Ne ja peglajte kosata ne koristete preparati koi navodno ja stitat a naprotiv ja gorat i ostetuvaat kosata izmietea kosata so sampon od kopriva i taa ke bide sjajna i ke raste pravilno
Јас си почнав со ланскиот третман кој, не знам од кои причини го прекинав , а имаше резултати. Врвовите си ги мачкам со бадемово масло, а коренот со чичково, ги оставам да стојат 1 саат минимум, и потоа косата си ја мијам со незаменливиот шампон од бреза на Илирија. Понекогаш употребувам и регенератор глис за суви врвови, онај во темно розево пакување, ама некако не ми е по ќеф.
Јас плачам за шишање, ми изгуби форма косава, ама се оптеретив со тоа табелата на Старфиш и сега ќе чекам до 20 март да се шишам, шта чеш, морам да се проба нешто ново! Инаку расте со по малку шишање на секои 3 месеци. И расте повеќе летно и пролетно време! И другарка ми има еден шампон од грчка го зема 30 евра, демек расте побрзо косата, џабе! Природно си е природно!
Еве ви неколку советчиња за коса http://what-maria-loves.blogspot.co..._zIt2MyTQ&postId=505302375213564238&type=POST
Решение за опаѓањето на косата и слабеење на влакното, а веќе сте ги пробале сите шампони и ампули и не ви помагаат, посетете го Вашиот гинеколог. Се вели дека полицистични јајници може да предизвикаат растење на влакна, но исто толку големи се шансите и да ви опаѓа косата бидејќи се лачи некој машки хормон. ..Јас пробав се од Алпецин, до Б12 ампули, витамини, рицинусови масла, маска од мајонез, нефенирање, не носење во репче значи веќе 1 година ја третирам косата максимално, но никаков резултат. Бев на преглед редовен и читав многу за полицистични јајници, па проверете. Не е ништо страшно, но добро е да се знае, барем за оние кои веќе се полудени од статусот на нивната коса . убав викенд
Ги купив и јас овие ампули, но незнам како да ги користам .Гледам ми дадоа и раствор ампули за да се растоврат ампулите бевиплекс. Како ги користите:ги растарате со тој растов што ви го дадоа кога ги купивте ампулите или само таа ампула каде што е бевиплексот (како во вид на прав е) ја истурате во шампонот.
Женски денес случајно во тинекс видов шампон од бреза 87 денари,опаковката не изгледа баш убаво,личи како оние ефтини шампони ама е специјално за брз раст на коса .На природна база е .Мислам дека вреди да се проба.
може некој што го користел алпецин ц1 шампонот да ми каже дали мора секојдневно да го користиш....и дали кај вас прави пена кога се мие косата
Не мора, јас го користев како и секој друг шампон на 2-3-4 дена. Инаку на почетокот не прави пена ама после извесно време триење создава пена и со малку ставен шампон, не толку како други шампони но сепак се прави пена.
алпецинот никако секој ден, многу е јак. дури можеш едно миење него а наредното со некој поблаг па пак него и така да ги менуваш, ке имаш ефект и вака.
Баш денес си размислував колку ми растеше косата во должина со Алпецинот, а колку без него. И сега дека има неколку месеци откако не го користам не можам баш точно да прецизирам ама бидејќи се фарбам ,после 7-10 дена со Алпецинот веќе приметував подраснување од коренот. За разлика од тогаш сега мислам дека минимум 15тина дена поминуваат за да пркне. И споредбено сега за 2 месеци имам нецели 2cm израснат корен, а со шампонот претходно за исто време добивав 2-3cm Е сега нови влакненца се друга ствар, мене доста ми паѓаше косата еден период пред да го користам Алпецинот. Тогаш ми се проретчи, почна да ме заплашува и фризерот ми алармираше дека косава ми забегала...ама Алпецниов ја оправи ситуацијата. Престана да паѓа, па после 6-7 месеци континуирано користење без други додатни препарати веќе приметив дека косата ми се враќа на претходната нормала и посебно кај патецот имаше многу нови влакненца што штрчеа нагоре (како на панкерче ) Сега косата ми е одлична да не ја подречам
на една моја другарка и помогна...маслиново и рицинусово и сампон бреза со ампули..стварно и помогна...сега и јас си користам маслиново и рицинусово масло