Како партнерот ја покажува љубовта кон вас?

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 15 јуни 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    Кога првпат партнерот ви изрази љубов и како? Раскажете некои случки и моменти,кога сте си помислиле "да,тој навистина ме сака" :inlove:
     
  2. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    16
    Епа вака...Ми се јави едно сабајле и ми рече стани одма и излези од дома...Станав се средив и кога излегов од дома најдов писменце на прагот што ми даваше инструкции каде да одам...На крајот пишуваше P.S I love you...Ме изнашета и ме изнамачи додека ги барав писменцата каде треба да одам се додека стигнав до центар кај Камени...Таму ме чекаше големо платно на кое пишуваше ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ и под него стоеше он ми се смешкаше и чекаше да го гушнам :lol:
     
    На Lepaaa, Aleks96, aleks54 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Аиииииииииииииииииии сонцеееееееееееееееее!!!! :$ Леле, блазе си ти што се сакате толку најмногу!
    Се радувам што таквите дечковци постојат, не се само измислени во мојата глава! Браво за момчето, секоја чест.. :clap: :clap: :clap:

    p.s. Секоја чест и за тебе, мора да си многу посебна за некој тоа да го направи за тебе. :$
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Сега пред некој ден , се видовме прв пат после 4 дена , ми фалеше многу ама не попуштив и почна да плаче и да ме гушка силно и тогаш си реков ств ме сака многу. Другиот ден заедно плачевме , емоции се и тоа .. Ама прекрасно заврши ;)
    Кога ми кажува што сака со мене , колку му значам .. прекрасно е ова чувство.
    Кога ми приредува изненадувања , многу се радувам :)
    Кога отиде во Охрид , требаше да седи подолго време , бев искочена јас и ми се јави и ми рече коа ќе си дојдеш и јас одма трчанката , после 5 дена дојде .Не можевме еден без друг :)
    Летото , нешто бев така скисната .. се шетавме низ населба и на крај отидовме близу едно школо и само за мене имаше направено големо срце од ружи . Таа слика сеуште ми е во главата , не се заборава.
    Кога ме гушка силно знам дека ме сака многу . И многу други начини кои само ние си ги знаеме ;) :lol: Ама премногу си го сакам :inlove:
     
  5. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Патем, можам слободно да кажам дека немам некоја среќа на ова поле. Моментално немам момче, а и не сум имала многу дечковци ни долги врски до сега. Со оние со кои сум била заедно или не биле многу романтични или не ме сакале доволно за да направат нешто такво.
    Се сеќавам само на еден момент со моето поранешно момче (со кое бев во врска 1 година)..
    ..Знам,му бев лута еден ден пред овој, а тој за да ми се извини ме покани да одиме на кино. Го гледавме "Мама мia".. Идеата беше негова, тој купи карти..
    - И така на сред филм имаше некоја сцена со дечкото и девојката како се бркаат на плажа (ептен беше мила сцената) и тој така одеднаш, ми ја зема раката ја помилува и ја бакна.. го погледнав и се насмеав, а он така мило ме гледаше.... уште имам пеперутки кога ќе се сетам .. Не можам со зборови да го опишам моментот :u: :doh: ;( :tmi:
     
  6. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    16
    Мандаринче јас со сигурност можам да ти кажам да не бидеш тажна...И јас бев во иста ситуација како тебе се додека не се појави он...Не за џабе рекле за секое грнче капаче...Ќе дојде и твојот принц кога најмалку се надеваш...Само штета е тоа што мора многу коњи да протрчаат покрај тебе за да можеш да го препознаеш принцот...Ти поскаувам премногу среќа и што е можно побрзо да го најдеш вистинскиот и да бидеш најсреќна :*
     
  7. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Благодарам, од срце малечка!Јас ја имам таа среќа и покрај се што сум доживеала (ве уверувам дека е премногу :!: ) сеуште верувам во такви идеални моменти, љубов како од приказните.. :wasntme: ехехехехе

    -Ајде пишувајте девојки, се радувам кога читам вакви "Sve za ljubav" stories .. :$ :$
     
  8. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    31
    Мојот сопруг не е некој романтичар (како и јас),но кога сака некако да ме расположи и да ми покаже колку навистина ме сака,ПОВТОРУВАМ да ми покаже, не да ми каже,еее тогаш навистина го бива :l:
    Сакам кога ке ме изненади со романтична вечера,кога ке ми подари некоја ситница што го потсека на нас двајца,кога без некоја причина ке ме гушне и ке ми каже дека ме сака(со тој негов сјај во неговите зелени очи),кога пред сите со гордост ке каже:"ова е мојата сопруга!"...
    Има уште примери како ја покажува љубовта кон мене,и тогаш со сугурност знам дека навистина ме сака :inlove: :*
     
  9. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    214

    лелееееее... :inlove:
     
    На stefi22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Станува збор за една комплексна, сложена особа која тешко искажува чувства и јас не се обидувам да го сменам.
    Секој си е различен на свој начин.
    Многу сакам лижавчиња и пред некој ден зборувајќи на скајп падна муабетот за такви убави, шарени лижавки големи колку просечно бебешко главче.

    Вечерта , човекот се з'гнал до Рамстор и ми го донесе најголемото, најшареното лижавче :D

    Не сум личност која се задоволува со просечности, но со тек на време научив дека ситниците ме радуваат и значат.
    Такви материјални ситници има повеќе, но мене ми значи неговиот поглед и допир. Кога гледам во него, прекинувам со зборување и едноставно уживам во мигот наречен тишина . . . :inlove:
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Знае со еден куп ситници да ме израдува. Ми покажува дека ме сака секојдневно, што многу ме радува, бидејќи сум рак во хороскоп, ако не е така многу ќе си плачам :$ :lol: Често пати знае да ми се јави да ми каже убави работи и покрај тоа што пред 15 минути сме се слушнале, со гордост ме претставува пред сите(добро, сега веќе сите ме знаат :D ) ова е мојата девојка, не се срами никогаш да ми каже те сакам па нека има и милион луѓе околу нас(што кај некој не е случај) или така страсно да ме бакне и погали и ред други работи. Најмногу сум се чудела кога првпат го забележав како ме гледа кога јас спијам, со неговата рака нежно врви по грбов мој и ме гледа ли гледа насмеан :inlove: .Е тоа веќе ми е најубавото будење . Се обидува со се да ме израдува :inlove:
     
  12. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Хммм...
    Па многу сака да ми пее и често кога си седиме сами си пушта музика од мобилниот и си имаме некои омилени заеднички песни,но химна ни е од Дино Мерлин-Хајде ночас ми доџи и често ми ја пее онака на увце тивко.Еднаш се скаравме ама стварно сериозно поради оправдани причини и тоа беше мирно скарување.Почна да плаче толку многу..и мене ме растажи и цело време ми кажуваше колку му значам и колку ме сака..Не можев а да не го гушнам онака силноо тажно.
    Тогаш тој со зборовите и со срцето ми ја докажа љубовта и дека стварно ме сакал.Тогаш си ја посвети My lovers gone-Dido.
    И сега ќе бидам офф-топик,но ми се јави дечко ми ИКАЛ,па ме праша дали сум го мислела :D
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    Не ми кажал те сакам, се уште е многу, мноооогу рано. За час и 40 минути правиме месец. :D Срцка, си се радувам. Значи иако немало те сакам, многу е внимателен, романтичен и ме пази како капка вода во пустина.
    Вечерта после првото мување ме измоле да одиме на кафе. И дојде со кесичка за вино што се става внатре, ми вика занемари ја, на мајка ми и требаше, ќе оди кај амбасадорот утре, па да ми побара да и купам. И ок, да не ја споменеше немаше ни да ја приметам дека постои. Си помина цела вечер, и кога си одевме, надвор ми вика држи малку, да се облечам. Ја држам и си свиркам, го гледам, чекам да се облече и ми вика успат ѕирни внатре. Отворам и што ќе видам, прекрасна црвена роза. :)
    Вториот пат, беше во вторникот. Он мрчеше што јас се замарам дека претходниов ме варал (не сум сигурна дали е вистина, бидејќи тој негира, вели така сакал да приметам дека постои, па извадил муабет, а двајца негови другари потврдуваат дека се случило тоа, мада нз во што да верувам. Бидејќи тогаш кога наводно ме изневерил, бевме во цутот на врската), а јас мрчев што он не знае како ми е, и дека не може да очекува лесно да поминам низ тоа. И му реков доста ми е зборови, сакам докази, и тој велеше се, па ништо не исполни. Се изгаси од фб, викам ми се налути, прва караница ќе биде ова изгледа...му пишав после 40тина минути смс: Се кажува чао (нешто вака), и 5 минути после тоа ми врти и ми вика излези побрзо пред врата, да не те чекам долго. Отворам и тој стои со роза надвор.

    ...ќе има уште мнг да си пишувам/фалам на темава. Сака да покажува чувства и е стварно многу романтичен за 17 годишно дете. :)
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.661
    Секојдневно ја покажува љубовта,така да конкретна ситуација неможам да издвојам,по многуте мали и големи работи што ги прави за мене,заклучив дека навистина ме сака и ја стекна мојата целосна доверба... :inlove:
    најбитно е што во најтешкиот момент во мојот живот остана до крај да се бори со мене,деноноќно со мене,не ме оставаше сама ;( сигурно му било тешко ,ама ми покажа дека и во лоши и добри мигови е со мене,не ме напушти сама да се борам со тешките мигови ;( ,ги пребродуваше со мене,бескрајно сум му благодарна за се,и најмногу си го сакам :l:
     
    На Tanjapt му/ѝ се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    9.051
    Пол:
    Женски
    На секој можен начин го прави тоа. Има многу случки со кои ми докажал и ми покажал дека навистина му значам, дека ме почитува и ме сака. Секојдневно го покажува тоа.
    Многу е внимателен, искрен, гледа да ми угоди, во добро и во лошо е покрај мене, со еден збор ме прави среќна. :inlove:
    И морам да напоменам дека ми дава многу добри совети, благодарение на тоа јас успеав повеќе да верувам во себе, да не се замарам за некои небитни работи...
    Секој негов гест, внимание, било да е и некоја ситница која ја прави само за мене, навистина ја ценам и се трудам колку што можам тоа да биде возвратено и од моја страна :)
    Морав да редактирам бидејќи заборавив да кажам за еден убав момент.
    Една вечер така си седевме, тивко си муабетевме, ми кажуваше колку му значам.. Потоа стана и ми ја пушти оваа песна
    http://www.youtube.com/watch?v=d-6OiGYb ... re=related ме гледаше во очи додека траеше песната. Не можев а да не заплачам, солзите сами почнаа да течат :inlove:
     
  16. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    653
    Мојон е тежок за искажување емоции.

    Многу пати ми има кажано дека ме сака... ама тоа така, во случајни моменти кога длабоко ќе ме забуља во очи и ќе се насмее срамежливо и ќе ме повлече кон себе. Нема поубав момент од тоа за мене, доживувам благ шок и пецкање секаде по телото и само сакам да го гушнам многу силно...
    Лежиме на тревата и ми чита поезија од Неруда, ме гали по косата и ми ја пее Love her madly од The Doors, Always somewhere од Scorpions... Јас само ја мукам To know him is to love him од Ејми Вајнхаус.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.968
    Овој беше тип што се раководеше од мотото дека не мора ништо да докажува. Ама ок, тоа се осеќа, во погледот, допирите и највеќе кога спиевме заедно а тој во сред ноќ се буди и ме бара за да гушне и да ме стисне до себе :inlove: тогаш знаев дека тој момент за ништо на светот не би го менувала.

    Претходниот парнер навистина многу ме сакаше, нема да заборавам кога ме запроси со мојот бижутериски прстен и цвеќе (читај: глуварче) :x стварно беше романтичен.

    Штета што само љубовта не е доволна сама по себе шит... се депримирав сега :|
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    219
    Тоа едноставо неможам да го искажам, неможам соодветен збор да најдам за даопишам како знам дека ме сака, но ја осеќам таа љубов, а тоа е најбитно!
     
  19. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.104
    :inlove: Тој е срцето мое што најмногу си го сакам (showing some love) :) Мене не ми се доволни зборови од типот "Те сакам, ми недостигаш, ми значиш..." тоа освен со збор дечко ми ми го докажува со факти, му верувам, имаме разбирање еден спрема друг, и знам со сигурност дека многу ме сака, како што си го сакам и јас него :inlove: И не ми треба мене секој ден да ми кажува ТЕ САКАМ, ми го докажува тоа секој ден.
     
  20. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    984
    Мојот не е нешто многу романтичен и често го задевам заради тоа. Не ми направил некое посебно изненадување, освен што понекогаш знае ненадејно да извади некое меченце или чоколадо. За мене побитно е што се грижи кога нешто не е во ред со мене, ме познава по гласот..кога ми е лошо излегува и во 1 по полноќ да си поразговараме...со такви некои ситници ми покажува и воопшто не се сомневам во неговата љубов :l: