Алпецин е наменет само за машки, се препознава по карактеристичниот машки мирис (што не значи дека е штетно да го користат и женски). Од истиот производител има колекција за женски (во зелена амбалажа е, не ми текнува на името). Конкретно Алпецинот е против опаѓање на косата и растење на нови влакна (за карактеристичниот машки проблем со косопад). Друго е кога сакаш веќе истите влакна (косата) да расте побрзо. Од сите видови масла, маслиновото е на прво место за растење на косата. Може да се стави како маска, но и само да се втрие во коренот барем половина час пред миење. Сите масла имаат некое значење, но маслиновото е бр. 1 за растење. Користење на Пантенол, АД капки и Б витамини исто помага. И другите средства, дома направени, многу помагаат. Купечките се повеќе рекламен трик и чиста хемикалија. Редовното потстрижување на косата е неизбежно. Се чудам кога некоја рече дека не е шишана 7-8 месеци. А, сака косата да и расте?? Пеглањето е смрт за косата. Што сакаш ставај и`, се` додека ја пеглаш косата ќе расте преминимално.
Се согласувам со girl.23 за маслиновото. Косата ми беше ко вуница расплетена од што ми беше премногу сува и пеглата. Ја скратив неколку cm (мислам дека е неопходно доколку претходно имате премногу оштетена коса да не ја ишишате, нема да расте што и да и ставите), почнав со редовна нега со чичково и маслиново и си го масирам сега скалпот. И од двете сум презадоволна, сега косата ми е ко нова и ми е мека и почнува да расте! Шампон со со комбинација Б витамини пробав, но ми ствара првут и многу крута ми ја прави, а како што ми е фарбана ич не ми одговара. Значи заклучок - шишајте оштетеното, масла, масажа на скалпот и помалку стилизирање на косата со пегла и фен! Среќно
Јас имав пивски квасец ни нокти ми растеа а апетит ич и косата ми остана мала и престанав да пијам ич не ми деловаше и ја имав оставено природно да расте ама има 1 год ја имам скратено три прсти е порастена сега имам купено ампули Б12 и Б6 така мислам се.. во шампон се редат и од ампулите за 1 месец ми порасна 2 прсти
ја па имам едно сосема чудно искуство , косата многу брзо ми се мрси и од како почнав да ја мијам секој ден ем ми е поздрава ем ми расте како луда а и што е најбитно немам распукани врвови како порано
Пред некој ден купив ваков масажер за скалпот. По интернет прочитав дека го поттикнува растот на косата, а плус многу пријатно делува на скалпот
Вакви масажери сум видела единствено во Jumbo и не беа многу скапи ама не се сеќавам точно која цена беа.
Ve molam kazete mi koja e taa apteka vo skopje kade mozam da go najdam konjski sampon.Mnogu vi blagodaram
па незнам до некое време не го имасе кај нас...а сега не знам............... разпрасајсе во аптеките ако си од скопје и писи за ефект цена и се-поз
ке може ли да ми каже некој што ги користел Мерц Специјални Дражеи витамините дали забележал некакви резултати?сакам да ги купим па да ве прашам-немој да ги фрлам парите за џабе..
Јас ги пиев некое време и почнаа нови влакна да ми растат и тоа многу. Ми се згусна косата ептен. Пијам сега пивски квасец, ама Мерц се најдобри според мене.
Па мислам дека 2-3 месеци ги пиев и за брзо време почнаа нови влакна да ми растат. Така на мене делуваа, секој организам е различен. Пример, јас со сестра ми заедно ги пиев, а кај неа немаше такви резултати, така да .. Пробај па ке видиш! Среќно