личел дека нема да ми се свиѓа ко личност, после некое време излегло да ми стане доста близок. Така да давам време да се покажат во вистинското светло.
Не сакам луѓе така да не се запознавам многу и не формирам некои подлабоки конекции со неодамна запознаени личности. Не се замарам многу кој што праи, али едино нешто што не можам да смислам е кога една личност има различен карактер за секое друштво со кое искача. Не трпам луѓе без свое јас.
Мислење засновам гледајќи го односот на луѓето спрема другите.Исто колку што е важен нивниот однос спрема мене толку и спрема други.Ако со мене е некој добар а не е коректен спрема други, очекувам дека и со мене нема да е во иднина.Не сакам променливи луѓе кои своите ставови ги прилагодуваат според другите.Не сакам оговарање.Не сакам кога некој се фали сам себе.Прва проценка при прво гледање во кратки црти забележувам дали размислуваме исто и дали ми се допаѓа тој начин на размислување,односот кон сите,односот спрема сам себе,дали некој се преценува себе си и не престанува со она јас јас и јас...