Женски има некоја информации во врска со ова http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Kozm ... jno-pobrzo ?
ова со витамините Б6 немам пробано да ставам во шампон,али кога ги пијам редовно,имам осетено дека расте побрзо,и токаферол или витамин Е и од нив кога пиев имав осетено разлика,и се знае колку повеке ја (штедиш),т.е. не ја пеглаш не ги оштетуваш врвовите и не се кини,е сега ретко кој можи да не се пегла
јас со б6 имам пробано и не делува кај мене и плус пивски квасец и б12...ама ништо а оваа ампулава вивиксал ако ја има ке ја купам да видам....
Читав некаде ама беше многу скапо ( 1000 евра за еден третман од 3 месеци ако не се лажам ) Ако има расположени да ме просветлат за што се користи балзамот , а за што косилите ?
Немора да значи ако не ја пеглаш нема да ти се кине... Јас ја пеглам после секое миење и ја сусам со фен фенирам и нормално имам распукани врвови, но затоа косата ми изгледа како свила, а дека со пегла нема шанси да го постигнам тој ефект. Имам другарка која не ја суше со фен, не ја пегла, ја витка на природен начин со чорап можеби на јутуб имате гледано, и има испукани врвови... според мене тоа е нормално, никој нема сосема здрава коса освен тие што се шишат скеој месец.... јас се шишам 2 пати во годината може 3.... ми се плаче кога се шишам.
Јас феминки се изглупирав со Алпецинот, врска немаше! Иначе косава си расте, побрзо кога ич не ја фермаш, мислам не се замараш со нејзината должина! Јас иначе сум сега само на Афродита шампон, балзам или маска елсеве и толку!.... Што знам мој совет е пуштете ја малце да диши косата, а колку помалце се замарате со нејзината должина, толку подобро е!
Б6-симптоми при недостиг Некои од најчестите симптоми при недостиг на витамин Б6 се: Една од поважните функции на витаминот Б6 е тоа што му помага на имунолошкиот систем да произведува антитела, коишто му се потребни на организмот во борбата со болестите. Витаминот Б6 ја поддржува нормалната функција на нервниот систем, активно учествува во формирањето на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви. Исто така е неопходен за потполна апсорпција на витаминот Б12. Овој важен витамин е потребен за балансирање на хормоните кај жените и балансирањето на натриум и калиум. Познато е и дека витаминот Б6 заштитува од многу видови на рак. Витаминот Б6 е полезен за децата кои имаат потешкотии со учењето, а помага и против првут и егзема. замор и исцрпеност; нервоза; анемија; депресија; проблеми со концентрацијата или проблеми со памтењето; кожни заболувања; главоболка; Б-комплекс Во Б-комлексот спаѓаат сдледните витамини: Б1 (тиамин). Значаен е за создавањето на енергија во телото. Влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули. Б2 (рибофлавин). Овој витамин е значаен за одржување на добар вид, создавање на црвени крвни зрнца, зачувување на силен имунолошки систем и нормално функционирање на нервниот систем. Б3 (ниацин). Ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така помага и во одржувањето на здрава кожа. Б5 (пантотенска киселина). Значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при стрес. Б6 (пиридоксин). Помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем. Б7 (биотин). Помага за нормализирање на нивото на шеќер кај дијабетичарите. Ги зацврстува ноктите и ја одржува косата здрава. Б9 (фолна киселина). Помага при стрес и малаксаност. Учествува во создавањето на ДНК и ја подобрува крвта. Б12 (коболамин). Го зголемува апетитот и помага во превенцијата од анемија.
имам една другарка се ишиша во ноемврито некаде до кај вратот,а сега косата и е до под градите некаде. тајната е во шампонот што сама си го прави од шампон од коприва, ад капки и некои гранули мислам. косата пребрзо и расте! ако некоја феминка сака да проба ќе ја прашам другарка ми за целосен рецепт на шампонот
Земај витамини, масирај го скалпот на главата кога ја миеш косата, а можеш да го пробаш и шампонот од коприва, сум слушнала дека го забрзува растот
ај ако сакаш прашај ја за рецептот инаку јас имам многу слаба и кршлива коса, нон стоп ми ствара нервози.. најмногу до сега ми помогнале ампулите Б-6 и Б-12, си ги ставам во шампон обично, но може и онака да ги ставам во некоја маска за коса, најчесто со јајце си ја правам (после косата ми е преееееубава ). Друго, си го зедов и овој шампон класика! на секое миење обавезно си ставам од овој, потоа др шампон што си користам и регенератор на крај обавезно. Точно е дека расте косата од него. а, и сум чула дека копривата многу помагала, па планирам и со тоа да пробам
Јас си купив б1, б12, и б6 ампули по 2 и ги ставив во 200 ml шампон и по колку пати во неделата да си ја мијам косата? Обично по 2 пати си ја мијам
Јас си купив б1, б12, и б6 ампули по 2 и ги ставив во 200 ml шампон и по колку пати во неделата да си ја мијам косата? Обично по 2 пати си ја мијам
Јас си направив чај од корен од коприва и го прскам на скалпот секој ден. Ама сега веќе помина скоро месец дена како го чувам тој чајот во шишенце и незнам да не е штетен пошто стои подолго време. Незнам дали да го користам. Совет?
Мислам дека барем во недела треба да го мениш, штетен е чајот кога одседи многу . Подобро вари си по малце и мени го почесто ,зошто вака не е сигурно, а и мислам дека пресен е по ефикасен
Вистина ли е дека ако ја потстрижуваш косата секој месец таа побрзо растела?Така слушнав ама незнам дали е точно.
Ако одиш по логика, косата расте 1 цм на месец! И ако се шишаш секој месец, ќе тапкаш во место! Подобро на секои 3 месеци, шишај се по 1 цм!