Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Многу пати имаат кажано девојките како се користи
    ке нанесеш на сува коса на скалпот и ке масираш ке оставиш да одстои саат-два ако имаш време и повеке ке ја измиеш косата со некој благ шампон (детски) или твој избор со каков ке се миеш и тоа е тоа иначе кошта околу 70-80денари :)
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Од неколку другарки слушнав дека побрзо расте косата ако ја носите собрана. Мене не ми е баш логично, јас па мислам дека така повеќе опаѓа и косата се оштетува. Што мислите за ова? :?:
     
  3. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.649

    Јас па имам слушнато ако ја носиш во плетенки побрзо растела! Немам искуство со ова! :geek:
     
  4. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Така е, тогаш косата повеќе опаѓа и затоа не е препорачливо секојдневно оптеретување од овој тип т.е јас не би ви препорачала. А за растење пијте си витамини б комплекс, најважно од се е косата да е здрава а за растење ќе порасне во секој случај.
     
  5. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Мислам дека нема врска ова со собирање на косата. Исто расте и кога е пуштена и кога е собрана, финтата е во тоа што ако ја носиш некое време собрана и кога ќе ја пуштиш уау, визуелно изгледа подолга. :)
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    На една страна прочитав неколку домашни рецепти за побрзо растење на косата. Еве издвоив неколку од нив што досега не сум ги прочитала :

    -Алое вера и мед.

    Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.

    -Кромид за здрава коса.

    Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај. ( Јас не би го пробала ова, али ако некој собере храброст :D нека пише дали после тоа смрди косата).

    -Алое вера и кромид.

    Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.

    -Сок од домати.

    Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.

    -Масло од рузмарин.

    Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.

    За масажа...

    Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Фризерката ми има кажано дека косата побрзо расте доколку се намачка со чичково уље и колку подолго стои на коса толку подобро.Најчесто тоа нека биде 1-2 часа пред бањање.Малку ке биде потешко да се измие,но и тоа се решава :)
     
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    За оштетување не ама дека расте побрзо, нема врска, јас косата ја немам пуштено да не речам скоро цела година, па немам забележано дека нешто повеќе од обично ми е порасната.
     
  9. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.685
    на едни странски страни за коса прочитав дека побрзо растела од кокосово млеко, па најдов еден регенератор на генера со кокосово млеко па ќе видам, го пробав убава ја прави косата а доста е ефтин, 5о денари 500 милилитри
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Нема везе регенераторот и ја го иам тој дома и си ставам од него, ниеден регенератор нема врска со растењето на косата од причина што се става само на врвовите. Тоа може да ги опорави врвовите да ги омекне, да не бидат толку испукани и оштетени да речеме, иако ако не сакаш такви врвови оди си на фризер нека ти ги скратат, па од подобри врвови може нијанса ептен мала да порасне косата, ама за тоа реков се кратат врвовите што се оштетени. А на коренот не може да влијае, зошто регенератор не се става на корен, туку на врвови. А она што е потребно за косата побрзо да расте освен неоштетени врвови кои се кратат на фризер, е она што се става на коренот и го стимулира неговиот раст, а тоа не е регенератор.
    Има прекрасен шампон на Шаума од кокос, што го имам користено и ја прави косата убава, ама нема врска со растот.
     
  11. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Мајка ми гледала на телевизија на некоја емисија и таму кажале дека секој месец треба косата да се скратува по 1 милиметар и дека така немало да им оштетени врвови и побрзо ќе растела. Еднаш сама си се потшишав баш онака по едне милиметар. Воопшто неприметливо и после тоа може и има разлика некако косата ми е поголгиќка и не е онака безживотна. Или е до мојата потсвест или може стварно има ефект.
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Откако ќе се исуши косата, веќе не мириса. Но доколку не си сигурна, додека ја фенираш косата, пример, можеш да прскаш парфем на чешелот. И да, мене баш ова многу ми помогна, многу ја згуснува косата, сјае, растаат нови влакна и сее тоа, само се губи ефектот по некое време.
     
  13. mare94

    mare94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    а шампонот фитовал за растење на косата е истиот тој што е и за против опагање? и колку е пари?
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    На што се губи ефектот поконкретно? Косата станува "имуна" не се згуснува и не расте после некое време или само после миењето брзо го снемува сјајот?
     
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Се губи ефектот на згуснување, за растот не знам бидејќи откако видов дека нема ефект, почнав да користам друг шампон, и само понекогаш го користев тој со лук, само да го потрошам. И да, кога го потрошив, ги зедов тие парчиња лук, и го триев скалпот, и нови влакна почнаа да растат во тој дел. Ова го комбинирав со употреба на рицинусово масло, и неупотреба на фен, преса, и затоа многу брзо ми порасна.
     
    На Trendafilka и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. VampireGirl

    VampireGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Сакам да прашам знае ли некој како се прави домашен сапун?? Можеби го има поставено прашањето но се брзам.
    И да, исто така сапун од козјо млеко дали знае некој како се прави? :)

    Благодарам однапред :wasntme:
     
  17. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    77
    девојки , денеска земав апчиња пивски квасец..е сега освен што ке ги пијам , сакам да ставам и во шампон Орзене од пиво и пивски квасец околу 350 мл е оти малку е потрошен.Е сега да ве прашам колку апчиња да издробам ..нема да ставам ни ампули ни нешто друго туку само пивскиот квасец?
    :)
     
  18. tina86

    tina86 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    од искуство -само шампон фитовал и секојдневно масирање на скалпот 3-5 мин без ништо.... поззз
     
  19. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Тој Орзен од пиво сите што го фалите колку што видов е за фарбана коса или има и обичен??
     
  20. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    77
    Има за сува и оштетена , масна , нормална и бојадисана ;)