А по која логика силиконските капки би го забрзале растот на косата со оглед на тоа што се наменети да ги прикријат оштетените врвови?
Дознав дека витамините помагаат во растење на косата па јас секоја ден после појадок и после ручек пијам B-Complex, Vitamin C и Magnezium и имам резултати. Пробајте, позз
Има логика. Ако и врвовите на косата се поздрави, тоа влијае на побрз раст на косата. Секогаш кога косата е здрава, нема метил, не е слама, побрзо расте. Иако расте од коренот, секое влакно треба да се храни до дното, т.е до крајот.
Силиконските капки даваат само моментален изглед на здрава коса и здрави врвови кога е свежо косата исфенирана или слично. Но после ден, два косата повторно си изгледа оштетено доколку е во таа состојба. А ако се оди на ножици, па силиконски капки, тогаш косата расте бидејќи е здрава. Значи ако косата е сува, и оштетена, џабе силиконските капки.
Epa vaka , ke pisuvam so latinica bidejki kom nes mi zeza... Pred nekoj den ovde na temava napomenav deka se istrizav.Znaci kosata mi e ,odnosto krajot na kosata mi gi dopira rameniciite.Pijam B-complex tri pati na den pa gore procitav deka pomagal. Za cetiri meseci sum kuma na svadba pa ve molam kazete mi dali toa ke vlijae na rastot na kosata i ako znaete nekoja poeftina varijanta bidejki ne sum pri pari vo momentov
Подобро таблети и потхранување на косата одвнатре, отколку ампули или б комплекс столчени апчиња во шампонот. За ова второво го имам пробано неколку месеци последователно и интензивно. Косата можеби расте побрзо, но квалитетот е лош, многу го суши влакното и нема никаков изглед. Џабе косата пораснала, кога личи на лајно. За побрз раст купете си таблети фитовал или б комплекс со фолна киселина (Фитовал се околу 280 ден. 60 капсули, другиве во обична ќесичка 40 таблетки околу 30 денари, многу поевтини во Зегин). Одберете шампон со кофеин за стимулација и побрз раст на косата. Тој на Алпецин го фалат многу, а сега гледам имаат и Гарниер со екстракт од кафе за побрз раст.
Ама сепак, силиконските капки не ги лепат расцветаните врвови туку нивното дејство е моментално, даваат изглед на здрава и сјајна коса, а всушност таа си останува оштетена.
Мене малку ми е чудно за тие капсули, апчиња, таблети што се пијат....зарем нема да го забрзаат растот на влакната на цело тело? зашто би делувале локално само на скалпот, можно е тоа?
Силиконските капки и сите слични препарати воедно спречуваат оштетување на косата од надворешни влијанија, како дожд, ветар, пеглање и фенирање. Можеби не многу, ама колку-толку. Сето тоа придонесува за поздрава коса.
Што сте се запнале за силиконските капки, тие убаво делуваат на здрава коса и здрави врвови и ги одржуваат здрави, нормално дека нема да ја поправат оштетената коса, освен шишање ништо друго не ги оправа сувите и расцветани врвови.
тоа со ставање на б комплекс и незнам уште што го пробав немаше ефект а косата ми стана сува како метла ако сакате најдете си шампон со б витамини или некој од аптека што е наменет зе тоа не експириментирајте ви зборам од искуство
1.Б-комплексот не се става на косата. 2.Резултати се добиваат со пиење а не со ставање на коса. позз.