Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Редовно чешлање – би било најдобро доколку имате време и со четката за коса поминете барем 100 пати низ неа. За време на миење на косата немојте да заборавите неколку минути да ја масирате главата и темето.
    Избегнувајте различни хемиски препарати за коса – виткање, исправување, фарбање, сето тоа ја уништува вашата коса. Лаковите, пени, исто така ја уништуваат вашата коса, избегнувајте ги ако сакате вашата коса да биде здрава.
    Немојте често да ја миете косата – честото миење на косата, само негативно може да влијае на неа. Од шампонот и сушењето таа само ќе стане безживотна, сува, полесно ќе се кине влакното и почесто ќе испаќа. Токму сувата коса побавно расте.
    Хидратизација – овој совет ќе го најдете во секое упатство за здраво тело и убавина. Пијте што повеќе вода.
    Јадете здрава храна – за да имате здрава коса, морате да се храните добро и здраво. Протеини, јаглехидрати, витамини и зеленчук, а заборавете на шеќерите и маснотиите доколку сакате да имате убава коса.
    Редовно шишање – тоа ќе помогне да се обнови косата, а на тој начин и побрзо ќе расте. :!:
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    а бе да...мн цесто се казува за овој сампон,, али незнам дали кај нас го има да си земам :) викат дека растело брзо коса од него.. да си земес убав е....ако најдам и јас некој да ми земе не ке е лосо.
     
  3. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    Јас толку се запалив по шампонов што во најбрз рок идам за србија да го купам, на братучетка ми и пораснала косата 5 цм за 2 месеца од него :o
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Масирам некаде околу 5 минути ,ама двапати ја шампонирам.
    Ем темелно се чистат скалпот и косата ,ем побавно ми се мрси за разлика од порано.
     
  5. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас планирам да пробам со Биотин, не ми оди многу бргу растењето вака со овие масла.. :\
     
  6. mare94

    mare94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    а каде може да се купи и колку пари?и знаеш ли дали помага при растот бидејки и мене од маслата не ми расте многу :(
     
  7. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Појма немам дали помага ама читав нешто као демек помагало за раст витамин б7 или Биотин, аа до сега не сум пробала, исто така помагало за ослабнување.. паа две муви со еден удар :P Го има во аптеките изгледа дека е 160 денари :0
     
  8. BonnielovesherClyde

    BonnielovesherClyde Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    За биотинот ввистина е дека многу помагал, е сега јас во битола сите аптеки ги испребарав и никаде го немаше, пијам 2 типа на витамини со комплекс од сите б витамини вклучувајки го биотинот и фолната киселина ама некои резултати посебни нема... чистиот биотин никаде неможам да го најдам, ако го најди некоја во битола аман нека ми пиши:))
     
    На Teresa94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Може да пишеш колку пари се ампулите Б и АД капките? За да знам колку е се одприлика? Фала :D
     
  10. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ова со кокосовото масло сум го пробала и воопшто не делува! бар мене не...наредно ќе пробам со шампон од коприва и тоа ампулите па да видам резултати....инаку се имам отепано пари давање по шампони апчиња и 300 глупости....ама не видов никаков резултат....единствено од пивскиот квасец некое мн мало подобрување но не се откажувам ќе продолжам да го пијам!
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ампулите ќе те фатат сите 3 46,47 денари, а шишенцето АД капки кое пола го потрошив на 1 миење, не успеав ни да капнам на поголемата површина од главата во коренот и не ти препорачувам да го купуваш во Зегин беше негде 89 денари така нешто.

    Инаку и јас почнав со рецептот со шампон од коприва и ампули во него, па ќе видиме како и секогаш очекувам резултатии...со коса до кичма!
     
  12. Queen-S

    Queen-S Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Девојки слушнав дека рицинус помага во растењето на косата.
    Е сега,дали некој знае каде можам да купам рицинус?
     
  13. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    Рицинус имаш во аптека негде 70ден е,јас купив пред некој ден и многу тешко се става на косата многу е густо,а и ми се појави мн перут од тоа масло и тоа корупки, јас никогаш не сум имала проблем со перут сеа нз што ке правам,а иначе косата ми е многу мека и сјајна, ке ставам и понатаму ама не на коренот :)
     
    На Queen-S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. OnlyGirl1

    OnlyGirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    9
    И јас го имам рицинусовото масло,го купив од Зегин,65ден.Го користам веќе 2 месеци и не ми се појавува првут,а косата ми е ептен обновена,a и го поттикна растот.Земи го,па ќе видиш.Различно делува ;)
     
  15. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Ти побарај Биотин или витамин Б7, јас во Куманово не најдов, но овие денови бев у Скопје и у Зегин најдов.
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мислам дека имам и претходно напишано негде, се што пиете ако воопшто ви го забрза растот на влакната ќе го забрза насекаде не само на косата, па немојте да се чудите ако почнуваат влакна да ве обраснуваат насекаде :puke: . Мене скоро во аптека ми рекоа дека нема такво нешто што го забрзува растот повеќе од 1цм месечно, дека се е џабе и да забрза, повеќе од пола цм не може и дека најлошо е пиењето лекови за забрзување раст на влакна, напишав со што може да резултира а тоа е пореметување. Затоа јас се што ставам, ставам директно на косата за да влијае само на тие влакна, а не на сите по телото. Затоа и постојат шампони и во шампоните се витамините, да растеше коса од пиење и тоа да беше здраво, немаше да има разни шампони против опаѓање и раст на коса, немаше ни ампули и чуда да има. Што, мајмун ќе се правам сосила со пивски квасец и пиење Б-витамини? + со пиење може лесно да дојде до хипервитаминоза, размислете малку, колку добивате, а колку губите. За пола сантим, може да си добиете големи проблеми. Just sayin'...
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    11.452
    Пол:
    Женски
    извини ама мислам дека со пиење на б комплекс ништо штетно не добиваш пошто веке имам добиено мислење и од стручно лице кое ми ги даде апчињата за поправање и кажа дека и постојано да се пијат не штетат, нормално во пропишаната доза
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сама си кажа, во препишана доза. И Б-комплекс, да. Ама штом е во препишана доза значи дозволена доза значи нормално дејствува на организмот, ни помалку ни повеќе од тоа што треба. Ама некој сака косата да почне да му расте повеќе од просекот, повеќе од 1 цм во нормала. Значи, мисли дека треба повеќе да пие, сфаќаш? А знаеш дека тоа доведува до хипервитаминоза што е болест? Предозирање со витамини. И да, и витамините знаат да бидат штетни ако се земаат постојано над границите за „малку подолга коса“. Јас не правам такви работи, здравје да уништувам за малку? Не, фала. На кој му се ризикува нека повели, јас кажав што имав и сега одам да ја мијам косата со шампонот со ампули. Кој сака, слободно нека си се труе со апчиња и нека си лока витамини, ама нека не мисли што повеќе витамини тоа подобро, тоа резултира со предозирање и како што реков, болест. Знаеш, кога се има голема желба се знае и да се претера. Пишував за оние кои мислат дека што повеќе-тоа подобро. Се што е во дозволена доза е секако во ред, нема што тука.
     
  19. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Мислам дека треба да се остави косата да порасне сама, без многу форсирање. Е сега, кој сака да биде упорен, како јас на пример, може да проба со витамини, а посебно со пивски квасец кој неможе многу да штети :) Пиев витамини за коса околу 4-5 месеци, и немаше незнам какви резултати, (барем кај мене не ), ама немаше ни штета, сепак тоа се витамини, неможе да штетат.
     
  20. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа дека шампоните содржат витамини и други состојки кои делуваат локално (најчесто ја подобруваат циркулацијата и на тој начин го овозможуваат исхранувањето на влакното со што се поттикнува неговиот раст) секако дека треба да се применуваат шампони и ампули како локална терапија, но најважно е витамините да се внесуваат и во организмот, а се внесуваат преку исхраната. Доколку не се внесуваат доволно преку исхраната тогаш се земаат како таблети. Но, сакам да кажам дека тие немаат никакво штетно влијание врз организмот ниту пак некој се труе со апчиња како што велиш бидејќи тоа не се апчиња туку додатоци во исхраната и најчесто т.е секогаш се застапени во количини пониски од дневните препорачани дози со што не е можно предозирање, нормално доколку се земаат онолку колку што пишува во упатството. Тие ја хранат косата одвнатре и се неопходни за нејзиниот раст и развој. Тоа дека ако пиеш витамини ќе почнат влакна да те обраснуваат насекаде исто така не е точно. Значи тие само можат да делуваат на тоа влакната по телото побргу да пораснат исто како и ноктите а не дека ќе пораснат подолги :lol: