Очигледно не зафракаваш, зошто не кажеш од која аптека? Извини ама цело време го спомнуваш а не кажуваш детали.
Јас досега во никое мислење претходно го немам спомнато тој шампон ама ви кажувам само тоа што го слушнав се продавал во аптеки а незнам точно во која прашајте низ сите аптеки ќе го најдете. Еве слушнав го има во Куманово па кој е од Куманово нека побара по аптеките го има ама незнам во која. А јас лично не сум го користела тој шампон а би сакала ама несмејам да го сменам мојот а би сакала да го пробам сите го фалат.
Луѓе дајте стварно нека пише некој ако воопшто нешто подетално знае за фамозниот коњски шампон, дали вистина постои и каде може да се најде, сите го спомнуваат а всушност изгледа сите знаат за него само од муабети. Не сакам да отидам во некоја аптека и да ми се смеат после
Штооо ?! Прв пат слушам за вакво нешто, има коњска маст а за шампон немам слушано, мислам дека не постој такво нешто
Постои и бил многу добар, ама за жал кај нас го нема, го има во Србија и е 1800 динари, контактирав со дистрибутерите што носат во сите Ју држави и ми рече за Македонија понатаму сеа се ширеле во Словенија а иначе шампонот бил руски и бил концентрат се растварал во вода и од 0,5мл се добивало 2л шампон. Ке чекаме да го донесат и кај нас
^Мислам дека го има и кај нас бидејќи пред некое време гледав на нет имаше телефон од дистрибутерот и цената на шампонот.
е вака девојки пиам од пивски квасец апчиња по 10-15 на ден нема лоши ефекти од толку пиење и косата ми расте како луда по веќе две недели користење....
Јас незнам за овој шампон, и незнам колку е оргиналот, а еве го тој што ви кажував и што има резултати http://www.kosakaogriva.com/index.php?r ... y&path=101
јас имав кратка коса..некаде до раменици и пошо ми е виткана не се забележува должината на косата..почнав едно време да ја врзувам косата онака тинејџерска пунџа ии така ја носев скоро една година...ии многу ми порасна зато шо така се заштитува косата и не цветаат врвовите..секако тоа зависи и од тоа какво влакно имаш..мојава коса има влакна цврсти и тешки така да немам проблеми со должината
SimplyElegant апчињата од пивски квасец се пијат пред јадење и се набабруваат во стомак со тоа се губи апетитот, барем кај мене е така хахаха
Јас ги пиев пред година ипол - две по 2 или 3 пати на ден, не ми текнува точно и додека ги пиев имав зголемен апетит. И други ми го имаат потврдено тоа, но можеби кај некои има пбратно дејство. А да, од пивскиот квасец расте косата а и ноктите затоа што содржат големо количество на витамин Б.