Си купив б6 и б12 и ги ставив во шампон лореал, не можев да најдам шампон од коприва и сега ќе видиме што ќе бидне...ваљда нема да е лошо хахаха
Јас исто така ставав ампули во еден шампон и ништо не ми помогна.Од премногу фарбање ја оштетив косата многу и не ми растеше Па од кафена-плава-црна-кафена-плава и сега сум црна или веќе и не сум еве скоро 4 месеци не сум ја исфарбала косата почна да ми расте мојата природна боја а и косата.Се и сешто сум пробала за да не ми опаѓа косата, да ми расте побрзо.И на крај да пробам реков Орзен шампон со пивски кавесец и ОП ете моето косиче порасна и тоа многу за брзо време.Им го препорачав шампонот на моите колешки и презадоволни се, им расте косата постепено, згусната им е и сл.Исто и мене многу ми се згусти од Орзенот, а пред тоа ми беше катастрофа попадната ми беше скроз.Е сега зависи од влакното што го имате дали шампонот ќе фати на вашата коса, еве на мојата се и сешто пробав не фати, а со Орзен добив одлични резултати.Се надевам дека некој го користи овој шампон, доколку го користи ќе го замолам да ми кажи дали има некакви добри резултати од овој шампон како што имам јас.Поздрав феминки.
Еден трик за побрзо растење на косата: секоја вечер пред спиење добро да се измасира главата т.е коренот на косата. Со тоа се зголемува циркулацијата на главата и косата побрзо расте.
така велат многумина, но едно моја другарка си стави кна и косата и беше ептен сува ,а побрзо не и порасна мислам таа не забележа некоја рзалика, подобро купи си ампули отколку да ставаш кна
moze li da mi kazesh dali koga kje ja izmiesh kosata ostavash nekoe vreme da postoi na glava ili odma plaknesh najnormalno ? i kolku chesto ja miesh kosata ? utre odam da kupam shampon od kopriva ampuli i ad kapki
Да и само да се надоврзам, надобро е да избегнувате секакви чуда да ставате на коста како гелови, пени за коса, лак и слични лепливи препарати, а ако веќе ставате избегнувајте го коренот на косата затоа што како порите на лицето така и на порите на главата треба да дишат
Извинете за офф топик но оова за згуснувањето ја не верувам зошто во мојот град имаше еден мноогу стар фризер , кога одев секогаш ми велеше дека косата каква е од коренот таква не може никако да се згусне и дека дали ти е густа или ретка косата е највеќе генетски.За забрзување на растот во право си додека го користев ми пркна малце косата мн поубав квалитет имаше ама јас дека стално експериментирав и го сменив
Јас имав купено Бадемово масло од Галафарм и мирисаше прекрасно, имаше преубав мирис но сега аптекарката ми даде од Фитофарм и ова не мириса на ништо, на бадем има мирис.. Има разлика од едно масло до друго.
Teresa94 па поубаво е така, поприродно кога мириса на бадем а не како другите во кои има додавано секакви мириси
Шампонов го користам неполн месец. Мислам дека оттогаш косата ми се целосно обнови да не кажам прероди
Еве што најдов на една страна на оваа тема: Маслиново и рицинусово масло Овие две природни состојки се познати по тоа што го стимулираат растот на косата.3 големи лажици на рицинусово масло се мешаат со истата количина на маслиново масло. Мешавината се загрева се додека не стане поприлично топла. Маслото се нанесува на коренот на косата со помош на прстите. Со кружни движења се масира скалпот во времетраење од 10 до 15 минути.Ова е клучот за поздрава и подолга коса за најбрзо време. Рузмарин Рузмаринот како растение богато со анти-оксиданси стана и една од најупотребуваните состојки при изработката на производите за нега на кожа. Ако истиот се употребува за нега на коса, тој дејствува на тој начин што ги отвора порите на главата и со тоа се стимулира растот на косата. Рецептот е следен: Половина лажица од рузмариново масло, се меша со исто така половина лажица вода и шампон во вообичаеното количевство кое го употребувате при капење. Измијте ја косата со смесата и оставете ја да делува на вашата коса околу 3 минути. Измијте ја косата со млака вода. Истиот ритуал повторувајте го неколку дено и самите ќе се изненадите од резултатите. Кокосово масло Еден ритуал кој е препорачлив за стимулирање на растот на косата е масажа на главата. Истата е особено ефикасна ако главата ја масираме со кокосово масло, затоа што кокосот го потхранува скалпот со потребните витамини. Се што треба да направите е да ги намачкате своите прсти со маслото и потоа со кружни движења да го масирате скалпот околу 10 минути. Косата потоа измијте ја со млака вода.
Дали некој слушнал за коњски шампон? Го имало во србија бил 1800динари 500мл сеа во денари нз колку ке му дојде и се растварал со нешто и ти искачало 2,5л шампон, така ми кажа братучетка ми, имало 5 вида од кој еден бил за раснење на коса.... ако некој слушнал нека ми каже да го купам...еве и слика