Форумџика на годината

Како партнерот ја покажува љубовта кон вас?

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 15 јуни 2010.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тој секогаш знае на најубав можен начин да ги искаже емоциите, на начин на којшто мене ме прави најсреќна. :inlove: И горда што го имам.
    Пред се ми значат ситниците, оние мали работи кои прават никогаш да не се посомневам во неговата љубов. Ми значи и искреноста, довербата, разбирањето што постои меѓу нас, а ме расположуваат и убавите зборови што ги слушам од него. :inlove:
    Љубовта можам да ја почувствувам и во погледите, допирите и гестовите. Знае да ме израдува и да ме направи да се почувствувам најсреќна. :inlove:
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    колку убаво браво за :emo: секоја чест :clap: :clap: :clap:
     
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    браво за мене оваа е чист пример за романтика :$ :$ :$
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Ме гушка или ме шамара :D Пред некој ден бевме на кафе и во клуб се истепавме , ми мавна заушка и за да му вратам го мавнав . Тоа од што мн се сакаме хахахаха :punch:
     
  5. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    На многу нежен,мил убав начин секогаш знае да ме развесели во многу случаи ми ја има покажано љубовта која ја чуствува кон мене со секој негов потег ми покажува колку ме сака со ѓушкањето од кое неможам да земам воздух,со вниманието кое ми го посветува, разбирањето што постои меѓу нас инаку кога ме испраќа накај дома и од капијата од мојот двор накај улицата виси еден трендафил со малечки црвени розички и секогаш кога поминуваме ама буквално секогаш (еве веќе скоро два месеци) тој кине по едно цветче и ми подарува секогаш ме изненадува :inlove:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Па не е некој многу романтичен тип со свеќи, вино и фешти. Не сака многу гушкање и шлапање во јавност, а кога сме сами ме гушка како да се бориме, ама љубовта ја покажува на друг начин многу побитен за мене.
    Секогаш е тука за мене кога ми е тешко, знае да ме ислуша, да ме утеши и не дозволува никогаш да се почувствувам дека сум сама во нешто. Се правиме заедно, неговата поддршка ја имам за се. Се грижи за нашата иднина и не сака ништо да ми недостасува, секој ден учам по нешто од него и затоа не за џабе го викам мојата Беатриче. :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    За мене, љубовта не се изразува во пишување песни, романтични вечери, приредување изненадувања, подарување цвеќиња...
    Љубовта не е во реткото, невообичаеното што го прави за мене, туку во секојдневното.

    Секогаш кога плачам и се труди да ме насмее колку и да не му оди од рака, макар и безнадежно, тој ќе продолжи да се труди. И да не успее, не жали што се потрудил.

    Кога во лутина ќе му се развикам и ќе успее да најде разбирање, да преќути и да ја смири тензијата.

    Кога после 5 работни дена, со нетрпение го чека викендот да се наспие, а јас ќе му предложам да поминеме време
    заедно и да стане порано и не му претставува проблем. И кога истото кратко слободно време со задоволство би го поминал со мене, без да се посвети на себеси.

    Кога ќе го замолам за било каква услуга и знам дека нема да чујам "Не" за одговор.

    Кога исто толку пати кога за глупост ќе сакам да му раскинам, ќе ми каже дека никогаш нема да се откаже од мене.

    Кога сум депресивна, лута, нерасположена и сакам да го поштедам, со насмевка ме теши и ми кажува дека не би ме напуштил макар и цел живот да сум во негативно расположение.

    Кога за секоја ситница се грижи дали ми одговара, што сакам јас, дали сакам и ми ја исполнува секоја желба, а неговите интереси ги прави небитни.

    Кога ќе дојде со последните 10 ден. да ме види или кога прави ненормални сметки на телефон, во моменти на караница, а неговите минуваат низ финансиска криза.

    Кога наоѓа сила и живци да објасни работи што ме мачат, а за кои ми дал образложение милиони пати пред тоа.

    Кога ќе му предложам да го смени стилот на облекување, а знам колку не слуша никој друг и не облекува нешто што не му се допаѓа, па отпрвин ќе се мршти и ќе ми се изнасмее во фаца за на крај да ми го истера ќеифот и да промени нешто.

    И после ова, не ми требаат ни свеќи, ни рози, ни било каква креативност. Доволно ми е да чујам "Те сакам" скоро секој ден и да го почувствувам тоа.
     
    На Bitter-Sweet, Tatjana95, the.one и 4 други им се допаѓа ова.
  8. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Мојот не е некој романтичар, и не ми приредува некои изненадувања со вечери,свеќи и сл, иако често му кажувам да биде по романтичен (обожавам романтика). Тој ми вели дека не се брза никаде и сака цел живот да ми приредува романтики ( но никако да почне :lol: ). Инаку знам дека ме сака со многу работи кои ми ги покажува. Кога седиме во дневна со неговите, и јас ке седнам на фотелја,а тој ме викне до него да ме гушне :inlove: , кога ме гледа така мило и ме гушка со сета сила ммм :) , постојано ми докажува колку ме сака, во очите го познавам, но неможам со зборови да објаснам.. :inlove:
     
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Ни мојов не е романтичар не го ни терам да биде (зошто јас сум таа што ќе се скине од смеење на романтика) :rofl: љубовта ми ја покажува со тоа што секогаш знае да ме насмее,со тоа што знае што ме мачи без да му кажам, со неговата искреност,со трпеливоста,со тоа што секогаш се јавува прв после караница иако јас сум крива,со тоа што има пуштено солзи за мене ;( .... и на други начини ми ја покажал љубовта кон мене :* го сакам премногу :inlove:
    еднаш после една многу лоша караница дрво се направил и искршил 2 чаши со рака и бил во болница на шиење ( за тоа уште се чуствувам крива иако пројдоа 5-6 месеци од тогаш :( )
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.430
    Пол:
    Женски
    Не е многу романтичен но морам да го пофалам дека имам моменти вокои ми нуди многу романтики и со тоа добивам многу докази за неговата љубов кон мене ...
    Знае секогаш да ме насмее,расположи охрабри... Нема ден т.е нема шанси да се слушнеме на моб а да не ми каже : те сакам љубов, ми фалиш едвај чекам да те осетам до мене :$ (значи го обожавааам)
    Готви нешто што го обожавам јас без претходно да ми каже (бикче сум обожавам храна :D )
    Тоа што секогаш сум му во прв план, мора да се консултира со мене за било што...
    Ме гушка најнаааај силно кажувајќи ми дека не би можел без мене :$ :tmi:
    у уште многу многу други примери :lol:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Дали мислите дека некој може да ве сака а тоа да не го кажува (прашувам за моја блиска особа бидејки јас сум долго во брак и мојот знам дека ме сака многу)?Кога таа ке го праша бидејки не му текнува на него да каже, тој и вика-боже колку си глупава...Инаку го интересира се за неа, кога е и каде, со кого, во секоја тешка ситуација е со нејзе и така...Што мислите вие?
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ме почитува, ми кажува дека ме сака, искрен е, ме претставува на сите, ме гушка и бакнува дури кога спиеме, ми кажува што прави и со кого, се прави за да се видиме, секогаш има време за мене, не се расправа и многу други нешта. Прв пат ми пиша на Фејсбук дека ме сака бидејќи не бевме во можност да се видиме и се правеше за да го засакам и јас :D А сфатив дека ме сака една вечер кога бев кај него и доцна вечерта ме разбуди телефонот што му ѕвонеше но се правев дека не слушам и дека спијам. Тој го зеде телефонот но не се јави, чкрапаше нешто, му стигнаа две пораки и јас се изнервирав, веднаш филм дека некоја девојка е :D За инает му свртев грб и упорно се преправав дека спијам. Потоа повторно му ѕвонеше телефонот и откако се јави сфатив дека всушност е колегата од работа :D И откако заврши со разговорот, го остави телефонот, ме бакна на рамото и ме гушна. Веднаш се смирив и си реков - Глупачо една, од каде ти идат такви мисли :D Тогаш сфатив дека навистина му значам.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Среде ноќ станува да ме покрие по 100 пати.
    Кога повраќам од главоболки, ми носи леген, водени крпи за главата и трча на дождот за Кока кола.
    Вози по 100 километри за да ми угоди.
    Трча од работа до дома за да ми донесе некоја ситница.
    Ми купува цвеќе кога најмалку очекувам.
    Го вози цел град за да ми најде бурек каков што јадам.
    Кога ќе види дека сум се запила, прекинува со пиење, за да ме однесе безбедно дома ако се летвосам ептен.
    Ми меморира на ТВ кога ми е омилената серија за да не ја пропуштам.
    Ми симнува филмови што ги сакам и ми прави пуканки.
    Ми се јавува од сред тренинг ако дента сум се пожалила дека нешто не ми е добро за да ме праша како сум.
    Ми носи крпа после бањање оти секогаш заборавам.
    Ме бакнува секој ден пред излегување и кога си иде дома.
     
    На prashinka, mal.ecka, galapce и 9 други им се допаѓа ова.