Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Enca.69 колку пари е сампонот Кене и кај да го најдам ?
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Кене шампоните се околу 500 денари и можеш да ги најдеш во Космо Тинекс, во Јуник, Рамстор...сите поголеми маркети и парфимерии.
     
    На bel4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Секој месец косата расте по еден 1 цм преку сила 1,5 цм, така ако на секои 2 месеци кратиш по 2 цм, се враќаш на исто, а косата расте од коренот,така непотшишани врвои не го спречуваат растот на косата, кратењето овозможува полесно расчешлување и поздрав изглед на косата, секако растегнати и ушпицани врвови не изгледаат привлечно и заради нив не се расчешлува добро, што значи шишање да, но :!: на секои 2 или 3 месеци само по 1цм што е сосем доволно и здрава нега на косата (природни масла, маски, помалку фен итн.). Ова ми е совет од неколку фризерки со кои сум разговарала за растење на косата.

    Пред три месеци се шишав и од тогаш редовно ставам или природни маски или само масло на коса еднаш неделно, а секој ден врвовите ги поминувам со силиконски капки или бадемово масло и вчера кога ја кратев косата фризерката сама кажа дека нема потреба повеќе од 1 цм да се крати дека ми е скроз сочувана, а сепак со шишањето не изгубив многу од должината. :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    јас еве пред 3 месеци ми ја скратија кратко косава а сега за 7 месеци сакам да ја имам подолга барем околу 10 цм...се обидувам со ампули и пивски квасец таблетиве :( нема несто бас сега за сега....а од ова ако користам мозе ли побрз раст на косава??? ај совети ве молам ми е потребно за околу 7 месеци да ми биде подолга косава...стварно не ми одговара вака кратка...
     
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Да си земете вие еден шампон Keramine H се вика, го има во аптеката Нарис на Рекорд сигурно сте ја виделе :) Цената се движеше од 500-600 ден. Лично го немам користено, но фризерката кај што одам ми го пофали во тој период кога имав пократка коса, но не го купив се предомислив.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    мене ми велат дека косата генерално брзо ми расте веројатно зависи од самиот човек. и никогаш не сум обрнувала внимание на тоа но сега сакам до свадбата да со ја пораснам бидејќи имам специфична фризура што сакам да си ја направам и ми треба долга коса.

    јас порано користев различни шампони скапи вакви онакви француски ама најдобар ми е шампонот од коприва на илирија, сега последно ставив ад капки и неколку б комплекс апчиња. кога пиев фолна киселина заради крвта исто така забележев поголем раст, а пред неколку дена купив и чичково масло, незнам колку помага при растот но косата ми беше преубава, свилена мислиш.

    затоа најверојатно треба секој да си пронајде што му одговара највеќе нема универзална формула за подолг раст освен консумирање на витамини преку исхрана.
     
    На antica20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stefiaerodrom

    stefiaerodrom Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Совет од искуство е да се шишате редовно . Барем мене тоа ми помага .
    Едно време ме фати инат да ја пуштам косата долга до задникот :D Не ја шишав можеби 8 месеци , првите 3-4 месеца костата ми растеше , но потоа одеднаш како да престана . Косата растела ама се кинела . Ем ми беше оштетена косата , ем не ми беше воопшто порасната .
    Од тогаш се шишам на секои 3 месеци по 1 сантим и косата ми е многу долга ( секако беше потребно време додека да најдам фризер на кој ако му кажеш да те скрати 1 сантим , тоа и да го направи , а не овој мојов претходно што одев , ти му викаш 1 сантим , тој од позади 2 , а од напред 4 , а кога го прашав зашто - Ми рече "Поубава спојка да имаш" - Студиото ќе му го запалев :D )
    - Но , секако , ако ја пеглате косата и ја виткате со фигаро - џабе ви е шишање .
    Ако немате потреба од тоа не се глупирајте , не си ја горете косата .
    Јас имам многу виткана коса , па морам да ја фенирам и евентуално , ако фенираното ми се расипе малку , пр. да ме фати дожд , ја пеглам или ја виткам , али пред тоа секое пременче го прскам со вода а потоа со спреј за заштита од топлина и на мојата коса и помага .
    Се надевам дека ви помогнав :)
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stefiaerodrom

    stefiaerodrom Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Девојки заборавив да би пишам дека за ова во врска со прскањето со вода па пеглање или виткање , не знам дали да го правите , затоа што на сите што сум им го кажала и го правеле , косата пепел им е и јас сум им крива :D
     
  9. Nana22

    Nana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Феминки што ќе ми препорачате мене? За оштетена коса нешто...да пробам и јас со б комплекс во шампон или ? фала ви однапред :*
     
  10. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Не ја пеглај или виткај со фигаро,пробај да користиш фен колку можеш поретко,ставај маска и регенератор на секое миење,користи бадемово уље пред секое миење на косата и нека ти седи на коса едно 3-4саата-колку повеќе толку подобро..другоо.. :^) можеш да капнеш неколку капки бадемово уље во шампонот,пиј пивски квасец и мноооогу витамини(овошје зеленчук и купи си од аптека додатни витамини,АД капки исто можеш да земеш) Јас го правам сето ова,па пробај и ти,и исто така шишај се на секои 3мес по 1цм,слушнав дека било добро да се шишаш со врели ножици(во Диор знам дека така шишаат ако побараш) не цветала косата после тоа ич.Сеуште не сум го пробала тоа ама ќе биде на следното шишање :)
    Поздрав :*
     
  11. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    А гледам сте дискутирале за Кене шампоните..може ли некој што ги користи да ми ги каже ефектите и дали вреди? Тенк ју! :D
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Прехепи сум !
    За точно месец косава ми порасна два ипол сантиметри! :inlove:
    Сето тоа благодарение на шампонот од коприва со ампули Б и АД капки!
    Господ здравје да ви даде ,феминки мои мили! :*
     
    На mamamia00 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Ај ако не ти е тешко кажи ми го рецептот :)
     
  14. BabyGirl21

    BabyGirl21 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
     

    Прикачени фајлови:

    • 22686_2.png
      22686_2.png
      Големина на фајлот:
      50,3 KB
      Прегледи:
      311
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Во литро шампон од коприва се ставаат по две ампули Б1 , Б6 и Б12 , едно шишенце АД капки (витамини во маслен раствор ) ,може да ставиш и Пантенол едно шишенце и екстракт од коприва . Последните две ги немам ставено ,ама сепак косава ми лудува :D
    Среќно , Пеперуже! :* Да ти порасне косата до под г'з и да си пазиш да не ја наседнеш :D ;)
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    хахаха ме изнасмеа со последново,дај боже,веќе со години се мачам..и само уште една работа..сите овие работи можам да ги најдам во аптека така? и ФАЛА ТИ
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Пантенолот и екстрактот од коприва во аптека ли ги има...
     
  18. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Долга коса за кусо време

    Чекор бр. 1 - Протеини

    Освен во препаратите за коса, зголемете го количеството протеини и во исхраната. Здравата исхрана создава јака, сјајна и густа коса. Риба, спанаќ, грав, сончоглед, моркови, пилешко, соја... се компоненти што даваат најмногу витамини потребни за косата и оневозможуваат нејзино кршење и двоење на врвовите.

    Чекор бр. 2 - Ограничено користење на производите за стилизирање

    Редовното бојадисување, пеглање, сушење со фен во комбинација со лак, гел, спреј за сјај и слично, се најголемите непријатели за влакното. Повремено правете пауза од препаратите без разлика што скапо сте ги платиле и имате гаранција за нивниот квалитет. Во основа сите содржат хемикалии.

    Чекор бр. 3 - Сменете ги секојдневните навики

    Носете ја косата пуштена или полабаво врзана за да обезбедите продор на кислород. По миењето не тријте ја косата со пешкир. Избегнувајте да носите капи преку целиот ден. Спијте на сатенска навлака. Завршувајте го плакнењето со ладна вода.

    Чекор бр. 4 - Забрзајте ја циркулацијата

    Навистина постои врска помеѓу вежбањето и растот на косата. Вежбите го зголемуваат количеството кислород во организмот, а кислородот дава живот. Редовната масажа на кожата на главата е уште еден добар чекор за поголема циркулација. Изведувајте ја со природно масло од јојоба или од кокос.

    Чекор бр. 5 - Немојте да ја миете секој ден

    Се залажувате ако мислите дека од водата косата многу побрзо ќе ви порасне. Секојдневното миење ја ослабува косата и ја суши. Кршливите врвови оневозможуваат косата да расте, таа само ќе се двои.
     
    На MarchelineAmaru и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Пантенолот и екстрактот од коприви побарај ги во Зегин ,треба да ги има ,а ампулите и АД капките ги има во сите аптеки .
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Сите горе доле ги применувам но најмногу во забрзан раст приметив ми помага вежбањето, после зумба косата како да е жилава и појака па поради тоа и немам потреба да ја шишам често. Со вежбањето наводно се зголемува циркулацијата и како резултат на тоа коренот на косата побргу и здраво расте заради зголемениот проток на крв до коренот, тоа наводно ја храни.
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.