^Влакната ќе бидат погусти и распространети насекаде. Не е доволно? Ќе ги има и кај што ги немало. А тоа дека премногу пиење витамини не е на арно, не е и си постојат медицински факти за истото и не е баш дека витамините не знаат да бидат штетни. Знаат, ако се земаат повеќе од потребното и дозволеното. И тие се апчиња, и тие се хемија. Не за џабе постојат авитаминоза и хипервитаминоза. И последици од тоа.
Meне една фризерка ми имаше кажано шампон илирија така нешто од коприви, од тој растела косата Jас цело време фатена ја држам по дома,кога се бањам не ја ни приметувам, ама вчера се бањав и заприметив ептен ми пораснала! и за паѓање на коса, тоа е се на психичка база, јас се потресував паѓа паѓа 200 шампони и џабе, од кога престанав да се замарам више ич не паѓа, само 5 влакна на бањање
Лудо јас летово користев брезов шампон на илирија и косата до половината ми порасна. Малку прави проблем за чешлање ама регенератор еден и немаш гајле.
вистина е значи??? Jас не сум пробала, ама не знам, убава ли барем ја прави косата? да не ми излезе ко зелка,зашто некои шампони таква ми ја праат Eфтин е?
Лудо во тинекс 80 денари е шампонот некој денар помалку-повеќе е во други маркети и продавници и брезовиот и од коприва се иста цена 230 мл. Јас го имам и брезовиот и од коприва и мислев од првиов не расте и го купив од коприва и ставив 3 ампули Б1, Б6 и Б12 во него и ќе видиме, а дека косата ја прави груба ја прави ама потоа ставаш регенератор или маска и гајле си немаш. Пробај си, се исплати!
јас купив коњцки шампон и ја има само во една аптека во скопје .цената му е 500ден и навистина има позитивен ефект. пробај ја
Ееее и јас сакам да знам макар што не верувам да е истиот ради тоа што во Србија е 1800 динари и нелогично е овде да е 500 денари ај ти кажи ни ипак да не си зборуваме напразно
Оваа маска ја имам прочитано тука мислам и ја пробав и навистина има голем ефект. Потребно е 2 жолчки од јајце ,1 лажичка рицинусово масло, цеден лимон и јогурт. Се става пред миење да постои еден час. Доволно е и еднаш неделно.
^И јас ја имам користено маскава, ама после никој неќеше да се дружи со мене. Помага, ама после косата ти труе на јајца
Девојки не е ист како во сликата . има 200мл 500ден и германски е . мојата тетка ми ја купи дека неговата другарка работи бо таа апотека .. не знам конкретиЧно каде е апотеката . Има една амбуланта се вика Висар и на кај лево е апотекава. ја имам адресата Pançe Nedelkovski 75, 1000 Skopje, Macedonia .. и да,мириса мнг добро и навистина гледам нозитибен ефект
Мојата фризерка ми препорача една маска што се прави во домашни услуги. Кога ми ја кажа ми беше смешна но навистина помага и вреди да ја пробате. Се користи еднаш на 2 недели. 1 лажица свинска маст, 1 лажица кисело млеко и едно јајце. Се држи сат ипол на косата. Исто така доста помага шампон рецепт против опаѓање на косата и регенерирање(со кафена боја е амбалажата).
Според мене за да се забрзе растот на косата не помага ништо. Најдобро е да да ги скратите врвовите, да ја исфрлите пеглата од употреба и да земете бебешки шампон или шампон од бреза, коприва, односно шампон со помалку хемикалии. Јас имам виткана коса и цело време ја пеглав. Ама затоа косата пепел, никако не расте, расцветани врвови секогаш. И ми се смачи да се расправам со неа цело време, баталив и пегла и фен, се ишишав едно 4-5 сантиметри, си купив шампонче од коприва и сега си косата ми е мека, расте споро ама битно здрава да е и со гордост си ги носам локните.
Јас си купив пивски таблети и почнав да ги пијам од денеска па сега ќе видиме како ќе се покажат на лекар ми ги препишаа зошто изгубив апетит некако за јадење па ја прашав докторката дали може да ги пијам тие.Иначе користам шампон за раст на косата Алпецин и добар почна многу да ми паѓа од кога го користам ми се згусти косата конечно можам и пуштена да ја носам ми заличи на нешто...
Свинска маст како ке ја измијаш после косата леле мајкоооооо ... ај ако ја проба кажи искуства со мијањето и ефектите после то абе што не ке ставиме веке и л**** да ни речат и тоа ке го ставиме aaa и дали се става на цела коса вклучувајки го и коренот или пак ???
Gluposti veke, sto nema da izmislat. Nemojte se i sesto da stavate, moze i kontra efekt da ima, da vi se pojavat nekoi kozni zaboluvanja, opaganje na kosa... Nema magicno sredstvo sto ke vi ja porasne kosata. Hranete se zdravo, hrana bogata so vitamini, izbegnuvajte se sto ne e prirodno, mislam na peglanje, feniranje, vitkanje... I ke si imate zdrava kosa
Веќе ја користам 2 месеца, и сум презадоволна ем се забрза растот на косата и косата не е толку оштетена. Се става само на врвови но јас ставам и на корен (цела коса). Лесно се мие маската, јас ја мијам со 3 пати ставање на шампон и плус ставам обична маска. Пробај ќе видиш колку е добра и ќе се зачудиш од резултатите. Заборавив да напишам не се препорачува да се става на тазе фарбана коса.